IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Градови во Македонија
  Активни теми Активни теми RSS - Струмички карневал
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Струмички карневал

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 56789 10>
Автор
Порака
sneska_v Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Јуни.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3455
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sneska_v Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Март.2010 во 23:34
Strumicki Karneval:
Кон врв
Mindy Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Искрена, поискрена здравје

Регистриран: 14.Ноември.2005
Локација: United Arab Emirates
Статус: Офлајн
Поени: 14598
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Mindy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Февруари.2011 во 11:27
Не сум сигурна но мислам дека годинава струмичкиот карневал ќе  се одржи на 8 ми Март

Доколку бидам во Македонија тој период , ќе гледам да го посетам карневалот, ако не , ќе оставам за во друга прилика среќа
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Февруари.2011 во 13:01


Подготовките за Струмичкиот карневал се во тек  забава

 

 

Во општина Струмица веќе неколку месеци интензивно течат подготовките за Струмичкиот Карневал 2011. Од Организациониот Одбор на Струмичкиот Карневал дознаваме дека и оваа година ќе има голем број новитети, се со цел карневалот да добие епитет на најуспешен карневал.

Според предвидената динамика Струмичкиот Карневал ќе започне на 05.03.2011 во 20 часот со традиционалниот маскенбал во хотел Сириус и изборот на принц и принцеза, на 06.03.2011 ќе се одржи детскиот карневал, 07.03.2011 е чист понеделник, а главната карневалска вечер ќе биде во вторник на 08.03.2011 со почеток во 18 часот. Во среда 09.03.2011 ќе се одржи традиционалниот тримерски ручек. Програмата ќе опфати како и секоја година изложба на карикатури, а оваа година за прв пат ќе биде одржан и концерт под маски на учениците од музичкото училиште под покровителство на Струмичкиот карневал. Заради новото идејно решение на плоштадот поворката на главната карневалска вечер ќе биде делумно променета. Другите новитети засега остануваат изненадување истакнуваат од Организациониот одбор.

 

 

 


Кон врв
kultuzin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 03.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4903
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kultuzin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Февруари.2011 во 21:01
Незнам само кај ќе мине сега поворката, се надевам нема да е во новоизграденит тунел после тоа што се лучи во Дуизбург на љубовната парада добро би било тунелите да се избегнуват кога има масовни собири. Освен тоа носивоста на плочата која е над тунелот ми е малце сумлива.
Кон врв
zabegan Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Другарот на Мона Лиза

Регистриран: 06.Април.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9774
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zabegan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Февруари.2011 во 22:56
Originally posted by kultuzin kultuzin напиша:

Незнам само кај ќе мине сега поворката, се надевам нема да е во новоизграденит тунел после тоа што се лучи во Дуизбург на љубовната парада добро би било тунелите да се избегнуват кога има масовни собири. Освен тоа носивоста на плочата која е над тунелот ми е малце сумлива.
мислам дека е доволна носивоста, ипак плочата на е направена од картон и е поддржана од структура на столбови, носачи и ѕидови, а површината на тунелот под неа не е којзнае колкава па не остава многу простор за колабрирање
размисли пред да напишеш глупост
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Март.2011 во 01:43

Има уште време за пријавување голема%20насмевка

Објавени деталните правила за струмичкиот карневал

 

Организатор на Струмичкиот карневал е Одборот за организација на Струмичкиот карневал кој е орган на Советот на општина Струмица, и се избира од Советот со мандат од четири години. Покровител на карневалот е Градоначалникот на општина Струмица. Техничката организација е помогната и од културните институции.


На карневалот може да земат учество и рамноправно да учествуваат за наградите сите оние кои навреме ќе достават пријава и ќе имаат квалитетна маска.
- На учесниците надвор од Струмица Одборот за организација им обезбедува еден оброк.
- Пријавување за карневалот е во Завод и Музеј Струмица секој ден од 10 -13 ч.
од 20.02.2011 до 04.03.2011 или на оваа веб страна.
- Информации на тел. 075/288 664, 075/298 166
-е-маил адреса strcarnival@mt.net.mkОваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
- Учество на помлади лица од 12 години само во организирана форма преку училиштата или во група со возрасни кои ќе гарантираат за безбедноста на учесниците и квалитетот на маската.
- Маските да не се повисоки од 3,5 метри,а возилата подолги од 12 метри.
- Организациониот одбор апелира до учесниците да се придржуваат кон рокот за пријавување, за да може доставените текстови за идејата на маската да се средат и навреме достават до водителите.
- Организационот одбор го заджува правото фотографиите и видео снимките од карневалот да ги користи за пропагандни цели во корист на Струмичкиот карневал.
- Жирито ќе биде лоцирано пред Домот на културата
- Максимално време за презентација 3 минути
- Жирито го има правото да додели дополнителни награда
- Жирито го има правото да ги пренамени постоечките награди во зависност од конк*ренцијата и квалитетот во утврдените категории
- Немаскираните музички групи нема да бидат отценувани од жирито
- Резултатите на жири комисијата ќе се објават на прес конференција во среда, 09.03.2011 година во 12 часот во Домот на културата како и на оваа веб страна
-Одлуките на жирито се конечни и не се коментираат



Согласно правилникот за организација на Струмичкиот карневал се доделуваат следните награди по категории:

 

Група со над 50 учесника     Група со над 20 учесника
1 награда 800 евра              1 награда 500 евра
2 награда 700 евра              2 награда 400 евра
3 награда 600 евра              3 награда 300 евра



Група со над 10 учесника   Мала група - изворна тема
1 награда 350 евра                1 награда 150 евра 
2 награда 250 евра                2 награда 100 евра 
3 награда 150 евра                3 награда 75 евра.


 

Кон врв
kultuzin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 03.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4903
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kultuzin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Март.2011 во 12:51

Струмичките советници од СДСМ и ВМРО ДПМНЕ обединети под карневалските маски

Ја оставија политиката на страна, ги навлекоа маските и ќе се забавуваат. За прв пат струмичкиот совет организирано под заедничка маска ќе настапи на маскенбалот. Возрасни и млади, сите заедно ќе покажат дека карневалот е подеднакво важен за секој струмичанец.

- Пораката е дека сите советници сме обединети и дека успешно функционираме, вели Ване Митушев, советник од ВМРО- ДПМНЕ.

Модерни Клеопатри и римски војници. струмичкиот совет ќе ја претстави последната египетска владетелка и периодот на римското освојување на земјата на пирамидите.

- За прв пат вложуваме толку труд и креативност, зашто поранешните совети биле на маскенбалот, но не се маскирале, рече Бранко Бенинов, советник од СДСМ.

- Понежниот пол сме современи Клеопатри, се уште ги доработуваме маските, вели Верица Узунова, советник од СДСМ.

Дваесетина советници ќе бидат дел од големиот бал под маски што ќе го означи почетокот на карневалските денови во Струмица.

Тука во кристалната сала на хотелот Сириус ќе продефилираат петстотини учесници од Струмица, но и од околните градови и странство. Меѓу присутните ќе се изберат и новите принц и принцеза, кои традиционално ја отвараат главната карневалска парада.

Струмица годинава очекува околу 60 илјади гости. Сите угостителски објекти се зафатени до последно место. Поради недостаток на сместувачки капацитети, дел од учесниците и гостите на карневалот, се сместуваат во хотелите во околните градови Радовиш, Гевгелија и Дојран.

Сузана Мицева






Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Март.2011 во 03:19


Историја на Струмичкиот Карневал љубов

 

Карневалот во Струмица е еден од најзначајните обичаи и традиции од таков вид во Републиката, кој отишол можеби најдалеку во својата трансформација од сите традиционални игри под маски, како по времето на одржување така и по својата цел и функција. Струмичкиот карневал се одржува традиционално секоја година во рамките на тримерските денови, односно на почетокот на големиот Велигденски пост, а и самото име к а р н е в а л , од римското c a r n e – месо и v a l i – збогум, односно збогум месо ни асоцира на почеток на пост, а во овој случај тоа е Велигденскиот пост. Почетокот на постот односно првите три дена се наречени тримерски денови и тие секогаш започнуваат од недела вечерта на Прочка и траат до среда, а во нивни рамки односно во вторникот вечерта е традиционалната карневалска вечер, кога маскирани групи шетаат низ градот и одат по куќите каде што има верени, армасани девојки и каде што остануваат до раните утрински часови. Меѓутоа што се однесува до поврзаноста на карневалот со тримерските денови, треба да се направи реска дистинкција, односно треба да напоменеме дека нивната поврзаност е само временска т.е. тие временски се совпаѓаат, но не и суштински , бидејки по својата суштина тримерите се еден христијански обичај, додека карневалот претставува остаток од еден култ од паганско време.
Kарневалот во Струмица е доста долга традиција и него го спомнува патеписецот Евлија Челебија уште во 1670 година . Тој минувајќи низ Струмица запишал : ...Дојдов во еден град , расположен во полите на еден висок баир и видов како таа ноќ маскирани луѓе претрчуваа од куќа во куќа, низ смеа писок и песна... што јасно укажува на можноста дека се работи за тримерските карневалски свечености во Струмица .
Како еден указителен и мошне веројатен податок и симбол за древноста и старината на овој карневал е и фактот дека многу белези на маските, носиите и предметите кои останале во употреба (облеки од кожа, рогови од разни животни, бик, прч, овен ), како и алузијата на многуте сакатници со патерици што се појавуваат на самиот карневал ( истерување на злите духови, желбата за здравје, плодност итн.) и кои се карактеристични само за неговата иницијална односно изворна, паганска форма која подоцна доживува извесна трансформација во традиционална форма односно маска, која што сеуште ја паметат најстарите струмичани, бидејки карневалот од кои и да е причини, кои се сеуште во сверата на претпоставки, се поклопува со тримерите односно празникот на армасаните, а кое нешто се гледа од најчестите теми односно мотиви кои провејуват кај неа и кои најчесто се повторуваат се невестата со младоженецот, кои ги симболизираат младенците односно верените, потоа циган и циганка со бебе, со значење како циганите имаат по многу деца, така и новите младенци да имаат бројно потомство одн. многудетност, потоа тука е и попот кој ги благословува младите за среќа, благосостојба и слога во бракот, тука е и ѓаволот најчесто со рогови со, со опашка од вол или некое друго животно, со вила во рацете, кого сите го бркаат, а чија симболика е бркање на сите лоши сили или влијанија кои би можеле да се појават и да им наштетат на младоженците. Многу чест мотив кој се јавува се и мажи претворени во жени со изразени женски атрибути и обратно, со кое нешто сака да се покаже најчесто кои физички особини сака мажот да ги поседува жената и обратно.
Друга карактеристика на традиционалната форма на карневалот чија цел и намена се поклопува со предходната е наследството на бројните еротски елементи, песните исполнети со еротски мотиви, содржини и зборови, препознавањето на момчето по големиот фалус, направен од шише или друг предмет и чија цел е дидактичка , односно упатување и припремање на невестата за идниот брачен и сексуален живот.

 

 

Тука се и музичките реквизити, односно музичките инструменти, гитарата, армониката, дајрето, кои секоја маскирана група што оди по куќите на армасаните девојки ги носи, на кои се свири и кои се неопходни за стварање на една општа веселба и расположение .
Во денешно време карневалот ја добива и својата трета димензија, односно една посовремена, модерна димензија, со некои влијаниа со слични карневали во светот, а преку својот организиран па и награден карактер, добива една друга посовремена конотација, меѓутоа тардиционалниот карактер на карневалот и одењето по куќите на верените девојки како обичај сепак останува.


Преку шаренилото од бои, фигури и маски со различни мотиви и теми, се настојува да се покаже вечна борба односно дуализам и антагонизам меѓу доброто и злото, реализмот и сарказмот, иронијата, сатирата и традицијата, полтронството и кариеризмот, власта и безвластието и сето тоа проследено со една голема живост и динамика карактеристична на струмичани, кои се исто познати и како големи љубовџии, а во целата таа церемонија подеднакво учествуваат, односно се вклучени сите структури, социјална, старосна и полова структура на учесниците . Маските се по избор на самите учесници . Секој учесник си избира своја тема и, идеја за маскирање, додека кај групните тоа е заедничка идеја на целата група. Маските ги изработуваат самите учесници и многу ретко се појавуваат готови фабрички маски . Спремањето односно изработката започнува многу порано, обично 2-3 месеци, па и повеќе пред самиот карневал . Од видовите на маски најзастапени се антропоморфните а се среќаваат и зооморфни и зооантропоморфни маски. Во овие денови целиот град живее со и за карневалот. Тоа е голем настан во кој се вклучени повеќе стотици маскирани луѓе по улиците на градот, како и неколку илјади посетители од Струмица а во последно време и од другите градови во Републиката, па и од странство, кои ја гледаат оваа многу атрактивна и прекрасна традиција. Така бројот на учесниците во карневалот, како и посетителите од година во година почна енормно да се зголемува.

 

 

 

Како што споменавм порано, времето на одржување на карневалот е во рамките на тримерските денови, односно на почетокот на големиот Велигденски пост .
Тримерите по своето првобитно значење и форма се еден мошне стар христијански обичај, кој води потекло од многу одамна т.е од почетокот на христијанската вера. Самото име потекнува од грчките зборови tris meres во превод – три дена и е со значење тридневен пост. Тие се сместени во првата недела од Велигденскиот пост, наречена првопосна или Тодорова недела и претставуваат една построга односно најстара форма на постење, бидејки за овие три дена додека е пости, оние што почнале да постат не смеат ништо ниту да јадат ниту да пијат. Тримерите се всушност, почеток на големиот Велигденски пост, кој трае седум, односно со таканаречената сирна недела осум седмици. Тие почнуваат од Поклади односно Прочка, која секогаш паѓа в недела и траат до среда, што значи дека го менуваат датумот во зависност од тоа кога паѓа Велигден, но остануваат истите денови понеделник , вторник и среда.Најчесто овие пости ги постеле верените, армасаните девојки и девојки пред мажење или немажените девојки, момите. Обично по повеќе девојки се собирале да постат заедно во куќата на армасаната. Најчесто тоа биле другарки на таа верена девојка или девојки поканети од машката страна, кои тука заедно спијат и престојуваат додека трае постот. Останатите членови од фамилијата или гости кои доаѓаат во куќата каде што тие престојуваат строго избегнувале пред тримерџиките да пијат вода или да јадат, па дури и да зборуваат за јадење и пиење, бидејки го сметале тоа за голем грев. Исто така било грев некоја која почнала да пости да се откаже и почне да си апнува како што вели народот. Обичај било некоја девојка која ќе започне да тримерува, да тримерува три до пет години по ред.
Тие што ги издржале тримерите одат в среда рано изутрина во црква за да примат од попот ајазмо односно крстена вода од Водици и нафора. По земањето на ајазмото тие веќе можеле да пијат и да јадат секакви јадења, но пак посни и тој ден тие се поштедени од секаква работа. На армасаните девојки кои го издржале постот, свакрвите како еден вид понуда, награда за тој голем успех им донесувале синии со разни посни јадења, обичај кој знаеме и ден денес се одржува. Денес веќе овој тримерски пост многу ретко се пости .
Тримерите ја изгубиле својата првобитна односно изворна форма и значење, но тие како обичај во Струмица се уште се одржуваат и егзистираат со сите церемонии кои го придружуваат тој обичај. Целиот тој тримерски церемонијал или уште како што уште се нарекува празник на армасаните се одвива во куќата на невестата , во среда и тој ден го прославуваат исклучиво жени, кои одат на ручек кај верената. Гостите што ги кани свакрвата одат групно, односно се собираат прво кај свакрвата и од тука сите одат на ручек кај снаата. Секој што оди на ручек носи и подарок на невестата. На ручекот обично се собираат педесетина жени, но некаде таа бојка може да биде 150 па дури и 200 жени, бидејки од порано само свекрвата носела гости, додека денес и мајката на верената носи свои гости.
Ручекот е некаде по 12 часот и за таа пригода се готват специјално посни јадења и тоа, сарма од кисела зелка без месо со ореви, посен бел грав, варена пченка со ореви, а како десерт се служи зерде (сутлијаш без млеко со вода ), бела алва, овошје, локум и компот или ошав од црни сливи и суво грозје, додека наместо леб се кршат и се служат погачи, односно чуреци, месени со квас од наут т.н наутлии погачи кои што ги меси момата. За пиење се служи исклучиво боза која ја носи свакрвата, обично во ѓумови. Ручекот поминува во доста весело расположение, и бидејќи тука се собрани само жени, се прават разни безобразни муабети и се пеат разни песни со еротска содржина.голема%20насмевка


Кон врв
Mindy Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Искрена, поискрена здравје

Регистриран: 14.Ноември.2005
Локација: United Arab Emirates
Статус: Офлајн
Поени: 14598
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Mindy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Март.2011 во 11:33
Епа за жал не бев на карневалот и оваа година

Па се така ми се погодува баш тој период да сум некаде надвор од Македонија и не бев во можност да присуствувам тагатагатага

Се надевам оние кои биле , си поминале убаво среќа
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Март.2011 во 11:54


Галерија со слики од карневалот на сајтот на Точка.
И уште една галерија на сајтот Струмица денес.
да
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Март.2011 во 14:22
Ане ти која си од сите девојки ?збунетост 
 
Минатата година беше промашала да учествувааш ,а сега кажи (покажи)како си била маскирана.мечтаење
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Март.2011 во 02:33


Емил, и годинава промашив.
Кон врв
revoltirana Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 12.Октомври.2010
Статус: Офлајн
Поени: 37
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај revoltirana Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Март.2011 во 21:14
Otidovme so kola godinava Sturmica na karneval.
BRAVOOO za Strumica, se nadminaa sebesi - od organizacija, do karnevalot i se so red.
Jas sum voodushevena pred se od gradot - za kolku kratko vreme dobi nov lik (posleen pat bev pred 4 godini) - da ne zboruvam, razgovarav so ljugeto kolku pari samo vlozuvaat vo maskite... a da ne kazuvam kolku se ljugeto gostoprimlivi...
Sum bila i Vevchani, vo sporedba so ova sto go vidov


BRAVO ZA STRUMICA !!!!
Кон врв
kultuzin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 03.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4903
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kultuzin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јули.2011 во 19:20
Струмичкиот карневал меѓу традицијата и верата
Од година струмичкиот карневал со нов датум. Наместо во вторник главната карневалска вечер ќе се одржи во сабота. Така одлучи градскиот совет, по неколкумесечни реакции и притисоци од групи граѓани, но и од струмичката епархија.

Црквата бараше карневалот да не се меша со верските празници, имал паганска историја и носел еротска порака, а се одржувал за време на пости. Младите пак бараа поместување заради ладното време и работните денови.

За познатиот фолклорист Иван Котев ваквото решение е погрешно и треба да се преиспита. Котев вели дека карневалот е постар од христијанството и според тоа, не смее да се задира во неговата симболика.

Со новото решение карневалските денови почнуваат во петок со традиционалниот маскенбал, сабота главно карневалско дефиле и недела детскиот карневал. Чист понеделник и празникот на армасаните остануваат во постојните денови, понеделник и среда.

Сузана Мицева

http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=43&eventId=77881

Конечно и тоа чудо се случи.
А требаше многу порано да се смени датумот ако поради ништо друго поради религиозни причини.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 56789 10>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,221 секунди.