![]() |
|
Народноослободителна борба на Македонија |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 3132333435 39> |
Автор | |
чоли ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Д-р Павле Митрески пишува дека таа била член на СКОЈ и КПЈ од пред војната. „И покрај тоа што Чесноска била ќерка на богато и видно семејство од Прилеп, таа уште од раната младост се определила за револуционерното дело, за борбата на македонскиот народ, за ослободување и за создавање сопствена национална држава. Пред војната се дружела со прогресивните младинци од Прилеп, а најмногу соработувала со народниот херој Кире Гаврилоски – Јане. Нивното зближување постепено ќе прерасне во вистинска љубов“, пишува д-р Митрески.
Есента 1943 година Чесноска била испратена во редовите на партизанските единици кои тогаш се наоѓале на ослободената територија на Дебарца. Во Бирото на Вториот обласен комитет останала се' до 5 декември 1943 година кога партизанските единици се повлекле за Егејска Македонија. Вториот обласен комитет заминал за Битола, а Чесноска била испратена за Охрид. Нејзе, најверојатно, и била дадена задача да ја пренесе архивата. Таа во Охрид се сместила во куќата на Никола Михајлов Камнаровски, кого го познавала од порано. Тој пред војната работел како келнер во кафеаната на нејзиниот стрико во Прилеп. Меѓутоа, ќе биде предадена и уапсена и подоцна однесена во битолскиот затвор. Заедно со други партизани ќе побегне од затворот и повторно ќе се вклучи во движењето. Која е Панде Чесноска? ![]() |
|
Мунгос - цензорот на Мисирков
|
|
![]() |
|
чоли ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() Чудна работа. Во книгава пише за некакви фашисти, ама не пише за бугарски фашисти. Се борили хероите за слобода на Jугославиjа, а не за слободата на Македониjа.. Во 1945 година са знаели по добро од сега за истинските состоjби.. |
|
Мунгос - цензорот на Мисирков
|
|
![]() |
|
Boogie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор ![]() ![]() Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Да да и ние се чудевме кога кажаа дека Бугарите влегле во Софија ама изгледа тогаш знаеле за истинските состојби,фашист е фашист а Бугарин е Бугарин
![]() |
|
![]() |
|
Македон ![]() Сениор ![]() Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Чоли, а зошто тогаш тие се наречени синови на Македонија, зошто тие го кревале македонскиот народ на оружје? А тие се наречени херои на Југославија, затоа што се прогласени не само за народни херои на Македонија, туку и за народни херои на тогашна Југославија. Во однос пак на бугарските фашисти, нема потреба да бидат споменати, јасно се знае каде и кога загинале тие. Нема потреба од којзнае какви објасненија. |
|
![]() |
|
Македон ![]() Сениор ![]() Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
На крајот на јули 1941 година беше растурен летокот на КПЈ со кој се повикуваат Македонците и сите народности масовно да излезат на прославата на Илинденското востание и да демонстрираат против поробувачите на Македонија. На 2 авгтуст во Скопје и Битола излегоа на улиците голем број граѓани, групи студенти, работници, комунисти, скоевци и симпатизери на НОД да демонстрираат. На 1 и 2 август полицијата затвори околу 10 души во Скопје, исто и во Битола. За првпат на тие демонстрации во Битола се исфрли паролата "Да живее слободна Македонија". Во тие демонстрации учествуваа и Евреи, коишто поединечно и спонтано се вклучуваа во поворката.
Илинденските демонстрации јасно покажаа дека македонскиот народ и народностите ги сметаат Бугарите за окупатори, а не "ослободители" – како што тие се нарекуваа. Набргу се случија и првите атаци врз личната слобода: апсења, интернации и др. На 7 август 1941 година скопскиот полициски началник издава наредба за начинот како ќе се испраќаат лица на принудна работа и интернација. И тоа во пооддалечени места. Учество на Евреите во НОБ на Македонија. Еве го и повикот: ![]() 14-те херои Изменето од Македон - 21.Февруари.2011 во 02:02 |
|
![]() |
|
Македон ![]() Сениор ![]() Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Ептендосадно, иако не пишува овде, испадна дека бил во право. Не случајно Георги Димитров му го напишал на Трајчо Костов ова. Дури и самите вие сте биле свесни за антагонизмот кон Бугарите, па дури и на средбите со Јосип Броз Тито тоа сте го истакнувале? А кога ќе помислам дека некои Бугари сметаа дека Македонците се дело на Тито, а сега можат да се уверат дека токму Бугарите се жалеле кај Тито за антагонизмот кон Бугарите во Македонија. ![]() |
|
![]() |
|
Македон ![]() Сениор ![]() Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() |
|
чоли ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Од "Утрински":
Не успеав да разберам, што е тоа што Лазар Мојсов го направил за Македонија? Имал врвни функции во Југославија! Одлично за него и за Југославија! Имал врвни функции во ОУН! Одлично за него и за ОУН! Бил пријател со Џорџ Буш затао што едновремено биле амбасадори на своите земји во ОУН. Одлично за него, но каква врска има Македонија со тоа? Живееше во Белград цел жиот, а неговата керка доби Фулбрајт наменет за макеоднски профсионалец, доби вила на Водно, доби бесплатно земја на која му беше изградена вила во Охрид. Искрено мислам дека Македонија направила многу повеќе за него отколку тој за Макеоднија. Срѓан е доволно паметен и живеел низ светот за да знае дека општествата го ценат поединецот не според неговото правење за себе (кариера и плус со кариерата во случајот на Лазар Мојсов), туку според тоа што поединецот го направил за општеството. Лазар Мојсов за Македонија не направил ништо, ЗЕРО! |
|
Мунгос - цензорот на Мисирков
|
|
![]() |
|
Македон ![]() Сениор ![]() Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Лазар Мосјов немал можност да стори многу за Македонија. По замерката од британската амбасада, по едно препукување во однос на теророт над Македонците од Егејска Македонија, Мојсов бил окарактеризиран како бесен македонски националист и бил присилен да се повлече од своите ставови, иако тој продолжува и понатаму да пишува за Егејска Македонија. Изменето од Македон - 28.Август.2011 во 00:51 |
|
![]() |
|
Каснакоски ![]() Сениор ![]() Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Македон, го има ли Позивот во подобра резолузиа?
|
|
![]() |
|
Македон ![]() Сениор ![]() Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Никаде не можам да го најдам, јас исто го барам. Ако го најдам, ќе го поставам овде. |
|
![]() |
|
Македон ![]() Сениор ![]() Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Проглас на ПК на КПЈ за Македонија (октомври, 1941 година)
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() Изменето од Македон - 02.Септември.2011 во 21:28 |
|
![]() |
|
Македон ![]() Сениор ![]() Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Седум децении од почетокот на НОБ и шеесет и седум години од формирањето на 50-та Дивизија
Изменето од Македон - 18.Септември.2011 во 16:12 |
|
![]() |
|
Soridor ![]() Нов член ![]() Регистриран: 19.Септември.2011 Статус: Офлајн Поени: 1 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Епа другарче, за што и да се каже бараш факти, од друга страна пак од историја врска немаш, а до душа и ти ја согледувам целта. Знај дека новиве струи кои целат кон намалување на важноста на НОБ, всушност целат кон целосно уништување на македонскиот идентитет. Е сега да се надоврзам на твоите барања: - борци станувале и помали од 20 години. Ацо Караманов загинува на 17 години и не гледам што е смешно за тебе да се биде борец и под 20 години. Очигледно не си служел војска, бидејќи ќе знаеше од колку години се регрутира населението. - исто така браво за тебе како можеш да оцениш колку години имаат борците, имаш доста проникливо око. - ако си од Скопје, оди до гробиштата во Бутел и речи им на вработените да те прошетаат по гробиштата на народните херои и борците од НОБ. Таму ќе видиш дека сите борци немале по 20 години кога се бореле, имало и многу постари, а имало и помлади, а и бројот им е доста голем, дури да се зачудиш колку ги имало. - имам слушнато многу приказни за битките од многу првоборци, бидејќи сум бил во такво опкружување. И баш ме интересира дали во иднина ќе излезе дека за време не СФРЈ имало институции кои им го переле мозок на одредени луѓе и им вметнувале да учат приказни за тоа што они правеле во битките. Веруј дека приказните што ги имам слушано се повеќе од веродостојни. - исто така видов дека се барале некои цифри за тоа колку загинале за време на НОБ. Епа луѓе и 6000 да загинале се доволно за бројот на населението кое во тој период иснесувало околу милион. Изменето од Македон - 23.Септември.2011 во 14:26 |
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 3132333435 39> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |