|
Што се тоа комуњари? |
Внеси реплика | страница <1234> |
Автор | ||
Diogen
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 355 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Интересна тема...
Според мене, комуњар е израз, кој се користи, најчесто од владејачката партија, кога ќе ги соочиш со факти, а намаат контра одговор, секогаш ќе речат - абе ти си комуњар (како деца тоа го викавме шуга)
Или како вицот кога Црногорец прашува Прилепчанец: Окле си чоче?
А прилепчанецов му враќа : А пак ти си ушле....
За жал, овој израз го користат луѓе кои израснаа како членови на Сојузот на Комунистите или Сојузот на Социјалистичката Младина....
А, можеби е само психички комплекс, да со набедување на другиот дека е комунист или комуњар, се обиде да се очисти, барем потсвесно од она што го носиш..
Ама, има едно правило, иднината можеш да ја промениш, ама минатото никако...
И што е најинтересно, сите тие што милуваат да го практикуваат изразот комуњар, ако дојде до промена на општественото уредување, ќе бидат сигурно во власта, и ако гукнете едно нешто против власта, ќе бидете четник, комита, ајдук, црна темнице ќе ве изеде....
И комуњарите,и војводите, сите се од ист систем излезени, од исто школо учени , и се научени да бидат на власт.....
|
||
Zeksi71
Сениор Регистриран: 18.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 2391 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ти можеш да си мислиш колку сакаш, твое право, ама ајде нека каже некој вклучувајќи те и тебе дека комуњарите не се такви како што ги опишав. Наведи ми еден пример каде комуњарите од 90 год. наваму имаат некое добро дело за државата и народот направено. |
||
"Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ
|
||
Andjelina
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Miss High Hill’s Регистриран: 07.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 14129 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
ne be,zborot komunjar voopsto ne se koristi kako navreda...eeeee...em site na koi ke im se obratis taka se gordeat ne,navistina,ne e navredliv...isto kako sto ne se navredlivi ni zborovite PLJACKASI,RAZBOJNICI,UBIJCI,DILERI NA DROGA I BELO ROBJE....koi isto taka bi gi upotrebile kako zamena za ovij zbor |
||
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
||
Marko Polo 1
Сениор venecijaner Регистриран: 20.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 9693 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Тема: Што се тоа комуњари?
Stari ozbilni cickovci so zbrckani lica bez nikakvi emocii na niv, sedat na skolski stolcinja i rakopleskaat na sletot koj go izveduvaat mladi devojcici (okolu 18 god, sea, da ne mi izvadite muabeti) vo pionerski outfiti komplet so crveni marami i sini kapcinja... i normalno, nosat nafaltirani mini suknjicki i beli cevlicki... |
||
Incredible Blue
|
||
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
||
размисли пред да напишеш глупост
|
||
Platenik
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Зекси,
Поимот комуњара има идеолошка позадина, никако криминогена! Ако некој го користи поимот во смисол да објасни криминални деанија, тогаш го користи погрешно! Изменето од Platenik - 13.Октомври.2011 во 06:54 |
||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
||
Zeksi71
Сениор Регистриран: 18.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 2391 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Платеник,
Поимот нема никаква допирна точка со било каква идеологија сем поврзаноста со криминал и тоа оној од најдолниот вид. Зборот комуњара е непознат збор до 92-93 год. И немој да ги споредуваш комунистите кои што владееја неколку децении во МК, со сегашните комуњари. Во бивша МК, до 90 год. се знаеше колку толку ред и поредок, имаше дисциплина, немаше преку ноќ створени ултра богаташи врз грбот на работниците. Криминалот кој ни се случуваше по 90 год. со сите последици го гледавме само на филмови во тоа време. Затоа е неумесно да се споредат денешните комуњари кои во пракса означуваат криминалец од најпоган вид, со луѓето кои владееја до 90 год. Анѓелина, Да не се пронаоѓаш случајно во некој од зборовите со кој ги опишувам комуњарите, па има чувство дека се чувствуваш навредено. А и се уште од тебе чекам да напишеш барем една работа што рошавиот бандит ја направил за доброто на овој народ и оваа држава. Ако не се сеќаваш во моментот можеш да замолиш некој од ценетите форумџии тука да те потсети што добрини бранко има направеном до сега. |
||
"Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ
|
||
којсумјас
Сениор Регистриран: 22.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4543 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Понтата на приказната ми беше во следново...
Ај повозрасните и ќе најдат некое објаснување, секој од своја страна... но интересни ми се помладиве... па членови на ВМРО кои имаат помалку од 30 години... да не речам се' или биле министри во владата... или пак припаѓаат на пониските ешалони на власта... упорно го користат зборот комуњар... алооо... а бе они биле во градинка кога бившиот систем се распаѓал... и сега некој со 25-6 години на некој друг со 25-6 години му вика комуњар... а ги има и овде на форумов... често го читам тоа како се користи овој збор... најчесто кога се нема други аргументи... уаааа... комуњар... а бе во оваа држава многу работи се плагијати, нејасни, недоречени... оние вистински комуњари на други им викаат дека се комуњари... лоповот вика - држте го лоповот... измешани вредности... непостоење на реалност... |
||
Platenik
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Зекси,
Очигледно ти и јас имаме различно разбирање или дефиниција за тоа што значи поимот комуњар. Мислам дека за ова пишував и на некој друга тема. Етимолошкото потекло на зборт комуна е латинско. Комунитас е кованица од ком (со/заедно) и мунус (подарок). Значи, поврзаност на група на ентитети кои имаат меѓусебни релации, односно слични или заеднички вредности и интереси. Познато уште како општествена кохезија на заеднички споделена географска локација од страна на општествена единица, воглавно поголема од семејство. Со текот на времето овај латински збор добива многукратно значение и повќекратна употреба. Од комунална (заедничка) хигиена, управна единица (општина/комуна).... па се до моментот од Париската комуна па наваму да тој збор добие и политичко-идеолошки каркатеристики. Комунизам е општествено-економска-политичка формација или систем, кој според некои е утопија, а според некои највисокото општествено уредување кое допрва ќе треба да дојде. Протагонистот на овај вид на општествено уредување се нарекува комунист. Социјализмот, кој требало да биде преодна фаза кон комунизмот како најсовршен систем, бил предводен од авангардата на комунистчкото движење или погоре споменатите комунисти. До распадот на социјализмот немало комуњари, туку имало комунисти, вистински иделисти и оние кои од интерес биле комунисти. По распадот на социјализмот нашиот речник е збогатен со еден нов термин, кој во основа е српски дериват. Комуњар на македонски правилно би требело да се изговори комунар. Тука настанува проблем. Комунар нема исто значење што и комуњар. Комунар значи и општинар и нема негативна конотација додека комуњар е нешто погрдно, ниско и кое има допирни точки со предходниот систем. Политчката коњуктура во периодот на распадот на социјализмот наложи овај термин да постане асоцијација или синоним за протагонистите на комунизмот и нивните наследници. Значи комуњари можеа да бидат Топурковски, Петковски, Глигоров, Гошев, Андов, па како и самиот велиш рошавиот и се разбира неговата свита. Комуњари неможеа да бидат Георгиевски, Груевски, Трајковски..... кои јавно се оградија од левите идеи. Но, како што реков во еден од моите предходни постови, во недостаток на јасно дефинирана политчка платформа некои, честопати се принудени да применуваат и социјалситички мерки и „тоталитаристички“ методи на управување. Рековме, таков е социјалниот статус на гласачкото тело во Македонија. Се изродија нови генерации и без да знаат го користат овај термин и таму каде што нетреба, сосема погрешно. Комуњара не е онај што краде, уништува, тргува со дрога и бело робје, убива, продава оружје, е транзициски мафијаш..... туку таквите се криминалци, транзициски богаташи, политички и материјалистички опртунисти....., а такви ги има на двете страни. Комуњара е погрден збор за комунист или протагонист на левите идеи. Во суштина поимот комуњара има чиста идеолошка позадина. Политичката клима е таква да во недостаток на издржани аргументи од страна на некои, поимот се користи во недоветни ситуации, од причина што неговата употреба носи големи политички поени. Тоа посебно, многу добро котира кај оние кои се бореа да докажат дека социјализмот како систем е утопија и е инфериорен во однос на сега развиениот и премногу регулиран капитализам. Не сум слушнал некој приврзаник на СДСМ некому да му каже дека е комуњар. Тоа е ексклузивен епитет кој е резервиран за прврзениците на таа политичка опција. Be careful big brother is watching! Изменето од Platenik - 13.Октомври.2011 во 08:40 |
||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
||
Gorazd777
Сениор Регистриран: 22.Октомври.2008 Локација: Евразија Статус: Офлајн Поени: 1584 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Нема никаква разлика од комуњарите на сдсм и овие на ДПМНЕ-ОВЧАРАНСКАТА партија,па тие комуњари кои во текот на 20 години транзиција од СКМ-ПДП,па Движење за Југославија,па Либерална на Андов и СИТНА БОРАНИЈА,се префрлаа во таборот на ДПМНЕ -ОВЧАРАНСКАТА ПАРТИЈА.
ЗА доказ можете да ги видите и Историските снимки што ги емитува МРТВ,деновиве, за 20 години НЕДРЖАВНОСТ, таму че ги видите сите ПОЛТРОНСКИ КОМУЊАРИ. Сега сето тоа е НАПИКАНО во ОВЧАРАНСКАТА ПАРТИЈА;НИВНИТЕ НАСЛЕДНИЦИ И ДЕЦА СЕ ТАМУ ;ОНИЕ ОВЧАРАНЦИ;НЕМААТ ВРСКА СО ЕДНА ИИДЕОЛОГИЈА КОЈА ЈА ПРОМОВИРААТ..ТОА Е САМО МАЈА ЗА Коопучаната. |
||
ВОЈНАТА Е МИР
СЛОБОДАТА Е РОПСТВО НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА |
||
Ninja 35
Модератор Регистриран: 24.Февруари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 17840 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Јас сум 15 години член на СДСМ.....значи и јас сум комуњар....според логиката на некои малоумници....
|
||
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
|
||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Pa vo dvete koalicii (i vlasta i opozicijata) imame taze bogatasi od 90-te godini. E sega ednite se lopovi, drugite se posteni. Ednite so prethodnata vlada trupaa zarabotki, nekoi so ovaa vlada go otrostrucuvaat kapitalot. Am ednite se komunjari a? |
||
Platenik
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
По логиката на нештата и во контекстот во кој се употребува тој поим да, и ти си комуњар. СДСМ по распадот дефакто станува наследник на СКМ. На крајот на краиштата тоа е лево ориентирана или поточно, лево декларирана партија. Тоа е само историско наследство. Дали ти си комуњар или некој те нарекува комуњар незнам. Меѓутоа, ако си социјалист, со леви идеи, бездруго, сакал или не, ќе си го носиш овај епитет. Ако си искрен во своите убедувања, тогаш епитетот не би требело да ти пречи. Во спротивно, ако члнеуваш во оваа партија, ради незнам какви други убедувања, не ти е јасно каде стои истата на поличкиот спектрум и воопшто не ти се блиски левите идеи, тогаш ти не си за оваа партија. Барај си некоја друга партија која стои подесно. Мислам дека СДСМ одамна го има напуштено к*рсот на партијата од која се изроди. Каква е реалноста, односно какви се постапките, методите и како воопшто се користи целокупниот расположлив институцинален иструментариум, од страна на позицијата и опозицијата е сосема друга работа. Во Македонија нема идеолошки јасно издиференцирани партии! Епитетот комуњар може да се примени за членови на било која од главните политчки опции, но само една вистински ќе си го носи за навек. На крајот, дали комуњар е навистина негативен атрибут и е толку лош да некому му се припишува? Како што реков погоре, во даденава политичка клима, комуњар е нешто погрдно, а прикачувањето на истиот носи само политички поени. Или така сметаат оние кои го користат поимот комуњар. |
||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
||
Zeksi71
Сениор Регистриран: 18.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 2391 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
А му бацуваш ли рака на рошавата битанга???? |
||
"Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ
|
||
Внеси реплика | страница <1234> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |