|
МАКЕДОНИЈА...и се е можно!? |
Внеси реплика | страница <1 3435363738 63> |
Автор | |
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Македонија и се е можно-НЕ ЗА КОГО Е ПЕЧЕНО -ТУКУ ЗА КОГО Е РЕЧЕНО или обратно беше-здравје поголема вистина од ова во ова нашава Македонија и се е можно. Ем се изживуваа врз недолжни работници, ем им спремаа светски услови (кои можеби ни дома ги немале за асално живеење). Ги знаеле кој се па им спремале по терк и на крај лугето ги “лишија“ од удобноста.
******* Луксузните ќелии не дочекаа станари Кога пред повеќе од три години во Казнено-поправната установа „Скопје“ свечено беа промовирани шестте затворски ќелии за лица чии имиња беа наведени во хашките предмети, тогаш беше тешко да се претпостави дека овие четири судски предмети ќе бидат ставени ад акта, а нивните места ќе ги пополнат некои други луѓе. ******* Да не биде празно и да не оди виран, во нив стокмија други за кои народ коси прокубе бранејки ги и кудејки ги (секој според свое убедување) пс..Незнам вас, ама мене живо ме интересира кои се-онака само да знам и некогаш ако имам прилика да ги прашам -Дали се чувствувале големи мажи тогаш кога на грбот на недолжните работници учеле да ја пишуваат азбуката и место со молив или пенкало како сите нормални луге пишувале со нож на нивното тело место на тетратка или табла? Изменето од mamamd - 22.Јули.2011 во 10:18 |
|
marsovec
Сениор Регистриран: 18.Април.2010 Статус: Офлајн Поени: 3378 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Јас би предложил да ги пренаменат за Пајо Паторот и Големиот Брат...да им доделат и компјутери со интернет...за да можат да комуницираат со СВОЈОТ народ...а да и со СВЕТСКАТА МАФИЈА...
|
|
СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
|
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Македонија и се е можно-колку ли има вистина во ова.Синоќа се сретнав со комшивка од другиот влез-прилично стабилна и образована жена и онака ко што е ред се прашавме за јуначко здравје. Ме изненади нејзината лутина па ме подзамисли и так нормално решив да го напишам овде.Ќе се обидам да ја цитирам колку можам:
-Сегде во светот купуваш/изнајмуваш стан, го кречиш, се уселуваш и точка.Никој не помислува а камоли да чепка во статиката на зградата-рушење ѕидови, преградување тераси, менување место положба на простории. Не може бре купатило да се стави над нечија дневна.Овој најновиов комшија бре решил мозаици да става па оди издржи цел ден она цивкањето на машините, прашината.Месец дена еееј, месец дена од утро до вечер. Тој си заминал во Грција на одмор, мајсторите си тераат како им чини. Кој ли да издржи? Ова бре кај нас лудило. Секое лето некој нешто реновира, руши-ниеден не мисли за зградата дека ќе падне еден ден и ќе не протрупа сите. Налет што ниедно лето немаме мир од бушење, рушење од утро до вечер.Никој не почитува време за одмор. И навистина кога се подзамислив навистина во зградите околу секое лето некој нешто руши, менува. Ги подпрашав овие моиве “странци“ низ Америка, Австралија, Германија како е таму. Сите ко од пушка ми одговорија-Ааааа оди чепни нешто па ќе го видиш господ по пиџами. Ако сакаш нешто-прај си ново. Старото не се чепка, нити се менува. Или сите-па да се иселат станарите додека трае реновирањето. И што човек да каже освен-Македонија и се е можно. |
|
pecok
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 01.Јуни.2011 Статус: Офлајн Поени: 300 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Значи станува збор за money-fest, или манифест како што го вика владава наша.
Прашање од новинар: Зошто се укинуваат месечните зелени картони (за автомобили) кога е познато дека народот повеќе ги користи месечните отколку годишните, претежно кога одат на одмор во летните или зимските периоди? Одговор од еден министер (не забележав кој): Не е точно дека повеќе се користат месечните. Ние оваа одлука ја донесовме во консултација со осигурителните компании и имаме сознанија дека приходот е скоро ист од месечни и годишни зелени картони. (после одговоров власта ја напушти прес-конференцијата) Ауууу. Каков траги комичен обид за одговор илиманипулација најверојатно. Приходите биле скоро исти. Ало. Прашањето не беше тоа. А и одговорот не беше одговор. Ако приходите се исти од месечни и годишни зелени картони тоа ги прави месечните 6-7 пати побарани затоа што тие се 6-7 пати поефтини па за да се остварат скоро исти приходи треба да се продадат 6-7 пати повеќе месечни картони. Во суштина затоа што повеќе нема месечни тие што обично ваделе месечни (а се 6-7 пати повеќе од тие што вадат годишни) сега ќе мораат да вадат годишни зелени картони за кои ќе мораат да одвојат повеќе пари. Каде одат тие пари? Одговорот го даде министерот, прочитајте со кого се договориле за овој прв мани-фест од повеќето што планираат да ги остварат. Добра ноќ Македонијо, каде и да си. |
|
annaja
Сениор Регистриран: 21.Април.2010 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 531 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Тек сега шокови...секојдневни.Оваа дупка не е дупка...ај докажете дека поскапел зелениот картон,а не поевтинил....
Маркетинг-мижи Асан да ти бајам! |
|
Tetratka
Сениор Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Џеват Бучи поради инцидентите на Кале и борбата против културното наследство (заборавивме дака ја руши музеј-црквата на Кале, а следниот ден од насилниците ги извади лисиците), доби унапредување во новата Влада - алал да ти е бе Грујо... со тебе Македонија ќе стане “Швајцарија на Балканот“!!!
лицемери - засрамете се!!! |
|
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
|
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Tetratka, брате, какво унапредување доби Бучи? И тој ли е во новата влада? |
|
Gorazd777
Сениор Регистриран: 22.Октомври.2008 Локација: Евразија Статус: Офлајн Поени: 1584 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Исто така ,на тие кои му забодувале кол 0д 80цм,а потоа ги терале да го лижат,па соодветно на тоа,ги терале да општат меѓу себе,додека ги мавале по половите органи,на крај им ги режеле на кожата нивните имиња,е тие сегашни и оние поранешни,
ОВАА влада на ГРУЈО од друга земја,задно со ПРЕДАВНИЦИТЕ негови од ПАРТИЈАТА ДПМНЕ,во ПАРЛАМЕНТОТ изгласаа помилувања за ЅВЕРОВИТЕ и нивните ЅВЕРСТВА. Ова мора да се кажува КОИ СЕ ОВИЕ,за да биде јасна ИСТОРИЈАТА со КОИ, и КАКВИ се гради ОПШТЕСТВО,а се ГАЗИ по сопствените,ПРЕТЦИ и оние кои навистина ПРОСТРАДАЛЕ ЗА МАКЕДОНИЈА: |
|
ВОЈНАТА Е МИР
СЛОБОДАТА Е РОПСТВО НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА |
|
Tetratka
Сениор Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
..... потполно сум согласен |
|
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
|
novace
Сениор Регистриран: 06.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 3067 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Кој ни ја „смести“ рамковна Македонија?Ние не сме анимирани зајаци, ама завршивме како зајкото Роџер. Испадна дека странски служби ни упаднале во независноста и ни скроиле рамка за иднината. Изведувачите на работите се познати и без лустрација. Исто како организаторите и инспираторите. Сега е време да нé запознаат нас, жртвите на оваа 2001 перверзија Од ваму од таму, на дваесетгодишнината од независноста дознавме дека добар дел од нашата независна историја ни ја спакувале нашите големи пријатели - што стратегиски партнери, што добродушни соседи и нешто малку пробрано домашно друштво на „државотворци“. И во оваа сказна, ние Македонците сме како зајакот Роџер, на кого вешти цртачи му сместија акција без реакција. Прво амбасадорот Пол Волерс ни соопшти дека рамковниот договор бил американски проект. Ви се молам! Потоа Александрос Маљас, висок функционер, дипломат и политичар од Грција, преку „Утрински весник“ (24 јуни 2011) ни кажа дека 80 отсто од содржината на рамковниот ја пишувале Грци, а 20 отсто како физичка работна сила ја изведувал Али Ахмети со своите учки (кои, патем, беа и вооружени и вежбани од американски инструктори) логистички поддржани со група македонски елитни тупамароси. Е мои мили ем драги сонародници! Десет години потоа ги држам на една страна пригодните изјави и говори на нашите државни функционери, кои се колнат во рамковниот и јавните признанија на Маљас, Волерс дека со помош на кандидатите за Елини (зашто, нели, познато било дека луѓето се делат на Грци и оние што сакаат да бидат Грци), Фрчкоски, Црвенковски, Милчин и неговите следбеници, Керим, Героски дека „ни го спопикале“. И овој пат. Уште еднаш. И сé уште не е завршено. Не ми верувајте мене. Слушајте што ви кажува „интелектуалецот“ Али Ахмети, кој одбива да биде повеќе миротворец и чувар на меѓудржавните граници. |
|
Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
|
|
Andjelina
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Miss High Hill’s Регистриран: 07.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 14129 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
|
novace
Сениор Регистриран: 06.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 3067 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
|
|
Andjelina
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Miss High Hill’s Регистриран: 07.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 14129 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ako ne ste ja procitale ,procitajte ja...super cetivo |
|
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Македонија и се е можно! Точно, можно! Моја пријателка ми вели, можно можно ама овој нема да го рушат, (алудира на рушењето на зградата на Цаноски)
Среде скопје: узурпирана пешачка зона, автомобили заробени во гаражи |
|
Внеси реплика | страница <1 3435363738 63> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |