IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Политика и вести
  Активни теми Активни теми RSS - Припадник на МВР претепа момче до смрт
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Припадник на МВР претепа момче до смрт

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2425262728 29>
Автор
Порака
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Декември.2011 во 20:07
„Тигарот“ Игор Спасов очи во очи со својот командир



Обвинетиот полициски специјалец за убиството на Мартин Нешкоски, што се случи на прославата по победата на ВМРО-ДПМНЕ на парламентарните избори, на денешното судско рочиште се соочи со неговиот колега, командирот во Единицата за специјални задачи (ЕСЗ) при МВР, Игор Божиновски




Тигарот „Игор Спасов“, обвинет за убиството на младиот Мартин Нешкоски вчера се соочи очи во очи со својот колега, командирот во Единицата за специјални задачи, Игор Б. Тој од него бараше да ја каже вистината пред судот, дека вечерта заедно со уште 15-тина специјалци биле работно ангажирани на плоштадот „Македонија“ за време на изборната прослава. 

Како еден од клучните докази, тој пред судот кажа дека ќе приложи фотокопија од службената белешка за неговиот ангажман, чиј што оригинал бил уништен, како и оригиналот на неговиот колега Горан С. Спасов кажа дека сочувал фотокопија од белешката, која што најави дека ќе ја достави до судот. 

„Заменику, јас не сакам да те удавам, само подобро е на судот да му појасниш како нас не' повикуваат кога треба да обезбедуваме? Кажи му на судот како ти ги примаш наредбите?!, му се обрати Игор Спасов на сведокот гледајќи го во право во очи. 

На вака поставените прашања сведокот одговори дека нему му се јавува камандантот и му дава усна наредба, но тоа не беше доволно за обвинетиот и тој продолжи да поставува прашања, откако претходно судот дозволи нивно соочување.

„Кажи дали јас, ти, Горан Стефановски и уште некои од оние кои за цело време на изборната кампања бевме работно ангажирани и на шести јуни? Дали ти е познато дека за настанот имав сочинето службена белешка и дека мојата, но и службената белешка на Стефановски сте ги уништиле, а дека на луѓето кои беа ангажирани наместо 24 им е преправено дека на работа биле до 23,30 часот?, праша обвинетиот Спасов. Тој пред судот појасни дека откако добил отказ од работното место му бил испразнет шкафот во кој ги чувал своите работи, но дека таму останала фото-копија од службената белешка што тој ја напишал и за која рече дека е уништена. 

Спасов кажа дека тој „како искусен полицаец“ направил фото-копија од белешката и копијата ја оставил во шкафчето, а кога на неговатасопруга и' ги предавале неговите лични работи, сето тоа било снимано на камера, и дека останала белешката која тој ќе му ја предаде на судот.

„Другарче, јас ќе треба да ’лежам’ за убиство, а тие треба да одговараат за нивните постапки. Јас знам дека ти си кажуваш тоа што кажуваш, ама некои работи не ги кажуваш.. Заменику, јас сум ти пријател!“, му рече Игор Спасов на неговиот колега и побара уште еднаш од него да каже зошто токму тие 15-тина припадници на Единицата и критичната вечер не си заминале кога тоа го направиле другите. 

Спасов не доби конкретен одговор и на прашањето: Како токму тие 15-тина припадници на „тигрите“ се нашле пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ, па потоа пред домот на АРМ и на крајот пред бината на плоштадот „Македонија“. 

„Мислиш ли дека сите ние бевме ’удрени“ во главата и затоа заминаваме пред Штабот? Кажи дали некој се качи на повисоко и издаде наредба како да се обезбедува домот на АРМ и дали некој неканет можеше да влезе во холот? Кажи дали сите се најдовме пред штабот на ВМРО и дали во широк прстен не ги обездувавме ВИП-личностите додека се движеа кон домот на АРМ? Ако ти не си влегол во домот, тогаш кажи што правевме јас, ти, Чаго, Горан, Јован, Вампирот и другите? Дали не се задржавме во холот на АРМ цели 20 минути?“, запраша Спасов. 

Ваквиот расплет на настаните дојде по исказот на сведокот Игор Б. кој рече дека со уште тројца колеги си заминал во 23,30 часот, дека не биле службено ангажирани и дека на плоштадот дошле како обични граѓани.

Најпрво адвокатот на обвинетиот побара од сведокот појаснување на четири приложени фотографии. Сведокот не можеше да ја искоментира фотографијата на која се гледа како од бината говор држи премиерот Груевски, а во првиот ред се припадници на единцата „Тигар“. Тој не можеше да каже ништо поконкретно и на прашањето кое се однесува на поставеноста на лицата од фотографијата, а кои со лице се свртени кон толпата народ, но со грб кон бината и премиерот. 

По завршувањето на рочиштето се огласи и здружението „Стоп за полициската бруталност“, односно нејзиниот активист Воислав Стојановски кој рече дека: „Чинот поради кој илјадници граѓани секојдневно протестираа по улиците беше сомнежот дека во немилиот настан се инволвирани и други службени лица кои биле или во улога на помошници или се обиделе да го прикријат злосторот. Сомнежите не само што се потврдија туку и се засилија“. Тој побара Јавниот обвинител, во рамките на неговите надлежности, да пристапи кон проширување на обвинителниот акт и за други лица.
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Декември.2011 во 22:35
Mene ne mi e jasno shto ima seto ova so ubistvoto na momcheto ?

Shto saka da izdejstvuva osumenicheniot, deka mu bilo naredeno da ubiva gragjani ? Ili deka mora da bide branet za izvrshenoto (ne)delo bidejkji bil oficijalno na sluzhba ?  

Bash me interesira kako kje se odviva sluchajov.
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Декември.2011 во 22:43
Сака да каже дека бил на должност, а не како што викаа до сега дека завршил одамна со работа.

Сака да каже дека сите лажат, а со тоа се надева дека ќе докаже дека наводно го местат.

Ете тоа сака!
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Декември.2011 во 22:54
I shto ima seto toa so toa shto go ubil momcheto ?

Zarem toa kje e pomalu umreno ako bil na dolzhnost ?

Ili mozhebi ne bil sam koga se sluchilo toa, tuku imalo uchestvo i od drugi policajci ? Ako e taka, togash neka kazhi kako bilo.

No i toa ne go osloboduva od faktot deka ubil chovek.





Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Декември.2011 во 23:05
Па и јас тоа го викав некаде наназад. Фактот што бил на должност не го ослободува од кривично гонење. Пред се тој убил како личност, а не како човек од обезбедувањето на некое лице.
Сосема поинаку би било доколку убил некого на должност за да го заштити лицето што го обезбедува.


Но мора да признаеме, многу се актуелизираше случајов. Па добро бе, колку убиства годишно се случуваат па не се толку вртени во вестите како ова сега?

Треба народот (а и телевизиите) да разберат дека обвинетиот е личност како и сите други сторители на КД убиство и треба да го третираат такада

I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Декември.2011 во 23:11
Rabotata e shto sluchajov go politiziraa.
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Декември.2011 во 23:15
Па да де, се е така кај нас ... за жал!тага
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
zenmaster Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Interceptor

Регистриран: 05.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4262
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zenmaster Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Декември.2011 во 23:45
Originally posted by Messenger Messenger напиша:

Rabotata e shto sluchajov go politiziraa.


Кој го политизираше ?

Убиството се случило за време на политичка прослава . Наводно жртвата сакала да се качи на бината со славеникот т.е. политичарот .
Убиството е исполитизирано уште пред се случи.

Ај пробај деполитизирај го....да се насмееме малку !
[IMG]http://img148.imageshack.us/img148/4285/xxxpn7.gif">
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Декември.2011 во 23:48
Nema potreba od toa.

Koj saka da politizira vekje odnapred go storil toa, a koj saka da se smee go pravi toa koga saka... nemu ne mu trebaat prichini, cheka samo bilo kakov povod.



Ova spored tebe e politichki problem bidejkji:

Originally posted by zenmaster zenmaster напиша:


Убиството се случило за време на политичка прослава .


Znachi ako se slucheshe za vreme na nekoj koncert togash kje beshe muzichki problem.



Fakt e deka chovekov e policaec. Spored kazhanoto od negovata strana izlaga deka toj bil oficijalno na sluzhba na obezbeduvanje odreden prostor za vreme na manifestacijata. Spored dosega znaenoto primenil prekumerna sila kon momcheto poradi shto ova pochinalo.

Sudot treba da go ispita sluchajot, da utvrdi tochno shto bilo, da se potvrdi ili negira deka policaecot primenil prekumerna sila i deka bil bezobziren vo svojot akt. Spored utvrdenite neshta policaecov treba da bide sankcioniran spored krivichniot zakon.

Tolku.

A onie koi sakaat da politiziraat sekako deka kje velat oti policacot ja pretstavuva policijata, deka seta policija e kriva, deka policijata e pod kontrola na vrshushkata na vladata, deka vladata e kriva, a bidejkji glavniot vo vladata e Gruevski togash "samoevidentna vistina" e deka za smrtta na momcheto kriv e Gruevski.

Onie koi sakaat da se smeat kje se smeat i ovaka i onaka na sekoe mislenje i sekoe tvrdenje.











Изменето од Messenger - 03.Декември.2011 во 00:04
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
zenmaster Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Interceptor

Регистриран: 05.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4262
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zenmaster Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Декември.2011 во 00:09
Messinger  друже мој преродбенички па јас те прашав КОЈ политизирал убиство .
Еве сега пак ќе те прашам....
Кој го сторил тоа од напред ?

"koj saka da se smee go pravi toa koga saka... nemu ne mu trebaat prichini, chek samo bilo kakov povod."

Чекај сеа....причината е поводот во реченицата !
Ако се смееш кога сакаш тогаш не ти треба ни повод ниту причина .

Еве јас на пример неможам да се насмеам кога сакам....ми треба причина или повод....сеедно.

Затоа ти напишав....ако мислиш дека некој злонамерно го политизира убиството тогаш твојата човекољубивост нека ја исправи таа фатална грешка . Ако си ти во право тогаш со огромна леснотија би го направил тоа.....ме разбираш ли шо ти пишувам ?
[IMG]http://img148.imageshack.us/img148/4285/xxxpn7.gif">
Кон врв
zenmaster Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Interceptor

Регистриран: 05.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4262
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zenmaster Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Декември.2011 во 00:18
Originally posted by Messenger Messenger напиша:

Znachi ako se slucheshe za vreme na nekoj koncert togash kje beshe muzichki problem.



Fakt e deka chovekov e policaec. Spored kazhanoto od negovata strana izlaga deka toj bil oficijalno na sluzhba na obezbeduvanje odreden prostor za vreme na manifestacijata. Spored dosega znaenoto primenil prekumerna sila kon momcheto poradi shto ova pochinalo.

Sudot treba da go ispita sluchajot, da utvrdi tochno shto bilo, da se potvrdi ili negira deka policaecot primenil prekumerna sila i deka bil bezobziren vo svojot akt. Spored utvrdenite neshta policaecov treba da bide sankcioniran spored krivichniot zakon.

Tolku.

A onie koi sakaat da politiziraat sekako deka kje velat oti policacot ja pretstavuva policijata, deka seta policija e kriva, deka policijata e pod kontrola na vrshushkata na vladata, deka vladata e kriva, a bidejkji glavniot vo vladata e Gruevski togash "samoevidentna vistina" e deka za smrtta na momcheto kriv e Gruevski.

Onie koi sakaat da se smeat kje se smeat i ovaka i onaka na sekoe mislenje i sekoe tvrdenje.




Па вака сеа.....прво треба да повторам нешто шо сум го напишал сто пати....мсилев дека Зекси слабо капира ама имал силна конкуренција.....се чичо зенмастер ќе ти објасни.

Прво....полицаецот не обезбедува простор туку личност.
Од досегашните офоцијални искази во судот можевме да забележиме дека ги нема службените белешки и работните налози за сите кои го обезбедувале премиерот на таа кобна вечер.
Неофицијално случајот има претходна генеза .

Случајот се политизира кога МВР на чело со министерката го прикриваат и лажат македноскиот народ за случајот.
48 часа прикриваат убиство и убиец НО за жал не успеваат да ја сокријат жртвата.

Искрено ме мрзи да ти пишувам и да се повотрувам за тоа шо веќе сум го напишал .
[IMG]http://img148.imageshack.us/img148/4285/xxxpn7.gif">
Кон врв
novace Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 3067
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај novace Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Декември.2011 во 08:10
А да се почека(ше) на конечната пресуда на овластениот судски орган, пред да се обиде некој да (ни) даде свое конечно „мислење„ за настанот опишан овде!
Без сеприсутната и секидневна ламентација за и околу настанот?
Некои „чичковци„ изгледа.....никако да разберат дека Изборите конечно завршија....и дека следните се некаде по некоја година..освен ако не мисли на нови....за кои пак нема право и прав повод ..за да ги побара?тага
Ако сме правна држава..искрено се надевам дека сме..органите треба на и во мир да си го одработат својот дел од задачата според Законот..
И без билокаква потреба од вербална гимнастика и искажување на лични квалификации за учесниците овде.
За да не се стекне впечаток дека некој си намерно и во онтинуитет го „подгрева„ настанот чиј пак завршеток се очекува со доза на нетрпение...од сите граѓани на државата Македонија.
Само поради поранешната пракса на забошотување на вакви и несакани од никој настани..а ги има подоста во меморијата на овој народ.изненадување
намигнување
Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Декември.2011 во 16:02
Originally posted by novace novace напиша:

А да се почека(ше) на конечната пресуда на овластениот судски орган, пред да се обиде некој да (ни) даде свое конечно „мислење„ за настанот опишан овде!
Ако сме правна држава..искрено се надевам дека сме..органите треба на и во мир да си го одработат својот дел од задачата според Законот..


Amin !
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Декември.2011 во 16:09
Originally posted by zenmaster zenmaster напиша:

Messinger  друже мој преродбенички па јас те прашав КОЈ политизирал убиство .
Еве сега пак ќе те прашам....
Кој го сторил тоа од напред ?


Mene mi e ochebijno deka toa go pravat onie koi go spodeluvaat tvoeto gledanje:

Originally posted by zenmaster zenmaster напиша:



Кој го политизираше ?

Убиството се случило за време на политичка прослава . Наводно жртвата сакала да се качи на бината со славеникот т.е. политичарот .
Убиството е исполитизирано уште пред се случи.





A za toa kolku drzhi voda vakvoto mislenje prokomentirav so:


Originally posted by Messenger Messenger напиша:


Znachi ako se slucheshe za vreme na nekoj koncert togash kje beshe muzichki problem.



A seto ova se sluchuva zatoa shto nekoi lugje sakaat ovoj nemil sluchaj da go iskoristat za nivnite politichki celi. I namesto, kako shto veli novace...

Originally posted by novace novace напиша:

А да се почека(ше) на конечната пресуда на овластениот судски орган, пред да се обиде некој да (ни) даде свое конечно „мислење„ за настанот опишан овде!
Ако сме правна држава..искрено се надевам дека сме..органите треба на и во мир да си го одработат својот дел од задачата според Законот..




... za niv i kiseloto vino i loshata muzika im se mnogu ubavi koga jurishaat protiv neprijatelot.









Изменето од Messenger - 03.Декември.2011 во 16:10
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2425262728 29>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,094 секунди.