IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Градови во Македонија
  Активни теми Активни теми RSS - Прилеп
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Прилеп

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 979899100101 131>
Автор
Порака
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Октомври.2011 во 05:08
 
 

Споменици на Ѓорче Петров и Пере Тошев ќе никнат во Прилеп

 
http://plusinfo.cfd.mk/large_pics/2011/10/23/gorce%20petrov.jpg

Прилепскиот градоначалник Марјан Ристески денес го повтори ветувањето од пред четири месеци, дека ќе подигне споменик на Ѓорче Петров во центарот на Прилеп. Локалната самоуправа веќе го има објавено тендерот за изградба на споменикот, а не се откажува ниту од идејата за реконструкција на родната куќа и нејзиното претворање во меморијален музеј.


Покрај обележјето на Ѓорче Петров, споменик ќе никне и за учесникот на македонското револуционерно движење Пере Тошев.


Во најстариот дел на Прилеп, населбата Варош, денеска беше остварена посета во родната куќа на Петров. На просторот пред неа, во план е да се направи плоштад кој ќе го носи неговото име.




Изменето од емил - 24.Октомври.2011 во 05:10
Кон врв
Andjelina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Miss High Hill’s

Регистриран: 07.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 14129
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Andjelina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Ноември.2011 во 23:32
ова се дел од познатите прилепски фаци,оние кои ги ценам како такви и кои имаат што да кажат

Роберто Беличанец

 - извршен директор на Центарот за развој на медиуми


1.  Колку ви се одразува Прилепскиот "намус" во професионалниот живот во Скопје

Р.Б : Инаетот, борбеноста и мајтапот ми создаваат непријатели. Ама човек без непријатели не комплетен човек. Човек без непријатели е човек без став и мислење. Истите особини што ми создаваат професионални непријатели ми создаваат и пријатели. Како и да е... Тоа создава личност која што поларизира.  Скопје е многу поперфидна средина и често пати се чувствувам како натуршчик во филм. Како салонски идиот. Самосвесен, но не баш до крај поврзан со средината во која што се движам. Не знам колку тоа е прилепски "намус", а колку лична особина. Како што ми останал Прилеп во сеќавање секој морал да се избори за своето место на улиците, и тој дарвинистички инстинкт за опстанок  ме вадел од тешки ситуации и ми овозможувал да преживеам порази, да се соберам и да продолжам понатаму. Не било никогаш финта да не го признаеш поразот. Финта било да го преживееш, да се прегрупираш и да го претвориш во победа.

2. Која е вашата илустрација за медиумскиот образ на Македонија.?

Р.Б : Тоа е образ на една стара пријателка на ноќта која се повеќе става кал за да си ги покрие брчките создадени од многугодишно спиење по туѓи постели. Мора старата дама да се мачка со кал за да ја затегне кожата, за да не се види кај тие што и ги плаќаат услугите дека нема што да понуди. Мора да преживее таа дама. И требаат парите, а не знае ништо друго да работи кутрата. Сега се обидува сите да ги убеди дека калта со која што се мачка е лековита. Во темница, се уште не се гледа дека ја нема свежината од некогаш. А, ноќта, па и таа најдолгата завршува. Ќе биде интересно да се гледа како ќе ја преживее зората.

3. Дали сте доволно "сит" од понудената општествена дебата во македонскиот медиумски простор?

Р.Б : Такво животно нема. Ние не дискутираме. Ниту во медиумите, ниту меѓу себе. Сите кажуваме и никој никого не слуша. Кажуваме за да кажеме, а не за да најдеме решение. Хормоните се поважни од аргументите, хистеријата доминира. Поважно е кој што на кого му кажал и кој кому повеќе се искурчил отколку решавање на проблем. Дебатата има смисла кога води до решенија. Наместо дијалог – имаме пропаганда.

Пропагандата дополнително поларизира, и не закопува во ровови од кои пукаме едни врз други. Рејтингот е побитен од  политиката. И тоа пали. Пали затоа што осиромашениот плебс си ја лечи горчливата судбина преку гладијаторството што фингира дебата.  Тоа е пораз на демократскиот концепт и победа на популизмот. Но таа победа е привремена. Никогаш не се случило популизмот да ја победи демократијата. На долг рок тој секогаш губи. На нас останува да ја одредиме должина на тој долг рок. Ломовите што ќе следат ќе ги освестуваат луѓето на најсуровиот можен начин. За жал, хормоните и емоциите кои доминираат со македонската политичка сцена овозможуваат популистичка манипулација и пропаганда, но хормоните и емоциите се трошат. Не можете луѓето да ги држите нон-стоп возбудени. Рациото доаѓа после. Ќе го дочекаме и тоа сетики!

4. Има ли простор во медиумите во Македонија маневарски простор за содржини од фахот на науката, документарните филмови, литературата, алтернативните вредности.. накратко содржини кои би ги деконтаминирале младите од тињата на валканите политички содржини?

Р.Б : Зошто би имало? Не гледам дека младите ги интересира такво нешто. Тие многу добро гледаат во какво општество живеат и се трудат да му се прилагодат. Ние немаме воспитувачи – ниту во школството, ниту во медиумите. Зошто некој би го објаснувал Хајзенберговиот принцип на неодреденост кога ВМРО е наша судбина! Зошто некој би одел на театар кога глумци има на сите страни, животот станува сценско дело во кое секој од нас си ја има главната улога, само жанрот е различен. Зошто некој би читал кога тоа боли. Да читаш значи да развиваш критичко мислење и вкус. И едното и другото се пречка во ова сурово време на волци и трговци со живо човечко месо. Да читаш денес значи да губиш време. Она што е на цена е акција – бесмислена, тупа, бесцелна акција. Колку поактивен дотолку поуботреблив за политичките елити. Колку поупотреблив – толку поголема шанса дека утре може да јадеш од државна копанка. Тоа е идеалот. Тоа е примерот на успешноста. Затоа – како муви без глави напред! Медиумите се на истата копанка и во истата кочина. Простор има само како личен избор. Избор да излезеш од духовната кочина и сам да си ги најдеш реперите. Медиумите кои некогаш биле социјализатори и поттикнувачи на критичкото мислење сега се мобилизатори што испорачуваат топовско месо за битките на нивните господари. Од  топовското месо се бара да загине на бојното поле, не да мисли. Тој што мисли не гине лесно.

5. Со кои очи го гледате Прилеп денес? Се согласувате ли со актуелниот  медиумски имиџ на градот?

Р.Б : Прилеп од битен град во македонската историја, од културен топос, од место на бунт и извор на македонската самостојност денес е претворен во паланка. Паланка која веќе нема приказни. Кога ќе умрат приказните за градот умира и градот. Прилеп денес е град кој како да излегол од фантазмагоријата на Еди Рама, легендарниот градоначелник на Тирана... Град на фарбани фасади по ликот на Тирана, затоа што нашиов кмет изгледа на некој воркшоп го сретнал Еди Рама и му се видело интересно да проба од Прилеп – Тирана да направи. Прилеп е град херој кој остана без херои. Остана без епика, но остана и без лирика. Нит се љуби, нит се бори! Прилеп денес е град на светлечкото јојо – окото на Мордор кое пулсира и на кое му се радуваат легиите на Саурон.  Градот кој некогаш имал најголем раст после Марибор денес е град на уништени сенки од луѓе. И да не се лажеме – градот се луѓето. Не се зградите! Префарбаната фасада на Цепенков не може да ја скрие суштината внатре.

Градската библиотека "Борка Талески" за мојата генерација беше исто што сега се кафичите на булеварот или во чаршијата. Дел од  дневната шема на градот и место на средби. Кафичите беа за навечер. Читаш една книга дневно или на два дена... Џабе е сега фарбата и шаховските фигури... Празнотијата зјапи и голта. Можеби престрого судам, ама Прилеп за мене денес е град без магија... Без приказна како што реков. Градот на Конески, на Ченто, на 12 народни херои, градот кој што во турската империја бил 4 панаѓурски град, градот на луѓето што ја измислувале Македонија... Денес е град на Марјан и на Сугаре... град без бунт, без идеја... Кога се спуштам со кола од Плетвар умот се уште си игра со мене и ми се раѓа топлина но додека да стигнам до дупката која со години стои незатрупана на раскрсницата кај "Солидност" веќе добивам желба да се вратам назад. Во мојата глава секогаш стои дека кога тогаш ќе се вратам на улиците на градот кај што сум растел... Природно ми е... Но тој град го нема.

6. Се препознавате ли денес во бунтовната средношколска слика или Роберто мутирал низ институциите?

Р.Б : Па немало институции низ кои што би мутирал. Односот кон институциите секогаш ми бил конфликтен – да се почитуваат, но да се менуваат за да им служат на луѓето, а не луѓето да им служат на институциите. Тоа е слободно живеење и тоа не се сменило. Не трпам паши и друг тип на феудалци. Немам респект кон моќта, а уште помалку кон силата. Не верувам дека наведната глава сабја не ја сече – напротив – најлесно ја сече, само треба да се спушти раката. Не верувам дека човекот е способен да создаде совршена творба. Мора вечно да се менуваме за да опстанеме и да просперираме. Не знам дали сум бил бунтовен како средношколец – веројанто сум бил... Но не сум бил бунтовен без причина. Моите бунтови секогаш имаат и цел и причина. Не е тоа дифузен бунт на човек кој не знае зошто е гневен... О, не! И тоа како добро знам што и кој ми смета и зошто. И никогаш тоа не заради мене и заради мои лични цели, секогаш тоа е поширока приказна околу која се врти приказната за слободата. Не само мојата лична, туку и на другите. Слободата е основен предуслов  за самоостварување на човекот . Не мислам дека трпењето спасува...

Трпењето создава робови.  Ваквите ставови ми овозможиле да изборам некоја лична слобода никој да не ме управува, никој да не ме насочува и никој да не ме злоупотребува. Можам денес да мислам, да зборувам, да работам и мирно да си се гледам во огледало знаеќи дека никој нема да ми се појави на врата и да побара да вратам некој долг со нешто што не сакам да направам. Не е малку!



Димитар Ѓорѓиески (актер)

Светот останува мој дом. Театарот е една од собите во мојот дом. Исто и филмот. Никогаш не правам планови, посебно не за напуштање на нешто што мислам дека ми оди добро

Ова е твое прво филмско остварување. Како гледаш на твојот лик на филмското платно?

Уф, не знам како да одговорам концизно на прашањево... Мислам, не само во случајов, туку и општо, колку и да се правиме објективни, кога еден човек има свој став за нешто, тој е секогаш субјективен. Ама еве, се обидувам да ги исклучам емоциите кои ме поврзуваат со филмот и би рекол, малку нескромно дека како за прва (поголема) улога на филм, добро сум си ја сработил работата. Е на што се должи тоа е веќе друго прашање. Дали се работи за среќа, умешност, добро водење, работа... или комбинација од повеќе фактори – не знам.


Имаш ли намера да го напуштиш тетарот и да ги искачуваш филмските врвови опашан со амбиција или сепак театарот останува твој дом?

Светот останува мој дом. Театарот е една од собите во мојот дом. Исто и филмот. Никогаш не правам планови, посебно не за напуштање на нешто што мислам дека ми оди добро. Или барем ми е забавно. А амбициите за филмот, како и за театарот се надевам дека ќе можам да ги следам симултано и да балансирам на некој начин. Јас сум еден од оние романтичари кои веруваат дека на уметникот битно му е да се изразува (и да се забавува), методите се формираат сами по себе. Хамлет има интересно размислување на темата изразување. Спомнува и орев.

Која беше инспирацијата да се учествуваво филм на Манчевски?
Има ли критика која најмногу те допре?
Па инспирацијата следуваше откако решивме дека ќе учевствувам во проектот. Претходно беше прашање на мотив. А мотивираноста е неизбежна кога се работи со одличен режисер, со колеги кои инспирираат, и на експериментален филм кој од аспект на новитет и израз нуди многу. А што се однесува до критиките, ги има многу и понекогаш тие кажуваат многу за тој што е критикуван, но уште повеќе кажуваат за тој што критикува. Оние издржаните, сеедно дали се позитивни или негативни се добредојдени. Другите се обично безгласни или смешни.


Како дише филмскиот бел свет? Патепис во еден здив од тебе?
Останува ли сработката со Манчевски ?


Еееј, не сум јас баш по тој скокотливиот дел од филмскиот свет. Она што го забележувам кај поискусните од мене е дека сите тие стигнале до каде што стигнале со многу работа и посветеност. Ама кога ќе размислам, истите правила важат и во било кој друг „свет“. На крај може се’ се сведува на тоа дека работата го краси човекот, а мрзата го гнаси... А за соработка со Манчевски, се разбира дека продолжува. Господ здравје, па да ни се спојат патиштата.

Да го оставиме филмот да здивне малку. Има ли прилепската актерска фела капацитет да излезе од франшизата на претстави со мотиви од пусто турско, и да се пресели во современ амбиент?

Па не мислам дека сме многу заглавени со „пусто турско“. Најмногу заради претставите „Кавкаски круг со креда“, „Таму каде што не сум бил“, „Тапани во ноќта“, „Роберто Зуко“, „Госпоѓица Јулија“... Еве и да ги немаше овие претстави, театарот како уметност воопшто, кореспондира со реалноста и тогаш е најуспешен, па дури и да е точна констатацијата дека се работат претстави со мотиви од минатото, тогаш проблемот (ако е проблем) веројатно лежи во некои нерасчистени сметки што ни се провлекуваат од „пусто“ турско, до „бериќетно“ денешно. Сета среќа што како определбена опција во уметноста го имаме постмодернизмот кој вклучува рефундирање и коментар на минатото. Инаку луѓето ќе си мислеа дека им ја навредуваме театарската интелигенција. И уште нешто сакам да речам. Замислете Блаже Конески, наместо за црквата во Небрегово да пишуваше песни за Богородичната Црква во Париз.

Агресивна филмска кариера, или театарска животна приказна?

Не знам. Навивам за двете, ако едното превладее можеби ќе се стремам кон другото, па после обратно. Затоа викам, Господ здравје, па што и да работам да ми е убаво и забавно.






Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува

Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јануари.2012 во 13:57
Тешко се справуваат Прилепчани со битолската поларна зимаизненадување

Прилеп мака мачи со водоснабдувањето


Кон врв
Andjelina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Miss High Hill’s

Регистриран: 07.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 14129
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Andjelina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јануари.2012 во 23:34



Изменето од Andjelina - 29.Јануари.2012 во 23:36
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Февруари.2012 во 08:57
Кон врв
Andjelina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Miss High Hill’s

Регистриран: 07.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 14129
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Andjelina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Февруари.2012 во 12:55

ПРИЛЕПСКА ЗАБАВА ВО ЗИМА



На минусни температури на среде Прилеп, неколку фраери во кола, многу снег, една санка закачена за колата - се вртат на Youtube.

И додека едни вежбаат балетски движења низ подмрзнатите улици, други  размислуваат за започнување бизнис со сибирски лешници, овие момци решија да покажат дека зимата секогаш има и забавна страна . Па ајде да видиме.. може ќе имаат успешна јутјуб кариера :))


ццццц...луди деца замисленост

Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува

Кон врв
Andjelina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Miss High Hill’s

Регистриран: 07.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 14129
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Andjelina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Февруари.2012 во 13:04

ЗАМИНА РЕПРЕЗЕНТОТ НА ПРИЛЕПСКИТЕ МЕЧКАРИ



Прилепчани се простија од Бранко Најдоски-Метларот (64), кој почина на карневал во Бугарија.

ПРИЛЕП - Бранко Најдоски-Метларот (64), најголемиот, највредниот, најкреативниот и најинвентивниот изработувач на маски, вчера Прилеп достоинствено го испрати. Неговите најмили, најблиски пријатели, другари, неговите постојани соработници и почитувачи на традицијата, здружението „Прилепски мечкари“, претставници на локалната самоуправа и други се простија од Метларот. А, телеграми со сочувство испратија неговите блиски пријатели од Перник, каде што редовно учествуваше на карневалот последниве 13 години. Потоа, од организациониот одбор на карневалот, градоначалничката на Перник, Росица Јанакиева која и лично се заложи да го оперираат врвни бугарски кардиохирурзи. Но, без успех. Сепак, велат прилепчани: „среќни сме што имавме еден ваков човек покрај себе“.

„Бранко! Многумина не знаат ниту кое му беше името. Го знаат како Метларот, а ќе го паметат како човекот кој немаше ниту еден лош збор за луѓето. Тој беше врвен изработувач на маски. Овој пат, не успеа да не' претстави. Суратот што сам го изработи како учесник во групната маска ’Прилепски мечкари’, украсен со монистра и бисери, му остана на лицето до последниот здив. Ќе остане вечен споменот за него, неговото дело, огромниот придонес за прилепската традиција, култура...“, вака зборува Орде Димкоски, секретарот на здружението „Прилепски мечкари“.

Тој беше еден од групата прилепчани кои од петок отпатуваа за Перник за да учествуваат на карневалот, да го претставуваат Прилеп, и да го потврдат гостувањето на дел од учесниците за прилепскиот карневал на „Прочка“. 

„Но, ете, доби силен срцев напад. Градоначалничката Јанакиева максимално се заложи за да му се помогне, да му се спаси животот на Бранко. Но, не можеше. Седум и пол часа го оперираа во болницата во Софија, врвни кардиохирурзи, но како што ни рекоа, му прснала артерија“, со тага зборува Димкоски за својот вечен пријател.

И од локалната самоуправа говорат за загубата што со своето заминување ја остава Најдоски, но и за придобивките од неговиот ангажман. 

„Најдоски има огромен придонес за продолжување и развој на нашата традиција, за негување на културното наследство. Споменот ќе биде вечен, зашто Прилеп и прилепчани ќе останат без виртуозот, кој со неверојатна пасија знаеше да изработи несекојдневни маски од природни материјали, за што и секоја година беше наградуван“, изјави Снежана Ристеска, советник за култура во локалната самоуправа. 

За огромниот придонес во негување и развој на културните традиции, Метларот лани ја доби наградата „13 Ноември“, која е потврда за неговото дело.

Извор: Утрински | Моника Талеска

розароза

Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува

Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Февруари.2012 во 17:10
Originally posted by Andjelina Andjelina напиша:

ПРИЛЕПСКА ЗАБАВА ВО ЗИМА



На минусни температури на среде Прилеп, неколку фраери во кола, многу снег, една санка закачена за колата - се вртат на Youtube.

И додека едни вежбаат балетски движења низ подмрзнатите улици, други  размислуваат за започнување бизнис со сибирски лешници, овие момци решија да покажат дека зимата секогаш има и забавна страна . Па ајде да видиме.. може ќе имаат успешна јутјуб кариера :))


ццццц...луди деца замисленост


Такви се децата голема насмевка бе плазење
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Февруари.2012 во 22:43
Кон врв
Andjelina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Miss High Hill’s

Регистриран: 07.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 14129
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Andjelina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Февруари.2012 во 01:18

Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува

Кон врв
Andjelina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Miss High Hill’s

Регистриран: 07.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 14129
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Andjelina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Февруари.2012 во 01:19
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува

Кон врв
Andjelina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Miss High Hill’s

Регистриран: 07.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 14129
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Andjelina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Февруари.2012 во 01:20
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува

Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Февруари.2012 во 11:05
wwwooowww...vistinska ljubavina!

...k'o las vegas da go gledam!..( mislam ,...na svetloto)намигнување
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Февруари.2012 во 15:08
На десеттина километри, во комшиизадоволство

СНЕЖЕН ЏИН ВО КРИВОГАШТАНИ

Во Кривогаштани деновиве група млади ентузијасти изработија снежен џин. За да изгледа вака голем им беа потребни цели 3 часа.  


I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 979899100101 131>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.