|
Преговори за името |
Внеси реплика | страница <1 135136137138139 184> |
Автор | ||||||
LiDivio
Модератор Регистриран: 19.Мај.2010 Статус: Офлајн Поени: 7265 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Мене секогаш кога ќе ми стигне пакет од тетка ми од Сан Франциско пишува Macedonia (Former Republic of Yugoslavia)
|
||||||
Diogen
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 355 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Не знам зашто треба да не чуди ваквиот став на САД. Многу логичен потег, кога ни беше најтешко, не признаа под уставното име, како поддршка побрзо да го решиме спорот, и дури ни дадоа блага предност, оти нели, се обврзавме за преговори за разликите околу името. Е, таа поддршка нашите „мудри“ политичари си ја земаа како џокер, па почнаа арогантна демонстрација на антиквизиација и национализам, плус тврд став (кочење) на преговорите. Ама САД сака да ги затвори проблемите по светот, особено во Европа, па нема врема да чека нашите „мудреци“ да се разбудат од сонот и да почнат да преговараат. Сега е касно, следи будење од сонот и расонување, а она што ќе го видиме, нема да ни се допадне...Големите сили немаат време да се играат со ситни „играчи“ како нашава власт... САД го затвораат Македонското прашање, имавме шанса, ја прокоцкавме, сега ќе го јадеме стапот.... Ама некој сепак ќе се офајди и во оваа игра, само народот обичен, како и секогаш, ќе го окрка најдебело... |
||||||
Gorazd777
Сениор Регистриран: 22.Октомври.2008 Локација: Евразија Статус: Офлајн Поени: 1584 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
А што мислат сегашните ПАЈПУЗИ,ПАТРИОТИДИ;ПРОПАГАНДИСТИ,демек името им е свето
Еее копуци,ако мислите КОМУНИСТИЧКИ да живеете(ТОА И СТЕ;СИТНА УДБА),ќе ви заврши за брзо,соработката со Кина,влегувањето на Турците на секое ниво,возљубување со ДИКТАТОРИТЕ од Африка и на крај Самобендисаноста на овој,т.н.премиерист...не никаде нема да стигнете,само ќе ја забрзате пропаста,на и така Изгубената држава,а Името,може да се Ребрендирате,така е модерно. |
||||||
ВОЈНАТА Е МИР
СЛОБОДАТА Е РОПСТВО НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА |
||||||
pajser
Сениор kloshar Регистриран: 04.Март.2011 Локација: Lao People's Dem. Rep. Статус: Офлајн Поени: 13921 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
polesna rabota nema ., sopstveniot izmet da mu go servirash na drugiot., i zgora da ubedish drug., dea toa ne e tvoj izmet
|
||||||
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
|
||||||
Gorazd777
Сениор Регистриран: 22.Октомври.2008 Локација: Евразија Статус: Офлајн Поени: 1584 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
А, на некои пак нон-стоп тоа им е во устата,па затоа и сме до оваа состојба,затоа што се многу способни.
Изменето од Gorazd777 - 26.Јули.2011 во 14:14 |
||||||
ВОЈНАТА Е МИР
СЛОБОДАТА Е РОПСТВО НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА |
||||||
pajser
Сениор kloshar Регистриран: 04.Март.2011 Локација: Lao People's Dem. Rep. Статус: Офлајн Поени: 13921 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
od povekesposobnite stignavme do tuka kade shto sme sega., a nekoi sekogash se pronaogjaat vo tugji postovi
|
||||||
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
|
||||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Зарем навистина мислиш дека на САД им одговара стабилна и моќна Европа, која би можле да претставува фактор кој би ги истиснал од регионот? Секако дека не. Напротив, на САД им одговара да има вакви држави како што е Македонија, со отворено национално прашање, кое некогаш може да им донесе моќ да интервенираат во регионот, доколку Европа не ја следи американската надворешна политика. Зарем Македонија ќе потпишеше договор за неиспорачување на американски војници на Меѓународниот кривичен суд во Хаг, или ќе дозволеше изградба на таква амбасада доколку беше дел од ЕУ. Да те потсетам, ставот на ЕУ е дека американски војници треба и мора да се испорачуваат во Хаг. Единствено Македонија не го почитуваше ставот на ЕУ. Ти говори ова нешто? Од друга страна, САД изјави дека на ниту еден народ не смее да му биде наметнат идентитет кој го нема, а нашите политичари токму и за тоа се фатија во преговорите со Грција. Останува на нашите политичари паметно да одиграат и да успеат да извлечат најмногу што можат од сево ова. Точно е дека и ние претеравме, но, сепак, јас мислам дека ништо од ова што се случува не можеше да се случи без благослов од САД. Изменето од Македон - 26.Јули.2011 во 15:05 |
||||||
DameMak
Сениор Регистриран: 24.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 617 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Их, како да не - Диоген, немој бе ваква малодушност, дефетизам и чаршиски муабети. Да им беше лесно на САД да го затворат прашањето со името - мислиш ли дека немаше до сега да го направат тоа? ДА, Притисокот е ОГРОМЕН! Ама ние од македонското име не се откажуваме, па не НАТО, туку и свети НАТО и света ЕУ да се ( а не се). Инаку фашистот Ламбридис пак ни порачал името да било со геогравско значење, надеваќи се дека нашиве, ЕУ и САД тоа ќе го преведат во некаква „Северна“, „Вардарска“, „Горна“, ... Порака до грчкиот фашист (а и мој став): Па REPUBLIC OF MAKEDONIJA е токму тоа: Ем е транслитерирано име што се наоѓа во нашиот устав, ем има и геогравско значење: Ја означува денешната Република МАКЕДОНИЈА! Изменето од DameMak - 28.Јули.2011 во 16:56 |
||||||
Gorazd777
Сениор Регистриран: 22.Октомври.2008 Локација: Евразија Статус: Офлајн Поени: 1584 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Да простиш господине,по старски че ти се обратам.
Нема ништо во тоа име што го кажуваш освен гео ГРАВ ско значење,како шо милуваш да кажиш. Република,да РЕПУБЛИКА македонија е од Социјалистичка Република Македонија ,и тоа е само напишано од творците на Уставот,кога ,пази се ОСАМОСТОИВМЕ и затоа има многу работа ,на многу полиња(се осамостоивме само пред 20 години) Е сега колку се има доблест да се признае тоа,а не само да се млати празна слама тоа е друго. Инаку реалноста е таа,како што оваа власт милува нас обичниот народ да не масира,така и другите (ПОСИЛНИ) од надвор ги масираат и нив,само таа е вистината и ништо друго,кога ќе се признае ќе се знае со што треба да се бориме,СО ДВОЈНИ АРШИНИ нема никогаш да се реши проблемот на ПРАВИЛЕН НАЧИН. Затоа што секој здраворазумен човек нема да поткрепува вакви АРАМИИ И УДБАШИ,а само тие да лапаат ,крадат и се богатат,а обичниот народ да го викаат заедно да го решел проблемот,така нема да може!. |
||||||
ВОЈНАТА Е МИР
СЛОБОДАТА Е РОПСТВО НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА |
||||||
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Имавме шанса!?!?!? За што? 1. Да останеме Република Македонија? 2. Или да не’ примеа во ЕУ и НАТО под некое друго име? Што прокоцкавме? Ако мислеше на првото - нема шанса Ако е ова второво, шансата (за да им го јадеме морковот, наместо стапот) сеуште (=секогаш) постои. Многу одамна пишав дека Република Македонија нема да биде членка на овие структури, бидејќи ако останеме на своето, да не си го
Дали диктаторите од другите земји се подобри од овие од Африка? Или можеби мислиш дека западниве ДЕМОКРАТИ се поарни? Ако овој начин на нивно однесување кон нас е демократија, тогаш ... налет нека е!
Зошто имам чувство дека твојата омраза од оваа владеачка гарнитура, преминува во омраза кон сите кои не сакаат да се смени името? Имам ли право за ова или тоа е само моја погрешна перцепција?
А има ли за тебе нешто свето? Да, освен парите и се што доаѓа со нив!
И така изгубената држава... !?!?!? Значи, со други зборови кажано, смениле или не смениле име, нашава држава е изгубена? Па кога веќе смртта е неизбежна, кога мора да се умре, тоа нека биде достоинствено. Или незнаеш што е тоа достоинство? Или, можеби знаеш, ама баш те заболе за него, важно ти да (мислиш дека ќе) си проживееш! А за генерациите после тебе ... те боли уво! Тебе не ти е гајле за сопственото достоинство, а не пак за твоите наследници. |
||||||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
||||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Транслитерирано име, кое на англиски воопшто не ја означува земјата позната како Македонија...искрено, одамна те читам и предлогов се совпаѓа со она што Грците го сакаа, а тоа е транслитерација на нашиот идентитет и име. |
||||||
DameMak
Сениор Регистриран: 24.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 617 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Како да не, се совпаѓал. Грците сакаат „северна“, „горна“, „вардарска“ или „славо“ - И ТОА ВО УСТАВОТ ДА НИ Е ЖИГОСАНО. А дека зборуваш ТОТАЛНО на памет за транслитерираното име MAKEDONIJA на англиски, погледни само под кој интернет домејн е форумов (.mk), која е банкарската меѓународна ознака за македонскиот денар (MKD), и како е меѓународната скратеница за земјата позната како Република Македонија (MKD). Дали името MAKEDONIJA на англиски од кој се произведени тие ознаки ни го сменија и ни го транслитерираа нашиот идентитет? Можда твојот го смениле ти си знаеш, а мојот сеуште е македонски идентитет. Изменето од DameMak - 29.Јули.2011 во 18:51 |
||||||
DameMak
Сениор Регистриран: 24.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 617 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Драга Кали, Дали го следеше вчерашниот говор на Груевски по повод изборот на владата? Токму она што овде го начнав пред некое време (ТРЕБА И НИЕ ДА ИМАМЕ ЦРВЕНА ЛИНИЈА - А ТОА Е НЕМЕНУВАЊЕТО НА УСТАВНОТО ИМЕ) токму тоа вчера го слушнав од него. И посебно ми е драго што тоа го слушнав од Груевски. Прашање: Ако е тоа така - ако нашата црвена линија е НЕМЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОТО ИМЕ - кое решение е логична разрешница на спорот со Грција? Одговор: Транслитерираното име Republic of MAKEDONIJA за во Обединетите Нации и севкупна меѓународна употреба. Изменето од DameMak - 29.Јули.2011 во 18:48 |
||||||
Gorazd777
Сениор Регистриран: 22.Октомври.2008 Локација: Евразија Статус: Офлајн Поени: 1584 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Дали ние овде разговараме за тоа кој е маж да го реши името,односно наводниот спор,или меѓусебно треба да се обвинуваме кој што мисли. Без разлика на тоа што ќе одговориш,прво би ти одговорил вака,нема потреба на некој што го занимава ЗЛАТНИК-от како основа за се,да му одговорам,а потоа би рекол добро е што ги читаш моите постови,значи гледаш како размислувам,но не ти требало да вадиш од контекст нешто ,кое можеш да го кажеш директно,а не ПРОПАГАНДНО ,како оваа бедна селска свита која цело време го водеше народот против Бранко ,а сега излезе полоша и по УДБАШКА од него. Колку и да се напрегаш да докажеш нешто против мене,мојот став е од дното на душата,од таму каде што моите прострадале за ова парче земја и јас сега останав без ништо,само заради оваа Македонија. Затоа нема д ате навредам само би ти препорачал ако тие работи за обвинување ги помислуваш,можеш слободно да си најдеш место во Историјата,за таквите како вас има место ,ако не знаеш јас ќе ти го кажам тоа место. Заради тоа ти велам дека овој сега КОПУК кој е премиер,нема никаква врска со Македонија,тие се дојдени,измачени и се со една цел ГРАБАЊЕ,а Македонија ,..еее ако имаа муда ќе го решеа спорот,но за тоа има монгу повеќе. И немој да ми кажуваш за срам,дали јас и како ќе живеам,ПЛУКНЕТЕ си во ПАЗУВИТЕ и погледнете што арамилак поддржувате,што имате од него,и дали ПОВЕЌЕ ВЕ РАНИ ТУЃАТА НЕСРЕЌА,ОТКОЛКУ ВАШАТА БЕДНА СРЕЌА. Што народ ќе бевте,па името сега ви текна дека треба да се брани??? |
||||||
ВОЈНАТА Е МИР
СЛОБОДАТА Е РОПСТВО НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА |
||||||
Внеси реплика | страница <1 135136137138139 184> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |