IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Мистерии и астрологија
  Активни теми Активни теми RSS - Змијата - симбол - култ - ...
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Змијата - симбол - култ - ...

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
Klara-D Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Март.2011
Статус: Офлајн
Поени: 2671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Klara-D Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Змијата - симбол - култ - ...
    Испратена: 12.Јули.2011 во 13:50
 
 
Секоја култура од почетокот на светот е магично опседната со змиите.
Како култ, змијата се јавува во повеќе култури а најизразена е во Средна и Јужна Америка, посебно во Египет.Се става во контекст со обожувањето на Земјата, и е поврзана со низа божества повеќе или помалку познати....
Змијата се замислува како инкарнација на умрените души. Постојат верувања дека таа живее во темелите под куќниот праг, крај огништето на вечното пребивање на човековата душа. Предците ги погребувале своите покојни под прагот и огништето, од каде произлегла култната изрека....Не го напуштај куќниот праг и огништето....
 
Змиите се поврзани, исто така, со култот на мртвите а како симбол на Египетското кралство, таа е заштитничка но и противничка на Сонцето.Змиите се симбол на Сонцето на повеќе начини. „Побрза е онаа влечуга која подолго се греела на Сонце“. Ја собираат енергијата на Сонцето која им дава сила . Во Египет врховниот свештеник го нарекувале син на Сонцето и Месечината. Сонцето е симбол на десното око, а Месечината на левото. Бесмртната душа е син и на Сонцето и на Месечината, престојува помеѓу двете очи, над носот, под челната коска. Во Египет оние свештеници кои успеале да достигнат висок степен на иницијација, носеле златна змија насред челото;симбол на будноста.Photobucket Свештениците биле иницирани во Кундалини, а разбудената кундалини предизвикува звук и чувство како да се подига змија во внатрешноста на кичмата(спинал) и се подига се до 3. око (таму каде што Тутанкамоновата маска има змија и орел), за да се спои понатаму на темето на главата со орелот. Змијата и Орелот го симболизираат спојувањето на Кундалини од коренската чакра (опишување на шиштавата змија) до 7., „божествената“ чакра според Мојсеј, кој исто така, наводно бил инициран но успеал да избега од Египет. Со будењето се добива моќ над сончевиот и месечевиот канал на човекот, и мистично е прикажано преку Удјат-окото, односно окото на Хорус: од левата страна е змијата а од десна орелот, покрај мистичното око кое е вперено навнатре...
Кон врв
Klara-D Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Март.2011
Статус: Офлајн
Поени: 2671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Klara-D Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јули.2011 во 14:48
 
Photobucket

И Мојсеј има бронзена змија намотана на стап.Имено, додека тој ги водел евреите до „Ветената земја“, патувајќи низ пустината, стасале до границите на Едом. Молбата до едомскиот крал за сигурен премин била одбиена, па така патувањето морало да се продолжи по заобиколен пат. А тоа значело дека патувањето ќе продолжи низ врелата пустина а не преку плодната земја како што се надевале. Тогаш евреите започнале да приговараат против Бог и Мојсеј за тешките услови. Нормално, пустината била преполна со змии а тие се наоѓале насекаде:во тревата, во куќите, во креветите, а луѓето не можеле ништо да прават, ни да јадат ни да спијат, зошто гризнатите умирале во страшни маки. Овие змии биле наречени „огнени“ поради болките предизвикани од отровот. Постојат змии чиј отров предизвикува восплаленија, некои пак само отоци, но овие „огнени“ змии предизвикувале смрт. А придавката „огнена“ што се користи во Библијата има ист корен со зборот „серафим“ што значи огнен, сјаен.
 

Photobucket

 

Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јули.2011 во 22:43
Metaforata na zmijata vo site religii i veruvanja e vo nezinoto menuvanje na koshulkata - postoenjeto i energijata se vo postojani preobrazbi kako shto zmijata postojano ja menuva svojata koshulka. Taa ostanuva ista, iako prividno sekogash e razlichna, kako nekoja druga replika od ona prvata.

Taa e simbolot na iluzijata (majata) vo Hinduzimot.

Taa e uslovot vo Stariot Zavet koj go razdvojuva Ednoto vo dve sprotivno kategorii na dobro i zlo, pa od sostojba na bozhenstveno Ednobitie sozdava krajno polariziranje na Raj i pekol, na "onoj" i "ovoj" svet, na svetlina i temnina, na toplina i stud...

Taa e onoa koja vo hermetizmot e prestaveno kako dve prepleteni zmii, ednata duhovna, a drugata materijalna... simbol koj podocna e prifaten od medicinata.

Zmijata go simboilizira prividnoto znaenje (nejzinite koshulki) ili potochno neznaenjeto. Koga ima znaenje, potochno osoznavanje, togash taa ischeznuva kako shto ischeznuva i dualitetot.

A toa ne e nishto drugo tuku onoa shto go govori Isus vo svoite uchenja kako "vrakjanje kon svojot Otec", "da se bide Edno so Nego", toa e onoa koga veli "prashaj i kje ti se odgovori", "chukaj i vratata kje ti se otvori", kako i deka "Carstvoto Bozhje ne e nikade na drugo mesto tuku vo nas samite".

Pogreshnoto sogleduvanje na promenlivite i minlivi neshta (zmijskite koshulki) kako da se realni, se korenot na vekovnoto chovekovo ropstvo.







Изменето од Messenger - 13.Јули.2011 во 22:46
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Klara-D Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Март.2011
Статус: Офлајн
Поени: 2671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Klara-D Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јули.2011 во 08:18
 
 
Кај Толтеците за Млечниот пат се говори како за Змија која голта Орел. Кај Маите култот на змијата претставена преку Kukulkan, крилата змија, претставува к*рир помеѓу боговите и кралевите. Во една од фолклорните приказни се вели дека Kukulkan бил дете кое се родило како змија. Како што растел станувало очигледно дека тој е крилата змија , па затоа неговата сестра го однела во пештера и таму се грижела за него. Кога пораснал до таа мера што сестра му повеќе не можела да го нахрани, тој полетал од пештерата и се нурнал во морето предизвикувајќи земјотрес. За да знае сестра му дека тој сеуште е жив, секоја година во месец Јуни предизвикува земјотрес...
 
Photobucket 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Племето Arusi-Galla од Етиопија ја смета змијата за мајка на човековиот род и многу ја почитува, а племето dinka од Судан, змијата ја нарекува свој брат, и во секој човек што ќе убие змија -гледаат злосторник..........
 
 
 
 
Кон врв
Klara-D Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Март.2011
Статус: Офлајн
Поени: 2671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Klara-D Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јули.2011 во 11:44
 
 

Бронзената змија што Мојсеј ја направил, чудесно ги преживува сите патувања и сите израелски битки. Поголемиот дел од паганските народи околу Израел, и служеле на змијата како на Бог на плодноста и мистична сила. Со тек на време, и Израел започнал да ја обожува бронзената змија како божество. И денес, милиони луѓе ширум светот ја обожуваат змијата мислејќи дека му служат на Бог.

 

Библијата доста често ја спомнува змијата. Некој пресметал дека змијата се спомнува вкупно 53 пати. Првите две поглавја го опишуваат Рајот, каде се’ е совршено.Третото поглавје го опишува „падот“ на нашите прародители(Адам и Ева). Исто така, третото поглавје од назад, од крајот на Библијата, го опишува уништувањето на змијата, т.е. Сотоната, а последните две поглавја исто како првите две, го опишуваат Рајот, совршенството......!!!

Кон врв
Klara-D Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Март.2011
Статус: Офлајн
Поени: 2671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Klara-D Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јули.2011 во 09:17
 
 

Змијата истовремено е и мудра и опасна. Кај алхемичарите мудрата змија е симбол за иницијација, од една страна, а од друга страна е виновна за почетокот на смртноста кај човекот. Умее да заведе, лукава е.(Ева и јаболкото).

Пред повеќе илјади години старите грци, покрај многуте богови, го имале и богот лекар- Asclepius. Неговиот симбол била змијата, па така и лекарскиот повик започнал да се означува со змија замотана околу стап на чиј врв е „огледалото на претпазливоста“. Ескулап бил ценет и познат доктор во тоа време, па затоа бил прогласен за бог. Од цела Хелада доаѓале болните во неговиот храм во Epidaurus, на брегот од Егејското море.

Постои една интересна хинду легенда за Васуки-змијата, еден од осумте големи Нага кралеви, односно, инцидентот Samudra Manthan, млечниот океан. Во оваа легенда, на Васуки му било дозволено од страна на боговите и демоните,  да биде врзан околу планината Мандар за да издвои од млечниот океан амброзија за бесмртност. Меѓутоа во текот на овој процес се издвоил толку силен отров што му се заканило уништување на се’ што е живо во Универзумот. За да ја спаси пропаста, богот Шива го испил сиот отров...

Кај будистите, змијата исто така е света. Според легендата кобрата го раширила балонот и му направила сенка на Буда.....

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,094 секунди.