Автор |
Тема Пребарувај Опции за темата
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 05.Ноември.2011 во 22:09 |
ФОТО: 10 типа обувки кои секоја жена треба да ги поседува
Сте си купиле ли некогаш обувки кои сте ги носеле само еднаш, а потоа останале да собираат прашина? За да не ви се случи тоа повторно, наредниот пат кога сте на шопинг, изберете некои од обувките кои се наоѓаат на листата „10 типа обувки кои ѝ се потребни на секоја жена“, составена од женското списание Гламур.
< =text/ ="/media/system/js/photo-article.js">
Крем чевли со отворени прсти
Крем чевлите на висока потпетица се апсолутен хит затоа што визуелно ги издолжуваат нозете, а и одлично се вклопуваат во која било модна комбинација.
Совет: при изборот внимавајте нивната нијанса да е колку што е можно поблиска до вашиот тен. >
Црни високи урбани чизми
Црните чизми со ниски потпетици се одличен избор за секојдневна употреба. Во нив можете да трчате кога доцните, а освен тоа црното оди апсолутно со сè. >
Црни салонки
Сигурно ќе се согласите дека секоја жена треба во својот плакар да има црни салонки. Тие се класични обувки кои гарантираат елегантен безвременски изглед. >
Дрвени сандали на платформа
Иако делуваат малку грубо и гломазно, сандалите на платформа ги освоија дури и најпребирливите дизајнери и модни критичари. Тие се одлични секојдневни обувки кои ве прават повисоки и ви ја издолжуваат силуетата, а се попријатни за носење од класичните салонки. >
Платнени патики
Секоја жена од време на време го негува спортскиот и лежерен начин на облекување. За тие моменти ви се потребни шик платнени патики. >
Балетанки
Удобни, а сепак модерни и елегантни. Изберете балетанки за деновите кога ќе сакате да ги одморите вашите стапала. >
„Сребрени“ сандали
Без оглед дали ќе одите на свадба или на дочек на Нова година или пак сакате да изгледате префинето на свечена прослава, сандалите во сребрена боја ќе го комплетираат вашиот изглед со „wow“ ефект.
Сребрените сандали се полесни за комбинирање, но ефектот ќе биде подеднакво силен и со елегантни златни или бакарни „разголени“ обувки. >
Чизмички до глужд од превртена кожа
Изберете црни чизмички до глужд изработени од вистинска или вештачка превртена кожа и секогаш ќе имате со што да го надополните вашиот изглед кога носите кратки панталони, фустан или кратка сукња. >
Ниски сандали
Сакале или не, летните горештини ќе ве принудат да си ги разголите нозете, а нема посоодветен начин да го направите тоа од ниски сандали, барем за преку ден. >
Уникатни обувки кои ве усреќуваат
Добро е да сте практични во шопингот, но секоја жена се нашла во ситуација да се заљуби во некој пар обувки кои тешко се комбинираат, знае дека нема да ги носи често, но сака да ги поседува затоа што се уникатни и ја прават среќна. >
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 05.Ноември.2011 во 22:24 |
ФОТО: Рај за обожавателките на обувки во „Хародс“
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 05.Ноември.2011 во 22:27 |
ФОТО: Најскапоцените чевли на светот што чинат 140.000 евра
За да ја прослави својата улога на официјален партнер на Канскиот филмски фестивал, Шопард се здружи со познатиот италијански дизајнер на чевли Џузепе Ѕаноти за да создадат уникатен комплет скапоцени обетки и чевли.
Обувките кои се наречени „најскапоцените чевли на светот“ се изработени од розов сатен и луксузен микс од 600 скапоцени камења (дијаманти, розови сафири и рубини). За да не бидат помалку луксузни, обетките се изработени од 18 каратно розово злато, 48 дијаманти и 360 розови сафири.
Скапоцениот сет беше презентиран вчера на добротворната гала вечер на amfAR за собирање на средства против сидата. Нив ги носеше моделот Ања Рубик во комбинација со фустан на Пучи со пердуви во бебешко сина боја. Ања Рубик ги носеше најскапоцените чевли на светот
„Ги носам, а мојот телохранител е моја сенка“ – изјавила долгоногата манекенка. А, кога ја запрашале дали е среќна со скапоцените чевли, таа одговорила: „Се надевав на повеќе. Јас сум многу амбициозна“.
Чевлите, како и многу други предмети, беа ставени на аукција и достигнаа цена од 140 000 евра. Ања и Ева Херцигова ги покажуваат луксузните обетки (можеби на Ева не ѝ се допаднаа особено)
На гала вечерта присуствуваа многу славни личности, меѓу кои и Гвен Стефани со нејзиниот сопруг, Карл Лагерфелд, Ева Херцигова, Џенет Џексон и Миша Бартон, а беа собрани рекордни 10 милиони долари.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 05.Ноември.2011 во 22:29 |
Штикли од злато и дијаманти за 150 000 долари
Нашето женско срце секогаш сопира за момент кога пред нас има убави чевли, но ако еден пар штикли „Eternal Diamond“ се најде во нашите раце, тешко дека ќе мислиме на убавиот дизајн или пак на тоа со што ќе ги комбинираме.
Секој пар од овие штикли се изработува по порачка и целосно е направен од злато или платина, а украсен со 2200 дијаманти од вкупно 30 карати.
Луксузните штикли се дизајнирани од Кристофер Мајкл Шелис. Него му биле потребни 3 години да создаде креација што ќе биде совршена за летни бал забави, свадби и за прошетки на црвениот тепих.
Веќе многу славни личности направиле порачка, за да бидат меѓу првите што ќе искусат како е да одиш на злато и дијаманти. За нив добрата вест е што ова парче накит во облик на високи потпетици доаѓа со гаранција од 1000 години. 
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 05.Ноември.2011 во 22:31 |
ВИДЕО: Бет Шек – жената која има 1200 пара чевли од кои 700 „лобутинки“
Бет Шек е меѓу ретките среќнички кои имаат можност да си направат импресивна колекција од чевли. Таа поседува 1200 пара обувки, од кои 700 доаѓаат од рацете на Кристијан Лобутин. Бет Шек пред нејзината колекција
„Мојата љубов кон обувките започна кога имав 16 години и оттогаш не прекинала“ – изјавила Шек за WWD.
А како Бет заработува за да си го пружи ова задоволство? Таа е професионален покер играч. По секој турнир во којшто учествува, 41-годишната мајка на три деца си купува нови обувки.
Кога ќе го видите нејзиниот плакар, сигурно ќе забележите дека повеќето чевли имаат црвен ѓон, препознатлив за Лобутин. „Ив Сен Лорен е на второ место затоа што нивните чевли се комфорни. Го сакам Ланвин, но не сум човек што ги гледа брендовите. Ако видам нешто убаво, го купувам“ – објаснила таа.
Среќен пар обувки за покер натпревари: „Парот што Волтер Стајгер го направи за мене, затоа што обувките се едни единствени. Тоа се розови салонки со мал црн пик.“ Среќниот уникатен пар салонки на Бет
Најскапи обувки: „Чевли од алигаторска кожа од Кристијан Лобутин. Беа над 4000 долари.“
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 06.Ноември.2011 во 21:22 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 06.Ноември.2011 во 21:25 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 06.Ноември.2011 во 21:51 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 10.Ноември.2011 во 04:55 |
|
 |
Calipso
Модератор
Primarius
Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 10.Ноември.2011 во 22:23 |
|
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент: Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
|
 |
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 11.Ноември.2011 во 04:50 |
|
 |
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 11.Ноември.2011 во 05:01 |
|
 |
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 11.Ноември.2011 во 05:02 |
|
 |
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 11.Ноември.2011 во 05:07 |
|
 |