|
Кумановци и нивниот темперамент |
Внеси реплика | страница <1 18192021> |
Автор | |
crnokonjac
Нов член Регистриран: 28.Мај.2010 Статус: Офлајн Поени: 18 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
avon
Сениор Регистриран: 31.Јули.2009 Локација: United States Статус: Офлајн Поени: 107 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Abe super si se Kumanovce segadzii i mnogu drustveni,koga mi dojdat na gosti moite prijateli samo povtoruvam sto..kako ..molam ? nista ne gu razumu
|
|
stigma04
Сениор Регистриран: 29.Март.2010 Статус: Офлајн Поени: 2661 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Interesni ljuge se kumanovci posto tamu bev tri meseci vojska i imam dobri drugari a tie mi vikaja bitolcanac,fer ljuge se kumanovci
|
|
Jas sum pepel tamu kade sto bev ogan
|
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Куманово се приклучи на главниот гасовод Куманово, конечно, се приклучи на главниот гасоводен систем. Со поставување на мерно-регулационата станица, јавното претпријатие "Куманово-гас" може да започне со дистрибуција на гасот до потрошувачите во градот. |
|
bluebell
Сениор the craziest Регистриран: 14.Септември.2007 Статус: Офлајн Поени: 8041 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
А браво за Кумановци!
|
|
always look on the bright side of the life!
|
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Кумановци закон сте бре
|
|
Assailant
Нов член O_o Регистриран: 10.Февруари.2011 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 8 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Iskreno ne bi rekol deka kumanovcite se loshi po temperament tatko mi e kumanovec i sekogash koga ke go cujam da prozbori nesto na kumanovski se kinam od smeja :)
|
|
What is this, i don't even..
|
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ОТВОРЕНО КУМАНОВСКО КУЛТУРНО ЛЕТО Кумановци уживаа во српскиот фолклор Со проекција на францускиот филм "Луѓе и богови" на режисерот Гзавие Бовоа и со концертот на националниот ансамбл на народни игри и песни "Коло" од Белград, прексиноќа во Младинскиот културен центар "Козјак" започна Кумановското културно лето. На градскиот Плоштад, "Коло" одржа двочасовен концерт, со повеќе сплетови на српски народни игри и песни, а публиката уживаше во фолклорот од Војводина, Косово, Врање и од други делови на Србија. |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Се гради атлетски полигон во Куманово Во дворот на техничкото училиште "Наце Буѓони" во Куманово почна изградбата на современ полигон за атлетски спортови. Теренот ќе зафаќа површина од околу еден хектар, а ќе биде наменет за тренинг на спортските клубови, за училишни спортови и за рекреативно спортување на граѓаните. |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Kумановци од отпад ќе прават струја
Kомуналниот и цврстиот отпад во Kумановско ќе бидат согорувани во фабрика во која ќе се произведува електрична енергија. Проблемот со депониите ќе биде надминат, а топлинската енергија ќе се користи за затоплување, по урнекот на повеќето големи европски градови. Проектот чини околу 50 милиони евра. Со изградбата на фабриката за согорување цврст отпад, Kуманово и останатите општини од Североисточниот плански регион ќе добијат повеќе бенефити. За реализирање на овој проект градоначалникот на Kуманово, Зоран Дамјановски, кој е и претседател на Североисточниот плански регион, и претставници од компанијата „Бресон“ од Чешката Република потпишале договор за изработка на физибилити-студија, планска и тендерска документација. - Локалната самоуправа на Kуманово прави историски чекор, а регионот ќе го надмине повеќедеценискиот проблем со депонирање цврст отпад. Оваа иницијатива произлезе од мојата посета на Прага, каде што видов интересна приказна, дека таму голем процент, односно 30 до 40 отсто од граѓаните се затоплуваат од енергијата која произведува околу седум-осум мегавати електрична струја. Тоа им го пренесов на соработниците и на членовите на општинскиот Совет, кои ја прифатија иницијативата и се согласија да почнеме со изработка на студија – вели Дамјановски. Изработката на студијата ќе чини 255 илјади евра, а 55 отсто од средствата ќе бидат донација од чешката влада, односно од компанијата „Бресон“, која ќе се зафати со организација, со вклучување свои консултанти и експерти, а 45 отсто од средствата ќе ги обезбедат општините од Североисточниот плански регион. Претставникот од компанијата „Бресон“, Kарл Хаусшампер од Прага, вели дека за нивната компанија ова не е прв проект. -Имаме работено на повеќе слични проекти во повеќе европски градови, како што се Прага, Рим, Брно, Kошице, Братислава и други и сите овие фабрики за цврст отпад работат добро, согласно европските стандарди и закони, пред с` за заштита на еколошката средина. Со тоа даваме можност енергијата од отпадот да се исползува на најдобар можен начин – вели Хаусшампер. Фабриката најверојатно ќе биде изградена во приградската населба Доброшане, на 5 километри од Kуманово, во непосредна близина на пречистителната станица за отпадни води. Со тоа ќе се исчисти депонијата во селото Пчиња, која децении наназад му создаваше проблеми на месното население, како и на населението од околните села. Пред неколку години нивните реакции и револтот кулминираа со неколкудневни блокади, бидејќи сметаа дека им се загадува животната околина, а на пазарот купувачите ги одбегнувале нивните земјоделски производи. Депонијата ја загадува Пчиња Жителите на селото Пчиња велат дека е добро да се дислоцира депонијата, од која не само што се загадува воздухот туку и почвата и подземните води. - Одамна се зборува дека депонијата ќе се дислоцира зашто изминатите децении создаваше големи проблеми. Меѓутоа, многу ветувања имаше досега, а малку се остварија. Некако тешко е за верување дека и ова ќе се случи. Сепак, нам ни останува да се надеваме зашто оваа депонија не е штетна само за нас, туку и за граѓаните на Kуманово, на кои ние им ги продаваме нашите земјоделски производи – вели Kрсто Миливојевиќ од селото Пчиња. |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Кумановски Фејсбук љубовџија претепан и соблечен по гаќи
Кумановец, завчераноќ бил претепан, а потоа бил соблечен гол, оти отишол на состанок со девојка, со која се запознал преку социјалната мрежа Фејсбук. Претепаниот, кому напаѓачите му ги оставиле само гаќите, случајот го пријавил во полиција, која работи на целосно расчистување на случајот и пронаоѓање на засега непознатите напаѓачи. Според првичните информации, инцидентот се случил завчераноќ, кај старата бања во кумановското село Проевци. Л.Ш. (32), преку Фејсбук, се запознал со некоја кумановка, и се договориле завчеравечер да се сретнат кај бањата. Кога со девојката пристигнале на посоченото место, тие го изгаснале моторот на автомобилот. Додека седеле внатре, одненадеж се појавиле две непознати лица што насилно ја отвориле вратата од автомобилот и почнале крвнички да го тепаат момчето. По претепувањето, тие му ги одзеле мобилниот телефон, парите и клучевите од автомобилот, потоа го соблекле гол, и си заминале. По нивното бегство, претепаниот, кој бил пиштол гол, и девојката, која била преплашена од насилничкото однесување, тргнале пеш до најблиските куќи и побарале помош од полицијата. |
|
saguaro
Сениор Регистриран: 25.Август.2011 Статус: Офлајн Поени: 482 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
... „а ти то појаје?“
Се чудеше брат ми зашто мислат кумановци дека земал јајца, а тој уствари само си пееше наутро... Инаку се најлоши возачи...кога ќе видам регистрација KU бегам подалеку. |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
На кејот на реката Кумановка ќе биде поставено лизгалиште. Според најавите на локалната власт, лизгалиштето ќе биде монтирано неколку дена пред Нова Година.Изборот за оваа локација е направен според повеќе критериуми, осветлување, инфраструктура, паркинг место и безбедност. - Kако локална власт направивме напори преку Фондацијата за култура и спорт учениците да добијат бесплатни часови кои ќе бидат покриени со средства од општината како поддршка за развој на училишниот спорт, вели градоначалникот, Зоран Дамјановски. Одлуката за поставувањето на лизгалиштето беше прифатена и на последната седница на Советот на општина Куманово. Според најавите лизгалиштето ќе биде поставено до средината на март идната година. |
|
gonzo
Сениор Мачкозил Регистриран: 04.Декември.2008 Локација: У дневну Статус: Офлајн Поени: 3137 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Toj toj ...koj ne znae da lizga, pravo u reku...
|
|
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
|
|
Внеси реплика | страница <1 18192021> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |