|
Споменик на Александар на плоштад Македонија |
Внеси реплика | страница <1 3839404142 54> |
Автор | ||
Kali
Сениор Storyteller Регистриран: 30.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4947 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Во што ја гледаш разбуденоста сега, култузин?
За мене овој бетон не е будност, туку разделеност од реалноста.... |
||
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
не знам колку е нормално некој да си става споменик во најголемо невреме... но знам дека е доста ненормално за проект за железниците на земјава да чекаме десет години... да, десет години, што значи 2021 година... ко со сила да се обидуваат да не уназадат што е можно повеќе
kultuzin, ако тоа ти е будење од хибернација, или клиничка смрт, како и да е... тогаш на знам што да кажам Изменето од zabegan - 20.Јуни.2011 во 16:44 |
||
размисли пред да напишеш глупост
|
||
kultuzin
Сениор Регистриран: 03.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4903 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ќе дојдат и железниците на ред, развивањето на националните чуства и чуството на самопочит е мотор за многу работи. Тој мотор ги буди од сон и помалите градови, тој мотор раздвижи од сон многу други институции, верувам дека тој мотор ќе ги раздвижи и МЖ а ќе ја раздвижи и свеста за подобра инфраструктура која не спорам дека ни е подитно потребна.
И токму во тоа ја гедам разбуденоста и тврдам дека ова што ни се случува денес требаше да ни се случи 1992 до 1996 и денес ќе немаше потреба од дебати кој сме и што сме ќе немаше потрба да се срамиме и да дискутираме дали има потреба да му покажеме на светот кој сме и што сме. И цврсто сум убеден дека после ова што му се случува на главниот град многу повеќе ќе не ценат. |
||
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
нема потреба да докажуваме кој сме и што сме, докажувањето кој сме и што сме е лечење на комплекси, додека пак обезбедувањето на развојот и иднината на државата е потребен ако нешто ме теши е што со изградбата на овие „споменици“, нема во иднина некој да ни тапи мозок со тоа колку сме немале култура и споменици и ќе се нафати на вистинските проблеми да државата, а комплексите на голем дел од народот ќе се ублажат |
||
размисли пред да напишеш глупост
|
||
kultuzin
Сениор Регистриран: 03.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4903 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Без национални чувства ниту се изградила ниту пак ќе се изгради држава, затоа тие се основа за се што доаѓа потоа.
Македонија изгуби многу политички и економски битки токму поради недостатокот на национално едиснтво и самопочит. Дека сеуште има онакви кои самите не се почитуват и не ја почитуват а ниту ја познават сопствената држава доволно е само да прочиташ дел од нашите новинари кои сеуште известуваат вака: „Ќе остане ли сонцето од Вергина под Александар?„ линк-http://www.time.mk/read/NONE/afc41b94bc/index.html Се додека не разбереме дека сонцето не е од вергинија туку е од КУКУШ ќе има потреба од споменици и музеји не за друго туку да не ни забегуват новите генерации како што забегал погоре цитираниот новинар. И пак на приоритетите кои ги потенцираш како патишта железница и слично тие се големи залаци и мисла дека треба малку повеќе време до реализација отколку реализацијата на неколку државни административни згради и споменици. Но сепак ќе нагласам дека и инфраструктурата како и стандардот и помалата невработеност се и те како потребни. |
||
Kali
Сениор Storyteller Регистриран: 30.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4947 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Потребата да се дефинира нашиот идентитет пред самите нас и пред светот е точно потреба на една пубертетска држава, како Македонија. Тоа е и основната причина зошто Груевски бидна толку популарен.
Заебанцијата е во тоа што тоа се прави на сосема погрешен начин. Помалите градови скоро да не постојат, Македонија всушност се наоѓа претежно во Скопје. А Скопје, тоталка се обезличи. Наместо да созрева оваа држава преку витални елементи, таа регресира. Адолесцент кој нема стабилно семејство и егзистенција, друштво и чие право на слобода на изразување став е загрозено, а кој живее во некој имагинарен свет на идоли, тоа е Македонија и Скопје денес. Не знам дали денеска во Скопје некој чувствува македонска национална гордост поради Аце, шмизлата и компанија. Јас ништо такво не чувствувам, и не ми значи. Изменето од Kali - 20.Јуни.2011 во 17:36 |
||
kultuzin
Сениор Регистриран: 03.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4903 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Без национални чувства ниту се изградила ниту пак ќе се изгради држава, затоа тие се основа за се што доаѓа потоа.
Македонија изгуби многу политички и економски битки токму поради недостатокот на национално едиснтво и самопочит. Дека сеуште има онакви кои самите не се почитуват и не ја почитуват а ниту ја познават сопствената држава доволно е само да прочиташ дел од нашите новинари кои сеуште известуваат вака: „Ќе остане ли сонцето од Вергина под Александар?„ линк-http://www.time.mk/read/NONE/afc41b94bc/index.html Се додека не разбереме дека сонцето не е од вергинија туку е од КУКУШ ќе има потреба од споменици и музеји не за друго туку да не ни забегуват новите генерации како што забегал погоре цитираниот новинар. И пак на приоритетите кои ги потенцираш како патишта железница и слично тие се големи залаци и мисла дека треба малку повеќе време до реализација отколку реализацијата на неколку државни административни згради и споменици. Но сепак ќе нагласам дека и инфраструктурата како и стандардот и помалата невработеност се и те како потребни. |
||
pajser
Сениор kloshar Регистриран: 04.Март.2011 Локација: Lao People's Dem. Rep. Статус: Офлајн Поени: 13922 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
zhalosno i besperktivnost na sopstvenata drzhava da se nareche pubertetska., bez pritoa da se dade odgovor kade se onie golemi pari shto vlegoa vo drzhavava od koj shto nikoj nishto ne vode osven nekoja grupa na lugje., nemozham da ve razberam ., osven ako i vie ste vo taa grupa da napagjate neshto koga bilo shto i neshto se raboti., nekoj odrabotuva shto drug trebashe mnogu odamna ., i zheleznicite i infrastrukturata ama nekako ne im se davaa parite ., a sega koga se gleda deka i pokraj kriza shto vladee vo cel svet ., sepak ima pari za se i seshto taoa na nekoj mu smeta ., a za lichnite mislenja za umetnichka ili estetska vrednost odamna e kazhano ., ., de gustibus non est disputandum
|
||
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
|
||
kultuzin
Сениор Регистриран: 03.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4903 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Јас веќе одговорив дека тоа што ни се случува денес требаше веќе да биде затворено поглавје, за жал тогаш кога требаше да се удрат темели на државата одередени политичари со мислите беа сеуште Југословени а ние заедно со нив бевме во класична КОМА или КЛИНИЧКА СМРТ. Затоа денес ја живееме фазата која ја поминала секоја држава а ние како држава и народ кој никогаш несмеел да покаже кој е и што е денес го живееме тој период. И тоа е многу нормална и природна појава. Што се однесува до одтанатите градови не е точно дека ништо не се случува , скоро сите помали гадови се денес многу посредени за разлика од пред да почне градњето на проектот 2014. Само неколку примери, се средија плоштадите во Берово, Кавадарци, Струмица, Прилеп, Крушево, има проект за плоштадот во Штип , Македонска Каменица, Тетово и Куманово. Во Велес се гради театар, Охрид исто така денес има музеј на вода а има и проект Охрид 2014. Како никогаш досега помалите места особено Крушево и Берово развиват туризам. Имав прилика пред некој ден да прошетам дел од горенаведените градови и во сите се гледа огромен напредок така да мислам дека забелешката не држи вода. |
||
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
згора на се, тука збориме за држава стара дваесет/шеесет години, а не за држава која допрва треба да се формира и да се креваат револуции, па да е потребна национална свест како и да е, јас кога си ги вршам секојдневните обврски, како на пример купување леб, не мислам на тоа колку голем македонец сум, јас ако сум роден и живеам во веќе формирана држава со матичен народ, знам дека припаѓам на тој народ и си ги имам сите национални побуди што ми се потребни што доаѓа до прашањето, која е потребата од споменици во врска со одредување на националниот идентитет? идентитетот си постои во срцето на народот и симболите кои го одредуваат и нема врска со било какви материјалности, најмалку пак бронзени фигури кои ги има насекаде низ светот... на пример, во Македонија има споменик на Мајка Тереза? какви чувствга треба тоа да побуди во мене? ете гледаш, споменик, а нема никаква врска со мојот идентитет и фактот дека на плоштадот ќе има 1000 тони бронза, не менува ништо во тоа дали некои луѓе ќе ја почитуваат својата историја... навистина со поставување на споменик (освен испочитување на дотичната историска личност) ништо не постигнуваме, на ниедно општествено ниво, само сме потрошиле средства во нешто неисплатливо... додека пак, железницата е битна за општествен развој на сите нивоа си градиме споменици и си викаме дека инфраструктурата (од која зависи скоро цела економија) може да почека и дека за неа требаат време и средства, додека другите балкански држави се развиваат и се далеку пред нас, постојано сите не заобиколуваат и пропуштаме неверојатни шанси за просперитет од кој сите не ќе можат ни вода да ни носат... а кога ќе помислиш дека ние сме ја имале најповолната географска и политичка положба од сите тие земји, е навистина тешко на срце... потешко од тоа што грците го нарекле Александар „воин на коњ“ |
||
размисли пред да напишеш глупост
|
||
Tetratka
Сениор Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Држава се гради со авторитет и достоинство а не со фалсификати и глупости... Таква “буранија“, “манџарија“ нема никаде.... Јас на почеток размислував поинаку и мислев дека треба да се поддржи една идеа за “ново Скопје“ - но ова што сега се случува на ништо не личи. Замислете една црна кеса полна со “отпадоци“ истурена на плоштад... Барем сето тоа да има некаков ред и систематизација, да не кажам логика - ќе беше убаво... Ова е буквално како на “дедо Мраз“додека лета да му се скине торбата полна со подароци, па кое каде ќе падне таму да се најде - таму му е местото... (крајно непрофесионално и аматерски - испод секое човечко достоинство - алал да му е на тие што преку ноќ станаа уметници и испраа убави пари) А за чуството за естетика - ,,,, човек да се самоубие... |
||
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
||
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
плус сето тоа, фактот дека народот сакал сопствена самостојна држава докажува за тоа дека имал национална свест, онаа за која збориш ти низ темава... затоа не ми збори колку сме биле во кома во одредено време, бидејќи во кома биле оние кои денес мозок ни тапат колку сме биле кома десет години поназад, каде беа тие тогаш да се борат за идентитетите за со кои денес ни перат мозок... тоа што го кажуваш за останатите градови е навистина смешно, тоа што некој град имал театар или музеј на вода не менува ништо, минимален напредок во однос на изглед и култура воопшто не е ни напредок, освен два три поголеми града во македонија, се останато е жива мизерија... што е најтажно, немаат ни население, бидејќи истото постојано се преселува тука, бидејќи упорно ни градат ствари во стил на СК2014, а нивните градови се мизерни и никогаш (освен на одмор0 не се враќаат во нив |
||
размисли пред да напишеш глупост
|
||
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
||
размисли пред да напишеш глупост
|
||
Tetratka
Сениор Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Некој спомна дека Александар личел на Фрчко....
|
||
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
||
Внеси реплика | страница <1 3839404142 54> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |