IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Градови во Македонија
  Активни теми Активни теми RSS - Прилеп
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Прилеп

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 9596979899 131>
Автор
Порака
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јуни.2011 во 12:31
Млади сликари изложуваат во Прилеп

Дваесетина слики, цртежи и графики од деветмина млади автори од земјава ќе бидат презентирани на групната изложба која ќе биде отворена вечерва во 20 часот во Галеријата на Центарот за култура "Марко Цепенков" во Прилеп.
На изложбата со свои дела се претставуваат Алмин Беговиќ, Ана Јовановска, Блашка Миева ,Фатих Билаловиќ, Магдалена Саздовска, Мирјана Бубевска, Санда Миева, Саша Дичковски и Симона Јакимовска. Станува збор за млади дипломирани уметници или студенти на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, кои веќе учествувале на групни изложби или биле дел од ликовни колонии, а некои се претставиле и со самостојни изложби, информираат организаторите
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јули.2011 во 05:40

Бесплатно кампување во парк

Капацитетите за сместување во Прилеп за време на фестивалот "Пиво фест", кој ќе се одржи од 14. до 19. овој месец, се полнат, а сите оние што ќе останат без сместување, може да си понесат шатор и да се сместат во Паркот на револуцијата. И годинава организаторите се погрижија сите посетители да уживаат во текот на фестивалот на пивото и на скарата, па затоа, како што велат, може бесплатно да кампираат во паркот. И од сообраќаен и од безбедносен аспект, преземени се сите неопходни мерки, а првиот човек на Прилеп, Марјан Ристески, им препорача на прилепчани тие денови да не ги користат возилата и да отстапат места за гостите однадвор, бидејќи се обезбедени 10 илјади паркинг-места. Во соработка со "Македонски железници", за време на одржувањето на фестивалот ќе има вонредни возови на релација Скопје-Прилеп и обратно.
Ова деветто издание на "Пиво фест" има и своја официјална химна од прилепскиот композитор Борче Шабаноски, а поучени од искуствата при посетата на "Октобер фест" во Минхен, годинава и хостесите на "Прилеп фест" ќе имаат униформи во баварски стил, секако со македонски орнаменти.
"Прилеп и фестивалот го заслужуваат тоа, зашто, според градоначалникот Ристески, дефинитивно ова е најголемиот фестивал по бројот на посетители во Македонија и е меѓу трите најголеми на Балканот. Ова се потврди изминатите години, бидејќи само лани на "Пиво фест" учествуваа над 300 илјади посетители.
Во музичкиот дел, како и секоја година така и оваа ќе учествуваат многу познати домашни и странски ѕвезди, како: Елена Ристеска, Ламбе, Алабакоски, Благица Павловска, Гоце Арнаудов, Елена Велевска, но и балканските Харис Џиновиќ и Здравко Чолиќ, кој ќе настапи на затворањето на фестивалот

Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јули.2011 во 19:34
...edino vredno od prilep,...kolku shto mozam da vidam e:
 
...zlatnuiot dab i....razume se,
 
.....''matorata''!намигнување............големо%20гушкање
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
Andjelina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Miss High Hill’s

Регистриран: 07.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 14129
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Andjelina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јули.2011 во 00:54
Originally posted by brza brza напиша:

...edino vredno od prilep,...kolku shto mozam da vidam e:
 
...zlatnuiot dab i....razume se,
 
.....''matorata''!намигнување............големо%20гушкање

бакнежголемо%20гушкањебакнеж
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува

Кон врв
Andjelina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Miss High Hill’s

Регистриран: 07.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 14129
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Andjelina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јули.2011 во 00:59
http://www.pivofest.info/
eve vi programa za pivo fest 2001,da ne kazete deka ne ste bile informiraniнамигнување
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува

Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јули.2011 во 12:30
Originally posted by zabegan zabegan напиша:

како може да прерасне Прилеп во европски град кога веќе и онака си е европски, со фактот дека се наоѓа во Европа
ама нееее, според нашата популација, европски град бил ако има парк, фонтана и катна гаража газење%20од%20смеење

да
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јули.2011 во 06:21

Прилеп подготвен за старт на пиво - журката

 

ПРИЛЕП - На ладно пиво и вкусна скара се очекуваат над 300.000 туристи во Прилеп на годинешниот деветти „Пивофест“. Според информациите од локалната самоуправа, која е организатор на манифестацијата, се' е подготвено за почеток на пиво-журката, безбедноста на храната и воопшто, организацијата на целата манифестација ќе биде на највисоко ниво.

„Нека побрзаат гостите од сите градови на Македонија и пошироко да си резервираат место за ноќевање, зашто околу 95% од угостителските капацитети во градот веќе се пополнети, но, сепак, локалната самоуправа за туристите што сакаат да кампуваат им овозможи бесплатен простор на „Могилата на непобедените“, каде што ќе бидат послужени за добре дојде со домаќински чај или кафе“, изјави градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески. Тој се' уште ја држи во тајност сумата што ќе ја платат Општината и пиварниците за гостувањето на врвната естрадна ѕвезда, Здравко Чолиќ, кој треба да има свој целовечерен концерт на завршницата на журката на 17 јули.

А журката ќе започне на 14 јули во центарот на градот, каде што уште сега се монтираат штандовите на вкупно 32 кафанџии и брендирани пиварници, кои ќе нудат не само вкусна храна, туку и добра забава. Пиво-парти, пена-парти се дел од натпреварите и играриите што се' уште се држат во тајност. Годинава е новина тоа што млади момци и девојки облечени во народна носија ќе служат на секој штанд, а музичарот Борче Шабаноски компонираше и химна за оваа манифестација.

За да се задоволат сите вкусови, ќе има многубројни естрадни гости на две сцени во градот, забава за млади и повозрасни со Харис Џиновиќ, Елена Ристеска, Благица Павлоска, Ламбе Алабаковски...познати диџеи што ќе се грижат за забавите во раните утрински часови, а конфекцијата „Васидора“ од Прилеп ќе одржи и модна ревија.

За целосна безбедност и беспрекорна организација, ангажирани се сите инспекциски служби во градот во соработка со прилепската полиција и ТППЕ.

Лани на прилепскиот „Пивофест“ се испија над 240 тони пиво и се изедоа околу 123 тони скара

Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јули.2011 во 23:26
 
 
   Поздрав до сите
 
    Прилепчани ...во Прилеп и надвор од него  ....среќа
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јули.2011 во 16:08

Испиени 60.000 кригли пиво на првиот ден од "Пивофест"

 

Околу 29 илјади литри пиво испија и 12 тони скара изедоа гостите во првите два дена од годинашниот фестивал на пивото во Прилеп. Целиот град е окупиран од пивопијци од речиси сите градови од земјава.

Низ чад и силна фолк и рок-музика се густираат десетина видови пиво. Утревечер се очекува градот да го "нападнат" околу 100 илјади посетители, за кога е закажан и концертот на Харис Џиновиќ. Кулминацијата, пак, се очекува за в недела со настапот на балканската поп-легенда Здравко Чолиќ.

Гостите се снаоѓаат кој како знае и умее, па многумина деновиве се на преспивање кај роднини, пријатели, познајници низ прилепските домови. Мирјана Стојаноска вели дека има полна куќа гости.

- Уште зимоска ме "капарија" роднини од Гевгелија и од Скопје за "Пивофестот". Нема кај да ги сместам, но се снаоѓаме некако. Нема да ги оставиме да кампуваат, кога имаат покрив кај свои. Сакаат да уживаат и им излегуваме во пресрет. И ние пиеме понекое пиво секоја вечер. Нели е празник на пивото. Прекрасно се дружиме - вели Стојаноска.

Илија Стеваноски од САД првпат присуствува на пивскиот фестивал. Вели дека му се допаѓа расположението на фестивалот.

- Изненаден сум од оптимизмот кај луѓето, оти имав сознанија дека владее очај и разочарување. Запознав луѓе од Битола и од Охрид кои специјално дошле да го слават пивото. Им честитам на организаторите. Беспрекорно е добро, од музиката, љубезноста, амбиентот, пивото и скарата, па до хигиената - вели Стеваноски.

Локалните власти изразија задоволство од одѕивот на првите фестивалски денови и оптимистички најавуваат дека годинава ќе биде надминат ланскиот рекорд од 300 илјади посетители

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јули.2011 во 23:38

Пијанство и кич

"Ова е парада на пијанство и кич, ама барем луѓето се среќни, а ние во ќар", изјави еден сопственик на кафеана

Толпа народ се пробиваше низ чадот од штандовите со скара и со пиво, на завчерашната трета вечер од прилепскиот "Пиво фест". Пиварите најмногу ќарија додека босанскиот кафеански крал Харис Џиновиќ ја пееше "И од тебе сум сит кафеано" (И тебе сам сит кафано). Пиво се пиеше и се истураше.
Испотените келнери облечени во униформи сошиени по урнек на нивните колеги од германскиот "Октобер фест", едвај успеваа да ги задоволат нарачките на гостите. Оние побрзите и попаметните си резервирале маси една недела однапред на најфреквентните места, на тревникот близу сцената. Сопствениците на штандовите на шега ги викаа ВИП маси.
Харис запеа, и тоа беше доволна причина да се заврти оро. Откако се изеде скарата, масите беа слободни, па родителите ги качуваа децата по нив. Родителите им се придружија качени на столчиња. Мажите ги соблекуваа маиците, па мешаа со голи стомаци, а за жените "Пиво фест" беше шанса за промоција на новите штикли, фустани и за натпревар која има најцрвен кармин. "Ова е парада на пијанство и кич, ама барем луѓето се среќни, а ние во ќар", рече еден сопственик на кафеана.
"Баба ми дома постојано го слуша Харис Џиновиќ и јас му ги знам сите песни", ни рече едно 7-годишно девојче од првите редови пред сцената која фолк-кралот го следеше во секој стих.
Тинејџерки врескаа и додека настапуваше Гоце Арнаудов. Фолк-ѕвездата во свој стил ја загреа публиката пред настапот на Џиновиќ. Со него на сцената замеша Лила М. Стојановска, која заедно со Александар Блажевски го водеше фестивалот. Арнаудов воодушевен од мешањето на Лила, најави дека следниот негов дует ќе биде со атрактивната водителка. Од домашните фолкери прва настапи Елена Велевска, а по неа Благица Павловска. Како вистинска ѕвезда, Благица со телохранители се движеше зад сцената.
Податок кој и годинава изненади, а од Општина Прилеп со гордост го објавија, е дека во саботата вечер се испиле 70 тони пиво и се изеле 40 тони скара. Брзата помош во Прилеп немала интервенции. Никој не побарал помош за пијанство и надуеност од прејадување.
Завчерашниот настап на Харис Џиновиќ и вчерашниот на Здравко Чолиќ вкупно собра околу 200.000 луѓе. Во четирите фестивалски денови, "Пиво фест" го посетија повеќе од 410 илјади гости. Хотелите во Прилеп и во Крушево беа преполни, а Општината даде можност за бесплатно кампување во паркот
Кон врв
zabegan Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Другарот на Мона Лиза

Регистриран: 06.Април.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9774
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zabegan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јули.2011 во 03:02
јас ја имам истата замерка, она што треба да биде културен фестивал, со музика и разни видови на забава поврзана со пивото, се претвори во турбофолк мрсноќа чија застапеност во нашата земја се повеќе се зголемува и на ред дојде и сељанџааната да се изживува врз македонските културни настани како што е и пивофестов
размисли пред да напишеш глупост
Кон врв
MyWay Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Антиталенат на годината

Регистриран: 05.Септември.2008
Локација: Aruba
Статус: Офлајн
Поени: 23914
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај MyWay Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јули.2011 во 13:41
Vidi sega jas ic ne slusam turbo folk...i nikakva JY muzika...i pojdov na pivo fest bas za druzenje i zabava a ne da gi slusam tie sto ke peat...
Ama takov bese nastanot...ete gi viknale tie gosti..i da ti kazam pravo lugeto kolku sto gledav se zabavuvaa..Pa ednas vo godinata interesno e da igras na tubro folk so pivo vo raka..A baska posle tolku piva site zaboravija dali se raperi, tehnomani ili turbofolkeri..
Ovie po vesnicite sto sakat neka pisuvaat..bilo kic ili ne bilo... mnogu se razbiraat...site novinari analiticari se k*rdisaa pa na koj kako mu odgovara ke pisuva..a nie ne mora da gi prevzemame vo nasata glava nivnite analizi..
Naj bitno e naseto individualno mislenje..

..Nastanot se odrza, bese prekrasno, premnogu narod...super organizacija...Vo celina zemano odlicno bese se....Na Makedonija i trebaat poveke vakvi desavki...



Како изгледа совршен маж..Он не изгледа..Он се понаша ......

Кон врв
kultuzin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 03.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4903
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kultuzin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јули.2011 во 16:46
Одкога тоа пивофестот треба да биде „културен настан„?
Пиво фетот е токму тоа што My Wey кажа „забава, дружење, пиење и јадење„. Оваа година немаше турбо фолкери затоа што Здравко Чолич , Харис Џиновиќ и Ванг Гог се се само не Турбо Фолкери, а ако штандовите пуштале турбо фолк тоа е нивна работа , а и ваков фестивал е единственото место каде донекаде го одобрувам турбо фокот.
Кон врв
MyWay Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Антиталенат на годината

Регистриран: 05.Септември.2008
Локација: Aruba
Статус: Офлајн
Поени: 23914
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај MyWay Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јули.2011 во 09:40
Јас тргнав со една мисла...
Да се забавувам и да се дружам....
значи ич не ми беше гајле кој ќе настапи....макар што не поднесувам српска музика.....
ама видов дека луѓето беа презадоволни и сите со раце во вис...
Значи им било убаво..а тоа е нај битно...па и јас се изнаиграв...
А кој не сака турбо фолк на 1 ви август во Охрид на Дејвид Гета..немора да оди на пиво фест...голема%20насмевка


Изменето од MyWay - 20.Јули.2011 во 09:41

Како изгледа совршен маж..Он не изгледа..Он се понаша ......

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 9596979899 131>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,141 секунди.