|
Семејно насилство |
Внеси реплика | страница <1 14151617> |
Автор | |
ekszi88
Сениор In Love Регистриран: 10.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7008 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
И си видов... се е исто. Не смеам да гукнам, а моето гугање доведе до нови сценарија.. демек заради мене. Све ненормално е тоа таму кај што се родив... да не излезев не знам со што ќе продолжеше она што веќе почна да се случува. Ќе попиев тастатура од глава во најмала рука. Наоѓам работа, земам парталите и да ме нема!
|
|
pajser
Сениор kloshar Регистриран: 04.Март.2011 Локација: Lao People's Dem. Rep. Статус: Офлајн Поени: 13921 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
., a dali mislish deka te zasluzhuvaat ., i podobro e nekoi raboti da se raschistat ......bez emocii...... na vreme i ., i da se ima chista sostojba za shto ponataka ., otkolku samosebe zalazhuvanje., ., ......vaka kako shto si tuka ., si sosema ok ., lichnost., ...nekoj ke bide gubitnik ., ama neveruvam Ti.,....
|
|
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
|
|
ekszi88
Сениор In Love Регистриран: 10.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7008 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Si dojdov domce, sega si pijam kafence so mirna dusicka.. ke si podgotvam dorucek, ke pisuvam posle i ke odam vo citalna..ke si dojdam pokasno ke si legnam... ke izbegnuvam konflikti i ke si go teram sonot.. i koga ke dojde vreme ke si odam ottuka. Ke si se cuvam
|
|
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
I da si se chuvash devojche :)
Vo zivotot prvo gledaj da ti e tebe ubavo, da mozesh da go pravish toa shto go posakuvash vo momentot. Traumite od semejnoto (i bez razlika kakvo) nasilstvo se vechni. No zivotot prodolzuva. Ti posakuvam da si go ostvarish sonot shto go imash i da chekorish so krupni chekori napred vo zivotot. |
|
ekszi88
Сениор In Love Регистриран: 10.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7008 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Fala Evangeline.Veke sum na svojot pat. Nitu pak traumite ne se vecni... znam deka eden den ke dojde koga ke im prostam i ke bidam cista kako solza, koga ke ziveam sega i ovde a site tie nesta koi sega se traumi utre ke bidat obicni slucki od koi ke naucam mnooogu
|
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Сголемување на семејното насилство во Македонија
'' Дванаесет жени ги малтретирале своите мажи, а шест мајки ги тепале своите деца покажала статистиката на Министерството за внатрешни работи при анализата за семејно насилство во изминатите девет месеци. ''
|
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Горе-долу поради истите причини како и во овој случај:
http://www.thestar.com/opinion/editorials/article/1123834--canada-s-latest-honour-killing-case-raises-troubling-questions |
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
paton
Сениор Регистриран: 14.Август.2011 Статус: Офлајн Поени: 789 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Јас сум жртва на семејно насилство...........жена ми ме крши со тоа сукалото скоро секој ден........
|
|
zagor
Сениор Уникатен песимист Регистриран: 27.Септември.2007 Локација: Congo Статус: Офлајн Поени: 12850 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
засега со "заушките" сме еден-еден. ми залепи една кога влегов ...а таа беше гола,и вратив скоро...кога не сакаше да биде гола.На клоци и боксови не сме преминале сеуште.Има време. |
|
...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
|
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
...i ja si go krkam redovno,pa....ne se falam kako ovie .
|
|
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
|
Andjelina
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Miss High Hill’s Регистриран: 07.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 14129 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
еден поинаков поглед на институцијата брак,или семејно насилство аминувано со парче хартија,како сакате
Оковите на бракотБракот како институција е алатка на патријархатот, капитализмот и власта од самото негово постоење. Користа која владејачките елити ја гледаат во бракот е што преку бракот може да се врши контрола на жените, поделба на парите и ресурсите и да се засили моќта на државата над нејзините поданици. Како ефективно оружје за тивко поробување на човекот со векови наназад, бракот е една од најопасните институции создадени од општеството. Во својата основа бракот е патријархална институција. Уште од самото настанување, неговата улога била да се зацврсне контролата на мажите врз жените, предавајќи ја жената од сопственост на таткото кон сопственост на сопругот. Фактот дека жената се доживува како сопственост на мажот се гледа и во закоравениот обичај жената да го носи презимето на таткото пред да се омажи, и на сопругот по склучување на бракот. (Дури и етимолошкото потекло на англискиот збор за „сопруг“ – husband, потекнува од поимот husbandry, со значење сопственост врз земја и животни.) Најголем дел од насилството врз жени и деца се одвива во рамки на хетеронормативното семејство. Интимното насилство, сексуалното насилство, силување меѓу сопружници, инцест, насилство врз деца, економско насилство, се само некои од ужасите кои му се инхерентни на бракот. Најголем дел од семејното насилство резултира од сфаќањето дека мажот е глава на куќата и сопственик на семејство, па според тоа, може да се однесува со својата „сопственост“ како што сака. До неодамна, во многу земји од светот (а во некои и сеуште) семејното насилство не е ниту предмет на дебата, ниту било третирано во закони како нелегално. На пример, во САД силувањето на сопружници беше легално се до 1993. Во многу култури низ светот, и не само во исламските земји, насилство врз сопругата е нешто што се охрабрува од општеството и што се очекува од сопругот. Но, дури и во оние земји каде семејното насилство е забрането со закон, тоа се доживува како маргинален феномен и како нешто споредно во однос на некои други „страшни“ криминални дела, како употреба на дроги или илегална имиграција. Но дури и ако зборуваме за „модерното“ семејство, односно за бракот кој одбива да се класифицира како „патријархален’ и кој не вклучува никаква форма на насилство, бракот сепак одбележува симболичко насилство против жената, затоа што е структура која се стреми да обезбеди неплатен женски труд. Кога жената ќе стапи во брак, таа истовремено стапува во премолчен договор, за кој била подготвувана целиот живот. Од неа ќе се очекува на мажот да му биде готвачка, чистачка, психолог, лична асистентка, секретарка и сексуална работничка, да му раѓа деца и да биде нивна негувателка, учителка, лекувателка, забавувачка, шофер и уште цел список други обврски. Без разлика што прави една омажена жена во нејзиниот живот надвор од бракот (кариера, образование, социјален живот, хоби итн.), на крајот на денот од неа се очекува да се врати дома и да почне со „втора смена“, служејќи му на семејството во нивниот дом. Тоа што толку многу жени го прават ова своеволно и со задоволство, не го менува фактот дека тоа е нивната улога во рамки на брачната структура, сакале или не. Друга функција на модерниот брак е одржување на капитализмот. Бракот е, просто кажано, финансиски договор кој одлучува кој што добива и колку. До неодамна, а некаде и сеуште, бракот (беш)е средство за распределба на пари и имот помеѓу мажи на грбот на жени (на пример, „купувањето“ жена во исламските заедници, каде идниот сопруг мора прво богато да го дарува таткото на невестата со злато). Бракот исто така ја определува линијата на наследство. Преку бракот богатите можат законски да ги трупаат своите пари на едно место, за парите да не можат да се распределат на повеќе луѓе. Во некои случаи, бракот служи за да го осигура богатството или за да размени статус со пари и обратно. Со оглед на тоа што повеќето луѓе се мажат/женат со луѓе од своја класа, раса и религија, бракот тука игра улога на чувар на капиталот, статусот и привилегиите на една класа/раса, но од културен аспект служи и како чувар на закоравените традиции и култура. Историски, бракот, за разлика од денешните романтични поимања за истиот, не се криел зад превезот на љубовта, туку отворено претставувал финансиски договор за исполнување разно разни цели, а особено во повисоките аристократски слоеви, каде бракот бил клучен фактор за доминација на една „крвна врска“ со векови. Кај пониските слоеви, бракот претставувал начин за едно семејство да си осигура повисок статус преку давање на својата ќерка за некој „над неа“, или едноставно да се ослободи од уште една уста за хранење. Денешните романтични визии за бракот (повлијаени од цела пропагандна индустрија, особено филмот) не ја менуваат содржината и поентата на бракот, која е иста како пред десет векови: распределба на богатството и репродукција на општествено-економскиот поредок – историски секогаш карактеризиран со нееднаква распределба и огромни класни разлики. Бракот исто така го зацврстува обрачот околу вратот на мажите притискајќи ги да го прифатат сами товарот на финансиска поддршка на семејството, па така мажите се под притисок да бидат продуктивни граѓани, или со други зборови, робови на своите професии, каде ќе го поминат целиот свој живот за да можат да ги прехранат сите усти дома. И така, додека жената е робинка на мажот, на семејството и на домот, мажот е роб на своите работодавци и на притисокот за гола егзистенција – а токму во таква положба, и жените и мажите се најпослушни и од секој владетел најпосакувани поданици. За државата и власта бракот е најполезен инструмент за контрола, бидејќи делејќи ги групите луѓе на минимални единици (нуклеарни семејства), истовремено ги држи отуѓени едни од други на најдобар начин. Ваквото раситнување на заедниците им отежнува на луѓето да се организираат против власта и власта ја чуваат од бунтови и нереди. Во рамки на хетеронормативните семејства, утробите на жените служат како фабрики за производство на продуктивни граѓани, кои обезбедуваат ефтина работна сила за капиталистичкиот систем и војници за државната војска. Со оглед на тоа што родителите се задолжени за воспитување на своите деца од самото раѓање, нуклеарното семејство служи и како инструмент за репродукција на општествените сфаќања (особено на прифаќањето на хиерархијата и помирувањето со класните разлики), и тоа е првото ниво на идеолошка пропаганда на децата (второто е јавното образование). И навистина, повеќето луѓе учат да ја сакаат својата влада и да ѝ служат најпрво во своите семејства, преку учење на „вредности“ од типот патриотизам, национализам, милитаризам и капитализам. Како што можеме да видиме, бракот е полезна институција за зацврстување на репресивните структури кои владеат со народот. Затоа не е изненадувачки што секоја влада му придава толку големо значење, и што постои еден огромен културен механизам за да не убеди да стапиме во брак. Од законски привилегии, преку романтични комедии и свадбени церемонии, па се до општествениот притисок за брак – речиси секое парче од доминантната култура поврзана со меѓучовечки врски и љубов не турка во правец на бракот. Ако не бевме под притисок на сите овие околности, дали воопшто би чувствувале потреба да зацврстиме некоја врска во брак? |
|
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
|
Gabriela_S
Модератор Регистриран: 22.Февруари.2008 Локација: On the stone Статус: Офлајн Поени: 21943 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ne |
|
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
...a koj toa ve pritiska kojznae?!
...neli e slobodna zemjava!
|
|
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
|
Внеси реплика | страница <1 14151617> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |