Автор |
Тема Пребарувај Опции за темата
|
Glenn
Сениор
Тата-Мата
Регистриран: 14.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3166
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 02.Април.2011 во 20:45 |
Покрај третманите за целулит кои можат да чинат многу без траен ефект доста би им препорачала на загрижените жени и девојки да се движат и пешачат што повеќе можат.
Само мислам дека е нереално да се ослободиш од целулитот комплетно, па дури и спринтерките и пливачките го имаат.
таква е женската кожа, склона на трупање подкожни масни наслаги ама сетто тоа си има причина зошто е така. Финатата со целулитот е тоа што е издегенерирано масно ткиво.
|
Beauty fades, dumb is forever
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 27.Јули.2011 во 18:52 |
Успешно отстранување на целулитот во 10 чекориЦелулитот
на бутините, задникот или стомакот е многу непријатна појава. Сигурно
веќе сте пробале да го отстраните, но обесхрабрени од лошите резултати,
веројатно набрзо сте се откажале.
За успешна борба портив целулитот мора редовно да вежбате, а притоа
неопходно е посебно внимание да обрнете на исхраната. Во продолжение ви
претставуваме 10 чекори за успешно отстранување на целулитот.
1. Внимавајте на соодветна консумација на течности
Најдобро
е да пиете обична вода. Водата е добар растворувач и ја подобрува
размената на материите, а со самото тоа придонесува и за отстранување на
токсините.
2. Кафето заменете го со билни чаеви
Добриот
чај од коприва особено е ефикасен за превенција на целулитот бидејќи ја
поттикнува циркулацијата и врши детоксикација на организмот. Исто како и
кафето, алкохолот поттикнува излачување на вода и неговата консумација
треба да ја ограничите.
3. Обидете се да стекнете правилни прехрамбени навики
Намалете
ја консумацијата на храна богата со заситени масти и протеини од
животинско потекло. Наместо тоа изберете риба, а може и пилешко месо, но
во помали количини. Зголемете ја дневната доза на овошје и зеленчук, а
едноставните јаглехидрати заменете ги со сложени. Освен што превенира
настанување на целулит, ваквата исхрана влијае добро врз целиот
организам и го подобрува општото здравје.
4. Зголемете го внесот на витамин Ц, калиум и сулфур преку исхраната
Витаминот
Ц ќе го најдете во овошјето како што се црните рибизли, кивите,
папајата, јагодите или портокалите, но и во зеленчукот како црвените
пиперки или магдоносот. Потребата за калиум ќе ја задоволите преку
бананите, доматите, кајсиите, праските, портокалите, гравот... Наведение
намирници го подобруваат отстранувањето на штетните материи од
организмот и со тоа го победуваат целулутот однатре.
5. Избегнувајте многу солена и зачинета храна
Солта има способност на задржување на водата, што всушност е една од основните причини за настанување на целулит.
6. Овозможете му на организмот редовно прочистување од токсините
Излачувањето
на токсини преку урината ќе биде поттикнато од разни билни чаеви, како
што е оној од коприва, додека проблемот на констипација неретко успешно
го решаваат сувите сливи, пченичните никулци, лененото семе, како и
зобната каша.
7. Дневно обезбедете си баерм 30 минути за физичка активност
На овој начин ќе го забрзате метаболизмот и ќе го подобрите
излачувањето на токсини. Телесната неактивност, а особено поминувањето
на поголемиот дел од времето во седечка положба создава идеални услови
за појава на целулит. Пливањето се издвојува како идеален облик на
физичка активност за превенција на настанувањето на целулит.
8. Осигурајте му на организмот доволна количина на кислород
Поминувајте
време во природа колку што можете повеќе. Одете на излети, посетете ја
викендичката на село, или пак, качете се на планина. Дозволете и’ на
кожата да се поти.
9. Повремено масирајте ги подрачјата критични за појава на целулит
Масажата
ја стимулира циркулацијата на крв и лимфа и го разградува целулитот
колку што е можно. Со оглед на фактот што целулитот се наоѓа 3-5
милиметри под кожата, во сврзното ткиво, нема причина за грубо
притискање. Масажата не смее да ја премина границата на болка.
10. Оставете си доволно време за опуштање
Покрај
гените и начинот на живот, целулитот се јавува и како резултат на
стрес. Затоа, во текот на денот посветете си барем еден час на себе.
Направете си атмосфера во просторот во која ќе се чувствувате комфорно и
опуштено.
Изменето од Valerija - 11.Март.2015 во 21:00
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 03.Октомври.2011 во 16:06 |
Изменето од Valerija - 03.Октомври.2011 во 16:09
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
smilegirl
Група
Регистриран: 23.Декември.2011
Статус: Офлајн
Поени: 48
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 23.Декември.2011 во 22:47 |
Имам малку и со задоволство си се шетам со него
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 08.Јули.2012 во 18:41 |
Poznatite i celulitot:)
1.Alicia Silverstone
2.Britney Spears 3.Cameron Diaz 4.Cindy Crawford 5.Drew Barrymore
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 08.Јули.2012 во 18:44 |
6.Eva Longoria 7.Evangeline Lilly 8.Halle Berry
9.Jennifer Lopez 10.Jennifer Love Hewitt
Изменето од Valerija - 08.Јули.2012 во 18:44
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
lotus flower
Сениор
Регистриран: 08.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 6937
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 04.Јануари.2015 во 23:36 |
anticeluliten masazer zelen caj krema od brslen masazi anticelulitni mnogu voda
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 11.Март.2015 во 21:01 |
Сè што треба да знаете за целулитот Ако постои болка што им е заедничка на жените од сите страни на светот, тогаш тоа секако е целулитот. Кората од портокал на нозете и на задникот особено е грда налето, но борбата против целулитот е можна, иако резултатите не се моментално видливи.
Постојат три вида целулит Целулитот е всушност наталожување на масни наслаги, а се случува мускулите да станат слаби и недефинирани, па тие наслаги се видливи. Целулитот се дели на три вида. Влакнестиот целулит е тврд на допир, лесно се поместува под прстите, а кората од портокал е видлива без штипење. Подлабок е, компактен и многу тежок за отстранување. Адипозниот (мрсен) целулит е мек и безболен при штипење. Може да се најде на колковите и на бедрата, а го предизвикуваат премногу маснотии во исхраната, како и недостиг од физичка активност. Едемскиот целулит е мек на допир. Кората од портокал е малку видлива без штипење, а површината на кожата е слабо набрчкана. Овој вид целулит обично е последица од проблеми со циркулацијата и од седечкиот начин на живот. Фази За да знаете колку е тешка ситуацијата, морате да одредите во која фаза е целулитот, а постојат четири: - Нема видлив целулит, дури и кога ќе се штипнете.
- Нема видлив целулит во лежечка или стоечка положба. Кората од портокал може да се види кога ќе се штипнете.
- Целулитот е видлив кога стоите, но може да исчезне во лежечка положба.
- Видлив е без оглед во која положба сте.
Откако ќе дознаете во која фаза е целулитот, борбата против него може да започне. Но тоа дефинитивно значи промена на вашите навики. Морате да се движите Целулитот се појавува на целовите на телото на кои циркулацијата е слаба. Ако веќе не сте редовно активни ниту правите вежби за критичните делови од телото, потрудете се барем при туширање да ја масирате и да ја загревате кожата за да проработи циркулацијата. Ако се одлучите за вежбање, најдобар избор се трчање, пливање и брзо одење бидејќи така ќе ја поттикнете циркулацијата на тешко достапните места. Третмани дома Времето за туширање претворете го во мали третмани што ќе ја поттикнат циркулацијата. Добра масажа или пилинг со текот на времето ќе ја подобри состојбата на кожата. Важни се малите работи Сите жени што имаат канцелариска работа и многу седат, имаат поголеми шанси за да добијат целулит на нозете и на задникот. Ако имате физички неактивна работа, почесто правете паузи и шетајте, пијте доволно течности и пробајте да се движите во слободно време .
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 11.Март.2015 во 21:02 |
КАКО ДА СЕ ОСЛОБОДИТЕ ОД ЦЕЛУЛИТОТ?
И слаба и дебела жена, денес мака мачи со целулитот. Собирањето на масни наслаги под кожата доведуваат до нерамен изглед, но како и секој останат проблем – постои решение. За вашата борба со целулитот да успее, потребно е да знаете како тој настанува и кои се главните трикови за негово отстранување.
1. Не можете да се ослободите од целулитот со помош на креми Помирете се еднаш и засекогаш – лосионите и кремите не се чудотворни и нема да го отстранат вашито целулит. Дури и оние најскапите нема да го имаат посакуваниот ефект затоа што целулитот е проблем кој се јавува под кожата, па затоа секое површинско лечење е залудно трошење пари. 2. Козметичките третмани исто така се неефикасни Колку и да се популарни и скапи, третманите кои ги нудат козметичките салони немаат никаков ефект. Исто како и кај кремите, така и третманите ја негуваат кожата од надвор. Затоа, сочувајте си ги парите и заобиколете ги примамливите понуди. 3. Целулитот не е генетски предодреден и можете да се ослободите од него Без оглед на тоа што до сега бевте убедени во тоа, целулитот не е нешто што сте го наследиле од родителите и не морате да се помирите дека нема да го отстраните до крајот на животот. Ако еднаш поверувате во оваа приказна, тоа само ве спречува да се изборите со овој проблем. 4. Годините немаат никаква улога Целулитот е проблем врзан за вашите мускули и затоа можете да се ослободите од него без оглед на годините. Пронајдете вежби за затегнување кои ви одговараат на кондицијата, а не на годините. 5. Единствен начин да се ослободите од целулитот се вежбите Покрај правилната исхрана и големите количини вода, единствено вежбите може да ви помогнат. И единствено вежбите ќе ви помогнат на долг временски период. Концентрирајте се на вежбите кои ги активираат нозете, бедрата и задникот.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 11.Март.2015 во 21:03 |
3 типови целулит и како да се справите со нивПовеќето жени кои имаат проблем со целулитот, не знаат со каков тип на целулит имаат, а со тоа и како да се справат со него. Во прилог ги објаснуваме трите најчести форми на целулит, како се манифестираат и што треба да направите за да се справите со нив. Мек целулит
Изглед: Ваквиот тип на целулит е мек на допир и се забележува кога ќе ја стиснете кожата, но и кога лежите. Има желатинско-сунѓереста структура и ја менува местоположбата во зависност од движењето.
Локација: Најчесто се појавува во делови од телото каде што се насобираат маснотии, како горниот дел од рацете и нозете. Се шири со годините и недостатокот од физичка активност.
Третман: доколку личноста има и проблеми со тежината, се препорачува бавно намалување на килограмите во комбинација со протеинска исхрана. Ако килограмите не се проблем, тогаш решението е вежбање и зголемување на мускулната маса. Кога користите кремови против целулит убаво масирајте го местото со цел да ја зголемите циркулацијата. Кај ваков тип на целулит функционираат и третмани кои користат посилни вибрации. Тврд целулит
Изглед: како што кажува самото име станува збор за цврст облик на целулит, кој повеќе се јавува кај младите жени. Од надвор изгледа како портокалова лушпа и е забележлив како во стоечка, така и во лежечка положба.
Локација: надворешната страна на бутините, околу долниот дел од грбот и внатрешноста на колената.
Третман: во случај на ваков целулит, колку побрзо се дејствува, толку подобро бидејќи има тенденција со текот на времето да се влошува. Пожелно е да се започне со нанесување на креми против целулит два пати дневно, па да се продолжи со поинтензивни третмани како мезотерапија. Едематозен целулит
Изглед: овој тип на целулит се среќава најретко и во исто време е најтежок за отстранување. Се јавува како резултат на проблеми со лоша циркулација и задржување на течности. Во најголем број од случаите се јавува кај жени на возраст помеѓу 20 и 30 години.
Локација: Најмногу се манифестира на долниот дел од нозете, а помалку на бутините и колената. На допир има гумена текстура и може да боли.
Третман: со оглед на тоа што ваквата форма на целулит се добива поради намалена циркулација се препорачува пешачење, трчање и пливање. Кај овој вид на целулит помага и наизменично туширање со топла и ладна вода. Во однос на исхраната се препорачува избегнување на храна која предизвикува задржува на водата, како што се солта, брза храна и газираните сокови. Пожелно е да пиете зелен чај и редовно да ги масирате деловите кои се зафатени од целулит.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 16.Октомври.2016 во 09:38 |
Манекенки, актерки, пејачки и спортистки – сите по ред се „обични“ жени кои, иако на фотографиите изгледаат совршено, во реалниот живот ги мачат истите женски проблеми кои е невозможно да се отстранат во целост.Во продолжение ви претставуваме фотографии кои потврдуваат дека никој не е совршен.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 25.Април.2017 во 16:05 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 11.Ноември.2017 во 19:32 |
Американската актерка Џенифер Лав Хјуит многу пати во текот на својата кариера се нашла на мета на критики поради своето тело. Кога на насловните страници на бројните таблоиди се појавија нејзини слики во бикини, злобните коментари на сметка на нејзиниот целулит не престануваа да се нижат. Меѓутоа, актерката никогаш не била преокупирана со тоа и никогаш не го криела своето тело. “Долго молчев и не го коментирав начинот на кој женските тела постојано се критикуваат. Да се разбереме, не сум вознемирена поради тоа што ми се случило на мене, туку поради сите девојчиња кои се оптеретуваат со тоа како изгледаат. Знам како изгледам и го сакам своето тело, а тоа треба да го прават и останатите жени. Порака кон сите девојки со поголеми задници, гради, колкови и струк – гордо облечете бикини и бидете силни”, изјавила таа во една прилика. Своето тело не го крие ни Алиша Кис: “Ние жените сме најубавите суштества на светот без оглед на тоа кој конфекциски број го носиме. Благодарна сум поради тоа и знам дека многу жени сметаат дека треба да носат некоја помала големина за да бидат убави”, изјавила познатата пејачка. Во продолжение, погледнете кои се познатите дами кои не се преоптоваруваат со својот целулит.
Изменето од Valerija - 11.Ноември.2017 во 19:33
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 22.Ноември.2017 во 09:13 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|