Еден од најубавите храмови во светот инспирација за многу книги и филмови, Ангкор Ват.
Тој бил изграден на почеокот во 12 век, се наоѓа во денешна Камбоџа. Познатиот светски храм прво бил за хину верниците, посветен на Вишну, а подоцна во 14 и 15 век како што будизмот се ширел низ Азија станал храм на будистите.
Ангкор Ват не е посебна градба, туку дел од огромни храмови и палати изградени во периодот од 800-1200 година, на површина од 80 квадратни километри. Подоцна се дошло до сознание дека во џунглите на Камбоџа, биле изградени илјадници храмови, а сите тие биле дело на народот по име Кмери.
Прво, околу 1050 година, настанал храмот Бабуон налик на пирамида. Подоцна е вклучен во склоп на Ангкор Том. Во владеењето на Сурјаварман Втори (1113-1146) Кмерите го изградиле раскошниот предел на Ангкор Ват, кое било посветено на богот Вишну. Ѕидан во облик „храм-планина“ го симболизирал центарот на универзумот. Четриаголниот ѕид кој го опкружувал, 1000 метри долг и 800 метри широк бил украсен со пет куполи. Безброј ходници и тераси покриени со многубројни скулптури, служеле како дом на богот-крал и на хинду боговите.
За време на владеењето на кралот Јајаварман Седми (1181-1220) изграден е градот Ангкор Том со опкружување на храмовите Бајон. Јајаварман бил, спротивно од своите предходници, будиста, така што „државниот храм“ Бајон бил посветен на Буда, а исто времено сведочел за силата на кралот. Биле изградени 52 четвороаголни куполи, украсени со четри глави од 2,5 метри висина кои гледале на сите четри страни на светот.
Изборјани се преку 200 такви камени лица. Нивниот израз одговарал на лицето на Буда, а се претпоставува дека лицето на кралот било модел. Ангкор е најголемото подрачје со храмови во Азија. Покрај градбите Ангкор Ват и Ангкор Том, најдени се стотици други храмови покриени со релјеф и скулптури, сведоци на високата култура на кмерскиот народ.