![]() |
|
Борбата на МАКЕДОНЦИТЕ од Пиринска Македонија |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 1314151617 19> |
Автор | ||
DragancoLeskoec ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 01.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 984 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Окупатор на сеуште несоздаена држава.
![]() |
||
![]() |
||
Platenik ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Земја и народ кои биле во процес, во вековна борба за да се стекнат со државност. Всушност како многу други народи ширум светот, кои се формирале многу порано, некои само 50-100 години пред, а некои многу поксано од македонската држава.
Порцесот не е застанат, а најмалку дека тој завршил со формирањето на руската творба наречена словенска Бугарија. Некои пак допрва ќе се формираат, како Баските, Курдите, Фламанците, Санџаклиите, Косоварите....како држави де! |
||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
||
![]() |
||
ajax ![]() Нов член ![]() Регистриран: 23.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 4 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Според тоа што сите се осудени заедно заради нивната борба за “Автономна Македонија“ е повеќе од јасно. Да беа судени еден по еден со различни обвинувања, ама не се. Ете што велат прежиеаните од нив (не само Крум Монев): Тодор Секулов, кој лежал 5 години на Белене: „Герасим Тодоров, нашинец од Влахи, немаше големо образование, но уживаше голем авторитет меѓу нас, Македонците. Во неговата организација беа и околиските управници на Благоевград и на Сандански. Не' предадоа браќата Кирил и Ачо Беѓусови, едниот беше член на организацијата, а другиот наш јатак. Штом власта разбра за нас, донесе полиција од цела Бугарија и ја блокира сета област околу Влахи. Сите не' фатија, а нашиот водач го опколија во една плевна, во маалото В’чковци. Не можејќи да избега се самоуби. Полицијата неговото тело го изложи во Кресна за да го предупреди народот да не бара никаква Македонија. Не се знае каде е погребан. Се зборува дека е запален и оти неговата пепел е расфрлена за да не му се знае гробот .... Во затворите имаше многумина Македонци. Во времето кога бев во Белење, беа околу 150, што ги знаев, а во другите затвори низ Бугарија, којзнае колку имаше. Испотепаа многумина наши. Управите на затворите често исценираа убиства. Во Белење, на пример, додека работевме надвор, имаше определена граница до каде можеме да се движиме, меѓутоа, стражарите ќе не' тераа да ја поминеме таа линија за потоа да пукаат во нас, без предупредување. Оправдување секогаш имаа. Многумина загинаа така“ Јане Андреев, осуден бил на 12 години, одлежал осум и пол: „И сега, и кога и да е, дење или ноќе, во сон или на јаве, ќе речам дека сум Македонец .... Не можам друго да бидам, ништо друго, освен она што сум. Сите треба да имаме слобода, да кажеме што сме, да имаме свој јазик, своја култура. Никој не може мене да ме прави Бугарин, кој им го дал тоа право на сите оние што во мое име сакаат да решаваат“. Илија Бојаџиев, бил осуден на 15 години, а одлежал десет години и седум месеци: „Истерав пет-шест затвори, кој од кој полош, секој специјален, секој на свој начин репресивен. Бев во Сливен, Шумен, Варна, Белење и во Пазарџик. Во Сливен се нафрлаа врз нас како ѕверови. Немаа што да ни кажат, па постојано повторуваа: ’Вие Пиринците ги чекате Американците… Ако, наместо вас ние ќе ги пречекаме…’ Ете, таква судбина доживеа Македонија. Не' разделија, не можевме да се видиме“ http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=851BCB31E61D0046A5B93AEA62A94A7C |
||
![]() |
||
Каснакоски ![]() Сениор ![]() Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Биле фашисти и ванчо-михајловисти.
А Крум Монев бил криминалец. Сите криминалци се покажаа како политички затвореници. Документите јасно зборуваат кој е кој. |
||
![]() |
||
Каснакоски ![]() Сениор ![]() Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Сериозно не го знаете кој е Герасим Тодоров?
|
||
![]() |
||
Каснакоски ![]() Сениор ![]() Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Најпрвин дајте да ја расчистиме оваа манипулација.
|
||
![]() |
||
mungos80 ![]() Модератор ![]() ![]() АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Расчистена е , продолжи на следното.
|
||
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
||
![]() |
||
Каснакоски ![]() Сениор ![]() Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Прифаќаш дека си жртва на манипулација со текстот кон сликата?
|
||
![]() |
||
mungos80 ![]() Модератор ![]() ![]() АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Сите сме жртви на манипулацијата, Каснаковски веќе незнам како да спијам кога гледам млади деца со вакви транспаренти. А ти и понатаму фантазирај дека нешто си открил.
|
||
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
||
![]() |
||
Каснакоски ![]() Сениор ![]() Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Да разбирам ли дека со текстот кон сликата се е ОК за тебе?
|
||
![]() |
||
mungos80 ![]() Модератор ![]() ![]() АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
![]() ![]() ![]() |
||
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
||
![]() |
||
mungos80 ![]() Модератор ![]() ![]() АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Ликвидацијата на Крсто Војвода се' уште тајна Цели 40 години се бореше за слободна Македонија, стана жртва на режимот во неа и до ден-денес никој не ми кажува каде е закопан,вели неговата 89-годишна професорка ![]() Осумдесет и осумгодишната Вера Димитрова од Крива Паланка веќе 60 години трага по гробот на својот татко, војводата Крсто Лазаров Коњушки од Куманово, убиен без судење во 1945 година од комунистичка власт, заедно со 48 лица, за кои не се знае каде се закопани. Последна желба на Димитрова е да го доживее расветлувањето на свирепото убиство, за кое државата се' уште молчи, и да му запали свеќа на својот татко, кој 40 години бил борец за слободна и независна Македонија.Според досегашните оскудни сознанија, се претпоставува дека стреланите се закопани во масовна гробница во Кумановско. Сите се ликвидирани во еден ден, без судски процес, а дури подоцна била донесена формална пресуда со која се осудени на смрт. ТЕМПО И КОЛИШЕВСКИ Вера вели дека повеќе историчари се обиделе, но никој не успеал да го открие местото на тајната ликвидација во „кумановскиот случај“, извршена по наредба на Темпо и Лазар Колишевски, исто како што завршиле и 53 велешани.Крсто Војвода животот го загубил четири години по враќањето од Бугарија, каде што поминал многу години во прогонство, не прекинувајќи ја својата борба за ослободување на Македонија. - На крајот стана жртва на сопствениот народ. Постојано го ризикуваше животот, сонуваше да се врати во Македонија, а овде го дочекаа како најголем непријател, лажно обвинувајќи го дека соработувал со бугарската власт. Толку години никој во државата не сака да го открие ни местото на злосторството - со нескриена болка вели Вера.Нејзиниот дом е исполнет со слики на татко и'. Тој една вечер бил затворен во подрумот на денешниот кумановски суд, а по една недела одведен во непознат правец и ликвидиран. - На прозорецот на подрумот имаше тенекија со неколку дупки низ кои разговаравме. Рече дека му е ладно, но кога со сестра ми утредента му донесовме јамболлија, ни кажаа дека два камионасо затвореници биле однесени некаде и ликвидирани. До ден-денеска никој не ни кажа каде се закопани - раскажува Вера. ТИ СИ МИ ТАТКО Од страв да не настрада целото семејство, таа и нејзината сестра по убиството го запалиле дневникот од 600 страници во кој татко и' пишувал спомени од времето кога бил војвода, за конгресите на ВМРО, војните и за револуционерната борба. - Мајка ми Марија Думановска, тогаш му била свршеница и ја испратил во Ќустендил, а тој со четата илегално ја минал границата. Таму се венчале и таму сме родени јас, сестра ми и брат ми. Тајно се враќаше во Македонија за да го организира отпорот. Само ќе речеше „одам внатре“ и знаевме каде е. За да не го откријат, кога бев мала ми го претставуваа како чичко. На улица некои луѓе ми даваа бонбони и ме прашуваа каде е татко ми и кога ќе дојде дома. Еднаш му се фрлив во прегратка и му шепнав: знам дека ти си ми татко - се сеќава 88-годишната пензионирана професорка по француски и македонски јазик.Фотографии на нејзиниот татко и на нејзиното семејство Вера дала во историската збирка на Музејот на Македонија. Од Вера Македонката до Вера Бугарката Како девојче учествувала на манифестација во Ќустендил на која децата носеле транспаренти на кои пишувало „Дајте ни училиште на мајчин јазик“, „Македонија на Македонците“, „Слободна и независна Македонија“... - Може ли некој што организира вакви манифестации во Бугарија и во нив го вклучува своето семејство, па дури и петгодишната ќерка, да биде окфалификуван како непријател на својот народ? Во ниту еден архивски документ, па ниту во Енциклопедијата на Ќустендил, не пишува дека се борел за бугарската кауза, туку дека бил деец на Македонско-одринското револуционерно движење, на ВМРО, дека бил војвода пред и за време на Илинденското востание, учествувал во Балканските и во двете светски војни. Затоа не можам да се помирам со трагедијата што ја доживеавме, па уште ни гробот да не му го знаеме. Најмногу ме боли што во Бугарија бев Вера Македонката, а во Македонија сум Вера Бугарката - вели разочараната жена, чиј постар син го носи името на нејзиниот татко, а по него е крстен и синот на нејзиниот брат. Цел живот борба Крсто Лазаров, роден во 1884 година во Коњух, Кратовско, како 17-годишен стапил во четата на војводата Коста Нунков, бил во чети и на други војводи, а од 1907 до 1912 година се борел против турската власт како војвода со сопствена чета во Куманово. Во ВМРО влегол во 1900 година, бил делегат на конгресите во 1925, 1928 и во 1932 година, кога бил избран за привремен претседател на конгресот, а станал и член на потесното раководство на организацијата. Познат е и по организирањето на атентатите на железничката пруга Скопје-Куманово. Поради борбата против српската пропаганда, бил прогонуван и апсен и во 1918 година принуден да побегне во Бугарија. Жаклина Цветковска |
||
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
||
![]() |
||
mungos80 ![]() Модератор ![]() ![]() АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Како девојче учествувала на манифестација во Ќустендил на која децата носеле транспаренти на кои пишувало „Дајте ни училиште на мајчин јазик“, „Македонија на Македонците“, „Слободна и независна Македонија“...
- Може ли некој што организира вакви манифестации во Бугарија и во нив го вклучува своето семејство, па дури и петгодишната ќерка, да биде окфалификуван како непријател на својот народ? Во ниту еден архивски документ, па ниту во Енциклопедијата на Ќустендил, не пишува дека се борел за бугарската кауза, туку дека бил деец на Македонско-одринското револуционерно движење, на ВМРО, дека бил војвода пред и за време на Илинденското востание, учествувал во Балканските и во двете светски војни. Каснаковски кој лажи и манипулира сега ? ЈАС или ОВАА ЖЕНА КОЈА Е НА СЛИКАТА? |
||
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
||
![]() |
||
Македон ![]() Сениор ![]() Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Дали Крсто Лазаров имал или немал контакти со бугарската администрација, може да се види од следната слика:
|
||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 1314151617 19> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |