|
Витамини во исхраната |
Внеси реплика |
Автор | ||||||||||||
Klara-D
Сениор Регистриран: 03.Март.2011 Статус: Офлајн Поени: 2671 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 08.Ноември.2011 во 15:03 |
|||||||||||
Витамин А
Витаминот А (или ретинол) е првиот откриен витамин, па затоа е именуван со првата буква од латиницата. За првпат бил препознаен во 1913 година. Тој е особено важен за одржување на видот (на очите), за добрата состојба на коските, кожата, косата, забите и непцата. Без доволно витамин А, организмот е посклон кон инфекции. УлогаНа нашето тело му е потребен витаминот А за да се произведе родопсин, односно пигмент кој ни помага да гледаме кога е темно. Овој витамин игра важна улога во имунолошкиот систем и нѐ чува од бактериски, паразитски и вирусни инфекции. Поради ова, витаминот А е особено значаен при прележувањето на сипаници кај децата. Тој помага устата, дигестивниот и респираторниот систем да бидат влажни и на тој начин го спречува навлегувањето на надворешни организми и отрови, како и да лечи воспаленија или пост инфекции. Овој витамин е еден од најактивните антиоксиданси, а помага и во заштитата на кожата од штетните сончеви зраци. Особено е важен во лекувањето на акни и мали брчки. Докажано е дека витаминот А дејствува профилактично кај некои видови рак, помага за намалување на нивото на лош холестерол и го намалува ризикот од срцеви заболувања. Недостигот на овој витамин, иако е реткост, сепак се појавува. Притоа, најризични групи се луѓето болни од рак, туберколоза, пневмонија, хронични болести на бубрезите или болести на простатата. Некои од симптомите кои се појавуваат при дефицит на витамин А се:
УпотребаПрепорачаните дневни потреби на витамин А варираат, а во зависност од полот и возраста на лицето се:
Поради фактот дека постои голем ризик од интоксикација (хипервитаминоза А) со витамин А, максималните количества на витамин А кои можат да се примаат дневно се:
Извори на витамин АЖолтото и темно зеленото овошје и зеленчук имаат високо количество на провитамин А, особено бета-каротен. Во некои плодови, како што се морковите, провитамините не се веднаш во состојба за апсорпција, бидејќи се врзани со протеини. Затоа е потребно претходно да се сварат. Витаминот А го има во:
Витамниот А е стабилен кога ќе се изложи на топлина и светлина. Иако, при готвењето генерално не се уништува, може да се направи неактивен кога е изложен на влијание на железо и бакар. Заштитен е во присуство на витамин Е. Последици од недостатокПрвиот симптом од недостаток на витамин А е влошениот вид, кој се манифестира со ноќно слепило. Потоа, недоволниот телесен развиток на децата, проблеми со репродуктивниот систем кај возрасните, гингивитис, многу сува кожа и инфекции. Ако недостатокот е голем може да дојде и до спонтан абортус и анемија. |
||||||||||||
Renatax
Сениор Регистриран: 27.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 11613 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||
Кои витамини спаѓаат во Б комплексот?Кога зборуваме за витамини Б, всушност зборуваме за Б комплексот. Тој ги вклучува следните витамини: Б1 (тиамин). Значаен е за создавањето на енергија во телото. Влијае и врз работата на нервниот систем, срцето и другите мускули. Б2 (рибофлавин). Овој витамин е значаен за одржување на добар вид, создавање на црвени крвни зрнца, зачувување на силен имунолошки систем и нормално функционирање на нервниот систем. Б3 (ниацин). Ја подобрува циркулацијата на крвта и го намалува нивото на лош холестерол. Исто така помага и во одржувањето на здрава кожа. Б5 (пантотенска киселина). Значаен е за одржување на здрава кожа, влијае врз работата на нервниот систем и помага при стрес. Б6 (пиридоксин). Помага при разградувањето на протеините и го одржува здравјето на нервниот систем. Б7 (биотин). Помага за нормализирање на нивото на шеќер кај дијабетичарите. Ги зацврстува ноктите и ја одржува косата здрава. Б9 (фолна киселина). Помага при стрес и малаксаност. Учествува во создавањето на ДНК и ја подобрува крвта. Б12 (коболамин). Го зголемува апетитот и помага во превенцијата од анемија. Како да познаете недостиг на витамините Б?Како што веќе споменавме, витамините Б се комплекс од различни витамини, па затоа и симптомите при нивен недостиг се најразлични. Некои од тие симптоми се:
До денес не се познати случаи на предозирање со витамини од Б групата. Но, пред да започнете да консумирате поголеми количества, консултирајте се со доктор. Во кои храни се застапени витамините Б?Витамините Б можете да ги внесувате преку различните додатоци како мултивитамините. Но, експертите советуваат да ги примате основно преку исхраната. Витамините Б најмногу се застапени во зрнестите храни како пченица, ориз, овес, ’рж и во џигерот. Исто така се среќаваат и во зеленчуците со зелени лисја, месото од домашни птици, рибата, јајцата, јаткасти плодови и гравот. |
||||||||||||
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
||||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||
Витамин Ц за добро здравјеЗдравје |
15. декември 2010 - 20:09
Витаминот Ц, познат уште како аскорбинска киселина,
помага во заздравувањето на коските, намалувањето на лошиот холестерол и
нормализирањето на крвниот притисок.
На сите нас добро ни е познато дека витаминот Ц го зајакнува имунолошкиот систем и не прави поотпорни на вируси и настинки. Затоа, во периодите кога настинките се честа појава се препорачува да се внесува витамин Ц. Некои од симптомите кои се појавуваат при недостиг на витамин Ц (хиповитаминоза Ц) се: Слаб имунитет и склоност кон настинки и вируси, крвавење на непцата, болки во нозете, бавно заздравување на раните и коските, појава на флеки по кожата, анемија. Витаминот Ц не се задржува долго време во нашето тело, па затоа треба да се внесува секојдневно. Тој е застапен во зелените зеленчуци, доматите, црвените плодови (капинки, малинки, боровинки), цитусите (портокали, лимони, грејпфрут), магдоносот, компирите и др. При консумирањето на витамин Ц преку исхраната треба да внимавате, затоа што тој многу лесно губи од својата вредност во процесот на готвење. Витаминот Ц не е многу издржлив ниту на висока, ниту на ниска температура. Овошните плодови и зеленчуците готвени 10-20 минути губат половина од витаминот Ц кој што го содржат. Затоа, зеленчуците и овошјето јадете ги свежи или гответе ги на пареа. Така ќе внесете максимално количество од овој толку важен витамин. |
||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||
Витамин D – што, зошто, како...
Што е витаминот D? Витаминот D е витамин кој се раствара во мастите, а се наоѓа во ограничен број намирници како што е маслото од црн дроб на бакаларот, жолчката на јајцето, маслото од рибите од ладните северни мориња како штосе лососот и харингата. Се смета за витамин бидејќи синтезата во човековиот организам зависи од изложувањето на кожата на сончевите зраци, иако има активност и на хормон. Витаминот D се создава под влијание на ултравиолетовите зраци од формата на холестеролот во кожата кој се вика 7-дехидрохолестерол. Зраците ја менуваат формата на спомнатото соединение и го конвертираат во холекалциферол, послаба форма на витаминот D3, кој се транспортира во црниот дроб и во бубрезите, каде со помош на ензимски реакции се трансформира во активна форма на витаминот D3. Како влијае во организмот? Витаминот D помага во апсорпцијата и користењето на калциумот и фосфорот. Потребен им е на децата за нормален раст, а на возрасните за сите функции кои бараат калциум и фосфор, како што се пренесувањата на нервните дразби, правилниот ритам на срцето или згрутчувањето на крвта. Доволно количество на витаминот D ќе ја превенира остеопорозата и напредувањето на остеоартритисот и хипертензијата. Како да се осигура телото со неопходно потребно количество на витамин D? Препорачана дневна доза е 200 I.U. Најдобар начин за снабдување на организмот со витамин Dе со изложување на сончевите зраци во траење од 10-15 минути, бидејќи тогаш се регулира автоматски количеството на настанатиот витамин D. На тој начин делумно се регулира и нивото на холестерол, бидејќи прекусорите на витаминот D бараat холестерол за претварање во хормон сличен на витаминот, а без адекватно количество UV зраци прекусорите на витаминот D може да се претворат во холестерол. Се смета дека на секои 5% површина од кожата изложена на сонце може да се произведе 435 I.U.витамин D. Сонцето најсигурно е најекономичен и најдобар извор на витаминот D, но во зима добро е да се осигурате со препорачаното количество витамин D во форма на суплемент. Исто се препорачува и за луѓе кои живеат на места со мал број сончеви денови. *1 mcg витамин D одговара на 40 I.U.(интернационална единица)
Изменето од Valerija - 10.Ноември.2011 во 16:04 |
||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||
Витамин Е – што, како, зошто?
Што е витаминот Е? Витаминот E e силен антиоксиданс кој ги заштитува клеточните мембрани и другите липосолубилни делови на телото, и може да го намали ризикот од појавата на срцеви заболувања. Две студии објавени во New England Journal of Medicine покажуваат дека луѓето кои земаат барем 100 I.U.од витаминот Е дневно во текот на минимум две години, бележат 37-41% пад на ризикот од појавата на срцево заболување. Постојат различни форми на витаминот Е: Имињата на сите форми на витаминот Е почнуваат или со “д“ или со “дл“, кои се знаци на различни хемиски структури, “д“- формата е природна, а “дл“ е синтетска. Природната форма на витаминот Е е поактивна од синтетската. За компензација на ниската активност на синтетскиот витамин Е тој се додава во поголеми дози. 100 I.U. од витаминот Е бара 67 mg природна форма,и барем 100mg синтетски витамин Е. Токсичноста на синтетскиот витамин Е не е докажана, но се препорачува природната форма. Кон назнаките “д“ и “дл“, често се појавува грчката буква алфа, која исто така ја опишува структурата. Синтетскиот “дл“ витамин Е постои исклучиво во алфа форма(дл-алфа токоферол).Природниот витамин Е постои како алфа (д-алфа токоферол) или како комбинација алфа, бета, гама и делта која се вика месечен природен токоферол. Формите на витаминот Е се спомнуваат и како “токоферол“ или “токоферил“ (“токоферил ацетат“). Овие две форми видно не се разликуваат, иако е можно токоферолот да се апсорбира нешто подобро, а токоферил – формата има подолго време на складирање. И двете форми се активни при орално внесување, но кожата неможе да ја искористи токоферил формата, па кај нанесувањето на витаминот Е на кожата треба да се користи токоферол. Извори во храната: масло од пченични ркулци, ореви, семки, растителни масла, жолчката од јајцето, листест зелен зеленчук. Високи дози на витаминот Е ( над 100 I.U.) неможат да се надоместат со храната. Примена на витаминот Е:
Употреба на витаминот Е Дефицит на витаминот Е : Значајни дефицити на витаминот Е се ретки. Колку да се земе витамин Е? Препорачана доза на витаминот Е е 30 I.U.,но врвните светски истражувачи препорачуваат дневната доза на внес да е од 100 – 200 I.U, особено ако се работи за постари луѓе. Нус појави и интеракции: токсичноста на витаминот Е е многу ретка. Исхраната со висок удел на незаситени масни киселини бара зголемен внес на витаминот Е. Витаминот Е и селенот дејствуваат синергистички во заштита на липосолубилните делови на телото. Резултатите во табелите се темелат на резултатите постигнати во клинички обиди, двојно слепи клинички обиди, со мета-анализи или на традиционалната примена. За полесно снаоѓање на читателите, информациите во табелите се ставени под поимите “примарно“, “секундарно“ и “останато“. “Примарно значи дека постојат верни научни докази кои укажуваат на позитивно влијание на здравјето. “Секундарно“ значи дека постојат контраверзни или недоволни податоци или прелиминарни студии кои укажуваат на минимално влијание на здравјето. “Останато“ значи дека суплементот се користи традиционално и има малку научни докази за неговото дејство. Изменето од Valerija - 10.Ноември.2011 во 16:04 |
||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||
Витамин КГлавни функции: Долго се сметало дека витаминот К е задолжен само за згрутчување на крвта. Но, со понатамошни истражувања е заклучено дека учествува и во градењето на коските. Во кои намирници е највеќе застапен витаминот К? Зајакнете ги своите коски, така што ќе консумирате повеќе зелен зеленчук и салати. Што повеќе консумирате зелен зеленчук, толку повеќе внесувате витамин К. И киселиот варен зеленчук има многу витамин К - Бактерија на млечна киселина, како и цревните бактерии го произведуваат овој витамин. на 100 грама:
Изменето од Valerija - 09.Ноември.2011 во 08:48 |
||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||
Klara-D
Сениор Регистриран: 03.Март.2011 Статус: Офлајн Поени: 2671 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||
За добра ментална форма најважна е правилната исхрана, објаснува австрискиот професор Хадемар Банкофер, кој посебно укажува на делотворноста на брокулата, морската риба, лимонот и салатата. „Бреинфуд“ е новото модерно име за супстанците кои му се потребни на мозокот. Меѓу нив на прво место е двигателот на сите клетки – витаминот Ц, кого најмногу го има во лимонот, портокалот, цитронот, јаболките и јагодите. Магнезиумот, калиумот и витаминот Б, ги има во бананите, делуваат смирувачки, па така создаваат совршена подлога за промислено донесување на одлуки. За подобра концентрација се препорачува брокулата, која е богата со глукозинолати, каротиноиди, железо и калциум. Покрај тоа, тврди Банкофер, нашиот мозок има потреба од постојано внесување на лецитин, кого најмногу го има во јајцата, производите од соја и млечните производи. По деталните истражувања Банкофер дошол до заклучок дека морската риба ја поттикнува концентрацијата, па сите оние што се занимаваат со напорна умствена работа би требало да консумираат скуша, лосос, туна и харинга. - Каротиноидите во пиперката исто така ја поттикнуваат работата на мозокот, а зелената салата, спанаќот и зељастиот зеленчук го снабдуваат со хлорофил мозокот, а тој пак му помага внесениот кислород што подолго да остане во мозочните клетки. За работата на мозокот неопходно е и доволно внесување на вода, оние што малку внесуваат вода не можат да размислуваат јасно, стануваат агресивни или депресивни – тврди Банкофер |
||||||||||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||
Круша – вкусно, сочно и здраво овошјеКрушата е сочно и слатко овошје со помалку зрнеста текстура. Постојат илјади видови од ова овошје и секое се разликува по боја, облик, вкус и големина. Може да се јадат свежи, да се преработуваат, готват, а сокот е посебно вкусен. Иако според некои записи култивацијата на крушките датира од пред 3000 години, постојат претпоставки, според кои, во ова чудесно овошје уживал и човекот од Каменото доба. Во својот славен еп – Одисеја, Хомер ги окарактеризирал крушките како „дар на боговите“, а во времето на францускиот крал Луј XIV, крушите биле симбол на луксуз. Латинскто име на крушата е Pyrus communis, а заедно со јаболкото и дуњата се вбројува во фамилијата ружи. Крушата е богат извор на витамините Ц и К, бакар и растителни влакна. Витаминот Ц е познат борец против слободните радикали, а бакарот ги елиминира супероксидирачките радикали, додека влакната превентивно делуваат против ракот на дебелото црево. Најмногу влакна има во кората на крушата па најдобро е таа да не се лупи. Една круша или 170 грама содржи: 3,98 грама влакна, 6,64 мг витамин Ц, 0,19 мг бакар, 7,47 мг витамин К и има само 97,94 калории. Крушите се идеален избор за лицата кои го усвоиле моделниот стил на живот, а со тоа се изложиле на стрес, динамичен и брз живот, исцрпеност и губиток на резервите на енергија. Крушите се познати по тоа што од нив се прави квалитетна ракија, но тие се користат и за правење на компоти и мармалад. Сепак, најдобро е крушите да се јадат свежи. Тогаш тие најдобро го тонизираат организмот. Зошто круши?Круште се природен и брз извор на енергија. Тие содржат значителни количини на моносафариди: фруктоза и гликоза, како и левулоза – најсладок природен шеќер. Крушата содржи и витамини од групата Б, кои му помагаат на организмот полесно да се справи со стресот. Тие го хранат нервниот систем и учествуваат во процесот на добивање енергија од јагленохидратите. 100 g крушки содржат 0.3 g протеини, 0.4 g масти, 9.5 g јагленохидрати, 2,8 g растителни влакна и 5 mg витамин Ц. Крушите содржат големи количини на калциум и железо, па затоа им се пропорачуваат, како задолжително овошје, на жените над 40 години, како превенција од остеопороза. Крушите се, исто така, добар извор на витамин Ц, бакар, калиум и на растителни влакна. Витамин Ц и бакарКрушата е добар извор на витамин Ц и на бакар, нутритиенти кои имаат јако антиоксидативно дејство и ги уништуваат штетните слободни радикали во организмот. Затоа, крушите се и природни заштитници против многу заболувања, вклучувајќи ги и малигните болести. Витаминот Ц, сам по себе, е можен антиоксиданс, а бакарот е неопходна компонента на супероксид-дисмутазата (SOD), еден од најјаките органски антиоксидативни ензими. Растителни влакнаСвежата куша е извонреден извор на растителни влакна, посебно на пектин. Круша со маса од 166 g осигурува 6 g растителни влакна, од кои околу 40% е пектин. Растителните влакна се битен елемент на здравата исхрана и помагаат во одржувањето на нивото на шеќерот и холестеролот во крвта и овозможуваат нормална функција на цревата и нивно редовно празнење. Исхраната богата со растителни влакна помага во превенција на ракот на дебелото црево, и во намалување на нивото на холестеролот во серумот. Токму поради големата содржина на растителни влакна, крушите се важен дел од секојдневната исхрана. КалиумСвежите круши се извонреден извор на калиум. Една круша со средна големина содржи 210 mg калиум. Калиумот учествува во регулацијата на срцевиот ритам, во мускулната контракција, во преносот на нервните импулси и во метаболизмот на белковините и јагленохидратите. Ја регулира работата на крвниот систем и учествува во изградбата на коските и забите. Со оглед на тоа што калиумот лесно се излачува од организмот, преку дишењето и потењето, многу е важно овој минерал постојано да се надокнадува. Хипоалергено овошјеИако ова не е поткрепено со научни докази, сепак крушите се сметаат за хипоалергено овошје, кое многу помалку предизвикува алерии во однос на другите видови на овошје. Тоа е всушност и причина поради која крушките, меѓу првите овоштија, се вклучуваат во исхраната на доенчињата. |
||||||||||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||
Коктел од витамини за појак имунитетЗа јакнење на имунитетот неопходно е дневно да се внесуваат три витамини - A, C, E. Тие се особено ефикасни кога се земаат во комбинација еден со друг. За да ги задоволиме неопходните потреби од овие витамини, нутриционистите препорачуваат таканаречена ACE салата од шпаргли, домат, пиперка и сецкан магдонос, во која се додава лимонов сок, масло, сол и бибер. Освен салатата, се препорачува и ACE коктел кој содржи една четвртина цеден сок од свежи портокали, осмина цеден сок од шпаргли и две лажици масло од пченични зрна. Коктелот се препорачува да се пие за појадок. Витаминот А е добар за очите и за дишните патишта, витаминот C освен што штити од настинки, го штити организмот од стрес и учествува во продукција на хормонот за среќа. Витаминот Е е особено важен за јакнење на срцето и крвотокот, но и за намалување на алергиски манифестации кај луѓе наклонети на различни видови алергии. |
||||||||||||
Внеси реплика | |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |