IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Политика и вести
  Активни теми Активни теми RSS - Што прави оваа влада?!
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Што прави оваа влада?!

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 102103104105106 200>
Автор
Порака
 Оцена: Оцена на тема: 1 Гласови, Просечно 5,00  Тема Пребарувај Тема Пребарувај  Опции за темата Опции за темата
Gorazd777 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Октомври.2008
Локација: Евразија
Статус: Офлајн
Поени: 1584
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Gorazd777 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Октомври.2011 во 23:32
Ејјј, да го видиш,море и чуеш сега Прајминистеро Грујо,како мудруе на ТВ влада.че видиш ти шо е игра,... е те сега се одјавува еден саат зборувал,му паднало напорно, само моето прашање никако да излезе на виделина,ај во друга прилика.

Инаку сите биле во криво,само тој бил во право,е сега шо на сите не им е арно че почекаме, ами сите не сме роџаци ,со него.. еве велит и друг пат вака че се видиме,ааа че види тој че најдам врска че се јавиме ..

Ајј да видите одјавна шпица,он лупа на тастарура,демек сите ве е Бришаам, а камера се врти во Ан гро пуан кај филадендроно (она цвечето сос листови како ножеви), това е првична порака,пазете шо зборувате,оти....голема%20насмевкаизненадувањеголема%20насмевка
ВОЈНАТА Е МИР
СЛОБОДАТА Е РОПСТВО
НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА
ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА
Кон врв
MyWay Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Антиталенат на годината

Регистриран: 05.Септември.2008
Локација: Aruba
Статус: Офлајн
Поени: 23914
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај MyWay Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Ноември.2011 во 12:23
Она што никој до сега не успеа.....
првите 100 дена...да

Целосно е укинат данокот на добивка за фирмите кои остваруваат приход до 3 милиони денари на годишно ниво, што е огромно олеснување за семејните фирми.

Воведена е можност фирмите кои остваруваат приход помеѓу 3 и 6 милиони денари на годишно ниво, да можат да го изберат даночниот модел, односно да изберат дали ќе бидат оданочени со 10% од нивната добивка, или ќе одберат да бидат оданочени со 1% на нивниот вкупен приход, што значи право на избор и намалување на трошоците за компаниите.

Намалена е стапката на ДДВ за туристичките услуги од 18 на 5%. Тоа, во пакет со останатите мерки за поддршка на туризмот, како што се во прв ред субвенциите за тур-операторите, придонесе бројот на странски туристи да се зголеми за 25%, а вработувањата во туризмот да бидат зголемени за 40%.

Намалена е стапката на ДДВ за сурово масло кое се користи како суровина во производството од 18 на 5%, со што се оствари влијание во држење на цената на маслото во балансиран однос, без понатамошно зголемување.

Донесена е одлука за намалување на царините, и тоа на шеќерот од 30 на 5%, на пулпата за производство на сок од 5 на 0% , исто како и царината за спортски и реквизити за физичка култура.

По првата кредитна линија од 100 милиони евра, Владата обезбеди уште една поволна кредитна линија во висина од 50 милиони евра која ќе биде наменета за компаниите, при што Владата ќе ја субвенционира каматната стапка до 5.5%, а начелно е договорено овие 50 милиони евра да бидат 150 откако првите 50 ќе бидат искористени.

Донесена е мерка за поевтинување на зелениот картон, при што покрај домаќинствата, особена корист ќе имаат и транспортерите и транспортните компании. Во идниот период со преземањето на ингеренцијата на поконкретно утврдување на цената на зелениот картон од страна на Владата, очекуваме цената на зелениот картон да поевтини дополнително.

Продолжува модернизацијата на земјата, преку инвестиции во инфраструктурата и во градежништвото. Македонија се гради, тоа е тренд кој продолжува и кој има само добри ефекти и резултати. Имаме и многу нови моменти во однос на туристичката понуда за странските туристи.

Во рамките на проектот за модернизација на аеродромите, по аеродромот во Охрид, пуштен во употреба новоизградениот аеродром Александар Велики во Скопје. Тој е најмодерен аеродром во овој дел на Европа и е вистински репрезент на нашата држава. Во идниот период, во соработка со концесионерот ТАВ очекуваме со заеднички напори да обезбедиме евтини авионски летови до многу европски дестинации, со што ќе се заокружи концептот за поврзаност на Македонија во авио просторот

По обезбедените 84 едноподни, стигна првата пратка од 69 двокатни автобуси кои се наменети за јавниот градски превоз во Скопје. Тоа е голема модернизација за нашиот главен град, а со доставата на 83 нови автобуси следната година, и уште нови 68 автобуси во годината по неа, комплетно ќе се обезбедат потребите на јавниот превоз.

Пуштена во употреба новата изградена делница од автопатот Александар Велики, во делот на Табановце, во должина од 8 километри. Започна и реконструкцијата и модернизацијата на делницата Скопје-Велес. Обезбедена е и е потврдена финансиска конструкција за изградба на автопатската делница Демир Капија-Смоквица со чија што изградба ќе биде комплетиран автопатот Александар Велики, односно Коридорот 10. Ги направивме потребните чекори за стартување со изградба и модернизација на железничкиот Коридор 8, и очекувам од втората половина на следната година да се пристапи кон изградба на железницата кон Бугарија.

Завршена е изградбата на регионалниот патен правец Џепиште - границата со Албанија, како и изградбата на 20 локални патишта во 14 општини: Општина Дебарца: с. Ново Село-Белчиште, с. Мешеишта-с.Волино; Општина Струга: Шум-Тефериќ-с.Вишна, патот до село Добовјани, Татеши-с.Делогожди и патот до село Октиси. Општина Долнени: Лажани-Дебериште. Општина Гази Баба: Дрма-Идризово,  Синѓелиќ-Раштак. Општина Илинден: Илинден-Пуста Кула, Илинден – Хиподром. Општина Петровец: Петровец-Огњанци. Општина Пробиштип: Пробиштип – Плешенци. Општина Вевчани: С. Горна Белица – Вевчани. Општина Прилеп: с.Лопатица-с.Подмол. Општина Другово: Р-406-с.Брждани. Општина Битола: патот за с.Поешево. Општина Кичево: Кичево (М-4) - мотел Крушино. Општина Зајас: М-4 - с. Строгомиште и Општина Јегуновце: с. Сиричино – с. Туденце

Почна изградбата на две катни гаражи, едната кај влезот на централната Пошта ,а другата кај Работничкиот универзитет. Со нивната, но и со довршувањето на изградбата на веќе започнатите 3 катни гаражи, како и со други две кои наскоро ќе започнат да се градат, ќе се реши проблемот со паркирање во централното градско подрачје.

На полето на енергетиката е заокружена финансиската конструкција за изградба на Хидроелектраната Бошков Мост во вкупен износ од 107 милиони евра, со чија изградба се предвидува изградба на брана и формирање на акумулација, зафати на притоките од сливот на Мала Река, деривациони канали, тунел, цевковод и машинска зграда.

Успешно заврши процесот на поднесување на барања за легализација на бесправно изградените објекти на домаќинствата, при што се собрани и почната е обработка на над 350 000 поднесоци, а веќе триесетина илјади граѓани добија тапија за досега нелегалниот имот. Решени се и нови 580 предмети за денационализација, и овој процес е во самиот негов финиш. Започна процесот на пренесување на државното градежно неизградено земјиште во ингеренциите на општините, при што 8 општини веќе се стекнаа со ова право.

Започнаа проектите за изградба на филтерска станица на системот за водоснабдување во Гостивар, на фекална канализација во населено место Сингелиќ, и на пречистителна станица за отпадни води за селата Глумово и Шишево, во Гевгелија и за отпадни води во Волково.

Продолжува поддршката и модернизацијата на образованието и здравството, во насока на зголемување на можностите за развој, и на создавање на услови за достоинствен третман и ефикасност во справувањето со потешкотиите на пациентите.

Обезбедени се нови најсовремени лаборатории за научно-истражувачка дејност за потребите не Градежниот, Медицинскиот и Шумарскиот факултет. Испорачани се 37 лабораториски единици, а потпишан е договор за уште нови 16 единици. Со овие нови капацитети ќе се остварат значајни исчекори како во образовната, така и во медицинската област, така и во поддршката на бизнисот со помош на технологиите и науката.

Изградени се 4 нови сали од проектот за изградба на 145 училишни спортски сали. Изградбата на 7 нови основни училишта е во тек, 3 училишта се во завршна фаза, а едно е комплетно изградено. 5 основни училишта се во фаза на реконструкција, а 1 е целосно реконструирано. 2 средни училишта се во фаза на изградба, а 1 е целосно реконструирано. Обезбеди се средства за санација на кровови во 49 училишта, санација на санитарни јазли во 53, на прозорци во 41, на системите за греење во 30, и на подовите во 19 училишта.

Почнаа да се даваат субвенции за научни трудови, и беше трансформиран работниот однос во траен на 2040 наставници и професори.

Клиниката за офталмологија во Клиничкиот центар, доби најмодерна и најсовремена опрема. Познавачите на состојбите во оваа област истакнуваат дека ваков тип на квалитетна опрема нема во овој дел на Европа.

Воведено е двосменско работење во јавните здравствени установи, со што ќе се растоварат гужвите по болниците а осигурениците ќе довиваат третман во текот на целиот ден. Почна акцијата за и со стандардизација на болниците заради зголемување на квалитетот на услугата. Изготвен е план за обука за стручно оспособување и усовршување на околу 500 здравствените работници, кои ќе се одвиваат во државата и во референтни медицински центри во странски земји.

Воведени се мерки за обезбедување на комплетна хигиена во болниците и јавните здравствени установи, при што ригорозно ќе бидат санкционирани сите оние кои не ја почитуваат оваа политика. Пациентите мора да се третираат во хигиенски безопасни услови. Оние менаџери и лекари во здравствениот сектор кои нема да ги постигнат поставените цели и кои ќе погрешат во работата, а таа грешка ќе биде на сметка на пациентот, ќе бидат строго санкционирани, процес кој веќе започна. Мора да изградиме ефикасно јавно здравство со голем степен на доверба во него.

Поставен е, и во најбрзо време ќе биде имплементиран концептот за дентален туризам, при што во соработка со здравствената и бизнис фелата ќе се создадат услови за остварување на дополнителен девизен прилив.

Започнува со реализација мерката за поевтинување на лековите, преку овозможување на паралелен увоз на лекови и преку новата методологија за единствена цена на лековите, при што доаѓа до намалување на цената на околу 500 лекови, во согласност со светските здравствени стандарди. Ова е процес кој мора да биде остварен. Очекувам да наидеме на значајни опструкции, влијанија и подметнувања од страна на определени структури кои досега биле во прилично комотна позиција остварувајќи големи профити во оваа сфера и врз грбот на пациентите, но сакам да нагласам дека сите предизвици ќе ги совладаме и дека нема да попуштиме во оваа акција за подобрување на условите за лекување на пациентите.

Продолжува поддршката за културата.

Пуштен е во употреба Музејот на македонската борба за самостојност и државност, како обележје на жртвата на многу генерации и вреднување на нивните идеали и идеи за слобода, правда и еднаквост, како и за едукација на младите генерации за сопствената историја и за сопствените постигнувања.

Поставени се споменични обележја, како наш влог во светската културна и цивилизациска ризница, како одбележување на херојството и лидерството на нашите дејци.

За прв пат во историјата на Република Македонија, реализиран е мега проектот за превод на 130 тома македонска книжевност на англиски јазик. Комплетната збирка ќе биде дистрибуирана во светските библиотеки во насока на промоција на нашето творештво, на македонската култура и на нашиот идентитет.

Во насока на поддршка на туризмот.

Поставен е камен темелник за изградба на туристичкиот комплекс Македонско село, при што до крајот на годината ќе бидат завршени 20% од предвидените содржини.

Определени се нови локации кои се наменети за изградба на туристички капацитети, кои во соработка со општините треба во најбрз можен период да бидат дадени на лицитација по пат на транспарентна процедура.

Интензивно се гради хотел од светска категорија во Скопје, а се подготвува почеток на градба на таков и во Охрид.

Субвенциите за привлекување странски туристи остануваат и во наредната година. Покрај субвенционирањето на тур операторите ќе се фокусираме и на субвенционирање на нови авио превозници.

Еден од најголемите предизвици со кои се соочуваме во изминатите 20 години е обезбедувањето живеалиште, стан или куќа за населението.

Водени од ова, за прв пат во историјата на Република Македонија, започнаа да се реализираат проекти за давање државна помош на семејствата кои сакаат да купат стан или куќа.

Се донесе законот за проектот Купи куќа- купи стан, при кој проект Владата ќе плаќа половина од учеството за потребен кредит за секое домаќинство кое сака да купи стан или куќа. Дадената помош ќе се враќа после 20 години, без камата.

Се донесе законот за проектот Пола- пола рата, при кој проект Владата ќе плаќа половина од ратата за кредит за купен стан или куќа, во рок од 5 години кога е и најпотребно за домаќинствата. Оваа Владина помош ќе биде неповратна.

Реализацијата на двата проекта почнува на почетокот на 2012 година.

Надминат е уште еден 20 годишен предизвик. Конечно, помеѓу социјалните партнери Синдикатите, Работодавачите и Владата е постигнат договор за утврдување на минимална плата, која ќе 8 050 денари во НЕТО и 12 246 денари во БРУТО износ, односно ќе изнесува 39,6% од просечната месечна плата. Со оваа мерка директно им се помага на околу 65 000 работници кои работат во засегнатите сектори, и во оваа прилика би сакал да упатам честитки до претставниците на синдикатите и работодавците за високо изразената свест, за големата општествена одговорност и придонесот кон општествените процеси.

Започнат е проектот условени парични трансфери за учебната 2011/2012, со кој им се дава финансиска поддршка на социјално загрозените семејства од 12.000 денари годишно, под услов нивните деца редовно да одат во училиште

Спроведени се теренски активности за намалување на појавата на деца на улица и преземање на дополнителни мерки за нивно социјално вклучување и социјална интеграција

Со измена на закон решено е прашањето на пензиите на 1000 земјоделци пензионери, кои имаа проблем со осигурувањето уште од времето на социјализмот. Наскоро се очекува овој закон да биде прифатен во Парламентот.

Во област на земјоделството, за прв пат е отворен откупно-дистрибутивен центар, и тоа на меѓународно познатата компанија Агрокор. По давањето на субвенциите за земјоделство кои за следната година ќе изнесуваат 130 милиони евра, со овој центар значително ќе се помогне во реализацијата и на вториот сегмент од земјоделието, а тоа е пласманот, но и во едукацијата на земјоделците за остварување на повисок принос, и повеќе производство и повеќе приход од работата.

Исто така, определени се 73 парцели наменети за изградба на винарии кои ќе бидат дадени на продажба, а дел од нив веќе се на оглас за продажба, склучени се 317 договори со кои што е извршена распределба на 1464 хектари земјиште за граѓаните и компаниите, и дополнително се издвоени 2 милиони евра за поддршка на производителите на пипер и патлиџан.

Спроведени се повеќе акции за борба против корупцијата и криминалот, како што се акциите Нишан и Ариел, при акции за сузбивање на криминалот со опијати запленети се 20 килограми марихуана, 3 килограми хероин, и 170 килограми кокаин и расчистени се криминални случаи во кои е нанесена финансиска штета на буџетот и други субјекти од 398.967.821 денари

Владата ја усвои Национална Стратегија за борба против тероризам.


Република Македонија, трет пат по ред од страна на европската комисија доби позитивен извештај за спроведените реформи, и трет пат по ред доби препорака за почнување на преговори за членство на РМ во ЕУ, како резултат на посветената работа.

Започнат е дијалог со претставниците на новинарската професија, за унапредување на условите за работа, за заштита на правата од работен однос, за почитување на професионалните стандарди и за почитување на етиката и новинарските принципи. Со помош на нашата иницијативност како општество, како чинители, но и со поддршка на ОБСЕ, ќе се трудиме и на ова поле да достигнеме нови подобри стандарди во заеднички интерес, иако треба да се истакне дека и постоечката ситуација во оваа сфера, иако не е идеален, е подобра од многу земји кандидатки, но и од многу земји членки на ЕУ.



Како изгледа совршен маж..Он не изгледа..Он се понаша ......

Кон врв
zagor Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Уникатен песимист

Регистриран: 27.Септември.2007
Локација: Congo
Статус: Офлајн
Поени: 12850
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zagor Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Ноември.2011 во 12:48


ако се додаде и ова...

-дозволи zagor да си замени две штедливи сијалици од по 15w..
-овозможи горе посочената личност,да си инсталира систем за заклучување на визбата со катанец од Бит Пазар..
-да добие плата без задоцнување на 20-ти во изминативе месеци,ненамалена за процент на пораст на трошоци за живот...
-му овозможи редовно да си ја плати ратата од кредитот со 15% камата...

и многу други бенефиции.тоа за zagor.

а на другите...
-им купи 200 автобуси за да не трошат гориво со колите...
-да си купат дрва за огрев по повластена цена..купена од дивокрадци...заштедувајќи при тоа ни малку ни повеќе туку..цели 8000 денари МК...по домаќинство!...тоа за оние на цврсто гориво,а тие на парно...доброситуираниот комшија (во пензија)кој е исклучен од систем,да плаќа и за соседот кој 100% користи парно.
-гориво по 80ден/л, и да биде поефтино од 110 ден/лит,споредено со цената на сурова нафта во 2008г...
-куп споменици на плоштадот...
-на секои 100 метри по некој објект што личи или треба да претставува верски објект т.н. црква..
-фонтани,водотеци..клупи..канти..патеки..игралишта за тенис,голф и безбол..плацеви по 1е/мкв..игралишта или стадиони за хокеј..ноќно скијање..дневно спиење..итн.

и многу други ..други поволности.
...zagor e ziv,se drugo e laga.
Кон врв
MyWay Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Антиталенат на годината

Регистриран: 05.Септември.2008
Локација: Aruba
Статус: Офлајн
Поени: 23914
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај MyWay Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Ноември.2011 во 15:48
можеш загоре што сакаш да кажеш меѓутоа тоа што е напишано подолу е вистина...да
и не треба да се занемари..она добро што е сторено...било од која партија да е...

Како изгледа совршен маж..Он не изгледа..Он се понаша ......

Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Ноември.2011 во 17:19
Поставен е камен темелник за изградба на туристичкиот комплекс Македонско село, при што до крајот на годината ќе бидат завршени 20% од предвидените содржини.

Кај е ова
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
Ninja 35 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 17840
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ninja 35 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Ноември.2011 во 17:44
Еве што прави...лаже...
http://www.vistinometar.org/



КРАТКИ НОЗЕ!
Груевски: "Хилтон ќе гради хотел во Охрид"

"Светски познатиот хотелски синџир "Хилтон" за 2,5 години ќе изгради хотел на охридското крајбрежје, во што ќе инвестира 25 милиони евра, објави вчера премиерот Никола Груевски. Вкупната инвестиција ќе значи многу за Македонија и за туризмот, а особено за Охрид" - изјави Груевски.

повеќе...
КРАТКИ НОЗЕ!
Груевски е убеден во она што го објавува - 8 милијарди евра!!!

"Ние сме убедени во она што го објавуваме. Како што знаете она што сме го ветувале досега во нашите програми во најголем дел е исполнето и нема причина за сомнеж дека тоа нема да се исполни." изјави премиерот Груевски.

повеќе...
БИСЕР!
Блам на Груевски: Што артилерија е, да ви ....?!

"Тешка артилерија, ама од Првата светска војна. Застарен тип. Тие се за во музеј. Таквата артилерија. Сега замислете - нашата армија или било која армија да излезе со топови, и тоа е тешка артилерија. Иако е од Прва светска војна, тоа е тешка артилерија. И да рече, еве, имаме ние тешка артилерија...

повеќе...
НЕИСПОЛНЕТО!
Груевски: "До крајот на 2008-ма година француската "Монтипе" ќе изгради фабрика во "Бунарџик"

"Ова е добра инвестиција, бидејќи ќе апсорбира значаен дел од слободната работна сила од Македонија", рече Груевски. Според него, инвестицијата што треба со комерцијална продажба да стартува во 2010 година, годишно е предвидено да остварува приход од 70 до 100 милиони евра, а за пет години на Македонија да и’ донесе додадена вредност од 200 милиони евра.

повеќе...
КРАТКИ НОЗЕ!
Канческа Милеска: "Не постои никаква афера "Патриотска метла", сè што е кажано е неточно"

"Нема никаква афера и ништо од тоа што е кажано во јавноста не е точно", изјави Канчевска Милевска



повеќе...
НЕИСПОЛНЕТО!
Груевски: "Најдоцна до почетокот на 2009-та година Универзална сала ќе започне да се реконструира"

"Универзална ќе се обновува со владини пари. Во салата ќе се постават нови седишта, озвучување, вентилација, противпожарни скали и ќе се реконструираат таванот, катовите… " рече Груевски

повеќе...
НЕВИСТИНА!
Груевски: "Владата ќе инвестира 8 милијарди евра"

"Веќе денеска имаме еден многу сериозен проект, ако така може да се нарече, а тоа е изработка и објавување на стратегијата на Владата за наредните седум години за инвестирање, тргнувајќи од сега, за инвестирање во крупни инфраструктурни проекти, којшто е во висина од осум милијарди евра" рече Груевски.

повеќе...
НЕВИСТИНА!
Ставрески: "Најлошото помина"


"Бројките покажуваат дека состојбите во Македонија се такви што успеавме да го избегнеме најлошото".



повеќе...
НЕВИСТИНА!
Груевски: "Кој е за ЕУ и НАТО се гледа од сработеното"

"Ќе повторам, кој е за ЕУ и НАТО, а кој не толку се гледа по сработеното, а не по зборовите и чукањето во градите. "




повеќе...
НЕВИСТИНА!
Груевски: "Владата ќе продолжи со ревносна борба со криминалот и корупцијата"

"Владата ќе продолжи со силната, бескомпромисна , неселективна и ревносна борба со криминалот и корупцијата. Посветено ќе се бориме против сите форми на криминал и корупција, како што го правевме тоа и до сега."

повеќе...
КРАТКИ НОЗЕ!
Јанкуловска: "Специјалецот Спасов бил ангажиран до 24 часот"


Јанкуловска: "Значи по однос на неговата ангажираност, лицето со наредба било ангажирано до 24 часот. Што значи дека тој на должност бил до 24 часот и за тоа е направена службена белешка"



повеќе...
ВИСТИНА!
Павле Трајанов: "Пратениците на владејачката коалиција мора да потпишат меници како гаранција за нивната лојалност"

-"Секој претаник што се кандидирал има договор со носечката партија со одредени обврски да ги исполнува, меѓутоа..."
Какви обврски Трајанов?
-"Обврски во смисла на тоа дека треба да остане во коалицијата. Тоа е генералната обврска. Други обврски не знам дали има али главно е дека не може според тој договор да се напушти коалицијата или да се продава пратеникот", вели Трајанов.
- "Кандидатите на добитни места прифатија таква обврска. Сите пратеници доколку се обидат да ја напуштат коалицијата имаат обврски за водење на кампањата, медиумската кампања и во целокупна кампања дел од трошоците да ги сноси бидејќи главниот терет, товар на финансирање на кампањата падна на ВМРО-ДПМНЕ" рече Трајанов.

повеќе...
НЕВИСТИНА!
Ставрески: "Целосно ќе се реализира проектот "Вардарска силиконска долина"

"Ќе се реализира целосно според Програмата за преродба во сто чекори "Вардарска силиконска долина" во која треба да инвестираат светски познати компании од софтверскиот бизнис- "Вардарската силиконска долина" дефинитивно останува важен проект, покрај "Бунарџик"...

повеќе...
НЕВИСТИНА!
Груевски: "Законот за минимална плата е во фаза на реализација во Парламентот"

"На пример, решен е долгогодишниот спор за минимална плата. Многу влади пред нас ветуваа и не дозволуваа дури понизок износ од оваа што ние го ветивме, односно сега е во фаза на реализација во Парламентот."


повеќе...
НЕИСПОЛНЕТО!
Груевски: "Турската компанија "Шишеџам" отвора фабрика во Македонија"

"Инвестицијата ќе изнесува околу 45 милиони евра. Во првата фаза ќе се вработат околу 300 вработени и исто така се планира производство од 45 милиони евра. РМ нема ваква фабрика, оваа фабрика ќе значи и супституција на извозот а ќе значи и извоз" изјави премиерот Никола Груевски.

повеќе...
НЕВИСТИНА!
Веле Самак: "Ќе има толку многу странски инвестиции што ќе ни здодее"

"Во наредните две години во Македонија ќе има толку многу странски инвестиции што таквите настани ќе станат дури и здодевни", вели министерот за привлекување странски инвестиции Веле Самак.


повеќе...
КРАТКИ НОЗЕ!
Груевски: "Не е точно дека Владата сака да ја затвори А1"

"Се манипулира јавноста дека Владата е таа која што сака да ја затвори А1. Тоа не е точно."



повеќе...
КРАТКИ НОЗЕ!
Груевски: "Со "Сведмилк" нема да има повеќе млечна криза во Македонија"

"На задоволство на многу производители на млеко, кои во минатите години речиси секоја година доживуваа млечна криза, истурајќи ги вишоците млеко по улиците, денеска со задоволство го отвораме овој капацитет во кој се вложени 18 милиони евра, над 50 проценти шведски капитал во најмодерна млекарница за производство на млеко, кое е шведско, а наше" рече Груевски.

повеќе...
НЕВИСТИНА!
Ставрески: "Македонија за 4-5 години ќе произведува струја"

Вице-премиерот Ставрески (2007) вчера за австрискиот весник "Виртшафтсблат"
изјави дека Македонија за 4-5 години ќе стане извозник на струја...


повеќе...
НЕИСПОЛНЕТО!
Груевски: "До крајот на 2011 година ќе започне градбата на "Бошков Мост", "Луково Поле" и уште неколку сериозни градби"

"На пример, се вршат подготовки за, некаде отприлика за една година од сега да започне градбата на Бошков мост, градбата на Луково поле и уште неколку сериозни градби, а Владата е во комуникација и со крупна кинеска финансиска компанија која што се има понудено за поддршка на изградба на проектот "Вардарска Долина", значи целосно финансирање на тој проект."

повеќе...
НЕВИСТИНА!
Ставрески: "Македонија во 2009-та нема да влезе во рецесија"

- Ќе влезе ли Македонија во 2009 та во рецесија бидејќи такви се прогнозите за скоро сите земји од регионот?
Ставреcки: „Не очекувам.“


повеќе...
НЕИСПОЛНЕТО!
Груевски: "Резидор" ќе гради хотел во Скопје


Со инвестиција од околу 30 милиони евра во Македонија влегува компанијата "Резидор Хотел Груп" која за две и пол години треба да изгради хотел и трговски центар на земјиштето зад трговскиот центар "Рамстор", рече на денешната прес-конференција, претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски.

повеќе...
НЕВИСТИНА!
Груевски: "Не сум учествувал во никакво пазарење за амнестија на хашките случаи"

"Не сум учествувал во никакво пазарење за амнестија на хашките случаи за злосторство против човештвото. Имам прашано што се случува со овие предмети, кои се вратени во Македонија повеќе од една година, кажано ми е дека се во судска процедура", одговори вчера премиерот Никола Груевски.

повеќе...
ВИСТИНА!
Бети Кузмановска: "Јас лично се гордеам што сум послушник на Никола Груевски"

"Со тоа што го нарекувате претседателот на државата послушник на ВМРО ДПМНЕ или нас како пратеници не не навредувате. Јас лично се гордеам што сум послушник на Никола Груевски. Да, јас сум член на ВМРО ДПМНЕ и со гордост ова го кажувам." рече Бети Кузмановска, ВМРО-ДПМНЕ.



повеќе...


Изменето од Ninja 35 - 10.Ноември.2011 во 17:44
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Ноември.2011 во 17:56
Originally posted by Ninja 35 Ninja 35 напиша:

Еве што прави...лаже...
http://www.vistinometar.org/


БИСЕР!
Блам на Груевски: Што артилерија е, да ви ....?!

"Тешка артилерија, ама од Првата светска војна. Застарен тип. Тие се за во музеј. Таквата артилерија. Сега замислете - нашата армија или било која армија да излезе со топови, и тоа е тешка артилерија. Иако е од Прва светска војна, тоа е тешка артилерија. И да рече, еве, имаме ние тешка артилерија...




Морав да се изнасмеам на ова


Е ај замислете што ќе биде, кога ќе пропукаат со современо оружје што може да се носи со себе па дури и во рака или мала кутија за оружје (за разлика од топот) па додека ние го свртиме на една страна тие ќе не нападнат од друга
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Ноември.2011 во 23:39
За цела влада незнам, ама за Николето знам дека се засука да го среди здравството. Од мене има 5 затоа што ги натера да исчистат, па затоа што казни неколку директорчиња. Чекам сега да ги смени оти лутината ја истураат врз вработените.
Знам дека министерчето за информатика тешко се справува со директорите на училиштата за примена на компјутерите. Сега заедно со другар му Панче ќе казнувале.
Море Иво министерче мило, а да знаеш дека пусти даскали мака мачат- мора да штампаат, да дрошат тонери, оти директорите не признавале мејловизбунетост
Така за тројца амбициозни министри сопки  на секој чекор.
Кон врв
MyWay Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Антиталенат на годината

Регистриран: 05.Септември.2008
Локација: Aruba
Статус: Офлајн
Поени: 23914
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај MyWay Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Ноември.2011 во 09:48
[QUOTE=Ninja 35]Еве што прави...лаже...
http://www.vistinometar.org/


хахахахаха...ова ми е нај јако .бреееееееегазење%20од%20смеење
 
од очај комуњарите не знаат што да измислат...
 
Па ај место што не е направено од страна на ВМРО нека напишат што тие направиле во нивно време и што прават сега..па да споредиме..
Тоа поштувам.......дела...а не критики да
 
 

Како изгледа совршен маж..Он не изгледа..Он се понаша ......

Кон врв
Gorazd777 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Октомври.2008
Локација: Евразија
Статус: Офлајн
Поени: 1584
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Gorazd777 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Ноември.2011 во 20:29
Ете јас не сум Комуњар(која етикета повеќе им прилега на УДБашите од ПДНЕ-овчарско ,блгарската партија),поставувам прашање,

ВО СИТЕ ОНИЕ ФАЛБИ ПОГОРЕ КАДЕ ЈА ИМА МАКЕДОНИЈА,ПАТРИОТИДИ?

Па нели треба цела земја да ја градиме ,ане само главниот град или...другите нека цркаат ???
ВОЈНАТА Е МИР
СЛОБОДАТА Е РОПСТВО
НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА
ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА
Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Ноември.2011 во 20:49
Za prv pat vleguvam tuka vo politika i ostanav zaprepastena od izrazite koi gi upotrebuvaat chlenovite.
Navistina nisko nivo na komunikacija.
 
 
A vo vrska so temata, osven spomenicite koi se vidliv dokaz za potroshenite pari, drugo podobruvanje lichno jas ne pochuvstvuvav. Isto kako shto ne pochuvstvuvav podobruvanje od prethodnata vladejachka garnitura. Shto pravi? Navistina ne znam, iako mnogu lica velat deka pochuvstvuvale podobruvanje. Dokolku na mnozinstvoto e dobro, bash mi e milo.
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Ноември.2011 во 20:54
Originally posted by evangeline evangeline напиша:



Za prv pat vleguvam tuka vo politika i ostanav zaprepastena od izrazite koi gi upotrebuvaat chlenovite.
Navistina nisko nivo na komunikacija.
 


Navistina mnogu zhalosna vistina... neshto shto odamna e dozvoleno da se razviva i so vremeto stanalo "normalno" odnesuvanje na ovoj podforum. Dobroto e shto site chlenovi ne se takvi.

Kje treba malu da porabotime na toa...




Изменето од Messenger - 11.Ноември.2011 во 20:55
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Ноември.2011 во 09:27
Убаво би било кога забелешките би се кажувале и цитирале во ЗАБЕЛЕШКИ
********************************
ај на тематанамигнување
Си ги поправа грешките

Лекарите од штипската клиника бараат смена на директорката

почна новиот министер со корекции, ама не брише со коректор туку кине, ампутира, протетизира и бара одговорност прво од своите. Алал вера за човечево младо и зелено, ги раздрма, почнаа со оставки.Го читам написот и си ја думам-знаат ли овие раководниве дојдени на функција со партиски изим САМО заради партиска потрчавалост дека лекар пред операција не се нервира, дека на лекар му треба материјали за работа (оти во образование многумина на даскалите им наложуваат да си платат од плата за тонери, хартии за печатење за службени потребизбунетост) . Треба ли лекарот да си донесе од дома завои, пипети, шприцеви.
Време е да ги сметат со метла овие кои од анцеларија попуваат. Време е, дури и се закасни. Чим вработените некого не сакаат на тој не му е местото таму.Николчето е на потег-спас за вработените.да

Кон врв
Zlatnik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zlatnik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Ноември.2011 во 10:35
Originally posted by mamamd mamamd напиша:

... (оти во образование многумина на даскалите им наложуваат да си платат од плата за тонери, хартии за печатење за службени потребизбунетост...

Ти верувам, можеби навистина за таа намена се земаат пари и од наставниците!? Ништо чудно за наши услови!
Но веројатно знаеш/те дека и од учениците се земаат по 100 денари, за истата намена.
Токму за ова се расправав на неколку родителски средби.
Некои од родителите, научени беспоговорно да слушаат и да прифаќаат се што ќе им се каже од страна на учителот (бидејќи нели, опасно е да им се контрира, за да не го земат „на заб“ детето), веднаш ми одговорија: „де бе па ти, што се 100 денари ...“. Додуша, имаше и такви кои ме поддржаа. А најглемиот дел од нив, типично за нас, си ќутеа. Сигурно од истите причини, да не се замерат со учителите. Затоа, јас морав да им објаснувам на табла, како на мали деца.
Велешката гимназија има околу 950 ученици. За полесна пресметка им заокружив на 1000.
1000 ученици х 100 денари = 100.000 денари (1650 евра)
Најчесто за еден тест потребно е 1 лист, но јас им додадов уште еден, значи 2 листа за еден тест.
1000 ученици х 2 листа = 2000 листа за еден тест.
Обично се прават два теста во едно полугодие
2000 листа х 2 тестирања = 4000 листа.
Нека имаат тестирања по 5 предмети
4000 листа х 5 предмети = 20.000 листа
И за второто полугодие уште 20.000 листа
20.000 х 2 = 40.000 листа.
Еден топ од 500 листа (и тоа во малопродажба, од каде секако не би требало училиштата да купуваат) чини 200 -250 денари, или просечно 225 денари. Соодветно на ова имаме:
40000 листови : 500 листа/топ = 80 топа хартија
80 топа х 225 денари = 18.000 денари (300 евра)
И сега извадете
100.000 - 18.000 = 82.000 денари (1650 евра - 300 евра = 1350 евра)
За која намена одат овие сретства во износ од 1350 евра? За тонери?
Ај, да не ви одземам време и простор. Пресметајте самите.
Којзнае, ако сега ги видам тие родители, можеби сеуште ќе им биде подотворена устата.

Е, тоа ми беше муабетов, владава (меѓу другото) тоа треба да прави, да ги испита и да ги спречи овие појави. Како во школството, така и во здравството, каде самите пациенти си носат греалки, оти собите се „камен“, лажици, вилушки, шољи за чај, ампули, шприцови, апчиња (и друга соодветна терапија), а не е ретко и самите пациенти мораат да се снаоѓаат за крв дури и истата самите да ја пренесуваат.
Тие кои го доживеале ова, знаат за што зборувам!
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 102103104105106 200>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,234 секунди.