IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - БОЖЈАТА Мудрост или човековите чувства?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

БОЖЈАТА Мудрост или човековите чувства?

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: БОЖЈАТА Мудрост или човековите чувства?
    Испратена: 08.Јуни.2011 во 11:57


Ценети членови и посетители на подфорумот вероисповед,
што мислите вие дека е поважно за човекот: БОЖЈАТА Мудрост или човековите чувства (кои доста често и’ се спротиставуваат на истата)?

Според скапоцената вера, БОЖЈАТА Мудрост е Совршената Волја БОЖЈА - Која што Совршениот БОГ за спасение на сите Ја отелотвори во Исус Христос - и Таа е поважна од сите човечки чувства (и желби), предсе’ поважна од оние чувства и желби кои што се противни со истата!

Знам дека многумина од вас кои човековите чувства ги сметаат за најважното мерило во универзумот воопшто нема да се сложат со мислењето и учењето на Евангелието БОЖЈЕ, но сепак би ве замолил сите да го кажете своето мислење (уверување) и (ако вие можно) да образложите зошто е тоа така.


На ова место срдечно ве поздравувам и поканувам да се приклучите на темава, но и заедно да земеме време во мир да размислиме (медитираме) за следниве Новозаветни стихови.





Оттогаш почна Исус на Своите ученици да им открива дека Тој треба да отиде во Ерусалим и да пострада многу од старешините, првосвештениците и книжниците и да биде убиен,
и на третиот ден да воскресне.

А Петар Го повлече настрана, почна да Му говори, зборувајќи: „Биди милостив кон Себе, Господи; тоа со Тебе нема да се случи!”

Но Тој се заврте и му рече на Петар: „Бегај од Мене, сатано! Ти си Ми соблазна, зашто мислиш не за она што е Божјо, туку за она што е човечко!”

Тогаш Исус им рече на учениците Свои:
„Ако некој сака да врви по Мене, нека се одрече од себе, нека го земе својот крст и нека Ме следи;
зашто, кој сака да го спаси животот свој, ќе го загуби;
а кој ќе го загуби својот живот заради Мене, ќе го најде:
зашто, каква полза е за човек ако го придобие целиот свет, а на душата своја и напакости?
Или каков откуп ќе даде човек за својата душа?



(Ев. Матеј 16: 21-26)





   
   




Изменето од spiros - 08.Јуни.2011 во 12:03
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јуни.2011 во 12:00
Нормално дека човечките чувства споредени со божијата мудрост.Тоа ти е исто како да си возиш кола и да уживаш  ,но да ги почитуваш правилата на патот.
 
Но сепак на прво место човечките чувства ,бидејки ние сме денес живите и ние го живееме животот, така како на нас ни одговара.
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јуни.2011 во 12:20
Originally posted by емил емил напиша:

Нормално дека човечките чувства споредени со божијата мудрост. Тоа ти е исто како да си возиш кола и да уживаш , но да ги почитуваш правилата на патот.
 

Но сепак на прво место човечките чувства ,бидејки ние сме денес живите и ние го живееме животот, така како на нас ни одговара.





Значи сепак не како на нашите чувства им одговара, туку како Мудроста БОЖЈА ни налага!

Јас пред некој ден (на Вознесение Христово - Спасовден) се чувствував така да нагазам малку повеќе на педалата за гас (на автомобилот).
Не помина многу повеќе од една минута и полицијата ме слика со технички уред кадешто точно се гледа ограничената брзина, брзината на возилото, но и лицето на оној кој што ја прекршува !

Што беше за мене многу интересно, после самото блицнување (сликање од страна на сообраќајните власти) патот ми го вкрсти еден автомобил со регистарска табличка на која двапати имаше дупли бројки, а вторите дупли бројки беа две двојки (22)!

Казната се’уште не мие дојдена да ја платам, но од сега веќе знам дека со тие пари - некаде во светов - ќе можеше (извесно време) да се прехрани цела фамилија!


Поздрав


п.с. Ние денес сме живи, но не сме само ние живи и ако сакаме и наредните генерации (нашите деца) да живеат, ќе мораме Мудроста БОЖЈА да ја цениме повеќе од нашите човечки чувства и желби!



Вистинските Чеда БОЖЈИ се Чуда БОЖЈИ и безкрајно повеќе од човечките непостојани чувства!






Изменето од spiros - 08.Јуни.2011 во 15:10
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
Klara-D Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Март.2011
Статус: Офлајн
Поени: 2671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Klara-D Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јуни.2011 во 13:01
Некој рече ученоста не е мудрост во Вистинска смисла на зборот, туку само мислење за Мудроста.
 
Познанието на Вистината која Господ ни ја откри нам луѓето, и кон која се пристапува само со Вера, а е непристапна за паднатиот човечки разум, во ученоста е заменето со нагодувања и претпоставки!..
 
Дали нас може да не спаси Верата,  а не  знаењето ???
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јуни.2011 во 12:20
прашањето би било попрецизно ако се постави дали се побитни божествените или човечките чувства?
Во Бога и во царството небесно нема мисли, но има законити чувства. И духовниот космос настанал од светото пра-чувство. Чувствата се многу важни на патот кон Бога, но одлучувачко е како се поставуваме ние кон нив и дали ги одмеруваме според божествените закони(т.е. принципите содржани во Десетте Божји и Говорот на гората).
Originally posted by Klara-D Klara-D напиша:

Дали нас може да не спаси Верата,  а не  знаењето ???
Верата и знаењето сами по себе не спасуваат. Спасуваат делата произлезени од правилното знаење. Како што велел Исус од Назарет „Секој кој овие мои зборови ги слуша и постапува според нив е како мудар човек кој ја изградил куќата своја на карпа.... а секој кој овие Мои зборови ги слуша но не постапува според нив, тој е како неразумен човек кој куќата си ја изградил на песок....„.
Мудроста произлегува од искуствата собрани преку делата, не од теорија, па макар била таа некаква духовна или верска теорија(теологија).
Кон врв
Templarius Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Февруари.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2754
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Templarius Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јуни.2011 во 22:08
Covekot, bez nego nisto nema da postoi....
Give me your secrets
Bring me a sign
Give me a reason
To walk the fire
See another dawn
Through our son's eyes
You give me a reason
To walk the fire.
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јуни.2011 во 22:38
за да стгинеме до мудроста Божја неопхпдно е да го одиме патот навнатре, а таму чувствата играат битна улога бидејќи чувствата поттикнуваат мисли, мислите, зборови и постапки. Секоја мисла или збор, или постапка е енергија, а енергијата не се губи. Затоа не е сеедно што човек продуцира.

Еве интересен линк, извадок од една космичка животна школа - средба на сите боготрагачи, одржана едно јулско неделно утро 2001 година во Вирцбург(текстот е на хрватски јазик):

Внатрешниот пат значи да учи да се чувствува



Изменето од Majkl - 24.Јуни.2011 во 22:41
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,328 секунди.