|
Кили легенда |
Внеси реплика | страница <1 910111213 14> |
Автор | ||
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Браво за Бојо
Мултиталенти вработил
|
||
I'm out bcz of pathetic around here
|
||
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
|
и уште една работа, водител може да го праша својот гостин буквално што сака, бидејќи тоа е поентата на едно интервју, се додека гостинот нема договорени прашања, ако водителката избрала такво сочно прашање, тоа не е проблемот тука
проблемот е што тука гостинот не знае како да се сноси со ситуацијата како прво и има уште една работа што ме нервира кај нашите медиумски „ѕвезди“, сакаа да учествуваат во било какви емисии, без да одбираат каде доаѓаат, само колку да ги има на телевизија, а не им одговарало да им се постави некое „сочно“ прашање... стварно не разбирам што им е проблемот на сите навистина ни е патетичен целиов наш „џет сет“ од познати личности некој го спомна порано и Боки 13 и мислам дека е еден добар пример за такво нешто, прво ќе ти излезе во јавност, ќе ти растресе салце во женска облека и после тоа те тужи ако кажеш нешто лошо за него??? така и Кили, сака да излезе во јавност и да не знае како се вика, и некој од јавноста да не се заинтересира „на што е“... невидена глупост е сето тоа меѓудругото, што ќе правиме ако Кили гостува кај некои од англискиве и американскиве ток шоу легенди? ќе треба да се затепа со некого... |
||
размисли пред да напишеш глупост
|
||
zenmaster
Сениор Interceptor Регистриран: 05.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 4262 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ма каков крај шо те гледам чудна...со тебе е задоволство да се комуницира
|
||
[IMG]http://img148.imageshack.us/img148/4285/xxxpn7.gif">
|
||
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Порано за да си водител на МТВ требаше да знаеш да говориш на литературен македонски јазик. А сега секакви селани кој незнаат две реченици на литературен јазик да ги кажат се водители и тоа да ти било репер за ова квази новинарство. Шо збориш ма . Подобро е прво да научите да говорите на македонски јазик , а потоа да кажувате што наидува на одобрување од народот.
Изменето од mungos80 - 18.Декември.2011 во 00:54 |
||
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
||
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
јас повеќе го преферирам терминот џанак како и да е, има интересен момент во целава приказна, никој не го примети оној Пистолеро колку е напушен и се смее во LOL стил на целава ситуација иако воопшто не му е гајле на каква тема се прави муабет затоа и ми е смешна целава дискусија за тоа дали бил кили „наркос“ или „легенда“, бидејќи се распалуваме сите за интервју кое уште пред да започне е отидено у, со сите персони во него кои воопшто не се за на интервју, водители и гости.... |
||
размисли пред да напишеш глупост
|
||
Anarchy
Сениор Фатенко Регистриран: 19.Март.2009 Статус: Офлајн Поени: 6676 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
A kje bidete dobri site shto rekovte deka Kiril bil narkos, da dadete definicija za narkos?
|
||
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
||
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
начинот на кој се навива околу целава ситуација е срамен за нашето општество... само си ја вреѓаме интелегенцијата (ако воопшто ја имаме) со обрнување на внимание на вакви настани, па уште и величајќи или деградирајќи ги личностите кои учествуваат во нив...
стварно срам ми е во какво општество и меѓу какви луѓе живеам... инаку, збор два околу целиов „настан“... како прво, водителката воопшто не ни треба да се појавува на телевизија и не знам дали е потребно да се дискутира начинот како дошла до таква позиција, и каква е целата таа емисија поради која од одбивност го вртам каналот, воопшто не ми е јасно како успеа да си дозволи да му чита такви прашања на Кили на прво место... од друга страна пак, Кили не знам дали воопшто бил свесен дека го снимаат и дека знае каде како воопшто треба да се однесува, ама доколку вредеше воопшто како човек или како што го величаат сите, ќе изнајдеше сосема цивилизиран начин како да се справи со ситуацијата, и воопшто немаше да се користи со вулгарности и скандали, преку кои само најпростите луѓе се стекнуваат со слава а за Кили како човек не знам што да кажам, не знам кој е погреота, он или сите што го сметаат за нешто посебно секој пат кога се глупира во јавност... едноставно никакво квалитетно дело нема произлезено од негова душа, за да го ставам на повисоко ниво... ако талентот е да им залепуваш вистини и факти на луѓето во лице, тогаш, можам слободно да кажам дека во мене се крие голем талент и заборавив, за да се справиш со водителка со нула интелеганција, не е потребен скоро никаков тален, ако кили беше талентиран и квалитет, воопшто немаше да се согласи да биде гостин во такви емисии не е потребна ниту пак некоја посебна перцепција, како што ја кажувате, бидејќи скоро цело население на земјава, ја перцепира дотичната водителка на ист начин и не гледам како кили се издвојува тука единствено нешто во кое кили беше посебен, е во тоа што воопшто и дал некаков одговор, и покрај тоа што не бил при себе Изменето од zabegan - 17.Декември.2011 во 22:19 |
||
размисли пред да напишеш глупост
|
||
zenmaster
Сениор Interceptor Регистриран: 05.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 4262 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Господе Боже какви се овие зборови , па ти си повулгарна од Кили и плус си многу негативна личност кога можеш да искажеш овакви навреди и предрасуди за Кирил и за неговата фамилија. Јас ги имам гледано сите Бубамари и не се сеќавам дека паѓал и сите му се смееле , можеби изведувал некој скеч па не си укапирала за шо се работи . Морав два пати да ги прочитам сите пораки И не видив некој да го велича туку едноставно...едни го оправдуваат за неговата постапка други го осудуваат , секој со своето. Кога веќе ги спомена неговите деца , ги познаваш ли ти нив , знаеш ли кој се шо се или стандарт лепење етикети . Сите ние знаеме дека е наркос НО "сите ние " можеби треба да си ги гледаме нашите животи да не судиме за луѓето кои не ги познаваме А добро би било да не судиме и за оние кои ги познаваме. Не постои такво нешто како "ретрдиран наркос " . Ретардираните не се способни да дојдат до дрога . И секако да не бидам погрешно сфатен.... Зборот ми беше дека дури и еден наркос има подобра перцепција од водителката која фокусирана на својата кариера (ако има такво нешто воопшто ) во обид да ја зголеми гледаноста на својата емисија го навреди . Погледнете го клипот внимателно...Кили проба културно да посочи на фактот дека го навредила но глупавоста провоцира....ама пак ќе кажам....за кого како .
|
||
[IMG]http://img148.imageshack.us/img148/4285/xxxpn7.gif">
|
||
ANITKA111
Сениор Регистриран: 06.Септември.2011 Статус: Офлајн Поени: 608 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
||
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ах овој Килав Кили топ тема последниве денови низ повеке медиуми.......
многу добро се сеќавам пред некоја година на Златна буба мара како паѓаше на сцена, не беше свесен за случувањата околу него, сите му се смееја ..... и сега некој ќе го велича и ќе кажува дека убаво и одговорил на водителката која му прочитала прашање ..... што ли ќе одговореше ако го прашаа.... како ти е семејството можеш ли да претпоставиш, каков пример си ти за своите деца... и што прават тие кога те гледаат како те фаќаат кризите секој втор ден...???..... никогаш не криел...сите знаеме дека е наркос ... но овој пат се докажа дека е ..... ретардиран наркос.......
|
||
Glenn
Сениор Тата-Мата Регистриран: 14.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 3166 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ич не ме боли дали некој е џанак или не, туку колку има кредибилитет и интелект да се справува со глупаци. Тоа што некој никогаш немал проблеми со алкохол и дрога не го прави ништо поинтелигентен во обична конверзација со народ.
Во цела таа багра што се појавуваат по медимумите, разно-разни медиокритети од водители, луѓето како Кили им се лек, да ги треснат малку од земја и да ги вратат во реалноста.
Женската си го бараше па си го доби. Јес да муабетот беше малку уличарски за на телевизија ама и јас да бев на негово место истото би и го одговорила прибидејќи ионака емисиите се жива повраќаница а водителите се недораснати и имаат одвратен вокабулар а жаргонот со кој што се служат е крајно иритирачки и непрофесионален.
Према тоа, како се однесуваш така ќе се однесуваат со тебе.
|
||
Beauty fades, dumb is forever
|
||
LiDivio
Модератор Регистриран: 19.Мај.2010 Статус: Офлајн Поени: 7265 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Браво Мамамд, го зачука педагошки (постот)...
Инаку моите коментари во врска со случајов е од клипот што го гледав, не ја гледав целата емисија, можеби Кили бил малку непријатен (на негов начин) кон водителката, па тоа ја испровоцирало такво прашање да постави... Изменето од LiDivio - 17.Декември.2011 во 12:14 |
||
saguaro
Сениор Регистриран: 25.Август.2011 Статус: Офлајн Поени: 482 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Токму така. Се се сведе на ниво на жолта штампа или пак на сервирање на недоволно истражени информации. Причина поради која не гледам македонски канали и не читам македонски весници повеќе од една година.
Затоа и се чудам што другите се уште ги гледаат овие емисии, па уште и ги запазуваат некои вакви „детали“ . |
||
Внеси реплика | страница <1 910111213 14> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |