IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Рецепти за солени јадења
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Рецепти за солени јадења

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1819202122 30>
Автор
Порака
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Август.2011 во 09:06

Печен лосос

Потребно:

* 1.500 г лосос
* 1 китка магдонос
* 300 мл вода
* 150 мл маслиново масло
* 250 мл бело вино
* 1 лажица зачинал
* бибер
* 1 дафинов лист
* босилек

Приготвување: парчињата од лососот се редат во тавче. Магдоносот се зоврива во вода и со смесата се полева рибата. Потоа се нанесуваат маслиновото масло, виното и зачините. Така подготвена рибата се пече во рерна загреана на 160 степени 40 минути.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Август.2011 во 13:37

Вариво со тиквички

Потребно:

3 главици кромид
1 чешне лук
1 кг тиквички
250 г свинско филе
1 лажица маслиново масло
850 г домати
100 мл црно вино
1 лажичка зачинал
сол
бибер

Приготвување: исчистете ги кромидот и лукот, па ситно исечкајте ги. Тиквичките измијте ги, исчистете ги и исечете ги на резанки. Месото измијте го и исечете го на коцкички. Загрејте го маслото, па пет минути пржете го месото, кромидо ти лукот со постојано мешање. Доматите измијте ги, исчистете ги и исечете ги на мали парчиња. Во месото додадете ги доматите и тиквичките, па сето тоа прелијте го со виното. Варивото зачинете го со зачинал, сол и бибер, па варете го уште 20-тина минути.

Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Септември.2011 во 20:52
Ќофте (Паша)

1 кгр. мелено месо
150 гр. маст
200 Гр. Ориз
2 јајца
малку црн пипер
3 јајца
сол
Направете смеса од горенаведените состојки oдносно oд месoтo, маста, оризот, двете јајца, сoлта и црниот пипер. Добро се измешајте и правете ќофтина во големина на јајце. Ставете во тенџере 1-1/2 литар вода и ставете го на оган да проврие, ставете 1 зрнo лимонтус вo гoлемина на зрно од пченка, па едно по едно ќoфте спуштајте ги во водата и варете ги 1/2 час. Пред вадење на ќофтињата од оган во посебен сад разматете 3 јајца и сипајте преку ќофтињата, но да не ги мешате. При сипање во чинија додајте од горе лажица кисело млеко.
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Септември.2011 во 14:57

Пиперки полнети со сирење

Потребно:

црвени пиперки
200 г фета сирење
1 јајце
50 г кисела павлака
сол
4 лажици маслиново масло

Приготвување: Печените и излупени пиперки пресечете ги по должина на половина и отстранете ги семките. Загрејте ја рерната на 180 степени. Фета сирењето ситно изгмечете го со виљушка. Додадете го јајцето и павлаката и сето тоа добро измешајте го. Премачкајте го тавчето со масло. Наполнете ги пиперките со смесата од сирење и со отворот завртени нагоре редете ги една покрај друга во тавчето, па прелијте ги со маслиновото масло. Печете ги во рерна 40-тина минути.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Септември.2011 во 23:15

Шпагети со песто-сос

Потребно:

400 г шпагети
сол
бибер
2 китки босилек
100 г пармезан
2 чешниња лук
50 г мелени бадеми
125 мл маслиново масло

Приготвување: сварете ги шпагетите во солена вода, т.е. според упатството на пакувањето. Босилекот измијте го, исушете го и ситно исечкајте го. Исто така, и лукот ситно исечкајте го. За песто-сосот измешајте ги босилекот, лукот, ренданиот пармезан, мелените бадеми и маслиновото масло (или, без претходно сечкање, сите состојки ставете ги во миксер и добро сомелете ги). Сосот зачинете го со сол и бибер. Шпагетите исцедете ги, но зачувајте малку вода во која се вареа, па измешајте ги со сосот. Шпагетите поклопете ги и оставете ги да отстојат 10-тина минути за да го впијат вишокот вода, па сервирајте ги топли.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Октомври.2011 во 07:54

Тортелини со сирење и сос од печурки

 



Тортелините се паста која може да се приготви во кое било време и да се комбинира со бројни сосови или комбинација од зеленчуци. Ова е еден рецепт кој комбинира тортелини со печурки.

СОСТОЈКИ (за 2 лица)
• 1 пакување тортелини со сирење
• 2 мали лажици маслиново масло
• 240 гр шитаке печурки, сварени и ситно исечкани
• 2 чешиња лук, ситно исечкани
• 3 големи лажици рендан пармезан
• 1/3 шолја, магданос, свежо исечкан
• 1 шолја вода
• 1 голема лажица путер
• сол и бибер

ПРИГОТВУВАЊЕ
Во голем сад, ставете вода и оставете да зоврие. Наросете сол и сварете ги тортелините согласно упатството кое се наоѓа на пакувањето.

Во меѓувреме, во сад за пржење, загрејте го маслиновото масло. Ставете ги лукот и шитаке печурките и пржете околу 7 минути. Додадете вода, сол и бибер. Пржете додека не испари водата и потоа намалете го огнот на половина и пржете уште 5 минути.

Откако печурките ќе бидат готови, измешајте ги со сварените тортелини, пармезанот, путерот и магданосот. Измешајте добро и сервирајте веднаш

Кон врв
Ninja 35 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 17840
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ninja 35 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Октомври.2011 во 21:28
 
 
 

Лахмаџун

 

СОСТОЈКИ (за 4–6 порции)
• 1 мала лажица шеќер
• 40 гр сув квасец
• 2 шолји брашно
• 1 ½ мала лажица сол
• ¼ шолја маслиново масло
• 3 големи лажици пире од домати
• 1 голема лажица ситно исечкан магданос
• ½ мала лажица бибер
• ¼ мала лажица ким
• 1/8 мала лажица цимет
• 100 гр ситно сечкано јагнешко месо
• 2 чешниња лук
• 1 шери домат
• 1 мал кромид
• ¼ мала лажица црвен пипер

ПОДГОТОВКА
Измешајте шеќер, квасец и ¾ шолја вода во мал сад и загрејте ја смесата на температура од околу 110℃. Смесата приготвувајте ја околу 10-тина минути или поточно додека не стане пенеста. Потоа, во друг сад, ставете брашно и сол и  во средина ставете ја смесата со квасец. Измешајте добро, за да добиете тесто. Потоа, тестото префрлете го на работна површина на која сте ставиле малку брашно. Замесете го тестото (околу 5–6 минути). Пренесете го замесеното тесто во сад кој е малку намаслен и покријте со платична фолија. Оставете го тестото да нарасне двојно (околу 1 час). Потоа, тестото поделете го на 4 дела и од секој дел направете топка. Пренесете ги топките од тесто на побрашнета хартија за печење. Прекријте со влажна крпа и оставете да отстои 45 минути.

Во меѓувреме, направете го „топингот“. Во голем сад измешајте масло, пире од домати, магданос, бибер, ким, црвен пипер и цимет. Промешајте добро. Потоа, додадете ги и јагнешкото месо, лукот, доматите, кромидот и зачинете со сол. Повторно промешајте и оставете настрана.

Загрејте ја рерната на температура од 250℃. Со помош на сукало, од топката тесто направете диск со дијаметар од 25 сантиметри. Поставете го тестото на хартија за печење, ставете 3–4 лажици од смесата со месо и убаво размачкјате ја по цела должина на тестото. Додадете сол. Подигнете го тестото заедно со хартијата и ставете го во сад за печење. Печете сѐ додека не добие златно-кафена боја, односно 6–8 минути. Истото направете го и со другите топки тесто.

Гарнирајте со крупно сечкана зелена салата.

 
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
Кон врв
Ninja 35 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 17840
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ninja 35 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Ноември.2011 во 21:43
Гиро
 
 

СОСТОЈКИ
• 1 кг свинско месо
• бел оцет

за микс од зачини или зачин за гиро
• 3 мали лажици сол
• 1 ½ мали лажици црвен пипер
• ¼ мала лажица бибер
• ¼ мала лажица оригано

за гиро пита
• 6–8 парчиња пита леб
• ½ шолја ѕаѕики
• 1 среден кромид, исечкан
• 2 домати, исечкани на тркалца
• помфрит
• маслиново масло

ПОДГОТОВКА
Измешајте ги црвениот пипер, солта, биберот и ориганото во мал сад.

Исечкајте го месото колку можете потенко и потоа истапкајте го со помош на дрвен чекан. Наредете ги парчињата месо во сад со рамно дно и попрскајте со миксот од зачини и потоа со малку оцет. Распоредете го оцетот рамномерно по месото, покријте го садот и оставете да се маринира меѓу половина и 2 часа во фрижидер.

Извадете го месото од фрижидер и исечете го на парчиња со ширина 1–1,5 цм или должина 5–6 цм. Испржете ги без масло во тава. Парчињата месо треба да добијат кафена боја и да бидат крцкави.

Намастете ги гиро питите со маслиново масло и оставете ги во рерна неколку минути, за да се стоплат и да омекнат. Потоа, наредете 2–3 парчиња домати, малку кромид, гиро месо, 1 лажица ѕаѕики сос и помфрит.

Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Ноември.2011 во 19:54

Кошнички од мисиркино месо и зеленчук

 
solen%20recept

Потребни состојки:

10 големи листови марула

50 гр. ориз

300 гр. мисиркино месо

1 китка ситно сецкан магдонос

1 кромид

½ лажичка босилек

½ лажичка нане

100 гр. варена пченка

Масло за јадење

Сол и црн пипер

1 голем домат

Припрема:

Во мало тенџере на оган ставете го оризот да се вари околу 10тина минути. Во тавче на оган со загреано масло ставете го ситно исецканиот кромид да се испржи. Потоа додадете го ситно сецканото мисиркино месо и пржете околу 5 минути со повремено мешање.

Откако месото ќе биде испржено, отстранете ја тавата од оган и исцедете го вишокот на масло. Во тавчето додајте до сварениот ориз, магдоносот, босилекот, нането и пченката. Посолете и наросете црн пипер, па добро промешајте.

Наредете ги листовите зелена салата, па врз секој лист  нанесете од смесата со мисиркино месо. Врз смесата додадете ситно сецкан домат. Добар апетит!

Кон врв
Ninja 35 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 17840
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ninja 35 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Ноември.2011 во 13:00
ПЕЧЕН СЕНДВИЧ СО СИРЕЊЕ



 

Состојки:

- 2 парчиња леб, по можност француски леб (багет)

- путер

- козјо сирење (или друго сирење по желба)

- домати

- рукола (или друга зелена салата по желба)

- пршута (тенко исечкана)

- мек кашкавал (гауда, ајдамер...)

 

Подготовка:

Намачкајте го лебот со путер од сите страни (надвор и внатре). Внатре ставете парче козјо сирење. Врз сирењето наредете домат, рукола, пршута и мек кашкавал, затворете го сендвичот и ставете го во рерна. Печете го на слаб оган додека не се зарумени лебот.

 

Послужете веднаш.


Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Ноември.2011 во 23:12

Јуфки со павлака

 

 

Јуфки со павлака

СОСТОЈКИ
• 50 гр путер
• 200 гр кисела павлака
• 2 кг јуфки
• 2 јајца
• 250 гр кравјо сирење

ПРИГОТВУВАЊЕ
Јуфките се варат во солена вода, потоа се процедуваат и се измиваат со ладна вода. Се враќаат во садот на тивок оган, се додава путерот и се промешуваат.

Во огноотпорен, со масло за јадење подмачкан сад за печење, се редат ред јуфки, ред кисела павлака, измешана со јајцата и потоа ред сирење. Редете ги така, сѐ додека имате состојки.

На крај прелијте со павлака и јајце. Печете во загреана рерна околу 20 минути.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Декември.2011 во 14:37
Пилешко месо со бадеми
 
СОСТОЈКИ
• 300 гр пилешки стек, правоаголно сецкан
• 1 кромид сецкан на кругови
• сол, бибер, кари
• 300 гр бадеми
• масло за јадење
• соја сос

ПРИГОТВУВАЊЕ
Ставете ги бадемите во сад со топла вода и оставете ги малку да накиснат, за да бидат лесни за лупење. Потоа, излупете ги или поедноставно, купете бадеми без лушпа. Во сад за пржење загрејте малку масло.

Пропржете го месото, додадете го кромидот и малку вода. Динстајте неколку минути, а потоа додадете соја сос, сол, бибер и кари. Во меѓувреме, малку запржете ги бадемите. На крајот, додадете ги во пилешкото месо.

Кон врв
Ninja 35 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 17840
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ninja 35 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Декември.2011 во 22:31

Солени рафаело топчиња





Состојки

  • 500 гр. пилешко бело месо
  • 200 гр. фета сирење
  • 4 варени јајца
  • Околу 50 гр. шунка
  • Околу 100 гр. рендано тврдо сирење (гауда, ементалер…)

Подготовка

1. Пилешкото месо сварете го во солена вода, изладете го и сомелете го.

2. Фета сирењето изгмечете го со виљушка.

3.Сварените јајца ситно исечете ги.

4. Месото, сирењето и јајцата убаво измешајте ги за да се добие компактна смеса.

5. Шунката исечете ја на коцки со големина околу 1ˣ1 см, а тврдото сирење изрендајте го.

6. Од придготвената смеса формирајте топчиња, во секое ставете парче шунка и тркалајте ги во изренданото сирење.

7. Добро изладете ги.


Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Декември.2011 во 07:38
Пилешко месо со бадеми
 
 
СОСТОЈКИ
  • 300 гр пилешки стек, правоаголно сецкан  
  • 1 кромид сецкан на кругови    
  • сол, бибер, кари    
  • 300 гр бадеми    
  • масло за јадење    
  • соја сос      

ПРИГОТВУВАЊЕ    

Ставете ги бадемите во сад со топла вода и оставете ги малку да накиснат, за да бидат лесни за лупење. Потоа, излупете ги или поедноставно, купете бадеми без лушпа. Во сад за пржење загрејте малку масло.      Пропржете го месото, додадете го кромидот и малку вода. Динстајте неколку минути, а потоа додадете соја сос, сол, бибер и кари. Во меѓувреме, малку запржете ги бадемите. На крајот, додадете ги во пилешкото месо

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1819202122 30>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.