IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Интима > Семејство
  Активни теми Активни теми RSS - Знаеме ли што прават нашите деца?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Знаеме ли што прават нашите деца?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 456
Автор
Порака
pajser Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
kloshar

Регистриран: 04.Март.2011
Локација: Lao People's Dem. Rep.
Статус: Офлајн
Поени: 13921
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pajser Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јуни.2011 во 08:45
., odmor ., te vamu te tamu ., aj bre ., pa posle drzh nedaj ., .,
 
 letni kampovi na tucanje kamen za patishta ., samo po dve nedeli ko nie na vremeto ora., ima bre da predat ko machinjaѓаволнамигнување
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јули.2011 во 10:51
 

Исповед на мајка на зависник од дрога: Како го спасив син ми од пеколот?

Напишано од popara ......
narkomania%20%281%29

Силата не помага кога имате дете кое е зависен од дрога. Секој родител мора да се потруди да најде начин како да разбуди во него малку љубов, нежност, чувства бидејќи познато е дека зависниците од дрога имаат само една цел – како да најдат дрога, ни раскажуваше мајката на едно младо момче кое користи наркотични средства извесен период. Пред две месеци, конечно помислила дека успеала да го спаси и тогаш, кога нејзината исповед, за која сите мислевме дека ќе има среќен крај и беше подготвена да ја објавиме, добивме информација дека дваесет и едно годишното момче, по речиси половина година пауза, повторно почнало да користи хероин. Невозвратената љубов од девојка му, која го остава откако дознала дека имал проблеми со дрога, беше причината за повторно да потклекне.

Мајка, кој самостојно без ничија помош се бори за животот на син и, речиси поразена, започнува да ни раскажува што се сé случувало во меѓувреме.

- Бев исцрпена после сите овие години, обидувајќи се да му помогнам на моето дете. Како да се борам напразно, без никаков адут и постојано ми се чинеше дека полека ја губам силата. Понекогаш помислував дека најдобро би било на сето ова да му дојде крајот – само да заврши. Илјадници како мене ги имаат изгубено децата, па зошто да не би била и јас меѓу нив! Тогаш можеби и јас би можела да продолжам да живеам – со уморен глас ни раскажува.

Во времето кога нејзиниот син бил на прагот на полнолетството, таа отпатувала за Германија, со цел да обезбеди финансиска сигурност за двајцата, а што е најважно да обезбеди пари за неговите студии.

- По две години, изненадно допатував во Србија без никаква најава и го затекнав во ужасна состојба. Веднаш почнав да се сомневам, но тој ме разубедуваше дека има проблем со алкохолот.

Побарав помош од поранешни зависници од дрога

Меѓутоа, многу брзо се покажа дека користел наркотични средства, полни две години, а јас не се ни посомневав! – продолжува мајката, која побара да остане анонимна. – Една вечер ми призна сé по телефон, а јас со првиот авион допатував во Србија. Тогаш почна мојата односно нашата заедничка борба против пеколот….против дрогата.

Следните седум години правевме херојски обиди да се одвикне од хероинот. Сите беа безуспешни. Момчето двапати се лечеше на Клиниката за одвикнување од наркотични средства, цела година помина во Црна Река, се лечеше во приватна клиника за детоксикација, каде што му беа вградени имплантанти кои ја уништуваат потребата за дрога… Но, тој одново се враќаше назад. Нивниот живот стануваше пекол, во кој мајка му го пратеше секој негов чекор, движење, расположение, секоја промена во неговите очите, секоја промена на лицето.

- До тогаш, не знаев ништо за хероинот. Почнав од нула – читав различни статии и стручни мислења на интернет кои им помогнале на луѓето кои се соочиле со истиот проблем, се сретнав со поранешни зависници од дрога кои го споделија своето искуство и ми дадоа совети. Се разбира, се чувствував измамена, исплашена . Како што влегував подлабоко во светот на дрогата, така се повеќе чувствував страв, раскажува мајка му, која и понатаму, иако на моменти полна е со огорченост, гнев, желба да се откаже од своето дете, има во себе огромна мајчинска љубов.

Му поклонив на син ми уште еден живот

Поминаа толку многу работи заедно, но иако долго време е зависник, ова младо момче е свесно дека само мајка му е цело време со него. Таа го врати во живот, кога пред неколку години се предозира таа му даде вештачко дишење и направи сé за да го врати назад. Успеа да ја порази неговата смрт, ја остави својата работа за да биде со него постојано, но секој третман претставуваше неуспешен обид и повторно се враќаше на “шприцот“.

Иако дрогата ги уништува сите емотивни врски, изгледа дека во ова семејство не е сé изгубено. Синот е подготвена да се обиде повторно со третманот, а неговата мајка се надева дека со љубовта која му ја пружа ќе му помогне да ја победи зависноста. Пред една недела се обрати до монасите од манастирот Ковиљ, но таму, како и во други институции немаат доволно простор за уште еден зависник. Ги има многу, како што кажуваат тие. Катастрофални информации се овие…

 

Ја изгубив мојата вербата, ми остана само надежта

Во моментот користи антидепресанти, што претставува уште една надеж за мајка му, надеж дека ќе успее овој пат. Почна да тренира, започна здраво да се храни, а таа стравува дали ќе успее и затоа постојано е околу него.

- Можам веднаш да препознаам кога има земно хероин. Тенот на кожата и очите му стануваат сиви, зениците се собераат…неговиот очни капаци се затвараат, се смее без причина, среќен е без причина… Ова среќа е лажна среќа и се надевам дека повеќе никогаш нема да ја видам. Решив дека нема повеќе да го контролирам, нека се бори сам. Ако повторно земе дрога му реков дека не сакам да знам ништо повеќе за него. Подобро е да го погребам сега, отколку да стравувам секој ден дека ќе го изгубам.

Знаци кои укажуваат на зависност

Нашиот соговорник ни укажува како секој родител би можел да препознае дали неговото дете има проблемот со дрогата.

- Многу родители бегаат од вистината, не сакаат да признаат дека нивните деца користат дрога. Ќе забележите дека парите се почесто исчезнуваат, дека вашето дете има долг сон, најмногу во текот на денот, дека станува неодговорно… ги занемарува сите негови обврски, ја занемарува личната хигиена. Се надевам дека моето искуство ќе им помогне на родителите кои имаат сличен проблем, бидејќи тоа ми е всушност и целта – вели мајката која има неколку години искуство со овој проблем.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Септември.2011 во 00:00
 
Дури 56% од младата популација се изјаснила дека била малтретирана на интернет од луѓето коишто модерно ги викаат „он лајн силеџии“.

 

Преку една анкета на Асошиејтед прес и MTV се увидело дека бројката оваа година достигнала 56% што е зголемување од педетте проценти објавени во 2009 година. Анкетираните биле на возраст помежу 14 и 24 години.

Најчестата причина заради којашто младите се жалат е објавување лаги за нив на социјалните мрежи и форумите, изнесувањето приватни разговори во јавност и пишување злобни работи за нив или наменети за нив. Вистински проблем е што најчесто, како што анкетираните велат, тоа се луѓе што многу добро ги познаваат.

Но, овој социјален проблем не е толку сериозен ако се разгледува само заемното малтретирање на интернет. Податоците укажуваат и на некои други податоци. На пример, секој трет испитаник се изјаснил дека бил дел од трендот „sexting“ којшто вклучува праќање голи фотографии и порнографски текст. Дури 71% од нив сметаат дека се премлади за sexting.

Сепак, не е сè црно во анкетата. За разлика од 2009 кога 25% се изјасниле дека се впуштиле во еротски разговори со непознати на интернет, оваа година само 10% го кажале истото. Во анкетата биле вклучени 1355 луѓе



Изменето од емил - 29.Септември.2011 во 00:00
Кон врв
viktorija123 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Nishto Posebno, tuku EDNO

Регистриран: 04.Февруари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7300
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај viktorija123 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Октомври.2011 во 11:25

Promenite mozhe i treba da se pochuvstvuvaat... a bash i ne morame se da znaeme, neli?
There is no doer..... But if you have one, let him do self-inquiry.
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Ноември.2011 во 13:55
Kolku shto znaeja nash*te roditeli shto pravime nie.


A toa e zatoa shto roditelite se postavuvaat kako sudii i upravuvachi na detskiot zhivot.

Изменето од Messenger - 06.Ноември.2011 во 13:56
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 456
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.