|
МАКЕДОНИЈА...и се е можно!? |
Внеси реплика | страница <1 3536373839 63> |
Автор | ||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Досега незнаев дека имаме и таква фондација
Мајкл Џексон бил Македонец штипскиот и семакедонски истражувач и историчар Донски, кој неодамна престојуваше во САД, стипендиран од Македонската фондација за откривање на корените која беше формирана во рамките на Министерството за култура, а е поддржана од многу познати имиња од политичкиот, културниот, деловниот, спортскиот и невработениот свет. ******* Кој може да аплицира |
||
Zajcef
Сениор TOTENKOPF Регистриран: 16.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 1252 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Мораше да се даде ваков одговор,а нешто се критикува вмро мора да се префрли топката.Милчин героски фрчкоски.... Ни го спопика пријателе вашето бугарче Љубчо,неговата влада во која прсуствуваше и вашиот ,,Драг лидер,, грујопулос. Ако мислиш дека со вакви демагогии ќе го оправдаш амнестирањето што го направи вмро те лажи умот зошто дури и овој народ не е толку глуп,јасно е дека грујо стана шиптарски поданик исто како бранко и неговите,спремен да ги продаде Македонските интереси само за да формира влада ерго да задржи фотелја.Има и во вмровците патриоти и тоа се луѓето кои после овој потег го напуштаат полека вмро бидеќи им се отворија очите дека и тоа е предавничка партија како СДС ќе останат само тие од твој ков што стоите зад секоја одлука на власта,утре грујо со бранко да се фати учка најголеми СДС овци ќе станете само да го оправдате вашиот лидер....мизерија.... |
||
Кога неправдата станува закон,отпорот станува должност....
|
||
Орка
Сениор Регистриран: 30.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 44580 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Каков народ таква држава...Све е можно...
Во утринскиот шпиц,возач да прегази (буквално)пешак, и без тронка совест идиотот ни да застане... Среќа доволно сведоци имало и му запишале регистрација. Не дај боже сите возиме,мало невнимание знае да биде кобно. Но каков идиот треба да си да не ни застанеш |
||
bond....james b
Сениор Регистриран: 10.Ноември.2006 Статус: Офлајн Поени: 850 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
||
You live only ONCE!
|
||
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
||
размисли пред да напишеш глупост
|
||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
novace
Сениор Регистриран: 06.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 3067 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Во Македонија ...НЕКОЈ ПЛАЧЕ ЗА РАБОТА...а „некој„ (и) ОД РАБОТА?? Изменето од novace - 25.Август.2011 во 11:15 |
||
Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
|
||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
novace
Сениор Регистриран: 06.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 3067 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Почна есенската полусезона
Како да му се парира на Груевски во неговата перманентна кампања? Ова беше нерешлива загатка за СДСМ во изминатиов период, ќе биде уште потешко во иднина имајќи предвид дека веќе ја нема највлијателната телевизија „А1“, која несебично ја поддржуваше СДСМ во последниве две години (јас лично сум убеден дека таа беше моќна алатка на СДСМ во медиумската битка со ВМРО-ДПМНЕ и донесе многу повеќе неопределени гласачи на контото на СДСМ отколку што самиот Црвенковски и СДСМ успеаја да привлечат!)
|
||
Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
|
||
Zajcef
Сениор TOTENKOPF Регистриран: 16.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 1252 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Богами добро прашање поставил,но како политичар и поравник би требало да знае дека прашањево е воедно и глупаво бидеќи сите знаеме дека на тоталитарен лидер неможе да му се парираПарирањето значи конк*ренција а конк*ренцијата во ваквите режими(па благо речено)е отсутна.Не може да се парира на такви личности,тие треба да се величаат и да се им се восхитуваме.И да им градиме споменици,или беше да се восхитуваме на спомениците кои ги градат? Која дрскост!Опозициона партија да имала медиум кој ги поддржува!?Каде го има ова?!Во Конго сигурно не! Па и децата знаат дека единствено власта има право да поседува и контролира медиуми!Затоа треба да се затворат сите анти владини медиуми-па боже мој тие сакаат да претстават дека се е ЦРНО во државава!Во овај рај божји црно!?Па овде нема црно ни во дупките по улиците!Се е розово и убаво и песни се пеат за Македонија и Алекс....уствари Воин на Магаре и дупки во улиците се пријавуваат и се проклето цвета а тие проклетници сакаат да прикажат црно!? Предавници,затворете им ги телевизиите и дигнете им ги зградите во воздух,ќе видат тие кои се потомци на Алекс.... -Воин на Коњ де! |
||
Кога неправдата станува закон,отпорот станува должност....
|
||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
А ти ако си правник, сигурно си полагал политички систем и социологија на правото и тоа како добро треба да знаеш што значи тоталитаризам, какви закони постојат во тоталитаризмот, каков е обликот на управување во таква држава, на што се темели политичкиот систем и сите други нешта кои правник треба да ги знае. И ако го знаеше сето тоа, ќе сфатеше дека во Македонија нема тоталитаризам. Остави ги настрана тие кои го тврдат спротивното. Најчесто тоа се луѓе кои навистина живееле во тоталитаризам, а за тоа и не биле свесни. Ако навистина постоеше тоталитаризам, таквите досега ќе ги "изедеше ноќта", како што беше во времето во кое тие кои се најгласни и живееја, а за кое, во најголем дел сеуште жалат, а и немаше да им биде даден простор за да можат да ги искажат своите мисли, затоа што во тоталитаризмот, државата нема граници и ги регулира сите аспекти на човековиот живот. Изменето од Македон - 29.Август.2011 во 00:14 |
||
Gorazd777
Сениор Регистриран: 22.Октомври.2008 Локација: Евразија Статус: Офлајн Поени: 1584 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Повеќе Македоне не се разбираш изгледа,можеш да имаш таканаречена диплома од право,и да толкуваш како ти текне,но немој да ОМАЛОВАЖУВАШ,размисли кои глупости ги тресеш,
Едно е докажување на државни и вон државни системи,а друго е КОЈ И КАКО ПРОСТРАДАЛ,како КОЈ ГО ИЗЕЛА МЕСЕЧИНАТА ИЛИ НЕ ГО ИЗЕЛА,изгледа ТРЕСЕЊЕТО глупости во оваа ВУКОЈЕБИНА Е ГЛАВНА ОДЛИКА ЗА МНОГУМИНА, И баш таквите тврдења водат кон тоталитаризми,а веќе длабоко навлегуваме со постапките на ДРЖАВНО НИВО. И ТИ само трескаш глупости,пак ќе повторам,но немој да ги оставаш здраво за готово тие луѓе кои живееле тогаш,ОД НИВ МНОГУ МОЖЕ ТВОЈАТА ГОРДОСТ ДА НАУЧИ. Туку што правиме со НОВИВЕ удбаши кои ве водат во нов ТОТАЛИТАРИЗАМ? |
||
ВОЈНАТА Е МИР
СЛОБОДАТА Е РОПСТВО НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА |
||
Zajcef
Сениор TOTENKOPF Регистриран: 16.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 1252 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Не сум правник и не сум полагал ништо од тоа но долго време ме интересираат политичките системи и го проучував исто така комунизмот неколку години а бев и комунист и многу добро го знам тоталитаризмот и како функционира.Точно дека ова не е тоталитаризам туку беше повеќе постот фигуративен бидеќи се работи за власт која е навистина екстремно нетолерантна према секаква критика и конк*ренција. Иако не е прав тоталитаризам може да се забележат некои ,,однесувања,, кои се најверојатно превземени од некој таков систем. Црната пропаганда ми иди прва на ум која моментално ја користат двете партии но прва ја донесе на свет ВМРО за претседателските избори во 2008 кога наместо да кажува со рекламите зошто нивниот кандидат е добар тие почнаа да кажуваат зошто спротивниот кандидат и тоа често со полувистини.Луѓе на големо гледаме како сносат последици поради нивниот критички однос(велија,фиат,фрчко) Значи имаме случаи каде власта тужи новинари,луѓе одат во затвор,зградите им ги дигаат во воздур и сето тоа со ,,причина,,(се бара одма некоја матна работа во кариерата-а нормално е во Македонија да се има матна точка,или како што рече ким мехмети чист бизнисмен во Македонија да бараш е како да бараш невина во бордел)иако истите ,,причини,, не се проблем доколку бизнисменот е ,,политички подобен,,(израз од едно не толку дамнешно минато)како Ѕинго миленко и така натаму. Сето ова прави да изгледа системот на тоталитаризам,а можеби и оди на таму кој знае?Може утре ќе ја забранат опозицијата или ќе не изапсат сите што зборуваме овде?Затоа треба да се зборува и делува тогаш зошто тоталитарните режими можат да се запрат во подем само а не од кога ќе се воспостават.... Изменето од Zajcef - 29.Август.2011 во 12:56 |
||
Кога неправдата станува закон,отпорот станува должност....
|
||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Значи, заклучивме дека во Македонија нема тоталитаризам. Друго е прашањето што во Македонија нема политичка култура, идеја за излез од тешката економска состојба и визија за напредок на државата на сите полиња. Токму недостатокот на такво нешто ги прави кампањите да бидат плукачки, малограѓански и без никакви конкретни и уверливи идеи. Во недостатокот на сето ова, се приоѓа кон оцрнување на противникот, навреди и однесување кое воопшто не доликува на политичар. Ако говориме за спроведувањето на законите, точно е дека во Македонија е потребно владеење на правото и правната држава и неселективноспроведување на законите. Но, тоа не ги оправдува тие кои го повредиле законот. Патем, доколку навистина А1 е само политички ликвидирана, зарем ќе се отвореше стечајна постапка? Зарем ќе се пристапеше кон назначување на стечаен управител, проценка на имотот, формирање одбор и собрание на доверители? Оној кој не должи ништо, не може да падне во стечај, ниту пак може да постои доверител и должник онаму каде што нема никакво побарување. Зошто би се формирало собрание на доверители, ако нив ги нема, или ако не постојат никакви побарувања? А во однос на зградата на Фијат Цановски, сосема нормално е некој кој се обидел да го изигра законот, да се соочи со своите последици. Имунитетот кој го ужива пратеникот, не го ужива неговата зграда. Тоа што некои други го прекршиле законот, не е никакво оправдување пред суд. Судот воопшто не го зема како аргумент тврдењето дека другите крадци крадат, затоа што никогаш и никаде не може да се фатат сите крадци. Токму затоа и овој аргумент не е никаква олеснителна околност во Кривичниот Законик на Македонија. А на професорот Фрчкоски, не гледам дека нешто му фали. Судењето на новинарите произлегува од тоа што во КЗ на Македонија постои казнено дело клевета. Доколку некој новинар го стори истото, нормално е оштетениот да поднесе тужба и да бара надомест на штета. Според Уставот, сите граѓани на Македонија се еднакви, новинарите не се исклучок. Патем, во КЗ постојат услови според кои новинарот може да се ослободи од вина, доколку тој докаже дека ги исполнува. Клевета е казнено дело насекаде, иако во Европа постои тенденција за укинување на ова казнено дело, што секако е безумие и затоа европското казнено право зостанува зад американското. Но, тоа е друга тема. Патем, не е можно Македонија да заглави во тоталитаризам, затоа што истата е потписник на меѓународни договори, кои тоа го оневозможуваат, како што е например Европската конвенција за заштита на човековите права и основните слободи. Укинувањето на опозицијата би претставувало повреда на оваа конвенција. А да не говорам за санкциите со кои би се соочила Македонија. Во Европа веќе не е можна појава на тоталитаристички системи, барем во оние земји кои се членки на НАТО и имаат желба да се приклучат на ЕУ. |
||
Внеси реплика | страница <1 3536373839 63> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |