IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Политика и вести
  Активни теми Активни теми RSS - Преговори за името
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Преговори за името

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 130131132133134 184>
Автор
Порака
 Оцена: Оцена на тема: 1 Гласови, Просечно 5,00  Тема Пребарувај Тема Пребарувај  Опции за темата Опции за темата
DameMak Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Јуни.2009
Статус: Офлајн
Поени: 617
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DameMak Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Јули.2011 во 09:11
Originally posted by Diogen Diogen напиша:


Originally posted by DameMak DameMak напиша:

Диоген, незнам дали тезиве ти се некоја провокација на која еве гледам никој скоро 12 часа не ти одговорил, ама баш со ниедна твоја констатација не се согласувам.

Да Даме, тезиве се провокација, но не некому да контрирам или да го нервирам, туку провокација да размислиме малку за притисокот кој расте одвнатре по ова прашање, притисокот од надвор ни е веќе повеќе од јасен. И да, не очекувам да се сложош со смене, очекувам твое или нечие друго размислување на овие тези:

ОК, имаш мој респект за ова. Ама ми требаа неколку денови за да најдам време, инспирација и мотивација и да се произнесам по твојата добронамерна провокација. Некој треба и да работи во полето околу Тополчани.
Каписла беше вчерашната оставка на Милошоски. И тука јанѕа ме јади.

Originally posted by Diogen Diogen напиша:


1. ДПМНЕ, а и СДСМ се изјаснија дека секој предлог за промена на име ќе го дадат на референдум. Значи, народот ќе треба да одлучи за своето ново име, она што ќе го договорат политичарите.

Ај, за мивките од СДСМ по ова прашање нема да дискутирам.
Ама за ВМРО-ДПМНЕ ( а не ДПМНЕ)!!!! ќе искоментирам.
Има тука голема причина што веднаш на прва не се согласувам со начинот на кој ова го кажуваш (ДПМНЕ). Ќе ти дадам еден пример: Скратеницата „ВМРО“ има архетипска моќ, битова моќ што е вкоренета во македонскиот народ. Пред 10 години еден лопов-предавник-бугарин си помисли дека „ВМРО-тоа бил тој“ и пропадна како личност и како политичар. Слична политичка пропаст ќе му се случи на било кој лидер на ВМРО (па и на сегашниот), доколку се обиде да ја злоупотреби архетипската моќ на симболот „ВМРО“ за чепкање по идентитетот и името на Македонија. Од друга страна, ќе биде заслужено славен и почитуван доколку видиме дека работи на зачувување и на името и на идентитетот (а досега мислам дека токму во тој правец и работеше).

Originally posted by Diogen Diogen напиша:


2. Економската ситуација веќе долго време е влошена, невработеноста останува огромна, животниот стандард константно во опаѓање. Надворешниот долг се зголемува, внатрешниот долг исто така, дефицитот константно расте....

Економската ситуација на македонскиот народ и под византиско, и под турско и под српско била уште полоша, па битот на македонскиот идентитет опстанал и преживеал до ден денешен.

Originally posted by Diogen Diogen напиша:


3. Во вакви услови, голем дел од населението гледа спас од заминување од Македонија, преку земање на странски државјанства, легална емиграција, а со укинувње на визите, голем дел веднаш побараа азил во ЕУ....

Секогаш низ историјата во разни историски периоди имало дел од населението што поради економски или други притисоци го заменувало својот македонски идентитет за друг (како торбешите, бугароманите, србоманите) и заминувале од Македонија, ама и покрај тоа битот на македонскиот идентитет опстанал и преживеал до ден денешен.

Originally posted by Diogen Diogen напиша:


Во вакви услови, се форсира притсокот од надвор, кој медиумски добро се сервира, дека Македонија има спас, странски инвестиции, ама тие ќе дојдат реално кога Македонија ќе биде безбедна за тоа - по приемот во НАТО , а после и ЕУ. А за прием треба промена на име.
Значи, услов за подобра економска и политичка иднина е промена на име. Тука го гледам оној притисок на економско исцрпување од надвор, и мамење - замена, ново име за евентуална подобра живеачка.

Да, има реклами дека ако влеземе во НАТО и ЕУ ќе има повеќе старански инвестиции. И тоа сметам дека е точно.
Ама на сите досегашни анкети, кога македонскиот народ бил запрашан, а дали би си го смениле името за влез во НАТО и ЕУ - над 90% се изјасниле со: НЕ!!!!
Дополнително, се најавуваат дека ќе влезат странски инвестиции, а ние уште не сме влезени во НАТО и ЕУ. Заклучок: Приказните за подобриот економски живот после влегувањето на Македонија во НАТО и ЕУ со сменето име, НЕ СЕ НИКАКВА ПРИЧИНА ПОРАДИ КОЈА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ЌЕ СИ ГО СМЕНИ ИДЕНТИТЕТОТ.

Originally posted by Diogen Diogen напиша:


Е сега, да се вратиме на референдумот...
Во Македонија , според последниот попис има 65.2% Македонци, кои се најбитни во ова изјаснување. Албанците се изјаснија дека се компромис(промена), нивна јасна цел е НАТО и ЕУ по секоја цена. И другите националности би се сложиле на компромис-името не ги врзува емоционално....
На референдумот претпоставувам масовен одзив од националностите, оти тие лесно се одлучуваат за компромис кога е НАТО и ЕУ во прашање.
Значи, потребна е максимална излезност на Македонците и 100% усогласен став, за да се спаси името....15.2% не гарантирана безбедна разлика дека све ќе оди како треба.

Било каква додавка или придавка (Скопје, Вардарска, Славо-, Горна, Централно-балканска, ...) НИ ГО МЕНУВА ИДЕНТИТЕТОТ. Идентитет е јадрото. Битот. Било каква додавка, ГО МЕНУВА ИДЕНТИТЕТОТ!
Геноцидните фашисти од Грција сакаат токму тоа да го постигнат. Да ни го сменат Македонскиот идентитет.
Македонците на референдум за било каква додавка или придавка ќе гласаат против.

И тука во потполност доаѓа до израз моето залагање како треба да се реши спорот со формални методи: Латинична транслитерација на уставното име т.е. Republic of MAKEDONIJA за меѓународна употреба.

На таков начин не менуваме ни запирка во уставното име, а оспореното англиско име MACEDONIA не е ни предмет веќе на спорот.

Originally posted by Diogen Diogen напиша:


... иако скоро дознавме дека и Груевски и Црвенковски во Бук*решт, без знаење на народот, договориле компромисно име, кое Грција го одбила....
Така да референдумот може и да не е гаранција дека ќе го одбраниме името, можеби повеќе верификација,или перење на рацете на оној кој ќе договори ново име за Македонија....

Груевски кажа дека тој предлог (Република Македонија - Скопје) ќе оди на референдум. Да, можда е тоа перење на рацете, ама последниот збор ќе го имаме ние, Македонците. Црвенковски до пред некое време се залагаше владата и парламентот директно да ни го сменеле името.

Е сега, ако Груевски прифати да оди на референдум со било каква додавка или придавка, ќе му се случи политичка пропаст како на претходниот лидер на ВМРО.
Да, јас цело време ја поддржувам неговата политика и влада, АМА НЕ ПО ЦЕНА НА МОЈОТ МАКЕДОНСКИ ИДЕНТИТЕТ И МОЈОТ МАКЕДОНСКИ БИТ!

Реагирав и кога се изглупираа со црквата на плоштад (има на форумов мои постови), дека со тоа го оживеаја политичкиот мртовец БЦ. И во право бев, ама изгледа и тие сватија дека се изглупираа.

Реагирам и сега за македонскиот бит, за македонскиот идентитет и дека додавките и придавките ни го менуваат тој идентитет и повторно викам дека гадно ќе се изглупираат ако дадат на референдум предлог со некаква додавка или придавка.

БЦ на овие избори опасно му се приближи на Груевски. Ако Груевски со додавка или придавка се изглупира - нема да чекаме 2014 ни Скопје 2014 за да го видиме злобникот БЦ седнат во премиерската фотеља во 2012.

Изменето од DameMak - 01.Јули.2011 во 09:28
Кон врв
Zlatnik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zlatnik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Јули.2011 во 10:37
Originally posted by Messenger Messenger напиша:

... Decidnite izjavi na Thomas Countryman ...

Одвреме-навреме ќе се јави некој политичар со негова изјава, па ние овде ќе си „писнеме“ со анализи што тоа значи. Така, овој Кантримен имаше дадено изјава и пред едно 7-8 месеци:
Originally posted by напиша:

За името е потребен тежок компромис ...

Поведени од овие (и слични) изјави на разноразни политичари, како тогаш (пред неколку месеци и години) така и сега, некои постојано велат дека ете, веќе е готово, се е решено, се знае дека ќе се смени името ... и така еве скоро 20 години. Којзнае, можеби еден ден (?!) и тоа ќе се случи, но тоа зависи само од нас. Од никој друг, па незнам колку голема светска сила да е! Па нека е и Америка. Можат да не’ уценуваат, да не’ притискаат, можат да не’ тепаат, да не’ убиваат, ... Но, да ни’ го сменат името ... Може и тоа, само доколку во целост ги исполнат претходните методи на убедување (посебно она последното). Да, или доколку ние самите тоа не го дозволиме (направиме).
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
Кон врв
LiDivio Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор


Регистриран: 19.Мај.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7265
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LiDivio Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Јули.2011 во 12:25
Originally posted by DameMak DameMak напиша:

И тука во потполност доаѓа до израз моето залагање како треба да се реши спорот со формални методи: Латинична транслитерација на уставното име т.е. Republic of MAKEDONIJA за меѓународна употреба. 
 
ДАМЕМАК,
 
1. Кажи ми зошто Грците инсистираат тие да имаат право на терминот Macedonia, кога нивната провинција ја именуваат (нарекуваат) на англиски јазик?
 
2. Ако Англичаните еве да кажеме прифатат да викаат Рипаблик оф Македонија (што по мене е смешно Rep. of Makedonijaизненадување), како ќе нè викаат:
 
Италијаните Macedonia - Мачедониа
Французите Macedoine - Маседоан
Германците Makedonien - Македониен
 
Секој народ во својот јазик си има определен назив на одредена држава, се гледа дека не си лингвистички поткован, па не разбираш во што е финтата, инаку верувам дека ти е добра намерата...
 
PS: А од каде знаеш дека Грците ќе го прифатат тој предлог Republic of Makedonija?збунетост?


Изменето од LiDivio - 01.Јули.2011 во 12:28
Кон врв
Persej7 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 21.Октомври.2010
Статус: Офлајн
Поени: 254
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Persej7 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Јули.2011 во 18:41
Ако постои само латинична транслитерација на името Македонија директно го транслитерирано тоа име го негира постоењето на Македонскиот народ!

Името Македонија не зависи од транслитерацијата! Името е име.

Таа глупост, односно таа грчка итрина која што DameMak ни ја сервира, не е нова. Беше дел од замките кои ни ги спремија одамна и кои се претворија во "пакет" на НИмиц во кој преку транслитерацијата се мненува се што е македонско бидејчи зависи како е напишано.

Нема основа за никакви отстапки, а Македонија треба да биде Македонија во било каква транслитерација, латинична, кирилична, кинеска или било која друга.

DameMak, на јасно сме што ти ни проповедаш тука?!



Изменето од Persej7 - 01.Јули.2011 во 18:53
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Јули.2011 во 18:48
Originally posted by Zlatnik Zlatnik напиша:


Originally posted by Messenger Messenger напиша:

... Decidnite izjavi na Thomas Countryman ...
Одвреме-навреме ќе се јави некој политичар со негова изјава, па ние овде ќе си „писнеме“ со анализи што тоа значи. Така, овој Кантримен имаше дадено изјава и пред едно 7-8 месеци:
Originally posted by напиша:

За името е потребен тежок компромис
...

Поведени од овие (и слични) изјави на разноразни политичари, како тогаш (пред неколку месеци и години) така и сега, некои постојано велат дека ете, веќе е готово, се е решено, се знае дека ќе се смени името ... и така еве скоро 20 години. Којзнае, можеби еден ден (?!) и тоа ќе се случи, но тоа зависи само од нас. Од никој друг, па незнам колку голема светска сила да е! Па нека е и Америка. Можат да не’ уценуваат, да не’ притискаат, можат да не’ тепаат, да не’ убиваат, ... Но, да ни’ го сменат името ... Може и тоа, само доколку во целост ги исполнат претходните методи на убедување (посебно она последното). Да, или доколку ние самите тоа не го дозволиме (направиме).



Jas gi posochiv govorite na politicharite oti bea staveni vo odreden i jasen kontekst deka seto e vekje resheno i dogovoreno, pa narodot ne bi trebalo da i dava teshkotija na svojata vlada. Ova mozhebi i ponatamu kje mozhevme da go interpretirame kako rekla-kazala dokolku VMRO-DPMNE ne raspisheshe nepotrebni predvremeni izbori i Miloshevski ne si dade ostavka vo ovie presudni momenti.

Inaku se slozhuvam deka samo narodot e toj koj mozhe da se otkazhe od svojot identitet. No za zhal, isto taka moram da potenciram deka istorijata ni pokazhala oti narodite chesto pati ne bile prashuvani za nivnata zhelba vo reshavanje na neshtata od najvisok nacionalen interes.




Изменето од Messenger - 01.Јули.2011 во 18:50
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Diogen Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2009
Статус: Офлајн
Поени: 355
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Diogen Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Јули.2011 во 20:29
Originally posted by Persej7 Persej7 напиша:

Ако постои само латинична транслитерација на името Македонија директно го транслитерирано тоа име го негира постоењето на Македонскиот народ!

Името Македонија не зависи од транслитерацијата! Името е име.

Таа глупост, односно таа грчка итрина која што DameMak ни ја сервира, не е нова. Беше дел од замките кои ни ги спремија одамна и кои се претворија во "пакет" на НИмиц во кој преку транслитерацијата се мненува се што е македонско бидејчи зависи како е напишано.

Нема основа за никакви отстапки, а Македонија треба да биде Македонија во било каква транслитерација, латинична, кирилична, кинеска или било која друга.

DameMak, на јасно сме што ти ни проповедаш тука?!
Даме има свое мислење, не грчка итрина, ама тука не мислам дека е решението...
Името Македонија, и на нашите пасоши го имате во 3 варијанти : МАКЕДОНИА, MACEDOINE, MACEDONIA...
И сето тоа е едно исто, само напишано на 3 различни јазици.
Според мене, борбата на Грција е насочена кон придавка на името, оти е свесна дека не може да бара целосна промена на името.
И правно неписмен може да види дека нема спор ако имаш Област Македонија и Република Македонија. Лесно се разликува Македонија и Република Македонија .
Терминот Република јасно политички и територијално се дистанцира од Областа со исто име, како на пример Областа Луксмбург и Војводството Луксембург, Бретања во Франција и Британија , и ред други примери...
Грција поттура Тројански коњ во форма на црвена линија како барање за географска одредница пред името Македонија. Ако паднеме на таа финта, ќе ни го избришат идентитетот, што и е основната цел на Грците..
Затоа , секоја додавка пред или после Република Македонија е многу побезболно решение ако мораме да прифатиме компромис....
Пример:
Северна Република Македонија или Република Македонија (Северна) - во овој случај, Републиката останува Македонија , додаден е географски опис ,но не е повредена сржта на политичкото, територијалното и националното обележје на државата, во секоја скратена варијанта на името би се користело Македонија, као и за идентитетот на народот или јазикот, би останал Македонски, нема логика пример Северни Републички Македонци....
Република Северна Македонија - во овој случај Републиката е дефинирана со друго име, па може полесно да ни се обраќаат како Северна Македонија, Северно Македонци или Северно Македонски јазик...
Тука е замката, изгледа исто , ама сепак не е....
 
Кон врв
Diogen Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2009
Статус: Офлајн
Поени: 355
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Diogen Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Јули.2011 во 21:41
Originally posted by DameMak DameMak напиша:

 Ај, за мивките од СДСМ по ова прашање нема да дискутирам.
Ама за ВМРО-ДПМНЕ ( а не ДПМНЕ)!!!! ќе искоментирам.
Има тука голема причина што веднаш на прва не се согласувам со начинот на кој ова го кажуваш (ДПМНЕ). Ќе ти дадам еден пример: Скратеницата „ВМРО“ има архетипска моќ, битова моќ што е вкоренета во македонскиот народ. Пред 10 години еден лопов-предавник-бугарин си помисли дека „ВМРО-тоа бил тој“ и пропадна како личност и како политичар. Слична политичка пропаст ќе му се случи на било кој лидер на ВМРО (па и на сегашниот), доколку се обиде да ја злоупотреби архетипската моќ на симболот „ВМРО“ за чепкање по идентитетот и името на Македонија. Од друга страна, ќе биде заслужено славен и почитуван доколку видиме дека работи на зачувување и на името и на идентитетот (а досега мислам дека токму во тој правец и работеше).

Ајде, ќе реплицирам само на овој дел, да не тегнеме у долги расправии...намигнување
Името ВМРО не го користам, затоа што тоа е име на партија која постоела во одредени услови и со јасна цел , впишана во името -Внатрешна Македонска Револуционерна Организација....
Била внатрешна (во османлиска окупација) и револуционерна (да се ослободи од окупацијата)....
За каква Внатрешна Револуција се залага партијава 20 години, да не ќе крева востанија и ќе не ослободи од некого - и уште се организира во шатбови и комитети.....
Имаше и ТМРО  - Тајна Македонска Револуционерна Организација, и двете имиња се узурпираа  со додавка Демократска партија...
Во првиот состав на Парламентот имаше ВМРО -ДПМНЕ и ВМРО - ДП, па се изродија едно чудо ВМРО со разни придавки и додавки, те Народна Партија, те Обединета, те Вистинска, те којзнае што веќе не...
Полесно ми е да ги разликувам по додавките.....
Што се однесува до „мивките“ како што ги нарекуваш, на почетокот на демократијата во Македонија имаа бисер име на парија Сојуз на Комунисти на Македонија-Партија за Демократски Просперитет...
Веднаш сконтаа дека комунизмот е мртов, па 1991 година веднаш се сменија во Социјал Демокртски Сојуз на Македонија...
Инаку, и ВМРО, за време на Балканските војни или после тоа (корегирај ме ако грешам), увидувајчи дека името ВМРО не соодветствува на политичките услови , комплетно го менува името во партија со граѓанска форма, за подоцна кога продолжија со чистки меѓусебе и што не е со нив, го враќаат името ВМРО - повторно внатрешна револуционерна организација...
Затоа и понатаму ќе го користам ДПМНЕ, а и да го разликувам и од БНД...намигнување
 
Кон врв
DameMak Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Јуни.2009
Статус: Офлајн
Поени: 617
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DameMak Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Јули.2011 во 22:29
Originally posted by LiDivio LiDivio напиша:

Originally posted by DameMak DameMak напиша:

И тука во потполност доаѓа до израз моето залагање како треба да се реши спорот со формални методи: Латинична транслитерација на уставното име т.е. Republic of MAKEDONIJA за меѓународна употреба. 

1. Кажи ми зошто Грците инсистираат тие да имаат право на терминот Macedonia, кога нивната провинција ја именуваат (нарекуваат) на англиски јазик?


ЛиДивио, Грците имаат неколку предности над нас во овој спор:
1. Тие може да ставаат вето се додека ние не се откажеме од терминот MACEDONIA.
2. Пред нас во многу меѓународни трговски организации го регистрирале Product of Macedonia или Made in Macedonia. Па се случи да ни вратат тони вино, зимници и други производи заради терминот Macedonia на нашите производи.
3. Во други околности, и јас би го тврдел истото како и ти: Зошто само тие да го имаат правото на англиски нивната територија од Македонија да ја нарекуваат MACEDONIA. Ама во услови кога ние сакаме да влеземе во НАТО и ЕУ, а Грција става вето - најбезболниот начин да се дојде до компромис е латиничниот назив MAKEDONIJA.

Originally posted by LiDivio LiDivio напиша:


како ќе нè викаат:
Италијаните Macedonia - Мачедониа
Французите Macedoine - Маседоан
Германците Makedonien - Македониен


Во тоа е и дополнителната вредност на мојот став за Republic of MAKEDONIJA: Спорот би се решил со формалностите на латиничната транслитерација, нема да има потреба да го промениме уставот, а пежоративно кажано: „Цел свет ќе прозбори на македонски“, т.е. ќе ја вика Македонија со најблиското изговарање до нашето оригинално изговарање “МАКЕДОНИЈА“. Тоа, се разбира доколку сакаат тие самите да не викаат “МАКЕДОНИЈА“ наместо “МАЧЕДОНИА“ или „МАСЕДОАН“, .... Ние нема да им се лутиме ни во едниот ни во другиот случај, а грците можда ќе им се лутат, ама со тоа и светот би ја осетил апсурдноста на грчките глупирања во врска со името.

Originally posted by LiDivio LiDivio напиша:


PS: А од каде знаеш дека Грците ќе го прифатат тој предлог Republic of Makedonija?


Охх - пријателе, незнам. Ама и јас и ти ЗНАЕМЕ:
1. Republic of Makedonija беше пред неколку години предложено од Нимиц, а не од Грција, а ние го одбивме.
Ако знаеш нешто повеќе - кажи, дали грците исто така го одбиле?
2. Грција бара „геогравска одредница“, за да ни го смени идентитетот.

Значи, не сум сигурен дека Грција би го прифатила латиничното име Republic of Makedonija, ама ако спор се води за друго латинично име MACEDONIA, тогаш можеби со наше еднострано обзнанување на меѓународното име Republic of Makedonija спорот би исчезнал.

И други факти говорат дека формалниот пристап со латиничната транслитерација дава резултати.
Си се запрашал ли, како тоа Грција не не блокирала за интернет домејнот .mk ? Па затоа што тоа е поврзано со латиничната транслитерација MAKEDONIJA а не со MACEDONIA кое што име Грците пред нас го заштитиле во многу трговски и други меѓународни организации.

Еве ти уште неколку примери за ознаката MKD која што доаѓа токму од латиничната транслитерација MAKEDONIJA а не од MACEDONIA:
1. Немало проблеми да ја регистрираме во ISO 4217 како код за нашата валута. Зошто Грција не не блокирала таму за ознаката MKD? Можеби затоа што нема право над латиничната транслитерација MAKEDONIJA која постои во многу списи во ОН (преку бившата СФРЈ), а можеби и затоа што не им е гајле за нашата латинична транслитерација на кириличното име МАКЕДОНИЈА.

2. Немало ни проблеми да ја регистрираме и како меѓународен код во ISO 3166-1 alpha-3 стандардот за ознака на нашата земја. ОВА Е УШТЕ ПОЈАКО! Зошто Грција не не блокирала таму за ознаката MKD? На кое латинично име се однесува латиничната скратеница MKD која што е за СЕВКУПНА МЕЃУНАРОДНА УПОТРЕБА?? Токму на она име пријателе за кое јас се залагам да го обзнаниме за цел свет: Republic of MAKEDONIJA.

Значи во пракса латиничната транслитерација функционира и работи многу добро, и ние македонците во никој случај не сме се осетиле дека ни се сменил идентитетот затоа што земјата ни ја одбележуваат со скратеницата .mk или со MKD, туку напротив сме многу горди.

Сепак, имам една задршка во сите овие мои размислувања: Факт е дека грците се геноциден народ и нема да прифаќаат никакви решенија се додека не не видат дека сме исчезнале како македонци, а можеби си викаат: македонциве иако некаде не зезнале со латиничното име MAKEDONIJA, можда ќе запнат и за латиничното име MACEDONIA па ќе успееме да им наметнеме и некоја придавка или додавка на идентитетот.

Изменето од DameMak - 01.Јули.2011 во 23:28
Кон врв
DameMak Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Јуни.2009
Статус: Офлајн
Поени: 617
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DameMak Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Јули.2011 во 23:00
Originally posted by Persej7 Persej7 напиша:

Името Македонија не зависи од транслитерацијата! Името е име.


Токму тоа:
МАКЕДОНИЈА = MAKEDONIJA,
МАКЕДОНИЈА != MACEDONIA

Originally posted by Persej7 Persej7 напиша:

Таа глупост, односно таа грчка итрина која што DameMak ни ја сервира, не е нова. Беше дел од замките кои ни ги спремија одамна и кои се претворија во "пакет" на НИмиц во кој преку транслитерацијата се мненува се што е македонско бидејчи зависи како е напишано.


АБе штабско пискарало - не сум ти јас никаков слепец штабски ниту од ВМРО-ДПМНЕ ниту од СДСМ, па да ми ставаш етикети дека јас ви сервирам некакви грчки итрини (со тоа ме прогласуваш за продадена душа на грците и нема да ти преќутувам никогаш, ако продолжиш така да ме оквалификуваш).
Ако си малку информиран, ќе знаеш дека грците никогаш не предложиле Republic of MAKEDONIJA, Туку тие цело време сакаат некоја геогравска додавка или придавка со која ќе ни го сменат идентитетот. АКО НЕКОЈ ОД КАЈ ВАС ВО ВМРО-ДПМНЕ НИ ПОНУДИ НЕКАКВА ПРИДАВКА ИЛИ ДОДАВКА, ДУРИ ТОГАШ ЌЕ ВИДИМЕ КОЈ СЕРВИРА ГРЧКИ СТАВОВИ.



Originally posted by Persej7 Persej7 напиша:

... Македонија треба да биде Македонија во било каква транслитерација, латинична, кирилична, кинеска или било која друга.


Па тоа јас ти го тврдам човеку!
МАКЕДОНИЈА = MAKEDONIJA


Originally posted by Persej7 Persej7 напиша:

DameMak, на јасно сме што ти ни проповедаш тука?!


Јас сум јасен и прецизен, ти си конфузен и противречен, а башка и не сфаќаш за што скокаш во конфликт, пред да прочиташ што тоа јас сум напишал, а што ти.
Ако ти рекле од штабот дека треба да напаѓаш, нека најдат некој рамен на мојот интелект па нека повели да дебатираме.
Со тебе повеќе не дебатирам иако за чудо за иста партија досега сме гласале.

Изменето од DameMak - 02.Јули.2011 во 07:17
Кон врв
DameMak Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Јуни.2009
Статус: Офлајн
Поени: 617
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DameMak Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Јули.2011 во 23:41
За Диоген:
Северна Република Македонија или Република Македонија (Северна) - се имиња со придавка или додавка во заграда.

Таквото име ќе треба да го ставиме во Уставот.

Како се викаш во крштеничето - таков е твојот персонален идентитет.

Како ќе се викаме во Уставот - таков е нашиот национален идентитет.
Значи ќе ги збришеме македонците и на нивно место ќе се појават „Северно-македонци“ или “мекедонци(северни)“.

Јас сум ПРОТИВ!

Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јули.2011 во 05:23
Koga vekje pochnavme da se gagjame so iminja na republikata eve i eden moj predlog:

Republika Makedonija (FYROM)

Em kje se vikame Republika Makedonija, em Grcija se slozhi da go imame imeto FYROM... pa taka i volkot sit i ovcite na broj. Grcija i natamu mozhe da ni se obrakja so FYROM (za shto me zabole uvoto), a ostanatite i natamu so Republika Makedonija.


Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Diogen Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2009
Статус: Офлајн
Поени: 355
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Diogen Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јули.2011 во 06:26
Originally posted by Messenger Messenger напиша:

Koga vekje pochnavme da se gagjame so iminja na republikata eve i eden moj predlog:

Republika Makedonija (FYROM)

Em kje se vikame Republika Makedonija, em Grcija se slozhi da go imame imeto FYROM... pa taka i volkot sit i ovcite na broj. Grcija i natamu mozhe da ni se obrakja so FYROM (za shto me zabole uvoto), a ostanatite i natamu so Republika Makedonija.


 
Овака отприлика прифатиле нашите во Бук*решт 2008 - Република Македонија (Скопје), ама Грците не прифатиле....
Всушност, не толку проблемот како ќе им се бендиса на Грците, битно е во преговорите да ја симанеме онаа црвена линија на Грција што се вика erga omnes...
Компромисот трба да се однесува на тоа како ќе не ословува Грција во билатералните односи , како и земјите кои не признаваат под референцата ФИРОМ....
Над 130 земји не признале под уставното име, повеќе земји кои не признаваат како ФИРОМ, ни се обраќаат како Македонија, само мал дел тврдокорни фачизоидни држави на ќело со Грција се залагаат за тотална промена на името.
Можеме да лицитираме со имиња и варијанти до бесвест, дадов само пример што би било кога би било, но суштината е да го зачуваме уставното име, и да најдеме компромисно име под кое ќе не ословуваат во ЕУ и НАТО....
Ако го смениме името во уставот, ја отворивме Пандорината кутија....
Ќе треба да им кажеме на повеќе од 130 земји дека сме ние всушност други? А тука се и Кина, Русија, САД и многу други големи сили....
А со менување на уставното име, отвараме простор за шпекулации и манипулации со идентитетот на народот и јазикот (како што дадов пример погоре)...
Затоа, ако сме решиле дека ќе најдеме компромис, нашата црвена линија треба да е - нема менување на уставното име....
Референците се друга работа, може некој ќе ги користи, може не, исто како надимак, накој ќе те вика овака или онака, ама ти имаш свое име и презиме......
Кон врв
DameMak Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Јуни.2009
Статус: Офлајн
Поени: 617
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DameMak Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јули.2011 во 07:12
Originally posted by Diogen Diogen напиша:


Originally posted by Messenger Messenger напиша:

Koga vekje pochnavme da se gagjame so iminja na republikata eve i eden moj predlog:

Republika Makedonija (FYROM)

Em kje se vikame Republika Makedonija, em Grcija se slozhi da go imame imeto FYROM... pa taka i volkot sit i ovcite na broj. Grcija i natamu mozhe da ni se obrakja so FYROM (za shto me zabole uvoto), a ostanatite i natamu so Republika Makedonija.



...Можеме да лицитираме со имиња и варијанти до бесвест, дадов само пример што би било кога би било, но суштината е да го зачуваме уставното име, и да најдеме компромисно име под кое ќе не ословуваат во ЕУ и НАТО....

Ако го смениме името во уставот, ја отворивме Пандорината кутија....

А со менување на уставното име, отвараме простор за шпекулации и манипулации со идентитетот на народот и јазикот (како што дадов пример погоре)...

Затоа, ако сме решиле дека ќе најдеме компромис, нашата црвена линија треба да е - нема менување на уставното име....


Уфф - конечно јас и Диоген да се согласиме во ставовите.
нема менување на уставното име
тоа е нашата црвена линија затоа што така како што сме запишани во уставот, таков ни е идентитетот.

После овие ставови логично следи мојата заложба дека досегашното успешно користење на транслитерираното уставно име MAKEDONIJA во неколку сфери како што се интернет комуникациите со домејнот .mk, меѓународната ознака за нашата национална валута MKD, како и меѓународната скратеница за нашата земја MKD, тоа транслитерирано име може да го реши и политичкиот спор со Грција.
Кон врв
LiDivio Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор


Регистриран: 19.Мај.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7265
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LiDivio Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јули.2011 во 08:46
На прв поглед предлогот на Месинџер Republic of Macedonia (FYROM) е добар, но ако е erga omnes, тогаш испаѓа дека имаме историја која ни почнува од 1945. Затоа Грците се упорни името да биде erga omnes.
 
За ДамеМак,
 
Јас, а верувам и ти не сакаме да се смени уставот. Но, разликата помеѓу мене и тебе е што јас НЕ САКАМ ДА ВЛЕЗЕМЕ ВО ЕУ И НАТО.
 
Да им порачам на тие што сакаат да влезат во овие фашистички и неоколонијални организации дека без промена на името (ерга омнес) никогаш нема да влезат таму.
 
Новото име може да биде (а верувам и ќе биде) РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА.
 
Единствен спас може да биде референдумот, но со ваков народ (плус тука се ,,браќата,, кои страдаат од хипоевроатлантикинтеграциоза) тешко дека ќе го сочуваме уставното име барем во уставот и во пасошите.
 
                тага
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 130131132133134 184>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,531 секунди.