IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Интима > Љубов
  Активни теми Активни теми RSS - Напиши љубовен текст (дневник на вашата душа)...
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Напиши љубовен текст (дневник на вашата душа)...

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4647484950 58>
Автор
Порака
anakin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unidentified Flying Object

Регистриран: 08.Август.2005
Локација: Machku Pichku
Статус: Офлајн
Поени: 18535
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај anakin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јуни.2011 во 23:05

Тишината е работа на перцепција.

А тие седат на четири столчиња и молчат.

Таа го мрази, зашто ја изневери.

Тој ја изневери, зашто таа го мрази.

Башка не го разбира.

Таа вреска во себе, љута, на него, на себе.

Тој ја погледнува другата на заедничката маса.

Вика во себе, е да ми беше оваа, а и не мора да ме разбира.

А таа го гледа својот што седи до неа замислен.

Во главата и‘ одѕвонува- Сакааааааај мееееееее!

Тој молчи а сепак во мислата му ечи- Глуп, Глуп шо зема кредит.

Банкрот сум, а мојата троши како две, три, ма четири.

Како не земав некоја друга, например ова карши мене. Глуп, глуп, глуп.

.

Заминав, многу ми сметаше бука и галама на тишината на соседната маса.

Да, тишина е само работа на перцепција. Понекогаш ечи.

SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.

Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јули.2011 во 20:49
Во темнината тажен крик, љубовен плач се гуши во солза.....
Молк и само еден миг шепотејќи за љубовта.........
Една воздишка од осаменото лице испратена до саканиот......
До прозорецот кого ветерот го тресе некој тагува за првата љубов. Таа прва рана што отвора сни.... изгубени или најдени.....
Таа прва солза што се тркала, избришана или зачувана.
Таа прва тага.... запаметена или заборавена на едно лице во темнината што ја откри тајната на љубовта......
Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Септември.2011 во 22:51
Тивка ноќ на јунско лето и болка од убав и нежен заборав. Една улица на крајот од градот и твојот балкон, а под него мирис на тага, гитара со циганска душа и дете со солзи во очите. А на крајот од улицата, во темнината на ноќта, само ти и надеж, тага и болка...
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
pagane Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 21.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 13044
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pagane Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Септември.2011 во 14:45

Една силнонежна целувка , целувка първа, неочаквано и ненадейно наша, само наша, а е там, на върха на устните от памтивека, ловец на мига, в който да ги направи  топло меко сочно едно.

Една прегръдка извикана от природният порив на тялото.

Една извивка на рамената настръхнали от първият допир.

Едно свиване в тебе, дълбоко в тебе…един мускул обхванал

Същината ти и биещ като едно малко микроскопично сърце.

Желания връхлитащи в мига, толкова много и разнопосочни, като моята любов за тебе.

Жажда, непресъхваща и първобитна за твоето тяло, тяло, толкова екзотично, излъчващо толкова мъжкост , толкова грациозност. Напомнящо гръцките богове, в тяхната разноликост, събираща се единствено възможно в твоят лик.

исках да запечатам целото това великолепие в устните си. О,да целувах лицето ти, целувах очите ти, целувах клепките, целувах миглите, целувах плътните правилни вежди, целувах челото ти, събирах жадно росата на страстта по тялото ти , благодарейки се за съществуването на всяко малко косъмче покриващо вечната младост на гладката ти кожа, почерняла от слънцето, което толкова обичаш.

Целувах ръцете с прекрасно оформени розови нокти, галейки изтънчената дължина на пръстите ти, издаващи изключителен интелект и и креативност, страстно целувах страстта ти, поисках да я погълна , а тя  цялата ме изпълни.А знаех,знаех и преди, че само твоята сол може да бъде сладка.

Нежно рисувах по краката ти,

Нозе изваяни , от изящен скулптор, може би Бог , оня цивилизационният , но много по-вероятно

Един от от онези, само твои. Целунах всеки един пръст, благодарейки, че стъпва на същата тази земя, на която до сега само ходех , а заедно с тебе не чувствах под краката си.

Безшумно , но в безумна страст се отърквах в тебе,за  да попие кожата ми  всеки мирис, да го пленя да бъде мой, поне още малко , поне за още малко, поне за още само малко…

Една малка любовна кражба от универсума, която ще платя с една малка вечност без тебе, без твоят допир, без твоята милувка, без ръцете, твоите под моята глава, без тихата целувка твоя по челото мое,без моите нозе съвсем естествено обгърнали те …без всичко това, което си ти, което съм аз, което сме ние.

Как ще живея в  една такава малка вечност?

с утехата, че любовта е неуловим  крадец на мигове.

поне на още един…на още  толкова мигове до тогава и  дотам, където свършва всяко желание, всяка жажда, всяка страст, всяка любов.

Кон врв
ПодВодно Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 7391
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ПодВодно Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Октомври.2011 во 12:42
Ах, Пагане, пола не те разбрав, но цела се наежив     
Кон врв
pagane Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 21.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 13044
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pagane Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Октомври.2011 во 18:36
само можам да бидам срекна
оти баш ти тоа го кажа.
среќаѕвезда
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Ноември.2011 во 01:22
Една интересна приказна за љубовта и лудоста ... не најдов соодветна тема во цел форум љубов па замислена , фолки ако мислите дека не и е тука местото преместувајте голема%20насмевка

        "....Некогаш одамна сите човечки чувства и квалитети се собрале на некое скриено место на Земјата.Кога Досадата се прозевнала три пати,Лудоста секогаш луда, им предложила нешто на сите:
 - Ајде да играме криенка ! Кој ќе се сокрие најдобро е победник од сите чувства.
Интригата ја подигнала десната веѓа а Љубопитноста неможејќи да премолчи прашала :
 - Криенка ?! Каква е таа игра ?
 - Тоа е една игра...започнала да објаснува Лудоста...во која ја ги покривам очите и бројам до милион,се додека вие не се сокриете.Кога ќе завршам со броење , почнувам со барање и оној кој нема да го најдам е победник !
Ентузијазмот почнал да игра , воодушевувањето го следи.Среќата толку скокала што ги наговорила Сомнежот и Апатијата која никогаш ништо не ја интересирало.
Но не сите сакале да играат.Вистината била против криењето а и зошто воопшто би се криела ? Ионака на крај сите ја пронаоѓаат плазење Гордоста мислела дека тоа е глупава идеја , иако ја мачело тоа што незе не и текнало да ја предложи играта.Претпазливоста не сакала да ризикува.Но се согласиле на крај сите.
Лудоста почнала да брои.Мрзеливоста се скрила прва,која како и секогаш,само се фрлила под првиот камен што го видела на патот.Верата се качила на небо,зависта се скрила во сенката, Успехот се помачил да се качи на највисокото дрво.Великодушноста никако не можела да се одлучи каде да се скрие,затоа што секое место и се чинело совршено за некој од нејзините пријатели.Убавината се фрлила во најчистото езеро,Срамежливоста се пикнала во некоја пукнатина на некое дрво.Слободата се сокрила во ветрот,Себичноста си нашла место но само за себе.Лагата се сокрила на дното од океанот(лаже на крајот од виножитото) а Страста во кратер на вулкан.Заборавот заборавил да се скрие , но тоа не е ни важно.
Кога Лудоста избројала 999.999 Љубовта уште не нашла место да се сокрие затоа што сите места биле зафатени.Видела ружи па скокнала во нив и се сокрила во пупките.
Лудоста избројала до милион и почнала да бара.Прво ја нашла Мрзеливоста веднаш под првиот камен.Набрзо се чула Верата како расправа теологија со Бог а Страста излегла од кратерот од што и било страв.Случајно тука се нашле Зависта и Успехот а Себичноста не ни морала да ја бара , сама се појавила , излегла од своето место кое било пчелина кошничка.После некое време од барање Лудоста ожеднала па во кристалното езеро ја нашла Убавината.Со Сомнежот и било уште полесно затоа што не знаел каде да се скрие па го видела во близина на некој камен.Едно по едно Лудоста ги наоѓала сите.Талентот во златниот клас на житото,Анкциозноста во изгорената трева , Лагата на крајот од виножитото (лаже била на дното од океанотплазење) а Заборавот заборавил и дека воошто нешто играат.Само Љубовта не можела никаде да ја најде.Пребарала насекаде и почнала да биде бесна Лудоста.Влегла меѓу ружите и со сува гранка од бес почнала да удира по прекрасните пупки.Одеднаш се слушнал болен крик.РУжините трње ги изгребале очите на Љубовта.Лудоста не знаела што да направи.Го најде победникот , чувството над чувствата , но Љубовта останала слепа.Лудоста плачела и ја молела Љубовта да и прости и најпосле одлучила да остане покрај Љубовта и да и помага.
И така Љубовта испадна победни меѓу чувствата но останала слепа а Лудоста ја следи каде и да оди таа." голема%20насмевка
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Ноември.2011 во 22:13


Јас сум силна..бидејќи ја спознав слабоста ...
јас сум сочувствителна..бидејќи го искусив страдањето...
јас сум жива..бидејќи сум борец...и сум мудра, бидејќи
бев неразумна.... Се смеам...бидејќи ја познавам тагата
и можам да сакам ..затоа што ..ја запознав загубата ...
Ја преживеав бурата .....
...Можам да танцувам на дождот ......
Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Ноември.2011 во 22:20
Те свиѓам ко хамбургер од Седмица, ко баба шо чека на тв у парламент седница. Ти го давав цел свет, но ти си купи атлас, ме шитна ко од Сител да отиде у Алфа Латас. Ми пасуваш фино, као Стоби вино, те свиѓам више месеци, години, деној, дај да ти ја запеам од кајшаров- бакнувај ме , кога сите ти велат немој.... Ми иде романтикава ко на алачки македонската кујна, те свиѓам жими Тито, Мерлин Монро и на Лејди Гага братучетка и од вујна.
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
BlackKnight Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 27.Март.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BlackKnight Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Декември.2011 во 12:30
После многу време влегувам на темава......Драго ми е воопшто за ова што има да се види овде,сите ваши чувства ,,откинати делови,, од вашата душа,споделени со останатите меѓу кои и јас.....
Ве поздравувам сите и искрено после 5 години да се види овакво нешто е добар фидбек....

Јас ја започнав оваа тема.......Фудбалскиот менаџер......
Убав ден на сите.....
Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јануари.2012 во 10:29

Како го помина денот што за сите беше обичен
освен за мене  заради здивот што го издишуваш во него...???

Дали ноќва сонуваше  и дали јас бев внатре?
Како ги толкуваше моите слики ....а како моите зборови?
Дали денеска имаше проблем ...со конвенционалноста на светот
или некој ти се додворуваше...зашто не знаеше дека постојам
На што мислеше додека гледаше  ...во стапалата што те враќаа дома?
Дали бојата на лисјата ...е бојата на нашите души
и дали измаглината те носи ...кон сонот додека буден чекаш
денот да те поздрави.....?
Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Февруари.2012 во 11:59

Никогаш нема да можеш да ги избегнеш злобните коментари и озборувања на твоја адреса! Без разлика што правиш или не правиш, што зборуваш или што премолчуваш, секогаш ќе има незадоволни! Едноставно запомни, дека ако беше никој, немаше и да те коментираат!

Животот не ти ги дава луѓето што ти ги сакаш. Тој ти ги дава оние од кои имаш потреба. Да ти помагаат. Да те повредуваат. Да те сакаат. Да те напуштат. И да те направат човекот што треба да бидеш…

Љубовта е да ја раздаваш душата без жал и во истиот миг да заборавиш кому што си му дал!

Нема полесна вежба за срцето од тоа да протегнеш раце и да го подигнеш духот на некого!

Ако остануваш – остани за секогаш!

Ако заминуваш – стори го тоа денес!

Ако се промениш – тоа нека биде на подобро!

Ако зборуваш, биди убеден во тоа што го кажуваш…

Понекогаш она што ти дава сила е твојата слабост…

Не секогаш е лесно да зборуваш тивко…Особено кога живееш во опшество на глуви!

Пазете се од луѓе кои се обидуваат да ги омаловажат вашите успеси и амбиции. Малите луѓе секогаш ќе го прават. Додека вистински големите ќе ве направат да почуствувате дека и вие можете да станете големи!

Кога си навистина важен за еден човек, тој секогаш ќе најде време за тебе – без извинување, без лаги и без неисполнети ветувања.

Можеш ли да бидеш сигурен која болка е полоша – шокот од тоа што веќе се случило или болката од она што никогаш не било?

Кога ја пишуваш историјата на својот живот, не дозволувај друг да го држи пенкалото!

Животот е премногу краток, за да го поминеме во чудење. Ако сакате да направите нешто, направете го. Секогаш! Дури и ако после се покаете, дека не било тоа што сте си го мислеле…

Живеј за себе и запомни – пред да зборуваш, слушај, пред да пишеш, мисли, пред да повредиш, почуствувај, пред да мразиш, сакај, пред да се предадеш прво пробај, пред да умреш, живеј!


......напишано  од  Попара......

Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Февруари.2012 во 19:19
ТВОЈА СУМ

Од некаде се појави
и срцево во окови ми го стави.
Ме зароби.
Со кого војуваш
чувару на моите замоци?
Со онаа со која
бесрамно љубов водиш
во глуво доба?
Твоја сум.
Душава тебе ти припаѓа.
Поради тебе и во пеколот 
спремна сум да горам!
Демон ли си?
Ангел ли си?
Твоја робинка ме направи.
Скини ги синџирите 
во кои ме окова.
Поведи ме по зелена ливада
со полско цвеќе.
Како млада селанка
босонога,
љубов води со мене
покрај река.
Покажи ми како со рака
врвовите на планините
да ги допрам,
стави го сонцето
во моите очи.
Смири го немирот 
во мене.
Скроти ме!
Урни ги бедемите
кои ги изградил животов 
околу мене.
Сакам без страв да те љубам.
Само ЈАС и ТИ.
Две судбини во проклетствово
што се вика ЖИВОТ!!



На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Март.2012 во 01:01

Тажни чекори ....
Болни воздишки помеѓу мртвите ѕидови на нејзината осамена соба...
Одекнува зората - и таа повторно е сама...
Повторно ги крие своите солзи...
И повторно се опива со тагата!!...
Беа среќни нејзините денови кога таа уживаше во нишките на љубовта... Едвај го чекаше секое изгрејсонце и секој нов, нареден ден за да може да сака со уште поголема сила и уште повеќе да биде сакана од својата љубов, она што за неа претставуваше извор на енергија, среќа... Живот!
Кога ќе ја почувствуваше силата на неговата дланка, таа и беше најсилна, можеше се... Не беа важни сите препреки и бариери...
А пак неговата топла прегратка и го топеше срцето и смируваше душата неизмерно... Засекогаш!
Секој негов допир за неа беше свет!
Секој негов бакнеж таа го почитуваше, паметеше и го пазеше како очите....
Секој нов ден им носеше нова радост... Иако по малку, тие тоа го ценеа.. Ронка по ронка, дел по дел - собраа богатство од љубов кое не би го менувале за ништо на светот..
Кога таа тагуваше, тој само со еден свој поглед и испраќаше нежна утеха и поддршка за да ја крени главата и да продолжи напред! А кога тој немаше кому да се обрати, таа беше неговата верна сенка и рамо за плачење кое останало од порано и ќе останува и понатаму...
Шетаа под сонцето и мирните облачиња.. Беа единствени, сами, среќни..Сонцето им ги галеше лицата со својот блескав сјај, а ветрето си поигруваше со децата во нив!
Шетаа под ѕвезденото небо... Таа имаше покрај него што и да посакаше, тој и воопшто и беше се...! Но, сеуште не и симнал ѕвезда.. Неговите две очи беа најсветлите и најпрекрасни ѕвезди за самото девојче во целиот свет!! Ништо повеќе не и требаше, меѓусебно се надополнуваа и ја гасеа жедта за нивната силна љубов!!
Пристигна и наредното утро... Часовникот не ѕвона, таа веќе беше будна и нестрпливо го потеруваше времето напред за да ја пречека својата љубов! Есен, тажни лисја низ патиштата, а во нејзиното срце чуден немир.. Што се случува? Каде е? Грешам ли?
Не дојде, ни тој ден, ни наредниот... Се изгуби во бескрај, а и таа се изгуби... Не знаеше каде е нејзиниот дух, тој го поведе со себе.. Тој беше нејзиниот живот, па како можеше сега и него да го загуби?? Толку ли беше способна? Толку ли таа искажа љубов??
Се обвинуваше со минути, часови, денови... Времиња!
Го изгуби неговиот допир во далечината...
Таа сакаше и беше сакана, значи постоеше!
А како ќе постои од денес натаму?? Да се заклучи во своето тело или да маскира насмевка? Не знаеше сама, не бараше помош....
Ја опиваше тагата, ја труеше нејзината душа!

Го гореше нејзиното срце и го посетуваше пеколот!

Опиумот се повеќе ја заспиваше отколку што ја будеше нејзината тенка снага...

Продолжи да ја живее сенката што останалa од нејзиниот живот, бидејќи оригиналниот замина.... 


Засекогаш!!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4647484950 58>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,297 секунди.