|
Roger Federer |
Внеси реплика | страница <1 234 |
Автор | |
Calipso
Модератор Primarius Регистриран: 26.Мај.2009 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 44671 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Федерер го декласираше НадалИнспирираниот Федерер излезе на крај со индиспонираниот Надал по само 60 минути игра. За Федерер ова е деветта победа од 26 натпревари со најголемиот ривал, а со истата обезбеди пласман во полуфиналето од завршниот турнир во Лондон. Во првите пет гемови од првиот сет ниту еден од тенисерите не беше ни близу до брејк шанса, пред сè поради одлиниот прв сервис на двајцата тенисери. Во шестиот гем Роџер презема иницијатива и ги искористи кратките топки на Надал за силен форхенд. На тој начин Федерер обезбеди три последователни брејк топки, а ја реализираше првата со што дојде до водство во првиот сет. Со обзир на интензитетот и квалитетот на играта на Федерер, можеше да се претпостави дека сетот многу брзо ќе заврши. Роџер без никакви проблеми го сочува освоениот брејк и поведе во сетови со 6-3. Федерер со ист стил продолжи и во вториот сет. Уште во вториот гем си обезбеди брејк шанса, а веднаш потоа и ја осигура. Надал како да не играше на овој натпревар. Делуваше сосема загубено, а за Роџер тоа претставуваше дополнителен мотив. Швајцарецот направи уште еден брејк и веќе беше јасно дека натпреварот е решен. Според резултатот и прикажаната игра, натпреварот помеѓу Федерер и Надал во Лондон беше еден од оние во кој немаше никакви неизвесности. Претходно, тоа се случи на финалето на Ролан Гарос во 2008-та година, кога Шпанецот славеше со 6-1, 6-3 и 6-0. |
|
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker! |
|
Calipso
Модератор Primarius Регистриран: 26.Мај.2009 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 44671 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Шампионот останува шампион! А шампионите градат историја и поставуваат критериуми кои обичниот смртник и тенисери во обид неможат ни во најлуди сни да ги замислат! А секој кој е против ваквиот став е само обичен медиокритет кој е небитен во општеството!Играњето против шампион е чест и им овозможува на третокласните тенисери да бидат макар и секунда во вниманието! БРАВО МАЕСТРО РОЖЕ ФЕДЕРЕР ГРАДИ ТИ ИСТОРИЈА И КУЛТ ЗА ТЕНИСОТ А ДРУГИТЕ НЕКА СЕ ОБИДУВААТ ДА СТИГНАТ(ако воопшто можат)!!!! Изменето од Calipso - 28.Ноември.2011 во 00:43 |
|
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker! |
|
Calipso
Модератор Primarius Регистриран: 26.Мај.2009 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 44671 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Се знае чиј е Вимблдон
Федерер повторно е светски рекет број 1жРоџер Федерер по седми пат во својата кариера го освои Вимблдон откако денеска во финалето со 3-1, по сетови 6:4, 5:7, 6:3 и 6:4 го совлада домашниот фаворит Енди Мареј. Со оваа победа Швајцарецот по пауза од речиси четири години повторно се враќа на врвот во светскиот тенис, односно од утре повторно ќе биде на првото место на АТП ранг-листата. Федерер стигна до својот 17-ти грен слем трофеј во кариерата и вкупно седми на неофицијалното Светско првенство во тенис и се израмни со Пит Сампрас со кого го дели и првото место во историјата на овој турнир. Енди Мареј имаше огромна желба да го скрши британското проглетство на Вимблдон, кое трае околу 70 години, не денеска не можеше против одличниот Роџер Федерер. Изменето од Calipso - 08.Јули.2012 во 19:58 |
|
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker! |
|
Внеси реплика | страница <1 234 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |