|
Водно |
Внеси реплика |
Автор | |
sasebt
Сениор Регистриран: 10.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 311 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 06.Декември.2011 во 11:12 |
Здраво,
Барав на интернет податоци за Водно, ама не можев да најдам то шо ми треба. Имено, сакав да научам шо се има на водно, гледано од страна на животински и растителен свет. Пример, од подножјето, какви дрва, растенија, животни, па како одиш нагоре како се менва то ... кои видови на животни ги има, во кој дел од годината се појавуваат, мигрираат ... да речам, нешто како статија за водно од National Geographics. Пример, ако одам да шетам на водно, освен по патеките (по асфалтот и off road) до крстот, друго не знам шо се има на планината. Баш ме интересира дали некој од вас има поќе информации на оваа тема. Исто ме интересира и за другите планини во МК ова, али добро би било да се отвори посебна тема за секоја планина посебно. Дали има пример некои "ренџери" или шо знам како се викаат, можда ’шумари’ кој шо ја знат планината поќе? Поздрав |
|
Портфолио - Пушењето е штетно по здравјето
|
|
abnormalen
Сениор ... Регистриран: 05.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 168 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Vrapci i mravki sigurno ima. A za neshto pokrupno ne znam .
|
|
Gluposta e najneobična od site bolesti - od nea NE pati bolniot tuku, SITE OSTANATI!
|
|
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Водно
Планината Водно е сместена во северниот дел на Скопската котлина. Водно има поволна географска положба, бидејќи во негова близина се наоѓаат важни патишта, железници и најпосетуваната локација во Македонија градот Скопје. Водно поточно се наоѓа на 21◦30` ИГД и 41◦ 35` СГШ. Највисоката точка на Водно изнесува 1066 метри, и името на врвот е по самото име од планината Водно. Клима Климата на Водно е пријатна, типично планинска. Во различни периоди од годината климата е многу различна така да средната температура е 23 С. Најниската измерена температура во месец јануар 2005 год. изнесувала -15 С о , а највисоката измерена температура во месец Јули 2005 год. изнесувала 43 С. Хидрографија Водно има разновидна хидрографска мрежа. Од хидрографијата на Водно можете да пронајдете потоци, подземни води, водопади, извори ... На Водно има многу потоци кој овчарите ги користат за напојовање на стоката и делумно за наводнување на дивите костени. Водно може да се пофали со еден мини-водопад од страна на селото Долно Соње кој е висок окулу 15 метри и е поактивен на пролет, кога се топи снежната покривка. Растителен и животински свет на Водно Од растителниот свет на планината Водно може да се сретнат зимзелени и листопадни растенија. Од листопадните растенија на Водно најзастапен е дивиот костен , но има и бреза, липа, даб, габер ... Од зимзелените растенија кои се во поголем број од листопадните, најзастапен е борот кој го има и на двете страни од планината Водно.Со помала застапеност е и смреката, а има застапено зеленика и елки кои се со незначителен број. Претставници од животинскиот свет се следниве : Ситни животни: Еребица, зајак, лисица, верверица, куна, змии, птици од помал вид, инсекти Крупни животни: Дива свиња, срни, елен, волк Споменици • Милениумски Крст • Голем Камен • Воени пештери од 1940 • Руинирани куќи од 1944 • Напуштени воени објекти од 1950 и црквите се културно-историско-верско наследство кое опстанало со години. Постарите цркви се многу привлечни за странските туристи и делумно и за нашите. Црквите се привлечни бидејќи ја имаат зачувано својата автентичност со тоа што не се реконструирани, токму тоа наидува на позитивна оцена кај туристите. Манастирите се споменици на културата и туристичко угостителски објекти. Од една страна тие се споменици, а од друга страна место за престој. Манастирите се посетуваат со многу цели од кои јас потенцирам некои : староста на објектот, староста на фреските, иконите и иконостасот, се доаѓа со цел да сè преспие и да воспостави црковна медицина односно со пример: Ако неплодна жена преспие во манастирорт Св. Трифун на некој празник таа станува плодна. Манифестациите се доста посетувани од локаното население бидејќи случувањета се од забавен карактер и културно-уметнички кои се интересни на популацијата. Спомениците се најпосетуваните локалитети и тоа да го извоиме Милениумскиот крст које еден од најпривлечните атракции во Европа.Милениумскиот крст е изграден по повод 2000 години од раѓањето Христово.
Изменето од Santijago - 08.Декември.2011 во 17:38 |
|
I'm out bcz of pathetic around here
|
|
Renatax
Сениор Регистриран: 27.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 11613 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Има ,има...кај мене во соба ми влегуваат верверички преку балкон. |
|
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
|
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ама лесно се издаваш кај живееш
После манијаци, ова она Кажи што друго гледаш од прозор колешке?
|
|
I'm out bcz of pathetic around here
|
|
Renatax
Сениор Регистриран: 27.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 11613 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Епа...така ми излета спонтано,ме изиритираа тоа мравките.
Друго што гледам...? Па крстот од блиску и гледам силуети во кабините на жичарата,ама не се распознаваат. |
|
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
|
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ако дојдам во СК можи и мене да ме видиш
Ау па не одам до крстот со жичара. Пешки ќе одам
|
|
I'm out bcz of pathetic around here
|
|
Renatax
Сениор Регистриран: 27.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 11613 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ако одиш на крстот облечи си маица со натпис ''Santijago''...ќе знам дека си ти.
|
|
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
|
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
LivingTheDream LatInoLoveR VerYSleEpYboY
Абе Рени, имате по некој орел?
|
|
I'm out bcz of pathetic around here
|
|
Renatax
Сениор Регистриран: 27.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 11613 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Е тоа јас не сум видела Латино Ловер и недај Боже да ми влезе у соба.
|
|
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
|
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
А лилјаци
|
|
I'm out bcz of pathetic around here
|
|
Renatax
Сениор Регистриран: 27.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 11613 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Е нив ги има колку сакаш.
|
|
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
|
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Па така кажи
Сега знам зошто не сакам да бидам домазет ... на Водно
|
|
I'm out bcz of pathetic around here
|
|
Renatax
Сениор Регистриран: 27.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 11613 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ќе ти биде ...незгодно.
|
|
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
|
Внеси реплика | |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |