|
„Добар“ со партнерот/ката |
Внеси реплика |
Автор | |
volkswagen
Модератор Знам, комшивка ми е! Регистриран: 18.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 4820 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 01.Јули.2011 во 20:10 |
Дечки... веќе некое време разгледувам 2 конкретни случаи кои ми се причинители на една голема дилема:
Имено... големо прашање е дали да се претера со задлабочување во етиката или да се биде нормален за светов и безобразен кон поединци... На 20тина години да речеме дека се случаиве... Батево би било добро дете, многу фер поставен спрема сите , многу отворен, добродушен и никого не пробува да го заеби... Ама ако стварно е тоа така, тогаш треба да има негативна странаа - Да , не е доволно fancy за народов што го опкружува... Сака да си живее во негов свет (не избегано, туку да биди малце помалку суров од другите) и никако не може да го свари глумењето лудило и љубов во кафич. Викаат: што е твое ќе си дојди... демек ќе го снајдело среќа и него и ќе се најдела особа што ќе ги ценела неговите вредности... но како поминува времето, се потешко изгледа.... Другото бате... безразлика што навистина чувствува , стално се удвара на некоја ... дали била ружна ко гроб или вистинска кукла - сеедно... Шема по кафичи , бркање, лудување, глумење ... и што? Ќарил некоја ... Другиот ден од кога ќе си помине на ред - бап клоците у г* и не ја ферма за жива... Плачела, молела , или си заминала - нема врска... Прашањето е многу просто: вреди ли добриот да остани добар и да си ја чека наградата? Да чека некој да ги цени тие вредности или треба да си погази по тоа што е и да преврти се живо и диво на најбезобразен начин за да најде цура што би му одговарала....?? Дали вреди за цура да добиеш , да станеш малце нечовечен? |
|
Glenn
Сениор Тата-Мата Регистриран: 14.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 3166 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Прашањево на место ти е Фолкс, сите ние као сакаме да бидат фини со нас, да не не заебаваат и дупат во здрав разум и никој нема да се изјасни дека бил зафркнат или изманипулиран од некој случаен или намерен пуштач по тоа дискотеките и кафиќите ама додека излегував многу имам приметено како да посакуваат луѓево да заебаваат некого или да бидат заебувани (да ми простите на речникот ама немам како да се изразам со други зборови). Со години пробувале да ме возат некои машки фаци и го правеле тоа на доста перфиден начин, не можам да се пофалам дека само на добри момци сум налетувала. И ич не ми биле по ќеф таквите манипулатори и женкарчиња ама па многу тешко ми поаѓало од рака да налетам на некој кој не е таков. И многу мои другарки се летале и плачеле по некои ропаци, кои не биле вредни за размислување, ни за зарезување ама ете ако знае да те изработи типот, ќе си го добие посакуваниот ефект. Со тек на време кога ќе стекнеш искуство ќе им ги научиш муабетите и финтите па ќе почне да ти се гади од таквите и сериозно ќе подразмислиш каков став да заземеш спрема таквите безобразни фаци.
Исто е некако како и во животинскиот свет, оние подоминатните и оние со подобар изглед секогаш ќе привлекуваат внимание и ќе бидат посакувани без разлика на тоа колку вредат како луѓе. Како секое грнче си има капаче се ќе си дојде на свое место еден ден. Ретко кој останува сам, ама потрагата по некој со кој ќе можеме да комуницираме, да бидеме пријатели и љубовници може да биде и мноогу долг процес кај некои луѓе. Битно е да знаеш што бараш, што конкретно сакаш и да им дадеш прилика и простор на луѓето да се покажат но и да знаеш да процениш со кого си имаш работа.
Колку повеќе ги познаваш луѓето, ќе дојдеш до некои сознанија за тоа каков си и ти уствари и ќе си ја подесиш патеката по која се движиш.
Не вреди да си премногу добар, освен ако личноста на која се стремиш да ја освоиш го вреднува тоа како квалитет а не вреди ни да си многу расипан оти некого знаеш и да го одбиеш така.
Важно е да не се биде наивен и да се остава се на случајност, но сепак однесувањето и очекувањата да се усогласува во зависност во околината во која се движиш. Тоа...
|
|
Beauty fades, dumb is forever
|
|
Astrid
Сениор Регистриран: 31.Март.2011 Статус: Офлајн Поени: 532 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Што се случи со она „да останеш свој“ до крајот?
Ќе се обвинува ли непосредната околина или наметнатите ситуации за губење на сопственото ЈАС? |
|
volkswagen
Модератор Знам, комшивка ми е! Регистриран: 18.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 4820 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Дали?
Вреди ли да подлегнеш на влијанието од околината Секако некој ќе кривуваш... е сеа, дали сам себеси или околината - скоро сеедно по мое... Вреди ли да се приклучиш? |
|
Astrid
Сениор Регистриран: 31.Март.2011 Статус: Офлајн Поени: 532 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Вреди ли да се изгубиш себеси во сивилото на масата ?
Чиј живот живееш? Изборот секој го прави сам а она фамозно „да се биде или не„ се провлечува низ целиот живот како сенка, одвреме навреме ќе се појавува пред тебе. |
|
Tiggy Vicious
Сениор Consume. Be silent. Die. Регистриран: 27.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 6238 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Чекај малце.
Значи, он би се правел нешто што не е. Нема да биде исполнет додека е во врската... Имам другарка така што гадно се зафркна, сега и е на некој начин страв да се покаже пред нејзиниот онаква каква што е, страв и е дека нема да ја прифати како таква. Измешав зборови до бескрај, во таква фаза сум, али муабетот ми е дека не би требало да се правиш нешто што не си, без многу филозофии, ако требало да биде, ќе те прифати онаков каков што си, ако не -па не е една и единствена на крај краева, ти стребало тебе некоја кокошка што не знае да цени толку добар момак, под услов и да изгледа мутав. |
|
What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality |
|
BellaGrandma
Сениор Game over Регистриран: 10.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 20029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Добриот вреди да си остане добар и да си ја чека наградата само кога добар и наивен се разграничени поими. Да бидеш добар, ама да не дозволиш други да те вртат како сакаат Кога ќе ја добиеш финалната награда ќе бидеш презадоволен од себе. Друго нешто, ако цурата вреди, тогаш и вреди да станеш нечовечен Сума сумарум...Безобразните владеат со светот. Наивните се секогаш погазени. Избери, или ќе владееш или си никој и ништо. Така и со женските. Или ќе ја имаш таа што ја сакаш или и сите да можеш да ги имаш џабе ти се, кога ништо не ти значат |
|
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
|
Marko Polo 1
Сениор venecijaner Регистриран: 20.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 9693 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
eh, da bese vistinata ednostavna rabota...
Folki, tugjite iskustva se sepak tugji. A vistinata e sekogas nekade na sredina... |
|
Incredible Blue
|
|
Внеси реплика | |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |