|
Тетоважата како доживотен белег!! |
Внеси реплика | страница <1 151617 |
Автор | |
nnikol
Сениор Регистриран: 13.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3198 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
i drugi taka mi velea |
|
подобро е да ти завидуваат одколку да те сожалуваат
|
|
Tat2Man
Нов член Регистриран: 27.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 2 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Буги - скоро бев кај кожен лекар, имав некое чешање на кожата и тетоважата беше набабрена .. помислив да не е нешто најлошо. Одговор добив следен: тетоважата НЕ ти е од вчера, и овој проблем не е денешен. Криви се зраците на сонцето од прекумерна доза на ултра-виолетови зрачења. Кој ми е крив што не ја кријам сликата од сонце.
|
|
Tat2Man
Нов член Регистриран: 27.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 2 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Читајќи ги критиките и пофалбите на форумов, многумина од вас драги “познавачи„ на оваа древна уметност сте во голема заблуда. Зошто? Следува објаснување:
1. ДОБРО прочитајте ги ПРАВИЛАТА кои ќе ги добиете од ТАТТОО мајсторот и што е најважно - ПРИДРЖУВАЈТЕ се до нив. 2. ТАТТОО артистот НЕ е одговорен за ВАШАТА тетоважа доколку ВИЕ не се придржувате до напишаните правила. 3. ПРАВИЛАТА не се измислени од мене (Војкан или Оки), Буги, Штрумф, Митко, Гуле, Боби или некој млад мајстор од македонијава, него се ПРЕПИШАНИ од врвни мајстори и студија од целиот свет. 4. БОЈАТА е фармацефтски проверена ПРЕД да излезе во широка потрошувачка од самиот производител за можни реакции и нус-појави така да ниту ЈАС ниту некој друг не ја прави дома рачно (зборувам за оригинални бои а не PELIKAN туш или сличен отров). 5. НЕМА лоши тетоважи. Постојат само лоши мајстори или лош избор на слика (доколку се работи за вкус, за истиот не се дискутира зошто нема крај дискусијата). 6. Под ЛОШ мајстор се подразбира оној кој НЕМА врска од цртање / копирање на самиот мотив. Постојат ЛОШИ изведби кои се резултат на погрешно наместени игли, тапи игли (под тапи подразбирам игла која е употребена повеќе од еднаш или рачно направена од жица за гитара и слично). 7. Колку што има производители на боја, толку има и различни спектри на боја / тешко е да се каже кој е најдобар - се е разлика на вкус (за кој не се дискутира). Доколку НЕ ви се допаѓа одредена боја, замолете го артистот да ја набави соодветната или едноставно идете кај некој што веќе ја има таа боја која ја барате. 8. ПРАВИОТ мајстор е релатива работа. Како и прав избор на чевли, облека или јадење. Одбери го оној што ТИ мислиш дека ќе ја заврши таа работа што ТИ како краен потрошувач со го замислил/ла. Нема НАЈДОБАР мајстор зошто ниту ЕДЕН од СИТЕ постоечки мајстори на светов не се НАЈДОБРИ во се. надобри се во својата класа или стил во која цртаат. 9. Дискусија околу тетоважа - сакам / нејќам е излишна работа. Има хомосексуалци, има проститутки, има наркомани, има машки и има женски пол. Не е возможно никако да се сложиш со сите и на сите да им угодиш така да разговорот на таа тема е неефективен. Ако некој има некое одредено прашање - забелешка - коментар околу изработката на некој мотив од моја страна или од страна на артистите во македонија, постои ФОРУМ на www.tattoo.com.mk - повелете, разговарајте, да поделиме мислења зошто секое мислење - макар и злонамерно е добредојдено во самото подобрување на нашиот рејтинг кон ВАС крајните колекционери. Уште еднаш, регистрирај те се на www.tattoo.com.mk каде што модератори ќе бидат нашите врвни таттоо артисти и повелете прашајте / дискутирајте на таа тема. Секое мислење ќе биде разгледано и прифатено било да е позитивно или негативно. Со почит до публиката: Војкан ака Тат2Ман / Оки - 2009 Изменето од Tat2Man - 27.Јануари.2010 во 20:43 |
|
mrzla
Сениор натурална девојка Регистриран: 14.Мај.2008 Статус: Офлајн Поени: 13330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Кај DR.Vais постои отстанување на тетоважи без последици и белези
Кај оние аматерските со 3-4 третмани,а професионалните 5 до 6 Па оние кои сакаат да отстранат ете им шанса |
|
И бричот падна на колена пред зборот:
Те преколкувам кажи како да се наострам како тебе,сакам да колам без да пуштам крв |
|
sanja-a
Сениор Only God Can Judge Me! Регистриран: 12.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 13457 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Најскапата тетоважа во светот
Интересното е што воопшто не ја пробива кожата Иако не е тетоважа во класичната форма сепак го украсува телото. Јужноафриканскиот модел Минки ван дер Вестхуизен потроши 8 тешки часа за да овие 612 диаманти (5 каратни) да бидат "залепени" на нејзината кожа. Тетоважата е вредна 7.2 милиони јужноафрикански ранди, или отприлика 924 000 американски долари. Создавачот ќе продолжи да ја прави оваа тетоважа секаде по светот каде што ќе има потреба. Кога го прашале зошто едноставно не направил прекрасен накит со толку скапи дијаманти тој едноставно одговорил: "Накитот е досаден". ако се прашувам јас...класика си е класика...ама вкусови се во прашање Изменето од sanja-a - 31.Јануари.2011 во 09:32 |
|
Обожавам луѓе кои ме смеат.
Искрено, мислам дека смеењето е нешто што го сакам најмногу. Тоа лечи многу болести. Можеби тоа е најважното нешто кај човекот. Одри Хепберн |
|
zverka_
Сениор Регистриран: 11.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 6604 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
pa i nemora da bide dozivoten beleg....barem ne e sega
|
|
Јас сум 99% сигурна дека луѓето ме озборуваат,но 100% сум сигурна дека баш "ме заболи" за тоа!!!
|
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Тетоважата како доживотен белег!!
Tetoviranjeto vo evropskite civilizacii se koristelo za odbelezhuvanje na robovite, kako shto se pravelo so zhigosuvanje na stokata i odbelezhuvanjeto na robijash*te vo koncentracionite logori vo nacistichka Germanja. Toa shto nekogash bilo praveno na sila, tokmu zatoa shto ostanuva dozhivotno, denes se pravi dobrovolno i mu se dava "slobodoumna" i "umetnichka" konotacija. Za mene toa e nasilie vrz sopstvenoto telo... mozhebi poradi nezadovolstvo od toa kako izgleda, poradi sueta ili poradi slepo sledenje na nekoi modni trendovi... demek, da ne sme pokusi... nie znaeme shto e denes moderno i vredno. Imav prilika ednash da vidam zhena vo godini so tetovirani peperutka i roza... mozete da pretpostavite kako izgledaa na nejzinata stara i izbrchkana kozha... Onoa shto nekogash si go zamisluvala kako nejzino "razubavuvanje" togash beshe samo dokaz deka na sekoja iluzija eden den i doagja krajot. Od komentarov ne e teshko da se razbere deka nemam nekoe pozitivno mislenje za tetoviranjeto. E nemam... i mislam deka prirodata bila dovolno mudra shto ne sozdava netetovirani. Inaku, pochituvajkji ja lichnata volja na chlenovite koi sakaat da se tetoviraat, verojatno nemashe da go napisham ovoj komentar dokolku temata ne beshe naslovena so ekspicitno negativen naslov "Тетоважата како доживотен белег!!" |
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
pHp
Сениор Регистриран: 31.Август.2011 Локација: Rwanda Статус: Офлајн Поени: 1477 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Немој бе messenger, ама немој така сега па ти Ќе те прогласат за конзервативен, немој сега така па ти |
|
Внеси реплика | страница <1 151617 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |