|
Што научив од родителите... |
Внеси реплика | страница <1 567 |
Автор | ||
ANITA11
Сениор Регистриран: 04.Јануари.2009 Статус: Офлајн Поени: 21488 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
||
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Има вистина, но да не генерализираме сепак . Сите сме луѓе, создадени од ист материјал, но не сме сите излеани во ист “калап“. Сум имала среќа можеби да имам родители кои директно ми пренесувале свои искуства или ме оставале да бидам нивни сведок, за да јас од нив индиректно извлечам соодветна поука - своја и слободна. Драгоцено е таквото искуство и не би го отфрлила кога пак би се вратила назад. Нормално, кај повеќето го има она наметнување на нивни лични неостварени желби. Колку била посилна фрустрацијата - толку поголема упорност во себереализирање на родителот преку детето. Кај нас тоа го немаше. Татко ми покоен секогаш ја применуваше онаа народната: “наместо риба на готово, дај му трска да научи сам да лови“. Така и ги уловив повеќето “риби“ на спознанието, со своја глава... или како што ми викаше татко ми: “има моменти кога се каам што те направив толку своеглава“... |
||
*moon*
Сениор Регистриран: 27.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7657 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
da imam petstotini prijateli na fb, pretezno od zenski pol :P
|
||
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Си било едно момче кое имало лош карактер. Татко му му дал вреќа полна клинци и му рекол секогаш кога ќе збесни и ја изгуби контролата врз себе, да закова еден клинец во оградата . . .
Првиот ден момчето заковало 37 клинци. Во текот на следните неколку месеци тоа научило да го контролира својот бес и бројот на заковани клинци се смалувал. Открило дека е полесно да го контролира својот карактер отколку да кова клинци во оградата.
Најпосле осамнал денот кога момчето не заковало ниту еден клинец во оградата. Отишло кај татко му и му кажало дека тој ден не побеснало.
Тогаш татко му му рекол:
„ Секој ден кога ќе успееш да го контролираш своето однесување, извади еден клинец од оградата.“ Деновите проаѓале и еден ден момчето му кажало на татко си дека ги извадил сите клинци од оградата. Таткото го зел сина си за рака и го одвел до оградата. Тогаш му рекол: Добро си направил сине мој, но погледај ги сите овие дупки во оградата. Оградата никогаш повеќе нема да биде иста. Кога во бес ќе кажеш некои работи, тие оставаат лузни како што се овие дупки во оградата. Можеш човека да го прободеш со нож и да го извадиш ножот. После тоа не е важно колку пати ќе кажеш дека ти е жал, дупките остануваат. Вербалната рана исто толку боли, како и физичката. Пријателите се навистина ретки скапоцени камења, тие те насмеваат, те охрабруваат да успееш во нешто, спремни се да те сослушаат, да ја споделат твојата болка, имаат убав збор за тебе и секогаш имаат отворено срце за тебе. Животот не е блок за цртање. Грешките не се направени со молив за кои може да се употреби гума за бришење, за да ги снема, како никогаш да не постоеле............... |
||
Зошто така
Нов член Регистриран: 02.Април.2011 Статус: Офлајн Поени: 24 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
да не учам повеќе од нив
|
||
ekszi88
Сениор In Love Регистриран: 10.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7008 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Од моите родители научив што не треба да бидам
|
||
ekszi88
Сениор In Love Регистриран: 10.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7008 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
И исто така научив како да се плашам од свашта на патот
|
||
pajser
Сениор kloshar Регистриран: 04.Март.2011 Локација: Lao People's Dem. Rep. Статус: Офлајн Поени: 13921 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
se obiduvaat da ne napravat kako niv., no sekoj od nas ima svo ego
|
||
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
|
||
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
................
Еден ден, млада девојка се жалела на својот татко како се помалку има сила да им се спротивстави на животните проблеми, бидејќи секогаш одново се појавувале нови и нови. Секогаш кога ќе се ослободела од еден се појавувал друг и така постојано.Нејзиниот татко бил кувар по занимање. Ја зел со себе во кујната, зел три лонци, ги наполнил со вода и ги ставил на шпорет.За кратко време водата во лонците почнала да врие. Во првиот лонец ставил морков, во вториот јајце и во третиот неколку зрна кафе. Ги оставил така да се варат некое време, а потоа ги извадил од водата и ги ставил на маса морковот, јајцето и зрната кафе. Ја погледнал ќерката и ја прашал што гледа.- Гледам морков, јајце и зрна кафе – одговорила таа. Побарал од нејзе да го допре морковот и таа го допрела па почувствувала колку е мек и ронлив. Побарал да го разгледа јајцето и таа го зела во рацете, го излупила и видела како внатре јајцето е тврдо варено. И рекол да ги допре зрната кафе и таа ги зела во рацете, видела дека се тврди, ги помирисала и се насмевнала од пријатната миризба. - Но што значи ова? – го прашала девојката својот татко. - Еххх ќерко драга... тоа значи дека морковот, јајцето и зрната кафе поминаа низ една иста ситуација, борејќи се со еден ист непријател – водата што врие... но секој од нив, на различен начин му се спротивставува на непријателот. Морковот беше тврд и силен, но многу брзо ослабе и омекна во водата што врие. Јајцето беше заштитено со лушпата... но не за долго. Во врелата вода од течна се претвори во тврда состојба. Додека кафето пак, сосема е поинакво. Зрната останаа сосема исти како и на почетокот...но таа успеа да ја промени водата што врие! А Ти? - Дали си морков... наизглед цврста, силна, но штом наидеш на проблеми и потешкотии во животот, слабееш, ја губиш силата? - Или си јајце можеби... со меко срце кое кога наидува на проблеми, станува тврдо? Твојата надворешност не се менува, но се менува твојата внатрешност така што срцето ти станува тврдо, горко и ровито? - Или пак можеби си кафе... кое при извор на болки, ја менува водата што врие, ја прави повкусна и и' дава пријатна арома? Размисли ќерко моја, како ќе се соочуваш со животните проблеми и тешкотиите на овој свет... како морковот, јајцето или зрната кафе? |
||
ekszi88
Сениор In Love Регистриран: 10.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7008 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Научив како да се биде депресивна, неодговорна и несамоуверена. Имам пред мене ваљда уште многу да ја сменам старата школа
|
||
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Колку се само божествени децата и колку човек може да научи од нив, само кога би ги отвориле умовите и сетилата. Би било убаво некогаш и родителите да се прашаат: што научив јас од моите деца? Една приказна во контекст на муабетот, која ме трогна: Си била еднаш една старица, која, кога умрел нејзиниот маж отишла да живее со синот, снаатa и внуката. Секој ден нејзиниот вид и слух се влошувале. Понекогаш нејзините раце толку се треселе што се случувало нејзиниот грашок од чинијата да скока на подот, а супата протекувала насекаде. Синот и снаатa не можеле да ѝ помогнат, но ги нервирало тој хаос кој го правела. И еден ден рекле, што е многу – многу е, па за неа поставиле маса во ќошот, покрај орманот за метли и ѝ дале таму да ги јаде сите свои оброци. За време на оброкот, таа ги гледала од другиот крај на собата, со очи полни со солзи, но тие ретко разговарале со неа, освен кога ја карале кога ѝ испаѓала вилушката или лажицата. Една вечер, точно пред вечерата, малото девојче седело на подот играјќи си со коцки... “Што правиш?“- ја прашал таткото сериозно. “Правам мала маса за тебе и мама“ – одговорила. “За да можете сами да јадете во ќошот кога јас ќе бидам голема.“ Таткото и мајката занемеле и тоа изгледало како да трае цела вечност. И тогаш почнале да плачат. Во тој момент станале свесни за тоа што го направиле и за тагата која ја предизвикале. Таа вечер ја вратиле старицата на нејзиното вистинско место на големата маса и од тој ден секогаш јадела со нив. А кога ќе ѝ паднела лажицата или вилушката, изгледало како на никој веќе да не му е гајле за тоа. |
||
Внеси реплика | страница <1 567 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |