|
Прилеп |
Внеси реплика | страница <1 9596979899 131> |
Автор | |
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Млади сликари изложуваат во Прилеп
Дваесетина слики, цртежи и графики од деветмина млади автори од земјава ќе бидат презентирани на групната изложба која ќе биде отворена вечерва во 20 часот во Галеријата на Центарот за култура "Марко Цепенков" во Прилеп. На изложбата со свои дела се претставуваат Алмин Беговиќ, Ана Јовановска, Блашка Миева ,Фатих Билаловиќ, Магдалена Саздовска, Мирјана Бубевска, Санда Миева, Саша Дичковски и Симона Јакимовска. Станува збор за млади дипломирани уметници или студенти на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, кои веќе учествувале на групни изложби или биле дел од ликовни колонии, а некои се претставиле и со самостојни изложби, информираат организаторите |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Бесплатно кампување во парк Капацитетите за сместување во Прилеп за време на фестивалот "Пиво фест", кој ќе се одржи од 14. до 19. овој месец, се полнат, а сите оние што ќе останат без сместување, може да си понесат шатор и да се сместат во Паркот на револуцијата. И годинава организаторите се погрижија сите посетители да уживаат во текот на фестивалот на пивото и на скарата, па затоа, како што велат, може бесплатно да кампираат во паркот. И од сообраќаен и од безбедносен аспект, преземени се сите неопходни мерки, а првиот човек на Прилеп, Марјан Ристески, им препорача на прилепчани тие денови да не ги користат возилата и да отстапат места за гостите однадвор, бидејќи се обезбедени 10 илјади паркинг-места. Во соработка со "Македонски железници", за време на одржувањето на фестивалот ќе има вонредни возови на релација Скопје-Прилеп и обратно. |
|
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
...edino vredno od prilep,...kolku shto mozam da vidam e:
...zlatnuiot dab i....razume se,
.....''matorata''!............
|
|
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
|
Andjelina
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Miss High Hill’s Регистриран: 07.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 14129 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
|
Andjelina
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Miss High Hill’s Регистриран: 07.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 14129 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
http://www.pivofest.info/
eve vi programa za pivo fest 2001,da ne kazete deka ne ste bile informirani |
|
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Прилеп подготвен за старт на пиво - журката
ПРИЛЕП - На ладно пиво и вкусна скара се очекуваат над 300.000 туристи во Прилеп на годинешниот деветти „Пивофест“. Според информациите од локалната самоуправа, која е организатор на манифестацијата, се' е подготвено за почеток на пиво-журката, безбедноста на храната и воопшто, организацијата на целата манифестација ќе биде на највисоко ниво. |
|
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Испиени 60.000 кригли пиво на првиот ден од "Пивофест"
Околу 29 илјади литри пиво испија и 12 тони скара изедоа гостите во првите два дена од годинашниот фестивал на пивото во Прилеп. Целиот град е окупиран од пивопијци од речиси сите градови од земјава. Низ чад и силна фолк и рок-музика се густираат десетина видови пиво. Утревечер се очекува градот да го "нападнат" околу 100 илјади посетители, за кога е закажан и концертот на Харис Џиновиќ. Кулминацијата, пак, се очекува за в недела со настапот на балканската поп-легенда Здравко Чолиќ. Гостите се снаоѓаат кој како знае и умее, па многумина деновиве се на преспивање кај роднини, пријатели, познајници низ прилепските домови. Мирјана Стојаноска вели дека има полна куќа гости. - Уште зимоска ме "капарија" роднини од Гевгелија и од Скопје за "Пивофестот". Нема кај да ги сместам, но се снаоѓаме некако. Нема да ги оставиме да кампуваат, кога имаат покрив кај свои. Сакаат да уживаат и им излегуваме во пресрет. И ние пиеме понекое пиво секоја вечер. Нели е празник на пивото. Прекрасно се дружиме - вели Стојаноска. Илија Стеваноски од САД првпат присуствува на пивскиот фестивал. Вели дека му се допаѓа расположението на фестивалот. - Изненаден сум од оптимизмот кај луѓето, оти имав сознанија дека владее очај и разочарување. Запознав луѓе од Битола и од Охрид кои специјално дошле да го слават пивото. Им честитам на организаторите. Беспрекорно е добро, од музиката, љубезноста, амбиентот, пивото и скарата, па до хигиената - вели Стеваноски. Локалните власти изразија задоволство од одѕивот на првите фестивалски денови и оптимистички најавуваат дека годинава ќе биде надминат ланскиот рекорд од 300 илјади посетители |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Пијанство и кич "Ова е парада на пијанство и кич, ама барем луѓето се среќни, а ние во ќар", изјави еден сопственик на кафеана Толпа народ се пробиваше низ чадот од штандовите со скара и со пиво, на завчерашната трета вечер од прилепскиот "Пиво фест". Пиварите најмногу ќарија додека босанскиот кафеански крал Харис Џиновиќ ја пееше "И од тебе сум сит кафеано" (И тебе сам сит кафано). Пиво се пиеше и се истураше.Испотените келнери облечени во униформи сошиени по урнек на нивните колеги од германскиот "Октобер фест", едвај успеваа да ги задоволат нарачките на гостите. Оние побрзите и попаметните си резервирале маси една недела однапред на најфреквентните места, на тревникот близу сцената. Сопствениците на штандовите на шега ги викаа ВИП маси. Харис запеа, и тоа беше доволна причина да се заврти оро. Откако се изеде скарата, масите беа слободни, па родителите ги качуваа децата по нив. Родителите им се придружија качени на столчиња. Мажите ги соблекуваа маиците, па мешаа со голи стомаци, а за жените "Пиво фест" беше шанса за промоција на новите штикли, фустани и за натпревар која има најцрвен кармин. "Ова е парада на пијанство и кич, ама барем луѓето се среќни, а ние во ќар", рече еден сопственик на кафеана. "Баба ми дома постојано го слуша Харис Џиновиќ и јас му ги знам сите песни", ни рече едно 7-годишно девојче од првите редови пред сцената која фолк-кралот го следеше во секој стих. Тинејџерки врескаа и додека настапуваше Гоце Арнаудов. Фолк-ѕвездата во свој стил ја загреа публиката пред настапот на Џиновиќ. Со него на сцената замеша Лила М. Стојановска, која заедно со Александар Блажевски го водеше фестивалот. Арнаудов воодушевен од мешањето на Лила, најави дека следниот негов дует ќе биде со атрактивната водителка. Од домашните фолкери прва настапи Елена Велевска, а по неа Благица Павловска. Како вистинска ѕвезда, Благица со телохранители се движеше зад сцената. Податок кој и годинава изненади, а од Општина Прилеп со гордост го објавија, е дека во саботата вечер се испиле 70 тони пиво и се изеле 40 тони скара. Брзата помош во Прилеп немала интервенции. Никој не побарал помош за пијанство и надуеност од прејадување. Завчерашниот настап на Харис Џиновиќ и вчерашниот на Здравко Чолиќ вкупно собра околу 200.000 луѓе. Во четирите фестивалски денови, "Пиво фест" го посетија повеќе од 410 илјади гости. Хотелите во Прилеп и во Крушево беа преполни, а Општината даде можност за бесплатно кампување во паркот |
|
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
јас ја имам истата замерка, она што треба да биде културен фестивал, со музика и разни видови на забава поврзана со пивото, се претвори во турбофолк мрсноќа чија застапеност во нашата земја се повеќе се зголемува и на ред дојде и сељанџааната да се изживува врз македонските културни настани како што е и пивофестов
|
|
размисли пред да напишеш глупост
|
|
MyWay
Сениор Антиталенат на годината Регистриран: 05.Септември.2008 Локација: Aruba Статус: Офлајн Поени: 23914 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Vidi sega jas ic ne slusam turbo folk...i nikakva JY muzika...i pojdov na pivo fest bas za druzenje i zabava a ne da gi slusam tie sto ke peat...
Ama takov bese nastanot...ete gi viknale tie gosti..i da ti kazam pravo lugeto kolku sto gledav se zabavuvaa..Pa ednas vo godinata interesno e da igras na tubro folk so pivo vo raka..A baska posle tolku piva site zaboravija dali se raperi, tehnomani ili turbofolkeri.. Ovie po vesnicite sto sakat neka pisuvaat..bilo kic ili ne bilo... mnogu se razbiraat...site novinari analiticari se k*rdisaa pa na koj kako mu odgovara ke pisuva..a nie ne mora da gi prevzemame vo nasata glava nivnite analizi.. Naj bitno e naseto individualno mislenje.. ..Nastanot se odrza, bese prekrasno, premnogu narod...super organizacija...Vo celina zemano odlicno bese se....Na Makedonija i trebaat poveke vakvi desavki... |
|
Како изгледа совршен маж..Он не изгледа..Он се понаша ...... |
|
kultuzin
Сениор Регистриран: 03.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4903 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Одкога тоа пивофестот треба да биде „културен настан„?
Пиво фетот е токму тоа што My Wey кажа „забава, дружење, пиење и јадење„. Оваа година немаше турбо фолкери затоа што Здравко Чолич , Харис Џиновиќ и Ванг Гог се се само не Турбо Фолкери, а ако штандовите пуштале турбо фолк тоа е нивна работа , а и ваков фестивал е единственото место каде донекаде го одобрувам турбо фокот. |
|
MyWay
Сениор Антиталенат на годината Регистриран: 05.Септември.2008 Локација: Aruba Статус: Офлајн Поени: 23914 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Јас тргнав со една мисла...
Да се забавувам и да се дружам.... значи ич не ми беше гајле кој ќе настапи....макар што не поднесувам српска музика..... ама видов дека луѓето беа презадоволни и сите со раце во вис... Значи им било убаво..а тоа е нај битно...па и јас се изнаиграв... А кој не сака турбо фолк на 1 ви август во Охрид на Дејвид Гета..немора да оди на пиво фест... Изменето од MyWay - 20.Јули.2011 во 09:41 |
|
Како изгледа совршен маж..Он не изгледа..Он се понаша ...... |
|
Внеси реплика | страница <1 9596979899 131> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |