|
Извор на младоста...! |
Внеси реплика |
Автор | |
Klara-D
Сениор Регистриран: 03.Март.2011 Статус: Офлајн Поени: 2671 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 27.Јули.2011 во 08:24 |
Телото има седум енергетски центри кои можеме да ги замислиме како енергетски полиња кои се вртат. Индусите ги нарекуваат чакри.
1. Хипофизата поврзана со челната чакра.(трето око) Енергетските вртежи се вртат со голема брзина. Доколку сите се вртат со голема и изедначена брзина, тогаш телото е сосем здраво. Кога еден или повеќето од нив ќе забават, почнува процесот на стареење и на опаѓање на телото. Најбрзиот начин за повторно стекнување на младоста, здравјето и виталноста е воспоставување нормално вртење на овие енергетски центри. Ламите ги нарекуваат ритуали. |
|
Klara-D
Сениор Регистриран: 03.Март.2011 Статус: Офлајн Поени: 2671 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Првиот ритуал е едноставен. Се изведува за зголемување на брзината на вртење на вртежот. Децата тоа постојано го прават додека си играат.
Треба само да се исправите и да ги раширите рацете паралелно со телото. Потоа се вртиме околу себе додека малку не ви се заврти. Она што е важно е следново, мора да се вртите одлево надесно. Повеќето возрасни во почетокот ќе можат да се свртат само 5-6 пати. Како почетник, не треба да се обидувате повеќе од тоа. Со текот на времето, кога ќе ги вежбате сите 5 ритуали, ќе можете се’ повеќе да се вртите, а чувството на вртоглавица се’ повеќе ќе се намалува. Можете да го употребите трикот на лизгачот и играчот, пред вртењето, сконцентрирајте го погледот на точката пред себе. Кога ќе почнете да се вртите, задржете го погледот на таа точка колку што можете. При вртењето, оваа референтна точка ќе ви помогне да бидете помалку дезориентирани и помалку ќе ви се врти. Ваквото вртење го практикуваат дервишите. Нивните вртења имаат многу корисно дејство, но и едно помалку поволно. Нивното прекумерно вртење премногу стимулира некои „вртежи“ и со тоа води до исцрпеност. Ова најпрво го забрзува текот на виталната животна енергија, а потоа ја блокира. Ова дејство кое крева и урива предизвикува еден вид „психички бес“ кој го доживуваат дервишите и го поврзуваат со духовното или со религиозното искуство, што изгледа погрешно. |
|
Klara-D
Сениор Регистриран: 03.Март.2011 Статус: Офлајн Поени: 2671 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Вториот ритуал е уште поедноставен. Испружете се на подот со лицето нагоре. Најдобро е да легнете на дебел тепих или на простирка. Ламите го прават овој ритуал на еден молитвен тепих. Испружете ги рацете по должината на телото и ставете ги на подот со составени прсти. Потоа подигнете ја главата од подот и привлечете ја брадата на градите. Истовремено подигнете ги нозете во исправена положба.Грбот останува на подот. Ако можете, повлечете ги нозете над телото подалеку кон главата. Колената мора да останат испружени. Потоа полека спуштете ги главата и нозете повторно на подот. Опуштете ги сите мускули и повторете го ритуалот без преголемо напрегање. |
|
Внеси реплика | |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |