IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Историја и политика
  Активни теми Активни теми RSS - Настани што ја обележаа 2011
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Настани што ја обележаа 2011

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123>
Автор
Порака
kultuzin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 03.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4903
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kultuzin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Настани што ја обележаа 2011
    Испратена: 29.Декември.2011 во 14:19
Среда, 28 Декември 2011 15:21
Сподели166
Споделете ја веста со Вашите пријатели

На прагот на 2012 година, годинава која изминува ја заклучуваме како успешна година за Република Македонија.

opsta.jpg-500

Во 2011 Македонците беа сплотени и силни, радосни и горди, го вееја македонското знаме, ја пееја македонската химна. Курир направи анализа на најубавите работи кои и се случија на Македонија во 2011 година.

10. Гордост на македонското карате

natasa-ilievska-.jpg-500

- Во 2011 година Македонија го одбележа најголемиот карате успех. По освојувањето на сребрениот медал на финалниот турнир на Премиер лигата во карате, одржан во Салцбург, Наташа Илиевска ја завршува оваа година како најдобра каратистка во светот. На светскиот врв во нејзина категорија, Наташа го крена македонското знаме.

Македонскиот каратист Дејан Недев го освои првото место во дисциплината борби на Европското првенство во Израел и со тоа се закити со титулата европски шампион.

9. Нови и модерни автобуси во Скопје

avtobusi.jpg-500

-Нови и модерни нископодни и двокатни автобуси пристигнаа во Скопје. Со удобни седишта, климатизирани, пријатна атмосфера за патување, поголема сигурност. Новите автобуси со голем број бенефиции тргнаа по улиците низ скопската метропола. Патниците се среќни и задоволни, а возачите минаа посебна обука. Додека модерните автобуси минуваат низ улиците, целиот град доби поубав лик.

8. Нови инвестиции кои отвораат работни места ширум Македонија

fabrika.jpg-500

-Македонија во годинава која изминува привлече голем број на странски инвестиции. Најпознати светски влијателни компании поставија камен темелници за изградба на фабрики во земјава. Американската „Џонсон контролс“, британската „Џонсон Мети“, италијанската „Технокозе“, американската „Кемет електроникс“,  руската компанија „Продис“, дел од фармацевтскиот холдинг „Протек груп“,германската компанија „Кромберг и Шуберт ГмбХ“. Секоја од нив вложува пари во Македонија, а ќе вработува наши граѓани.

7. Реконструкција на улици и булевари

kruzen.jpg-500

-Градежна експанзија се реализира во Скопје. Градот се гради и доби нов лик. Булеварот Србија е проширен, се реконструираше улицата Мито Хаџивасилев Јасмин, улицата Илинденска прерасна во булевар, се обновија булеварите Крсте Мисирков, Кузман Јосифовски Питу и Васил Аџиларски.Се обновија и Партизански одреди.

Улицата Митрополит Теодосиј Гологанов прерасна во модерна  сообраќајница. Спроти Католичката црква, Скопје го доби еден од најмодерните круни текови во регионот. Овие и низа други улици и булевари со својот модерен и нов лик, ја разубавуваат глобалната слика за главниот град на земјава. Сообраќајот доби поинаква приказна, нервозата кај возачите исчезна. Во модернизацијата на Скопје, рекострукцијата на улиците одигра важна улога.

6. Македонија ја прослави 20-годишнината од независноста

nezavisnost.jpg-500

-На 8. септември Македонците се сплотија во едно. Како никогаш досега, водени единствено од љубов кон татковината граѓаните масовно излегоа на скопскиот плоштад за да ја прослават 20-годишнината од независноста на Македонија. Под мотото „Заедно под едно сонце“, Македонците со силни емоции и среќа ја покажаа гордоста и љубовта кон татковината. Прославата за 20-годишнината на Македонија имаше космополитска димензија и мисија, конечно обединување на сите граѓани без разлика на нивната вера и националност, вистинско обединување за просперитетна и долговечна Македонија. Согледувајќи ги впечатоците од прославата, со сигурност се заклучи дека успеавме во мисијата.

5. Спомен куќата на Тоше- најдобар објект во светот

spomen-kuka-500

-Спомен куќата на ликот кој со сигурност е најубаво нешто што и се случило на земјава, Тоше Проески, доби престижно и значајно признание. Спомен куќата на нашата икона е прогласена за најдобар објект во целиот свет. Светската јавност по електронски пат имаше можност да гласа на веб страницата на „Open buildings“.Токму меморијалниот центар на Гумење во Крушево, во конкуренција на многу прекрасни градби од целиот свет, го освои првото место со вкупно 15.078 гласови.

4. Македонија доби најмодерен аеродром на Балканот

aerodrom.jpg-500

По целосната реконструкција на скопскиот аеродром „Александар Велики“, земјава може да се пофали дека го поседува најмодерниот аеродром на Балканот. Десет пати поголем од досегашниот, со капацитет да обезбеди услуга за четири милиони патници годишно, скопскиот аеродром со сигурност е најдоброто „добредојде“ за странците во посета на земјава.

3. Грандиозниот „Воин на коњ“

konj500

Во центарот на Скопје, на плоштадот Македонија беше поставен грандиозниот споменик „Воин на коњ“. Вистински симбол на историјата, а сепак голема и модерна атракција.Со фонтаната која тече во ритамот на музиката, со совршеното осветлување и со голема моќност, овој споменик ги сплоти Македонците кои никогаш почесто не го посетувале плоштадот. Странците во посета на земјава, кај споменикот седнуваат да одморат и да уживаат, да се фотографираат со него. Околу фонтаната поставени се осум војници кои се високи по три метри, а се изработени од бронза. Целиот амбиент е збогатен со осум лавови, високи по два и пол метри, од кои четири се свртени кон фонтаната. Од нивните усни тече вода. Останатите четири лавови се поставени на скалите и се во седечка, односно во чуварска положба. На столбот, постаментот на коњаникот, има три прстени со монтирани плочи на кои се претставени три битки. Меѓу нив има три прстени од бронза, со декорација и релјефни фигури. Од најгорниот прстен паѓа водена завеса, а нагоре се крева магла. Грандиозниот споменик кој ја разбуди светската јавност е една од најубавите работи кои и се случиле на земјава во поново време, бидејќи ја симобилизира далечната, а ја поттикнува новата историја.

2. Правна победа на Македонија над Грција

sud.haf500

- Хаг ја објави пресудата, во врска со тужбата која што ја покрена Македонија против Грција во 2008 година. Македонија, по одлуката на Меѓународниот суд на правдата, освои правна победа врз Грција. „Грција го прекршила член 11 од Времената спогодба со блокирањето на приемот на Македонија во НАТО на Самитот во Букурешт во 2008“. Оваа пресуда како признание за правното декствување беше прифатено во Македонија. Пресудите од Хаг се конечни и обврзувачки за земјите-членки на ОН, односно за страните во спорот. Грција ја прекрши времената спогодба, а Македонија во ниту еден момент не го сторила тоа. Немаше рамнодушен на ваквата пресуда, но никој не се посомнева во нејзината релевантност и во значењето на истата. Медиумите од регионот, како и сите светски медиуми осамнаа со насловите „Хаг пресуди во корист на Македонија“.

1. Кошаркарскиот успех кој ја обедини Македонија

kosarkari.jpg-500

Македонските кошаркари го освоија четвртото место на Евробаскетот. Секој натпревар за Македонија беше од големо значење. А наместо трофеј, добивме многу повеќе.

Момците на паркетот во Литванија се бореа со лавовско срце, а секоја нивна победа го растреперуваше секое макеодонско срце. Секој постигнат кош доби аплауз, секоја победа доби прослава која го сплоти целиот народ. Влезот во полуфиналето предизвика вистинска еуфорија. Светот ја запозна силната македонска страна, земјите слушнаа која е Македонија. Македонците беа погорди од било кога. Заедно славевме, заедно се радувавме. И сакавме кошаркарите да дознаат за тоа. Масовниот пречек беше вистински начин да им покажеме дека тие и нивниот успех се најубавото нешто што и се случи на Македонија.

skopje6-500


http://www.kurir.mk/makedonija/vesti/55186-Top-10-najubavi-raboti-koi-i-se-slucija-na-Makedonija-vo-2011


Ова се 10 те најдобри настани според Курир. За мене најголем настан е Европкото Првенство во кошарка. 


Четврток, 29 Декември 2011 16:25
Сподели5
Споделете ја веста со Вашите пријатели

По вчерашната статија „Топ 10 најубави работи кои и се случија на Македонија во 2011“, Курир објавува анализа на најлошите работи со кои Македонија се соочи во годината која ги троши последните денови.

10.Скандал во Европскиот парламент. Шацимаркакис избрка македонски новинари

skandal.jpg-500

Скандал и инцидент се случи на панел дискусијата во Европскиот парламент, каде се дебатираше за состојбите во македонското новинарство. Европратеникот со грчко потекло Шацимаркакис, буквално избрка македонски новинари од салата. Додека ги туркаше од салата, откако не им даде право на збор, Шацимаркакис им се обрати со навредливиот збор „малака“.

9.Опозицијата ги напушти собраниските клупи и го бојкотираше Законодавниот дом

sobranie.jpg-500

Во месец јануари, опозицијата предводена од СДСМ одлучи да го бојкотира законодавниот дом. Откако нивните пратеници го напуштија Собранието, наместо да ја вршат должноста за која се избрани, партиите од опозицијата го бојкотираа Собранието. Не присуствуваа на гласањето за закони кои се од важност за целиот народ.

8.Многубројни случаи на педофилија во земјава

pedofilija.jpg-500

Голем број на сексуални злоставувања на деца од страна на возрасен, беа регистрирани во земјава минатата година. Јавноста беше потресена од информациите дека најчесто малолетните деца се жртва на некој од нивното опкружување. Родители, роднини, соседи и професори сексуално злоставуваа деца. Се претпоставува дека бројот на деца-жртви е многу поголем од оној кој се прикажува, поради стравот и срамот кај нив.

7. Инцидент на скопското Кале

kale.jpg-500

Меѓу две групи кои протестираа на Кале изби сериозен инцидент.Едни ја бранеа црквата, други беа против нејзина изградба. Ва масовната тепачка неколкумина беа повредени, дел од нив се здобија со сериозни повреди. Албанските екстремисти на чело со политичкиот советник на холандската амбасада Артан Груби нападнаа малолетници, по кои удираа со се што се најде пред нив. Во инцидентот учествуваше и заменик-министерот за внатрешни работи, Џевад Бучи.

6.Згасна А1 телевизија

a1tv.jpg-500

Првата приватна телевизија во Македонија, А1 на Велија Рамковски отиде во стечај. Поради огромниот долг на нејзиниот газда, телевизијата замина во историјата. А1 остана со долгови кон УЈП по основ неплатен данок. Против сопственикот Рамковски и 23 други лица вработени во телевизијата, се води судска постапка во случајот „Пајажина“.

5.Голем број Македонци ги загубија животите во странство

makedonka.jpg-500

Македонка застрелана во Флорида, Македонец и Македонка убиени во Австралија.Македонка се удави во Индиски океан. Сопружници загинаа во сообраќајна незгода во Србија. Македонски легионер загина во бизарна сообраќајка.

Ова се само дел од насловите со кои медиумите известуваа за тоа како Македонци ги губат животите во странство. Десетици наши граѓани загинаа надвор од нашата земја, само во текот на годинава која изминува.

4. Македонија на 103-то место на листата на ФИФА

makedonija_fifa

Нашите најдобри фудбалери на последната листа на ФИФА паднаа за цели десет места и веќе не се дел ниту од првите 100 светски репрезентации. Македонија на последната листа на ФИФА се најде на 103-то место Сега, фудбалската репрезентација на Македонија не може веќе да се „пофали“ со тоа дека е во друштво на Уганда, Катар, Боцвана или Нигер на листата на ФИФА. Сега друштво ни прават репрезентации како Бахреин, кој е на 102. место, Кувајт (100) и Мозамбик, кој е 105-ти.

3.Изоставувањето на „македонски“ од извештајот на ЕК

izvestaj.jpg-500

Извештајот на Европската Комисија за земјава беше испратен без придавката „македонски“. Во него Македонците беа „важиот народ“, македонскиот јазик беше изговаран и напишан како „вашиот јазик“. Таквото изоставување на нашиот одентитет наиде на голема изреволтираност од страна на Македонците.  Еврокомесарот Филе се правдаше- не станувало збор за игнорирање на идентитетот туку за воспоставена практика. Македонците масовно со спротивставија на ваквиот чин и во знак на револт испратија десетици писма кои симболизираа протест. Од многу граѓани, актери, спортисти, уметници, академци...потпишан беше и Манифестот на Македониумот.

2.Почина Гоце Арнаудов

goce.jpg-500

Почина големата македонска музичка легенда, големиот македонски патриот, Гоце Арнаудов. Пејачот ја изгуби битката со ракот од кој се лекуваше на клиника во Франција. По Арнаудов тагуваше цела Македонија, а во неговата родна Струмица беше прогласен ден на жалост. Арнаудов зад себе остави многу хитови по кои ќе се помни и спомнува неговата големина како човек и како уметник.

1.Смртта на Мартин Нешковски

neskoski-.jpg-500

22-годишниот Мартин Нешковски беше убиен на скопскиот плоштад во јуни годинава. Осомничениот Игор Спасов, припадник на Тигрите, сам и се пријави на полицијата. Во судскиот процес кој се води против него се расчистуваат околностите, сведоците се контрадиктони, исказите се менуваат. Младо момче трагично го загуби животот под сомнителни околности. Смртта на Мартин Нешковски е најлошата работа која и се случи на Македонија во 2011-тата.


http://www.kurir.mk/makedonija/vesti/55330-Top-10-najlosi-raboti-koi-i-se-slucija-na-Makedonija-vo-2011



Изменето од kultuzin - 29.Декември.2011 во 20:51
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Декември.2011 во 14:36
Штета што спортот не е политика. Ќе можевме да се пофалиме со убави настани.


И спомен куќата на Тоше не е политика.....



Ама да се рече..дека имало убави работи смеење
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
kultuzin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 03.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4903
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kultuzin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Декември.2011 во 14:41
Спортот не е политика но е промоција на Македонија на надворешен план што на крај на краевите пак е поврзано. Куќата на Тоше не е политика но е направена по иницијатива и со средства од министерството на Култура. Инаку во 2011 ни се случи и музејот на македонската борба за независност и самостојност, што според мене е еден многу важен објект од историски, образовен и културен аспект. 
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Декември.2011 во 14:43
Да, ама спортските достигнувања се бројат во спорт. Промоцијата на Македонија е во заден план. Работа на владата е да ја промовира РМ а не на спортистите. Секое спортско достигнување е еден вид на промоција. Но не е политика.
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
kultuzin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 03.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4903
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kultuzin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Декември.2011 во 15:00
Работата на секој поединец во рамки на неговите можности е да ја промовира Македонијам според мене колку повеќе не промовират спортисти, пејачи, глумци, музичари, архитекти, научници толку сме поблиску до едно здраво општество. А тоа резултира со политички углед кај другите земји. Добар пример за тоа е Хрватска која има многу висок политички углед во Европа и Светот токму поради успесите на нивните спортисти ако останеше на Косор и Санадер да ги промовират веројатно многу попознати ќе беа по криминалот отколку како една успешна земја. 
А дека спортот е добар политички промотор покажува председателот Иванов кој веќе поклони дресови од Македонската репрезентација на неколку европски политичари.
Но со оглед на тоа дека оваа година извојувавме и позитивна пресуда за нас во Хаг неможе да се каже дека и политичарите спиеле. Имавме и неколку важни инвестиции.
Она што мене најмногу ми недостаува се посериозни инвестиции во инфраструктурата и енергетиката. 
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Декември.2011 во 15:05
Bravo za temava!   


Nashiov narod treba da se potsetuva i na pozitivnite neshta vo izminatata godina.







Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
kultuzin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 03.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4903
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kultuzin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Декември.2011 во 15:14
Месенџер кога ги видов настаните можем да кажам дека 2011 навистина била убава година за Македонија. Секако секојдневните проблеми на огромен број граѓани остануват но тоа не се решава во една година. 

Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Декември.2011 во 15:26
Tie nikogash nema celosno da bidat resheni.

Sekogash nasekade postojat i kje postojat nezadovolni lugje. Toa e chovechkata priroda i toa e neddeliv element na sekoe opshtestvo.

Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
kultuzin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 03.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4903
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kultuzin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Декември.2011 во 16:04
Хронологија на настаните во 2011,мислам дека е добро да ги има на форумот:

Јануари

МИА РЕТРО 2011

МИА РЕТРО 2011
1 јануари

- На Клиниката за Гинекологија и акушерство при Универзитетскиот клинички центар во Скопје една минута по полноќ, се роди девојче, прво во Новата година. 
- Документите за увоз на производи од животинско потекло се вадат на граничните премини, а не како досега во Ветеринарната управа. 
- Нула царина за автомобилите, облеката, машините, козметиката..., со потекло од ЕУ

2 јануари

- Почна примената на Законот за спречување и заштита од дискриминација со кој се забранува секоја директна или индиректна дискриминација, повикување и поттикнување на дискриминација и на помагање во дискриминаторско постапување.

3 јануари

- Обвинителството во Бон и стави крај на истрагата против првиот човек на Дојче Телеком, Рене Оберман, осомничен за корупција во Македонија, поради немање доволно докази против него.

4 јануари

- Софискиот апелациски суд го одби барањето на македонските власти за екстрадиција на расчинетиот владика на МПЦ Јован Вранишковски.
- Министерствата за одбрана и за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување на Република Македонија потпишаа Меморандум за соработка, со кој се предвидува професионалните војници на кои ќе им престане службата во АРМ со навршени 38 години возраст да можат со низа бенефиции кои им се нудат полесно да се вклопат во цивилниот живот.

5 јануари

- Тутунопроизводителите од Пелагонија го блокираа меѓународниот патен правец којшто води кон Република Грција на граничниот премин Меџитлија. 
- Владата донесе одлука по едно евро од метар квадратен да можат да се легализираат индивидуалните нелегални градби и дивоизградените објекти.

6 јануари

- Тутунарите од пелагониско излегоа на протест со блокада на патот Прилеп-Битола кај Тополчани и на патниот правец Прилеп-Кичево кај месноста Барбарас.

7 јануари

- Православните христијани во Македонија го слават Рождеството Христово

8 јануари

- Одбележување на дваесетгодишнината од конститутивната седница на првото плурално Собрание на Република Македонија. 

9 јануари

- Протестите на тутунарите продолжуват. Блокиран е железничккиот премин кај Гостиражни и патот кај селото Дебреште во Долнени. 

10 јануари

- Собранието на Република Македонија одржа седница на која беше одбележана 20-годишнината од одржувањето на Првата конститутивна седница по завршувањето на првите повеќепартиски избори во независна и суверена Република Македонија, одржана на 8 јануари 1991 година.
- Управата за финансиска полиција соопшти дека од запечатените магацински простории користени од дел од фирмите регистрирани на улицата „Перо Наков“ е изнесена обемна документација.

11 јануари

- Оружје, муниција и рачни бомби се пронајдени во домот на А.К. (56) од селото Октиси, при претрес на Криминалистичката полиција од Струга.
- Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја изврши првата исплата на средства од ИПАРД Програмата 2007-2013.
- Новинари на А1 Телевизија се појавија пред јавниот обвинител и пред истражниот судија во Основниот суд Скопје 1 каде одговараа на прашања за полициската акција „Пајажина“.

12 јануари

- Одбележување на тригодишнината од хеликоптерската несреќа во која загинаа 11 мировници од АРМ.
- Тутунопроизводителите од Пелагонискиот регион го запреа сообраќајот во двата правци и го блокираа граничниот премин Меџитлија на македонско-грчката граница.

13 јануари

- Во извештајот на Фридом хаус „Слободата во светот 2011 - „Авторитарни предизвици за демократијата“ Македонија според нивото на демократија во 2010-та, е во групата на делумно слободни земји, односно на истото ниво како и претходната година.

14 јануари

- Претставници на тутунарите од Прилепско, Долнени и Тополчани на средба со координаторите на пратеничките групи во Собранието на Република Македонија за актуелните проблеми со откупот на тутунот.
- Претседателот Ѓорге Иванов на неговото височество Ото фон Хабсбург, син на Карло Први, последниот император на Австро-Унгарија и наследник на династијата Хабсбург му е додли Орден за заслуги за Македонија.
- Зимбабве ја призна Република Македонија под уставното име.

16 јануари

- Центарот за светска класа универзитети од престижниот Џаотонг универзитет од Шангај избран да ги  рангира акредитираните јавни и приватни високообразовни институции во Македонија.

17 јануари

- Дванаесет Македонци евакуирани од Тунис.
- Здружението на новинари на Македонија ја повлече тужбата против новинарот Драган Павловиќ - Латас, а на барање на Здружението повлечени се и тужбите против новинарите Ивона Талевска и Миле А. Ристевски поднесени од Љупчо Палевски и Александар Маниќ. 

18 јануари

- Собранието на Република Македонија по барање на опозицијата ја одржа 136. седница со единствена точка на дневен ред -Информација за состојбите со откупот на тутунот.
- Владата на Боливија одлучи во билатералната комуникација со Република Македонија во иднина да го користи уставното име на државата.
- Судскот процес за потонувањето на бродот Илинден во водите на Охридското Езеро повторно е одложен поради непојавување на второобвинетиот Бранко Баиќ пред Основниот суд во Охрид.
- Пред Собранието дојде до мал инцидент кога група тутунари се обиде да го пробие полицискиот кордон и да се упати кон влезот на Парламентот. 
- Македонската полиција во соработка со полициските служби на СР Германија и СЕКИ центарот од Букурешт пресече меѓународен канал за транспорт на кокаин 

19 јануари
- Православните верници го слават големиот христијански празник Богојавление - Водици.
20 јануари
- Бордот директори на Меѓународниот монетарен фонд ја одобри отворената кредитна линија за Македонија во износ од 480 милиони евра. 

21 јануари

- Претседателот Ѓорге Иванов и лидерите на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груески, на СДСМ Бранко Црвенковски, на ДУИ Али Ахмети и на Нова демократија Имер Селмани во Јасен разговараа за надворешно-политичките приоритети на Македонија, со акцент на интеграциите во НАТО и ЕУ и спорот за името. 
- Истражниот судија од Кривичниот суд Скопје им ја продолжи мерката притвор на 14 осомничени за случајот „Пајажина“, меѓу кои и на бизнисменот и сопственик на А1 телевизија Велија Рамковски. 
- Министерот за образование Никола Тодоров и извршниот директор на Центарот за светска класа универзитети од престижниот Џао Тонг Универзитет од Шангај Јинг Ченг потпишаа Договор за рангирање на универзитетите во Република Македонија.

22 јануари

- Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска во Приштина присутвуваше на примопредавањето на првиот сектор од македонско-косовската граница од страна на припандиците на КФОР под контрола на косовските полициски службеници. 
23 јануари
- Во Клиничката болница во Штип промовирана новата медицинска опрема во вредност од околу пет милиони евра. 

24 јануари

- Претседателот Ѓорге Иванов постхумно му додели Орден за заслуги за Македонија на Тодор Проески. 
- Собраниската Анкетна комисија задолжена за расчистување на околностите во кои се случи инцидентот во Парламентот на 1 јули минатата година продолжи со работа со сослушување на потпретседателите Јани Макрадули и Светлана Јакимовска.
- Владата на Сојузна Република Германија го потпиша Договорот за ослободување од двојното оданочување со Република Македонија.
- Македонскиот претставник во разговорите за прашањето за името со Грција  амбасадорот Зоран Јолевски е во Скопје на консултации со државниот врв, во пресрет на средбата со посредникот на ОН Метју Нимиц и грчкиот преговарач Адемантиос Василакис на 9 февруари во Њујорк. 

25 јануари

- Македонскиот Парламент со 90 гласови за и ниту еден против или воздржан донесе Одлука за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија, а од Владата како подносител на предлогот побара да изготви нацрт амандман или амандмани за уставни измени. 

26 јануари

- Владата на Република Македонија донесе одлука за вработување 200 доктори по медицина, 60 медицински сестри и 20 рендген и лабораториски техничари во сите јавни здравствени установи во државата.
- Основниот суд Скопје 1 му изрече 12-годишна затворска казна на кумановецот Бајруш Сејдиу за кривично дело „перење пари и насилство“, за случајот „Пепел 2.

27 јануари

- Македонците во Албанија ќе го бојкотираат претстојниот попис во април годинава бидејќи Албанскиот институт за статистика не ги прифати барањата за посебна графа за националност Македонец во пописниот формулар, најави претседателот на партијата Македонска алијанса за европска интеграција Едмонд Темелко. 
- Пристигнаа пет од вкупно 84-те автобуси што ги изработува украинскиот производител „ЛАЗ“, а се дел од владиниот тендер за набавка на автобуси за потребите на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје. 
- Две лица починати од грип на Инфективната клиника, едно од А(Х1Н1)
- Министерот за одбрана Зоран Коњановски поднел тужба против членови на партијата Обединети за Македонија кои го обвинија дека поседувал непријавен имот.
-Блокирани сметките на 11 фирми на „Перо Наков“ бб.

28 јануари 

- Пет комопании со Министерството за економија потпишаа договори за изградба на 12 мали хидроцентрали од четвртиот јавен оглас за производство на електрична енергија од мали хидроелектрични централи.
- СДСМ го напушти Собранието и нема да учествува во неговата работа, а тоа го најавија и ЛП и Нова Алтернатива

29 јануари

- Заврши рокот, над 100 илјади барања за откуп на дворните места за едно евро за метар квадратен поднеле граѓаните до Управата за имотно - правни работи.

30 јануари

- Нова Демократија нема да учествува во работата на Собранието, одлучи Централниот совет на партијата на вонредна седница.

31 јануари

- Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски ги повика на координација потпретседателите на Парламентот и координаторите на пратеничките групи, вклучувајќи ги и опозициските кои обавија дека нема да учествуваат во работата на законодавниот дом.  
- Претставници на опозициските парламентарни партии кои објавија дека нема да учествуваат во работата на Собранието, и покрај повикот на претседателот на Парламентот Трајко Вељаноски, не дојдоа на координација во неговиот кабинет.
- Судскиот совет на Република Македонија на седница едногласно ја избра Љупка Арсениевска за нов претседател на Апелацискиот суд во Скопје.
- Бугарската полиција го уапси сопственикот на печатницата во Благоевград каде што се печати „Македонски глас“, весникот на партијата ОМО Илинден Пирин, јави ТВ „Сонце“. 
- Маскирани лица вооружени со ножеви, шипки и други предмети, влегоа во средното хемиско училиште „Марија кири Склодовска“ и повредија еден професор и неколку ученици.
Кон врв
kultuzin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 03.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4903
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kultuzin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Декември.2011 во 16:04
Фебруар

1 февруари 

- Околу 23 илјади евра украдени од експозитура на Стопанска банка во трговскиот центар Алуминка во скопски Карпош вчера од страна на засега непознато лице.
- Владата го продолжи рокот за поднесување барања за откуп на дворното место по едно евро за метар квадратен до 31 декември 2012 година
- Директорот на Управата за заштита на културното наследство Паско Кузман информира дека привремено ќе бидат прекинати активностите околу објектот на Скопската тврдина Кале за, како што вели, да се разјаснат нејаснотиите околу проектот.

2 февруари

- Европската инвестициска банка и одобри 130.000.000 евра на Република Македонија за изградба на  дел од автопатот на Коридор 10, односно патниот правец Демир Капија – Смоквица.
- Уставниот суд на денешната седница укина две одредби од Законот за градење со кои се предвидува одземање на градбата и земјиштето доколку таа во еден дел излегува надвор од одобрението за градење и пренесување во сопственост на државата, како и плаќање пенали врз основа на решение на градежен инспектор.

3 февруари

- Пратениците денеска во рамки на 135. собраниска седница ги поддржаа измените и дополнувањата на Законот за лустрација во прво читање.

4 февруари 

- Одбележување 139 години од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев
- Апелацискиот суд во Скопје денеска ги одби жалбите поднесени од адвокатите на осомничените во случајот „Пајажина“ за одлуката на истражниот судија да им го продолжи притворот во Истражниот затвор Шутка.

5 февруари

- Британската влада беше и ќе продолжи да се ангажира со високи грчки политички функцинери, за да ја охрабри Атина да биде пофлексибилна во нејзината позиција кон прашањето  на името на Македонија, открива Викиликс, обелоденувајќи детали од доверливата телеграмата што американската амбасада ја има испратено во април 2008 година, од Лондон во Вашингтон.
- Осумгодишно дете  почина на Клиниката за инфективни болести во Скопје од пандемскиот тип на грип А (Х1Н1), а кое претходно боледувало од од церебрална парализа.

6 февруари 

- Владата усвои пакет закони со кои се намалува постапката, времетраењето и трошоците за одобренија за градење

7 февруари

- Лидерска средба кај претседателот Иванов

8 февруари 

- Иванов-Клаус: Чешката Република ја поддржува интеграцијата на Македонија во ЕУ 
- Избирачкиот список е целосно прочистен и е сосема функционален
- Ахмети: Не е добро да се оди на избори без опозиција 
- Радиодифузната такса ќе треба да се плати до 15-ти во месецот, за секој ден доцнење ќе се наплаќа камата
- Склучени 4.360 договори за закуп на 130.100 хектари државно земјоделско земјиште 
- Основен суд Скопје 1 ги уважи жалбите на А1 телевизија за блокираните банкарски сметки

9 февруари  

- Бан Ки-мун ги повикува Атина и Скопје да покажат добра волја и брзо - Иванов: Македонија сака решение за името веднаш 
- Наумовски и Милошоски во Брисел на промоција на група на пријатели во Европарламентот 

10 февруари  

- Нимиц не даде нов предлог за името 
- Македонија веднаш да почне преговори со ЕУ, клучна порака од Нацрт-резолуцијата во Европарламентот 
- Промовирана групата на европратеници - „Пријатели на Македонија“
- Груевски: Опозицијата бара избори, а моли бога да не добие
- Министерот за правда веќе нема да биде член на Судскиот совет, владејачката партија поднесе предлог за нови уставни измени
- Скопскиот Основен суд го потврди куќниот притвор за двете обвинети од „Пајажина“
- Од Германија депортирани 60 македонски државјани

11 февруари 

- Груевски: Сценариото на опозицијата е да не се враќа во Собранието, да не дозволи предвремени избори и да продуцира проблеми 
- Уште еден починат од грип
- Посвојувањето деца отсега по електронски пат
- Дигитализирани сите изданија на Службен весник - од 1945 до денес 
- Инцидент на скопско Кале околу изградбата на сакралниот објект

12 февруари 

- Груевски: Измените на Уставот се за да се поправи грешката направена од предходната власт
- Здружението на припадниците на безбедносните сили „Бедем“ го осуди рушењето на црквата на Калето во Скопје
- Притворен поранешниот генерален директор на АД „Бетон“ - Битола

13 февруари 

- На скопско Кале повредени осум лица
 - Презентиран Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување во 2011 
- Во австралискиот Парламент формирана интер парламентарна група за пријателство со Македонија

14 февруари

- Православните верници го слават Св. Трифун, католиците Св.Валентин
- Вељаноски ја повика опозицијата да учествува на денешната координација 
- Повторно блокирани сметките на 10 правни субјекти од случајот „Пајажина“
- Вељаноски: Црвенковски да ги пушти пратениците во Собрание
- Тодоров ги претстави измените на законите за основно и за средно образование 

15 февруари 

- Артан Груби суспендиран од работа во Холандската амбасада поради инцидентот на Кале.
- Премиерот Груевски во работна посета на Вашингтон 
- Од експлозија во Кочани уништен „мерцедес“ со бугарски регистарски таблици 
- Почина 39-годишен пациент со потврден грип А (Х1Н1)
- Идентификувани 30 -тина лица учесници во немирите на скопското Кале
- Врачени годишните награди на Друштвото на писателите на Македонија, кое прослави 64 години постоење 
- Антикорупциска утврди можни неправилности во работењето на заменик-министерот за култура

16 февруари 

- Груевски во Вашингтон на средби со Бајден и Клинтон
- Презентирана Претпристапната економска програма 2011- 2013 
- Опозицијата не се појави и на денешната координација, Вељаноски испрати отворено писмо до Црвенковски
- Авиокомпанијата „Виз Ер“ на македонскиот пазар со евтини летови на релација Скопје-Лондон
- Промовиран „Договорот од Лисабон“ преведен на македонски јазик
- Борис Трајанов со концерт го прослави својот 25-годишен јубилеј 

17 февруари 
- Името и реформите во фокусот на разговорите на Груевски со Бајден и Клинтон
- Стопанската комора на Македонија одбележува 89 години постоење
- МПЦ преку денационализација поврати атрактивно земјиште во Свети Наум

18 февруари

- МИА одбележа 19 години од основањето
- Собранието ги отвори уставните измени за Судски совет, опозицијата не се одзва на апелот на Вељаноски
- МТСП и СОНК потпишаа Колективен договор за вработените во јавните установи за згрижување деца
- Груевски го повика Црвенковски на избори

19 февруари 

- Конференција за интеграцијата на земјите од Западен Балкан во ЕУ во Париз
- Заедниците кои не се спомнати во Преамбулата на Уставот бараат да бидат застапени во пописните органи

20 февруари 

- Конкурс на МОН за кофинансирање проекти за технолошки развој 
- Министерот Милошоски во прва официјална посета на Перу 
- Јанкулоска: Насилството не може и не смее да се толерира
- Премиерот Груевски го повика Црвенковски на избори

21 февруари 

- Средба на премиерот Груевски со европратеникот Кукан
- Скопското обвинителство поднесе барање за истражни дејствија против 41 лице за настаните од скопското Кале
- Извршен грабеж во спортска обложувалница на „Партизанска“

22 февруари 

- Груевски го повика Црвенковски на фер избори во најкус можен рок 
- СДСМ останува надвор од Собранието до исполнување на условите за предвремени избори
- МНР предупреди да не се патува во Либија и формира координативно тело за евакуација на македонските граѓани
- ССМ, КСС и УНАСМ потпишаа меморандум за синдикална соработка
 - Промотивно возење на првите 15 украински автобуси во Скопје 

23 февруари 

- Претседателот на ДИК Новаковски поднесе оставка 
- Собранието ги донесе измените на законот за лустрација 
- Почнува легализацијата на дивоградбите

24 февруари

Отворен Стоматолошки клинички центар при Европскиот универзитет

25 февруари

Објавен оглас за нови 44 мали хидроцентрали
Потпишан договор за заем со Дојче Банка од 16 милиони евра за главниот транспортен систем за јаглен од Брод-Гнеотино до Суводол
Презентирана нова интернет апликација Е-шалтер на Агенцијата за катастар на недвижности

26 февруари 

- Одбележана седумгодишнината од смртта на поранешниот македонски претседател Борис Трајковски 
- Промовирани 15 нови книги од проектот „Превод на 1.000 книги“
- Со турски брод евакуирани 30 македонски државјани од Либија

27 февруари 

- Доделени 125 стипендии за најуспешните студенти по информатика 
- Груевски: И покрај блефовите на Црвенковски избори ќе има 

28 февруари 

- Груевски: Во 2008 прифативме предлогот за името на Нимиц да биде ставен на референдум
- Исплатени средствата за субвенционирање на енергетската потрошувачка
- „Медиум“ нов средношколски весник
Кон врв
kultuzin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 03.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4903
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kultuzin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Декември.2011 во 16:05
Март

1 март 

-Продолжи судскиот процес за бродската несреќа на Охридското Езеро кога при потонување на бродот „Илинден“.
-Владата одлучи да интервенира со 40 илјади тони пченица на пазарот по цена од 15,5 денари за да се ублажи ударот од последните поскапувања на лебот. 

2 март

-Владата донесе одлука за изменување и дополнување на осум закони што се однесуваат на работењето на администрацијата, а во насока на спроведување на реформите во овој сектор.

3март
 
-Судскиот совет на Кривичен суд во Скопје го осуди на доживотна затворска казна Скопјанецот Тони Денковски, за минатогодишното тројно убиство, кое го изврши во рибниот ресторан „Биг Фиш“, во населбата Аеродром.
-Почнува легализацијата на дивоградбите во Македонија со што им се дава можност на граѓаните да ги легализираат бесправно изградените домови по едно евро за квадрат.
-Потврдена одлуката за домашен притвор на двајца обвинети во случајот „Пајажина“

4 март

-Новиот амбасадор на Европската унија во Македонија данскиот дипломат Петер Соренсен, му ги предаде акредитивните писма на претседателот на Република Макеоднија Ѓорге Иванов
-Македонската редакција на Светскиот сервис на Би-Би-Си, за последен пат емитува од Лондон вести на македонски јазик.
-Република Македонија и Република Албанија потпишаа протокол со кој е договорено билатералниот и транзитниот превоз меѓу двете земји да биде целосно либерален, односно без режим на дозволи.
-Врховниот суд не ја прифати жалбата на  уставниот судија Трендафил Ивановски на одлуката на Управниот суд, а претходно и на Комисијата за лустрација која утврди дека тој е поранешен соработник на тајните служби. 

5 март

-Тања Алтанџиева, актуелен член на Државната изборна комисија (ДИК), и Борис Кондарко, поранешен член на ДИК и поранешен пратеник, предлози што на опозициската СДСМ за претседател на ДИК.
-Никола Груевски едногласно е реизбран за лидер на ВМРО-ДПМНЕ со што повторно ја доби довербата за трет четиригодишен претседателски мандат на партијата.

6 март

-Капитацијата за матичните лекари од овој месец се зголемува пет денари и наместо 45, повторно ќе изнесува 50 денари за пациент

7 март

-Министерството за образование и наука распиша конкурси за распределба на средства за финансирање на научно-истражувачки проекти за 2011 година.
-Две лица починаа од грип од типот А на Инфективната клиника во Скопје

8 март

-Со комеморативна седница во МАНУ почна неколкудневната програма за свеченото отворање на Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија.
-Констатирана листата за претседател на ДИК, пријавените седум кандидати ги исполнуваат условите
-Скопското Јавно обвинителство до Основниот суд Скопје 1 побара дополнителни истражни дејства против 12 осомничени лица поради сомнение дека сториле кривично дело „учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење службено дејствие“ во случувањата на скопското Кале на 13 февруари.
-Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски денеска согласно законските одредби, ја достави листата на пријавени кандидати за претседател на Државната изборна комисија до Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.
-Собраниската комисија за уставни прашања на денешната седница го поддржа Предлог-текстот на амандманот 32 на Уставот на Република Македонија
-Четворица починати од грип од типот А Х1Н1 на Клиниката за инфективни болести
-Владата ги прифати измените и дополнувањата на Изборниот законик во кои што се вградени препораките на ОБСЕ и ОДИХР

9 март

-Калето ќе остане затворено за посетители до правната завршница за неодамнешните инциденти
-Димитар Богов, досегашен вицегувернер, е предлогот на претседателот Ѓорге Иванов за нов гувернер на Народна банка на Република Македонија на местото на Петар Гошев, чиј мандат истекува во мај. 
-Република Македонија унилатерално се придружи кон рестриктивните мерки коишто Европската унија ги воведе кон Либија минатата недела.

10 март

-Стејт департмент: Американската политика за името - конзистентна, Вашингтон не диктира како да се реши
-Отворен Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија
-Ристо Никовски писмено го известил претседателот Ѓорге Иванов дека се повлекува од членство во Советот за меѓународни односи.

11 март

-Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски го покани претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски на билатерална средба во отворените прашања во пресрет на претстојните парламентарни избори во Република Македонија.
-Комисијата за прашања на изборите и именувањата на денешната седница го утврди Предлогот на СДСМ Борис Кондарко да биде претседател на Државната изборна комисија.

12 март

-Основачко собрание на Демократска десница

13 март

-Одбележани шест години од приведувањето на Јохан Тарчуловски
-Министерството за правда, Управата за водење матична евиденција и Министерството за внатрешни работи го завршија ажурирањето на податоците за матичен број на починатите лица за периодот од 1950 до 1980 година на целата територија на Република Македонија.
-Четврти Конгрес на Либерално-демократската партија

14 март

-Американската агенција за меѓународен развој УСАИД им додели грант во износ од над 5,1 милиони американски долари на пет македонски невладини организации за проекти за поддршка на претприемништвото и енергетската ефикасност во земјава.
-Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) стана дел од европската мрежа на Европската комисија, ЕУРАКСЕС – Истражувачи во движење.
-Нова жртва на грипот А (Х1Н1), уште седум хоспитализирани

15 март

-Академик Матеја Матевски, македонски поет, литературен и театарски критичар, есеист и преведувач е добитник на Златниот венец на 50. јубилејно издание на светски реномираната поетска манифестација Струшките вечери на поезијата за 2011 година.
-Без исход заврши средбата на лидерите на најголемите политички партии од власта и од опозицијата ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Никола Груевски и Бранко Црвенковски што се одржа во Клубот на пратениците.

16 март

-Началникот на Генералштабот на АРМ генерал-потполковник Мирослав Стојановски на церемонија во Домот на АРМ во Скопје беше прогласен за почесен член на Националната гарда (НГ) на сојузната држава на САД, Вермонт.
-Собранието на Република Македонија го утврди Предлогот на Амандманот 32 на Уставот на Република Македонија со кој се создаваат услови за успешна борба против организираниот криминал и корупцијата. 
-Собранието на Република ги избра Димитар Богов за иден гувернер на Народната Банка на Република Македонија..
-Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент со огромно мнозинство ја усвои предлог резолуцијата за напредокот на Македонија, подготвена од словенечкиот европратеник Зоран Талер, поворно препорачан старт на преговорите со ЕУ.
-Собранието на Република Македонија едногласно ја изгласа Одлуката за основање и состав на Привремена комисија за утврдување на состојбата на Избирачкиот список.

17 март

-Врховниот суд на Република Македонија денеска ја потврди пресудата за Јован Вранишковски, со која тој за кривично дело „затајување“ е осуден на казна затвор од 2,5 години.

18 март

-Номинацијата на „Кокино“ за Светската листа на културно наследство комплетна, одлучи Светскиот центар за културно наследство.
- Средба на претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и на ДУИ Али Ахмети. На средбата беа поканети и претседателите на СДСМ Бранко Црвенковски и на Нова Демократија Имер Селмани, но тие го откажаа учеството.

19 март

- Кривична пријава против Ѓ.В.(62) од Скопје вработен како лекар – трауматолог на Клиниката за трауматологија при Клиничкиот центар во Скопје.

20 март

-Тројца актуелни европратеници и поранешни министри од Романија, Словенија и Австрија, Адриан Северин, Зоран Талер и Ернст Штрасер разоткриени во финансиски скандал, објави денеска на насловната страница британскиот весник „Сандеј Тајмс“.
-Постигнат е извесен напредок во надминувањето во врска со барањата на опозицијата за одржување на предвремените парламентарни избори, оценија по шестчасовната средба лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и Нова Демократија, Никола Груевски, Бранко Црвенковски, Али Ахмети и Имер Селмани. 
- Членовите на Централното собрание на здружението на припадниците на безбедносните сили  „Достоинство“ одлучија дека треба да формираат политичка партија и да учесувуваат на предвремените парламентарни избори.

21 март

-Пред Меѓународниот суд на правдата (МСП) во Хаг  почна јавната расправа по тужбата на Република Македонија против Република Грција заради кршење на Времената спогодба потпишана меѓу двете земји од 1995 година.
-Претседателот Ѓорге Иванов постхумно му додели орден 8 Септември на академик Никола Кљусев, премиер на првата демократски избрана Влада на независна Република Македонија од 1991 до 1992 година.
-Викиликс објави документи од кои може да се види дека грчкиот вице-премиер Теодорос Пангалос на средба со американскиот амбасадор во Грција Даниел Спекхард, во февруари 2008 година во Атина рекол оти прашањето за името меѓу Македонија и Грција е „смешно“  и „катастрофално од самиот почеток“ и дека на грчкиот сосед - Република Македонија треба да и биде дозволено да го користи името кое го посакува, а Грција навистина треба да биде почестена со тоа што Скопје сака да го користи тоа име.
 
22 март

-Пратениците го донесоа Законот за задолжување на Република Македонија со заем кај Европската банка за обнова и развој по Договорот за заем за Проектот за изградба на автопатот на Коридорот 10, на делницата Демир Капија - Смоквица.
-Уште една жртва на грипот, седумнаесетта по ред.
-Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија 2011 година и официјално со донесување на закон од април се одлага за октомври. 
-Средбата на лидерите на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, на СДСМ Бранко Црвенковски, на ДУИ Али Ахмети и на Нова демократија Имер Селмани, кај претседателот Ѓорге Иванов заврши по неполн час без договор за отворените прашања во врска со одржувањето на предвремените парламентарни избори.

23 март

-Стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) во минатата година изнесува 0,7 проценти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
-Кривичниот совет при Основниот Суд Скопје 1 го уважи предлогот на Основното јавно обвинителство за продолжување на мерката притвор и куќен притвор за обвинетите во случајот „Пајажина“.
-Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција вчера до Основниот суд Скопје 1 поднело обвинение против Велија Рамковски и уште 22 лица за сторени кривични дела „злосторничко здружување“, „перење пари и други приноси од казниво дело“, „злоупотреба на службената положба и овластување“, „даночно затајување“ и „оштетување или повластување на доверители“.
-Викиликс објави доверливи информации според кои поранешниот грчки премиер Костас Караманлис на средба со поранешниот амбасадор на САД во Атина Даниел Спекхард, одржана во јануари 2008 година најавил дека Грција нема да дозволи членство на „ПЈРМ“ во евроатлантските институции ако не се најде решение за прашањето за името пред Самитот на НАТО во Букурешт, 
-Република Македонија одлучи да повлече 220 милиони евра од отворената кредитна линија од Меѓународниот монетарен фонд.

24 март

- Македонскиот и грчкиот премиер Никола Груевски и Јоргос Папандреу  се сретнаа во Брисел.
- Македонскиот премиер Никола Груевски во Брисел се сретна со еврокомесарот за проширување Штефан Филе денеска во Брисел.

25 март

-Министерот за економија Фатмир Бесими во името на Владата потпиша Директен договор со Европската банка за обнова и развој - ЕБОР  со кој ќе се обезбеди континуитет во изведувањето на проектите за мали хидроелектрични централни.
- Заврши првата фаза од усната расправа пред Судот во Хаг

27 март

-Доделени 25 договори на компании за проекти за поттикнување технолошкиот развој

28 март

-Почна втората фаза од македонско-грчкото соочување пред Меѓународниот суд во Хаг
-Демократската партија на Албанците се врати во Собранието, но ќе учествува само во активностите на собраниските тела поврзани со претстојните избори.
-Државно градежно земјиште наменето за изградба на куќи за индивидуално домување и за изградба на катни гаражи во иднина ќе се продава по почетна цена за јавно наддавање од едно евро за метар квадратен, одлучи Владата.
-Во Основниот суд во Штип е изречена пресуда за тројца обвинети во случајот со педофилија и трговија со луѓе, во кои се инволвирани две малолетнички кои не наполниле 14 години.

29 март

-Со Указ од претседателот на Република Македонија за командант на Здружената оперативна команда (ЗОК) на АРМ е поставен бригаден генерал Горанчо Котески, кој досега ја извршуваше должноста аѓутант и воен советник на Врховниот командант на вооружените сили на Република Македонија.

30 март

-Кабинетот на поранешниот претседател Бранко Црвенковски, исплатил сума од над 530.000 евра на приватната фирма за комуникациски менаџмент „Пристоп МК“, за организација на Охридскиот самит на претседатели, кој траеше само еден и пол ден, на почетокот на мај 2008 година, објави агенцијата Нет прес.
-Отворените прашања меѓу ЕВН и Владата се надминати.  Денеска компаниите ЕВН и ЕЛЕМ постигнаа судска спогодба за надминување на спорот што постои меѓу двете компании. 
-Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов го одликува Државниот архив на Република Македонија со „Орден за заслуги за Македонија“, по повод шеесетгодишниот јубилеј на оваа институција.
-Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски најави дека согласно Уставот и законите и предвидената динамика ВМРО-ДПМНЕ до Собранието ќе предложи предвремените парламентарни изброи да се одржат на 5 јуни.
-Во Хаг заврши усната расправа по македонската тужба против Грција 
-СДСМ ќе учествува на предвремените парламентарни избори, објави лидерот на партијата Бранко Црвенковски и соопшти дека опозициската партија веќе нема никакви барања.

31 март

-Под мотото „Ајде на садење, батали политика бар денес“, во Македонија денеска ќе бидат засадени уште три милиони дрвца во седмата акција „Ден на дрвото - пролет 2011“. 
-Десет од 16-те компании пријавени на јавниот оглас за изградба на хидроцентралите „Чебрен“ и „Галиште“ се квалификуваа. 
-НБРМ: Инфлација од 3,6 проценти во првите два месеци од годинава, растот на цените засега контролиран.
Кон врв
kultuzin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 03.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4903
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kultuzin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Декември.2011 во 16:06
Април

1 април

- Државниот архив на Република Македонија денеска ја одбележи 60-годишнината од основањето.
- Јапонскиот поет Хироши Таниучи официјално прогласен за добитник на наградата „Мостови на Струга“
- Стапува во сила Договорот за социјално осигурување меѓу Македонија и Австралија
- Фондот за здравствено осигурување на Македонија од денеска склучи договор со 740 аптеки во државата, а направи и нов правилник за прераспределба на квоти на аптеките.
- Потпишани договорите за финансиска поддршка на втората фаза од проектот „Наводнување на Јужна Долина на Реката Вардар“ .  
- Министерот за внатрешни работи на Република Македонија, Гордана Јанкулоска и нејзиниот косовски колега Бајрам Реџепи потпишаа договор за заеднички мешани патроли долж заедничката државна граница.

2 април

- Собранието на Република Македонија денеска со 68 гласа „за“ и ниту еден воздржан и против, го донесе Законот за изменување и дополнување на Изборниот законик.
- Ивон Величковски е избран за нов претседател на Либералната партија.

3 април

- Република Македонија избрана од ЕК за најдобар пример за 2010 во делот на воведување на дигиталните тахографи

4 април 

- Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство почна со евидентирање на социјалните и економските партнери заради соработка за уредување на заедничките пазари со земјоделски производи.
- Директорката на Македонскиот културно-информативен центар во Софија, Доста Димовска по кратко боледување почина во Софија.
- Почна аплицирањето за директни плаќања за мерките од растително производство по Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2011 година.

5 април 

- Министерот Ивановски предложен за претседател на Глобалната алијанса на ОН за информатички технологии.
- До Собранието поднесени измените на Законот за пратеници.

6 април

- Резолуцијата за Македонија пред Европскиот парламент
- Македонија и Косово потпишаа Договор за одбегнување на двојното оданочување 
 
- Владата донесе одлука времено да го забрани извозот на брашно до 15 септември

7 април 

- Европскиот парламент ја усвои Резолуцијата за Македонија.
- Грција го достави пред Судот во Хаг одговорот на дополнителното прашање. 
- Промовирани три тома собрани дела од Крсте Мисирков.
- Погребана Доста Димовска, поранешен заменик-премиер и министер.

8 април 

- Македонија одбележува 18 години од станувањето полноправна членка на ОН.
- Македонија и Косово потпишаа договори за соработка во кривичната материја.
- Исплатени 2 милиони евра субвенции на лозарите.
- Едно момче убиено, а едно повредено во тепачка во ГУЦ „Здравко Цветковски“.

9 април 

- Претседателот на ЕК Жосе Мануел Баросо и еврокомесарот за проширување Штефан Фуле во посета на Македонија.
- Потпишани договори на Македонија и Германската развојна банка КФЊ за финансиска поддршка за изградба на првиот Ветерен парк во Македонија.
- Отворена „БИОкулт“, првата специјализирана продавница за органски производи во Македонија.

10 април

- Презентација на Македонија на „Меѓународниот базар“ во Стокхолм 
- Предаден  во употреба реконструираниот аеродром во Охрид

11 април  

- ПССЕ најави дека ќе испрати набљудувачи на предвремените избори во Македонија.
- Собранието именува нови членови на Советот на МРТ.
- Собранието изгласа одлука за престанување на функцијата на уставниот судија Трендафил Ивановски. 
- Потпишан Меморандум за разбирање за проектот Вардарска долина со кинеските КВЕ и КРБ
- Воислав Зафировски избран за претседател на Антикорупциската комисија

12 април 

- Прогласена епидемија на мали сипаници.
- Собранието го избра Борис Кондарко за претседател на ДИК.
- АД МЕПСО доби кредит од Светска банка за изградба на 400 киловолтен далновод меѓу Македонија и Србија

13 април 

- Заокружена финансиската конструкција за автопатот Демир Капија - Смоквица.
- Македонија и Словачка потпишаа Програма за соработка во образованието за 2011-2015.
- Владимир Стојановски предложен од Судскиот совет за судија на Уставен суд.
- Продолжен за 90 дена рокот за понуди за втората фаза од постапката за концесионирање на патиштата.
- СРД го претстави новиот Правилник за рамноправен пристап во медиумите во изборната кампања.

14 април 

- Собранието ги донесе измените на Законот за акцизите, поевтинуваат бензинот и дизелот.
- Во американскиот Конгрес формирана првата Група на пријатели на Македонија.
- Собранието го избра Владимир Стојановски за судија на Уставниот суд.
- Македонија го достави својот коментар на грчкиот одговор на дополнителното прашање од Судот во Хаг.
- Собранието се самораспушти-предвремени избори во јуни.

15 април 

- Вељаноски ги распиша предвремените парламентарни избори за 5 јуни 
- Јанкулоска најави дека МВР формира штаб за подготовка и реализација на активности за обезбедување фер и демократски избори.
- Промовирани 17 нови нископодни и еден двокатен градски автобус.
- Заем од 6 милиони евра од ЕБОР за четири мали хидроцентрали .

16 април 

- Владата донесе одлука за воведување ИСО стандарди во јавната администрација.

17 април 

- Убиен еден разбојник и ранет полицаец во престрелката во Тетовско.
- Постхумна титула „Херој на зелената иднина“ за загинатиот ученик од ГУЦ „Здравко Цветковски“.

18 април 

- Десет години и 4 месеци вкупна казна затвор за тројцата осудени во случајот „Пливалиште“ во Струга.
- ДИК бара 6 милиони и 650 илјади евра за спроведување на предвремените парламентарни избори.
- Полицијата го откри лицето кое телефонски се закануваше на претседателката на Основниот суд Скопје 1 и на истражниот судија.

19 април 

- Вељаноски побара од ЕП, СЕ и ОБСЕ да испратат набљудувачи за изборите.
- Со пари од ЕБОР БАС програмата ќе се подобрува конкурентноста на македонските мали и средни компании.

20 април 

- Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во посета на Македонија.
- Радмила Шекеринска е кандидатот не Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ) за премиер доколку партијата победи на предвремените парламентарни избори, објави лидерот Бранко Црвенковски. 

21 април 

- Продолжен куќниот притвор за дел од обвинетите од „Пајажина“.
- Шкодран Идризи првообвинетиот за „Мавровските работници“ пуштен да се брани од слобода.
- Промовирана новата интернет страница ,,Органска Македонија“.
- СЕЕМО ја осуди одлуката на бугарските власти да не им дозволат влез на македонски новинари.

22 април 

- Американскиот амбасадорот Филип Рикер добитник на Наградата за лидершип за 2010 на Институтот за демократија и развој.
- Велики петок - Ден на жалост во христијанскиот свет.

23 април 

- Од 1 јули трет чартер-лет со холандски туристи во Охрид.
- Зголемен промет на патници на граничните премини со Грција.

24 април 

- Православните и католичките верници го слават Велигден. 
- Пуштање во употреба на реконструираните северна, источна и западна трибина на Арената „Филип Втори“.

25 април 

- Отворена Спомен-куќата на Тоше 
- Прилеп доби нова Градска куќа 

26 април

- Еден загинат и тројца повредени на гостиварската патарина.
- Владата одбори 315 милиони денари од Буџетот за спроведување на предвремените парламентарни избори.
- ВМРО-Народна партија ги објави носителите на листите во шесте изборни единици за претстојните предвремени парламентарни избори што ќе се одржат на 5 јуни.

27 април 

- Почна производството во „Улак амбалаж“ во Берово, турска инвестиција од близу 1,5 милиони евра.
- Бугарскиот амбасадор повикан во МНР поради забраната на македонски новинари да влезат во Бугарија.
- МОСТ најави ќе ги следи изборите со над 3.500 набљудувачи.

28 април 

- Лустраторите откриле соработник на тајните служби во Советот на 
- Одбележани 10 години од масакрот кај Вејце

29 април

- Закажано судското рочиште за „Пајажина“
- Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски се сретна со Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун.
- Скапиот лек „Гливек“ достапен за сите пациенти со хронична миелоична леукемија

30 април 

- Европската комисија позитивно го оцени функционирањето на судскиот систем во Македонија.
- Акција на МОСТ за овозможување проверка на податоците во Избирачкиот список.
Кон врв
kultuzin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 03.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4903
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kultuzin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Декември.2011 во 16:06
Мај

1 мај

- Министерот Милошоски се сретна со посредникот Нимиц во Њујорк 
- Претседателот Иванов присуствуваше на беатификацијата на папата Јован Павле Втори

2 мај

- Министерот Милошоски во посета на Бразил 

3 мај

- Претседателот Иванов испрати писмо до американскиот претседател Обама по убиството на Осама бин Ладен
- Одбележан Јом Ашоа - ден за сеќавање на шест милиони еврејски жртви на холокаустот
- Државата го намали задолжувањето за околу 15 милиони евра 

4 мај

- Свечено доделување на државната награда „Гоце Делчев“
- Завршува рокот за собирање потписи за независни пратеници и за увид во Избирачкиот список

5 мај

- ДИК: Околу 4.700 иселеници се пријавиле за гласање 
- НБРМ: Годинава инфлација од 4,5 до 5 отсто и раст на БДП од три проценти
- Загина работник кој работеше на изградбата на музејот на ВМРО

6 мај

- Грција не сака евентуалниот договор за името да оди на референдум
- Пуштен во употреба нов граничен премин меѓу Македонија и Србија
- ОБСЕ ќе го набљудува изборниот процес со околу 330 набљудувачи
- Одбележан Денот на баталјонот на воената полиција и Денот на полицијата и безбедноста
- Ставрески: Растот на економијата од пет отсто во првиот квартал над нашите очекувања

7 мај 

- МОСТ организираше проверка на граѓаните во Избирачкиот список
- Одбележан 7 Мај - Денот на македонската полиција
- Истражувачкиот центар за генетско инженерство и биотехнологија ќе го носи името Георги Д.Ефемов 

8 мај  

- Втор Македонски фолклорен фестивал „Гора фест 2011“ на Косово

9 мај

- МОН најави воведување софтвер за откривање плагијати во академките трудови
- Македонија го одбележа Денот на победата над фашизмот
- Богов: Народна банка ќе го брани фиксниот курс на денарот

10 мај

- Загина работник од Куманово по пад од скеле
- Иванов: Бан Ки-мун настојува по изборите во Македонија да се иницира преговарачка средба за името 
- Ричар Ховит ќе биде нов известувач за Македонија во ЕП
- Почина 20-годишен пациент хоспитализиран со дијагноза морбили
- На третиот јавен повик за ИПАРД средствата доставени 74 барања 
- Доделени првите 25 решенија за легализација на дивоградби во општина Аеродром
- СРД израче мерки за прекршување на правилата за медиумското покривање на предизборните активности
- Македонија и Словенија договорија ревизија на Договорот за сезонски работници
- Во целост исплатени годинашните субвенции за тутунот
- ЕБОР ќе пласира 4 милиони евра преку НЛБ Тутунска за енергетска ефикасност на компаниите

11 мај 

- МНР и врачи протестна нота на грчката амбасадорка Пападопулу за третманот на македонските дипломати во Грција 
- Пешевски: Ќе сноси одговорност секој доколку не се преземени потребните мерки за безбедност на градилиштата
- МВР заплени ладилници со месо со седум години изминат рок во Шуто Оризари 
- Почна реализација на нова швајцарска инвестиција од пет милиони евра во Тетовско
- ЕК со предлог за суспендирање на визната либерализација за Македонија и Србија 

12 мај

 - Пуштена во употреба софистицирана опрема на Клиниката за радиологија
- „Ноќ на музеите“ задутре во Музејот на современа уметност 
- Откриен споменикот на Крсте Петков Мисирков 

13 мај 

- Засилени контроли и санкции при евентуална злоупотреба на визната либерализација 
- Утврдена редоследот на коалициите и политичките партии на гласачкото ливче
- САД, ЕУ, НАТО и ОБСЕ за фер и демократски избори 
- Тргна карванот за Фер избори 2011
- Европратениците од народните партии - членови на Паневропската Унија со поддршка за европската интеграција на Македонија
- МВР и Министерството за правда потпишаа Меморандум за соработка 
- СРД со прекршочна постапка против ТВ А1 за непочитување на Изборниот законик
- МВР нема докази за поврзаност на политичка партија со месото со поминат рок во Шуто Оризари
- Годишно собрание на МАНУ

14 мај 

- „Микросам“ почнува да гради Институт за современи композити и роботика
- Наградата „Гоцева повелба“ за македонскиот поет Михаил Ренџов

15 мај 

- Почнува предизборната кампања
- Коалицијата „За подобра Македонија“ на изборите ќе настапи со слоганот Реформите ќе победат“
- СДСМ: „Манифестот за реформи и развој“ е ново пакување на неисполнетите ветувања
- Во ГТЦ отворена читалната и библиотека „1.000 книги“
- Во Кан прикажан македонскиот филм „Д-Скопје”

16 мај 

- Претседателот Иванов во Охрид на првенците од техничките факултети им го врачи признанието „Инженерски прстен“
- Потпишан Меморандум за соработка меѓу институтите за јавно здравје на Македонија и на Холандија
- Македонија првпат претседавач на Постојаната Комисија на „Еуроконтрол“

17 мај 

- Кривична пријава за Џабир Д. и А.И. за предизвикување општа опасност и помагање на сторител по извршено кривично дело
- ЕБОР додели заем за изградба на три мали хидроцентрали во Западна Македонија
- Македонско-грчки бизнис форум во Вериа, Грција
- Уапсени двајца од осудените на затворска казна за спречување избори и гласање во 2008 година
- Нова мерка на МОН против фалсификување податоци за запишани студенти и дипломирани
- Светска банка додели грантови на пет невладини организации за проекти за одржлив развој 

18 мај 

- Средба на Вељаноски со Делегација на ПССЕ за набљудување на изборите 
- Затвор и високи парични казни за злоупотреба на безвизниот режим со најавените измени на Кривичниот законик
- Претседателот Иванов се сретна со делегацијата на Ад Хок комисијата на ПССЕ за набљудување на изборите

19 мај 

- Претседателот Иванов ќе се сретне со досегашниот и со новиот гувернер на НБРМ
- Денови на македонската култура во Канада

20 мај 

- Претседателот Иванов на самит на Паневропската унија 
- Македонија ќе почне национална кампања за заштита на шумите од пожари

21 мај  

Во Тетовско пронајдена поголема количина муниција и минско експлозивни средства
Поддршка од Паневрпската унија за прием на Македонија во ЕУ

22 мај 

- Македонска делегација во Рим и Ватикан во чест на Свети Кирил

23 мај 

- ЕК ќе предложи заштитен механизам за визниот режим
- Претседателот Иванов на аудиенција кај папата Бенедикт Шеснаести 
- Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ го одбележа патронатот 
- Судењето за „Пајажина“ продолжува на 13. јуни
- Димитар Богов и официјално гувернер на НБРМ 

24 мај 

- Македонска црковно-државна делегација на молебен на гробот на Свети Кирил во Рим
- Премиерот Груевски ја пушти во употреба лабораторија за генетика на Ветеринарниот факултет во Битола 
- Македонците и натаму во ЕУ ќе патуваат без визи

???????????
26 мај 

- Милошоски: Воените злосторства да се индивидуализираат, за да не бидат на товар на еден народ, држава или регион
- Јанкулоска: Кампањата за визната либерализација е дел од тековното работење на МВР, МНР и СЕП
- Претседателот Иванов во Варшава на состанок на шефови на држави од Централна Европа 

27 мај

- Меѓународен форум во Охрид за безбедноста и иднината на Западен Балкан 
- Дорис Пак: Нема визи за Македонија

28 мај 

- Во Прилеп откриен споменикот „Карпалак“ посветен на 10-те загинати бранители во 2001 година
- Министерот Маневски го означи почетокот на проектот „Реконструкција на казнено-поправни и воспитно-поправни установи во Република Македонија“

29 мај 

- Иванов на меѓународна конференција во Софија: Европа не е цела без Балканот
- Формиран владин тим за стратегија за развој и производство на домашен семенски и саден материјал
- Првите туристи од Финска допатуваа во Охрид

30 мај 

- Промени во правилата за тргување и за котација на Берзата 
- Петер Соренсен заминува од функцијата евроамбасадор во Македонија

31 мај 

- Во Скопје политички консултации меѓу МНР на  Македонија и Катар
- СРД: Неизбаланираност во вестите за изборната кампања кај поголемиот дел од радиодифузерите
- Италијанската компанија Витек отвора фабрика во Бунарџик
Кон врв
kultuzin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 03.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4903
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kultuzin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Декември.2011 во 16:08
Јуни

1 јуни 

- Вкупно 23 компании заинтересирани за изградба на мали хидроелектрани
- Претседателот Иванов во Рим на 150 годишнината од обединувањето на Италија
- Ставрески: Најавеното намалување на зелениот картон реално остварливо

2 јуни 

- Македонија го отвора павилјонот на 54. Венециско биенале
- Затворени арбитражните случаи меѓу ЕВН и Македонија 

3 јуни 

- Завршува кампањата, од поноќ предизборен молк
- Шестото издание на Баскерфест 
- Од средно Водно до Милениумскиот крст од денеска со жичарница

4 јуни

- Украдени 57 лап топи од ОУ „Лазо Трповски“ 
- Две лица загинаа во сообраќајка на патот Велес-Градско 

5 јуни 

- Македонија седми пат на парламентарни избори 
- Почина поранешниот американски државен секретар Лоренс Иглбергер
- Филмот „Мајки“ на доделување на регионалните Горки Лист МТВ филмски награди

6 јуни

- Приведен Љубе Бошкоски 
- ДИК: ВМРО-ДПМНЕ освои 56 пратеници, СДСМ 42, ДУИ 15, ДПА 8 
- Лидерот на ЛДП Јован Манасиевски поднесе оставка 
- Пронајдено мртво момче на плоштадот Македонија
- Пуштен во употреба реконструираниот базен „Карпош“
- Медал „Пушкин“ за ректорот на УКИМ Велимир Стојковски 

7 јуни

- Триесет дена притвор за Љубе Бошкоски
- Средното електротехничко училиште „Михајло Пупин“ доби лабораторија за роботика и автоматика
- Расветлен случајот за смртта на момчето кое беше пронајдено на плоштадот во Скопје
- Поставен камен-темелник на комплексот „Македонско виртуелно село“

8 јуни 

- Баросо му ја честита изборната победа на премиерот Груевски
- Кривична пријава за осомничениот полицаец за убиството на Мартин Нешковски
= Прекршочни постапки од СРД против ТВ А1 и ТВ Сител 
- Поднесени единаесет приговори за гласањето на предвремените парламентарни избори 
- До Антикорупциска финансиски извештаи доставиле 13 партии, за пет се подготвуваат прекршочни пријави
- Почна проширувањето и реконструкцијата на булеварот „Св. Климент Охридски“
- Матеја Матевски добитник на индиското признание „Восхитувачки поет“ 

9 јуни 

- Нема враќање на визите за Македонија и Србија
- СРД: Драстична неизбалансираност во покривањето на изборите кај А1, МТВ 1, Сител и ТВ Алб
- Антикорупциска: Ниту една партија го нема надминато лимитот за финансирање на изборната кампања
- Претседателот на СДУ Еленовски поднесе оставка од функцијата
- Машинскиот факултет доби лабораторија за обработка на деформации и брзи прототипови
- Презентирана опрема за тонско снимање на судските рочишта

10 јуни 

- Светски ден за борба против детскиот труд 2011- МОТ бара итна акција против опасни форми на детски труд

11 јуни  

- Отворен Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ 
- Полицијата во прилепско заплени 105 килограми марихуана наменета за западноевропските земји

12 јуни  

- Регионална конференција на единиците за внатрешна контрола од полициските служби од регионот 
- Комитетот на министрите на СЕ ги реши случаите ОМО Илинден и Иванов против Бугарија

13 јуни  

- Милошоски покрена иницијатива за именување улица во Скопје со името на Иглбергер
- Ставрески: Нема потреба, ниту законски услови за ребаланс на Буџетот

14 јуни  

- ДИК ги соопшти конечните, официјални резултати од парламентарните избори 
- Промовирано првото археолошко електронско издание во Македонија

15 јуни 

- Интензивно се реформираат прописите што го регулираат пристапот на пазарот
- Најавено испитување за тоа како 29 проценти нормални породувања наведени во извештајот на ФЗОМ се кодирани со ризик

16 јуни 

- Филе : Изборите добро спроведени, да продолжат реформите за побрза интеграција на Македонија во ЕУ 
- Владата ќе ги надополнува стоковните резерви пченица за да спречи евентуален пад на цената на лебното жито 
- ВМРО-ДПМНЕ: Разговорите за коалицирање со ДУИ се одвиваат во фер и конструктивна атмосфера

17 јуни 

- Претседателот Иванов ја потпиша петицијата во рамки на кампањата „Можам и сакам да подарам живот“
- Во Македонија искористени 100 милиони евра од ИПА средствата
- Почнува запишувањето во средните училишта - слободни над 35.000 места
- Изложба на „Мал битолски Монмартр“ во Лондон 

18 јуни 

- Јанкуловска присуствуваше на примопредавањето на дел од македонско-косовската граница од страна на КФОР во надлежност на косовската полиција
- Туристите од Белгија пристигнаа во Македонија

19 јуни 

- Составени елементите од споменикот „Воин на коњ“ 
- Тешка сообраќајна несреќа на автопатот Велес - Скопје

20 јуни

- Николовски: Извештајот на ПССЕ за спроведените избори е најдобриот досега извештај за Македонија
- Продолжен притворот за обвинетите во случајот „Пајажина“
 - Отворена современа лабораторија за проверка на квалитетот на мебел 
- Македонија членка на Меѓувладиниот комитет на УНЕСКО за заштита и унапредување на разноликоста на културните изразувања

21 јуни

 - Во Ерусалим средба Иванов-Перес
- Врачени првите свидетелства од електронски дневник
- На плоштадот „Македонија“ поставен споменикот „Воин на коњ“ 
- Доделени првите уверенија за анти-мобинг советници

22 јуни

- Во Брисел промовиран вториот том на Македонско-грчкиот речник „Мостови за дијалог“
- Началникот на ГШ на АРМ, Стојановски одликуван со највисокото признание „Легија на заслуги“ од МО на САД
- Економските политики на Владата здрави и во согласност со договореното, оцени ММФ по завршување на едноднеделната мисија

23 јуни 

- МИРВАКС - современ систем за мониторинг на квалитетот на водите на Вардар
- Средба Груевски - Филе во Брисел 
- Одбележани 150 години од објавувањето на Зборникот на 
- Во тек судското рочиште за „Пајажина“
- Во Брисел средба Груевски-Папандреу, изразена подготвеност за изнаоѓање решение за прашањето за името
- Глобална конференција на Обединетата македонска дијаспора во Вашингтон

24 јуни 

- Мекејн: Прашањето за спорот за името меѓу Македонија и Грција може да се реши
- Обама ги продолжи вонредните мерки за Македонија и Западен Балкан 
- Потпишан Меморандум за соработка помеѓу царинските управи на Македонија и Полска

25 јуни 

- Верификувани мандатите на новите пратеници, Вељаноски останува претседател на Собранието
- Ставрески: Македонскиот БДП во 2012 ќе се зголеми за 4,5 отсто 

26 јуни 

- Судство без влијание од политиката, дебата на Глобалната конференција на ОМД
- „Генерацијата М - иднината на иселениците“- нов проект на ОМД за анимирање на најмладите
- Брет: Случајот со загинувањето на момчето да се држи настрана од политички дискусии
- Фински туристи спасени од невреме во водите на Преспанското Езеро

27 јуни 

- Почнува 44. Семинар за македонски јазик, литература и култура

28 јуни 

- Во првиот квартал намален бројот на невработените за 4,8 отсто 
- Македонија ги исполнува целосно стандардите за борба против трговија со луѓе, стои во извештајот на Стејт Департментот за 2011
- Дуинг бизнис 2011: Македонија меѓу најдобрите во ЈИЕ за бизнис 
- Груевски доби мандат од претседателот Иванов да формира нова Влада

29 јуни

- Македонија го презеде председавањето со Декадата на Ромите за следната година
- МНР препорачува да не се патува во Атина и другите поголеми грчки градови
- На Деве Баир спречен обид за внесување златен накит
- Со „Виз Ер“ до Лондон и Венеција за 26 евра
- Одбележани 150 години од Зборникот на Миладиновци и 50 години од Струшките вечери на поезијата 

30 јуни
- Конституиран Советот на општина Пустец, верификуван мандатот и на градоначалникот Едмонд Темелко 
- Државата Тувалу ја призна Република Македонија под уставното име 
- Милошоски најави дека ќе се повлече од функцијата министер за надворешни работи
- Македонија ќе претседава со Европскиот форум на бизнис регистри
- Почна да работи Вишиот управен суд 
- Почна изградбата на фабрика „Кемет Електроникс“ во Бунарџик, вредна 25 милиони евра
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.