|
Видеата на YouTube |
Внеси реплика |
Автор | |
TheHacker
Сениор I see you! Регистриран: 07.Јули.2010 Статус: Офлајн Поени: 155 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 15.Јули.2010 во 11:55 |
Има повеќе сајтови на кои можете да гледате и да поставувате видеа, но има причина зошто YouTube е најпопуларен таков сервис. Покрај екстремно големата база на корисници, постојат и многу алатки на располагање кои одат заедно со овој видео сервис. Еве неколку од нив.
ListenToYouTube Доколку сте заинтересирани само за аудиото на некое YouTube видео и сакате брзо да го рипувате, тоа можете да го направите преку ListenToYouTube. Внесете го URL-то на видеото од кое сакате да го преземете звукот или песната и потоа можете да ги даунлоадирате на вашиот компјутер како MP3 фајл. Направете си рингтон Со MadRingtones можете брзо и лесно да направите рингтонови од YouTube видеа: го внесувате URL-то од видеото или MP3 фајлот и потоа кликате на Load. Можете да одредите кога ќе биде почетокот/крајот на тонот и потоа да го даунлоадирате на вашиот компјутер како MP3, AMR, OGG или M4R фајл. Исечете го само интересниот дел Сакате да го покажете некому само делот од видеото кога започнува вистинската акција да речеме од 3-та минута и 22 секунда? Се што треба да направите е да додадете #t=03m22s (#t=XXmYYs, XX се минутите, а YY секундите) на крајот од URL-то од видеото. Или можете истото да го направите на TubeChop и Splicd. И двете веб страници овозможуваат преку внесеното URL на видеото да го задржите само делот кој ве интересира, а останатото да го исечете. Потоа можете да го поставите „исеченото“ видео на вашиот блог/веб страница или да го споделите со пријателите. Видео аларм Ова е едноставен онлајн аларм кој ве разбудува со YouTube видео по ваш избор. Наместете го времето и изберете го видеото кое го сакате. Не е потребно регистрирање. Додадете превод Ако некогаш посакате да додадете превод на некое видео на YouTube тоа можете да го направите преку веб сервисот Subyo. Пред да започнете ќе треба да се регистрирате и да отворите сметка. Следното нешто е да го внесете URL-то во одреденото поле и да кликнете на „Add Subtitles“. Видеото ќе се аплоадира во Subyo едиторот каде можете да започнете да го додавате преводот. Направете ремикс Со помош на YtDub можете да правите измиксате едно видео со аудиото на некое друго видео од YouTube. Функционира едноставно, само внесете го ID-то на видеото кое сакате да го миксате и од видеото чие аудио ќе го искористите како позадина, кликнете „Dubbo“ и ќе добиете линк кон вашиот ремикс. Како да преземате видеа од YouTube YouTube им дозволува на своите корисници да поставуваат и да споделуваат видеа, меѓутоа не нуди и начин за нивно преземање. Меѓутоа, постојат многу други сервиси кои го овозможуваат тоа. Еве неколку од наједноставните за користење. Add a Kiss - ако го додадете зборот „kiss“ на URL-то на видеото кое сакате да го преземете, ќе бидете пренасочени кон веб страница каде можете да го направите тоа. На пр. доколку URL-то е http://www.youtube.com/watch?v=dMH0bHeiRNg заменете го со http://www.kissyoutube.com/watch?v=dMH0bHeiRNg. Кога ќе кликнете ентер ќе бидете пренасочени на веб страницата каде ќе можете да го преземете во .flv формат или да го конвертирате во некој друг формат. На YouTube Catcher доволно е само да го внесете линкот и да го преземете видеото, а на истиот принцип функционираат и Keepvid.com и Tube Leecher кои се многу едноставни за користење. За повеќе начини како да преземате YouTube видеа погледнете тука. Изменето од TheHacker - 15.Јули.2010 во 11:55 |
|
mila90
Нов член Регистриран: 15.Февруари.2011 Статус: Офлајн Поени: 1 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
А како да ја ја dowloadiram таа програмата за сметнување на видеата од youtube се отепав во барање и се некој грешни линкови ми излегуваат ве молам за помош
|
|
K1nm23
Сениор Регистриран: 16.Јануари.2011 Статус: Офлајн Поени: 808 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
realplayer....simni si.....
|
|
Anja1989
Нов член Регистриран: 14.Јули.2011 Статус: Офлајн Поени: 18 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
м
|
|
Anja1989
Нов член Регистриран: 14.Јули.2011 Статус: Офлајн Поени: 18 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
незнам дали му е тука местото на моето прашање ..но сепак , доколку некој знае ке ве замолам да ми кажете.
После колку време се брои гледаноста на you tube видео кога е постирано на некоја друга страна или социјлна мрежа? Дали веднаш или сепак треба да помине некое време за пренос на податоци ? |
|
op12eh
Сениор Регистриран: 17.Април.2011 Статус: Офлајн Поени: 242 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
vednas....
|
|
Anja1989
Нов член Регистриран: 14.Јули.2011 Статус: Офлајн Поени: 18 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
хмммммм.. сигурно ?
Имам поставено видео на Фејсбук , на кое имам повеке од 100 like и над 50 коментари во врска со истото видео , а сепак на You tube имам само 20 прегледи ...исто како и пред да го поставам на Фб:( |
|
op12eh
Сениор Регистриран: 17.Април.2011 Статус: Офлајн Поени: 242 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Е па тогаш што не прашуваш кога знаеш.......... |
|
Орка
Сениор Регистриран: 30.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 44580 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Интересно за youtubе на голем дел од видеата достапен и превод на македонски (иако не совршен)
|
|
Внеси реплика | |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |