|
Новинарите-државни (не)пријатели |
Внеси реплика | страница <1 234 |
Автор | ||
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Не ја начнав темата за приватноста. Ти праша од кај се јавуваш а јас ти кажав. Мислев дека не знаеш од кај ти е проксито Правило на ИДИВИДИ е да има само ЕДНО корисничко име и ако го прекршиш тоа правило има санкции. Истото се случува и во реалниот живот. Ако имате факсификат лична карта со име различно од вашето, кривично одговарате. А сега назад на тема и без закани дека ќе пикнете во затвор XY (со име искажани) личности затоа што тоа е своевидна закана по живот.
И фала што дојдовте на власт. На новинарите гледам им цвета животот. Ги сакам бе вакви што само зборат |
||
I'm out bcz of pathetic around here
|
||
Andjelina
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Miss High Hill’s Регистриран: 07.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 14129 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
читам и просто не ми се верува ова навистина ли е Мирка ја читав од време на време ...секогаш имаше позитивни ставови и полна уста фалби за владата(било која влада што била на власт) и реформите воопшто...рака на срце понекогаш знаела и да искритикува ама ретко и меко,тек онака колку без ич... дури и ме загрижи...ќе се случува ли некаква турбуленција во нашава стабилна држава???? ако добро памтам,Мирка секогаш имала добар нос...полна уста фалби ама штом насети нешто прва ги напушташе бродовите што тонат што ли ти се случи Мирке??? или поарно да прашам-што ли нам ќе ни се случува во новава 2012...зашто,секогаш си била добар предвесник... |
||
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
||
BelindaMill
Нов член Регистриран: 15.Септември.2011 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 35 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Хаха - правилото за лични карти од обичниот живот не важи во виртуелниот
свет на интернет форумите. Политиката на идивиди за еден ник е аналогна
на политиката во комунизмот да не смее да се објавуваат писма од
анонимни читатели. Или анонимните читатели треба да ги испраќаат писмата
стално во исто поштенско сандаче. АЛООО - тоталитаризам. Па затоа и ќе
ве критикуваат во ЕУ извештаите дека новинарството го задушивте.
(намената на никот во интернет форумите е за да го скрие идентитетот на
личноста, а намената на личните карти е за да го откие идентитетот на личноста).
А за моите „закани“ што ќе направиме кога ќе дојдеме на власт - и кого се ќе уапсиме, па такви нешта слушнавме нели и од највисоките луѓе во мојата партија. И? нив ги уапсивте, им забрани државата да се изјаснуваат и понатаму? НЕ? Или, нив не им можевте ништо, ама се силите овде на форумов. |
||
gonzo
Сениор Мачкозил Регистриран: 04.Декември.2008 Локација: У дневну Статус: Офлајн Поени: 3137 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ова веќе е забегување во погрешен колосек. Нити има новинари на форумов нити сме задушиле некого. А не се сеќавам дека уапсивме некој досега! Нешто околу темава т.е. новинарите и државата ќе дискутираш или не? Ниту сме претставници на влада ниту на државата ниту на политичка партија! Ова е форум, место на кое секој може да си го каже своето мислење нормално во склад со правилата ни форумски. Доколку се обраќаш до некоја политичка партија тогаш на погрешно место го правиш тоа. |
||
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
|
||
Zeksi71
Сениор Регистриран: 18.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 2391 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
без одговор никогаш не останувам, мада Сантијаго ми ги брише повеќето одговори кон почитуваните и непочитуваните колеги форумџии, демек оф топик ми биле, а он се распишал со некоја си белинда оф топик на квадрат, ја усра темава тотално некоја страна и пол, за некакви си проксија, дали некој се јавувал од Зимбабве или од Танзанија и ни раскажува бајки а бе мислиш Џемс бонд е у прашање. Него да не одам оф од темата повторно, да ти кажам што имам за кажување. Да бев на местото на Мирка ќе го прашав Грујо, кога мисли да ја отпочне комплетната ревизија на приватизираните фабрики во периодот од 1990 - 2006, зошто пропаднаа од некогашни гиганти до најмали погончиња и кај исчезна капиталот нивни, на кој начин се приватизираа и под кои услови. Ќе го прашав исто и кога ќе отпочне процес на преиспитување на одлуките на владата на Црвенковски за смена на уставното име на МК, за менување на делови од уставот во кој се откажавме од нашите луѓе во соседството, за менувањето на знамето, и прифаќање на едно ново и смешно име, кога кривците ќе се изведат пред суд поради национално предавство, а не да ми се лигави за смрта на Глигоров и постхумно да го велича како бил голем државник а тоа не го мисли и во тоа самиот не си верува. Ќе поставев и прашање да се поведе посмртна постапка против бившиот претседател Трајковски за национално предавство поради стварање и имплементирање на рамковниот договор, договор кој на македонскиот народ му нанесе долгорочни и многу штетни последици и де факто не претвори во народ од трет ред во сопствената држава. Ќе го прашав исто и зошто полицијата односно обвинителството не поведоа постапка против судиите кои што ги поништија хашките случаи, кога бандити и разбојници беа ослободени од обвинение за тероризам, убиства, силувања итн... И уште многу работи би го прашал Грујо, ама за тоа друга прилика... |
||
"Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ
|
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Dobro e shto Mirka ostanuva Mirka... ne se vencha za nikogo. Taka treba da se odnesuva inteligencijata vo sekoja drzhava - koga treba neshto da se pofali, togash neka se pofali, a koga treba da se iskritikuva, togash neka se iskritikuva. Ovaa godina na dva pati bev po mesec dena vo Makedonija i zabelezhav deka ima pozitivni promeni vo odnos na minatoto, no jasno e deka ima ushte dosta prostor za revidiranje i podobruvanje. Vladava veti golemi promeni... no i jas sum pod impresija deka se privikna da se zadovoluva i so polovichni rezultati... ... za dosta neshta se dobiva vpechatok deka bea napraveni kako kampanji bez definitiven zavrshetok i "follow up". Od toj aspekt se slozhuvam so komentarot na Mirka. Drzhavata treba sekogash kontruktivno da se kritikuva - koga e za falanje treba da se pofali, koga e za kudenje treba da se pokudi. Toa e za arno... za site. Изменето од Messenger - 08.Јануари.2012 во 05:26 |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Мислам дека етикетата “државни непријатели“ е малку тешка, јас би рекла неинформирани матикаши се голем број наши новинари. Еден новинар за да напише нешто издржано, аргументирано мора да е добро информиран, да собере информации од терен, а не по телефон или од сајтовите. Факт е дека малку новинари можат да се пофалат со своја единственост-некако на повеќето написите им наликуваат како јајце на јаце-прочита еден, ги прочита сите
Ми падна во очи напис во Нова Македонија Во дневниците фалат оценкии не можам да разберам, зошто новинарката не прашала еден просветен работник како се оценува, да се обратеше до БРО, до ПЕП единицата за оценување при УСАИД или да напише на гуглето- оценување на учениците и ќе научеше дека во дневник одамна не смее да се пишуваат точки, плусови, минуси туку само по една конечна оцена за класификационен период (4 оцени за 4 тримесечија). За изведување конечна оценка се води ученичко досие, во кое се внесуваат сите ученикови активности. (Иако уште потрагично е што тоа не го знае ни директорот на ДПИ, па очигледно и некои инспектори). Слично или исто е и со новинарите кои пишуваат на политички теми- две бранши-за и против влада, за и против опозиција. Колумнистите-иста попара тие од позицијата полна уста фалби, тие од опозицијата куп критики-црнеици. Новинари-што ли беше тоа |
||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ма не се тие кутрите непријатели- лузери се. Ротираат горе-долу, еден седнува, друг станува,
Еден Зоран заминува, друг доаѓа на чело на „Дневник“! |
||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
За друго незнам, ама дека сами си кажуваат што се и кој сегледам. Ова оди по она народната-држи ми копилето да и се насмеам на копиљарката. Се се во ист кош (секоја чест на малите исклучоци)
Скандалозно: Уредникот на А1он, портпарол на политичка партија |
||
Внеси реплика | страница <1 234 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |