|
Хороскоп |
Внеси реплика | страница <1 7677787980 157> |
Автор | |
bluebell
Сениор the craziest Регистриран: 14.Септември.2007 Статус: Офлајн Поени: 8041 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
always look on the bright side of the life!
|
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Астролошки профил на родените во знакот бик(20 април – 20 мај) Бикот има многу тврдоглава природа. Тој е физички силен и ментално брз. Перфекционист е кога станува збор за убавите нешта во животот. Има одличен вкус за облекување и речиси за сè друго. Тој исто така е способен и да заработи доволно пари за да си дозволи купување скапи работи. Луѓето родени во хороскопскиот знак бик, се многу нетрпеливи и почнуваат да мрморат и тапкаат со нозе, ако ги оставите во исчекување. Бикот ќе ви даде на знаење како точно се чувствува во врска со нешто. Ќе биде директен и дрзок доколку смета дека сте виновни за нешто или ќе ви ја појасни ситуацијата, ако ги немате сите факти на ум. Кога не се согласува со нечие мислење, тој отворено ја покажува својата лутина. Кога убаво ќе ве „изџвака“, тој ќе очекува од вас да имате обѕир за болката која сте му ја нанеле. Буржоаски животВо суштина, биковите се стабилни, урамнотежени, конзервативни личности, чесни граѓани и љубители на мирот. Сакаат да ги поседуваат сите добри квалитети на буржоаскиот начин на живот. Бидејќи биковите имаат чувство за материјалните вредности, сакаат да поседуваат вредни работи и хорор им е да запаѓаат во долгови, тие ќе направат сè што е во нивна моќ за да го одржат безбедното финансиско статус кво. Порано или подоцна, парите ќе дојдат во нивни раце. Бикот воопшто не е скржав, туку напротив, дарежлив е со парите, колку што е широк во срцето. Одлучна и комуникативна особаНа прв впечаток, бикот делува како екстремно тивка и воздржана личност. Но, кога ќе се зближите со него, ќе установите дека бикот не е личност која само седи и ги слуша вашите монолози, туку активно партиципира во разговорите. Тој промислено ги прави своите чекори, но кога еднаш ќе се реши на нешто, невозможно е да го премислите. Доколку бикот е оставен сам на себе, тој се претвора во ведра, расположена и безгрижна личност. Голем интелектуалецБикот има големи познавања за светот во којшто живее, мислите му се поврзани и знае убаво да се изразува. Неговиот мозок е како сунѓер, кој впива информации и факти и ги складира, сè до оној момент кога ќе може да ги употреби за да го импресионира градоначалникот на некое далечно местенце, за кое никој не чул, освен се разбира бикот. Тој не само што слушнал за тоа далечно место, туку умее да ги наведе сите статистички податоци поврзани со него, неговата економија, политика и меаните во кои ја служат најдобрата храна. ГурманБикот е навистина голем обожавател на храната. Тој сака да ја проба секоја добра кујна и е многу незадоволен кога наместо со вкусен оброк, е послужен со храна од послаб квалитет. Нему не му пречи да потроши повеќе пари на обилно јадење за целата маса, сè додека неговите придружници се благодарни и ја ценат уметноста на храната. Како што и се очекува, бикот обожава да организира и да биде повикуван на ноќни забави, кои вклучуваат убава храна. Почит кон уметностаБикот има страст и наклонетост кон уметноста и има голем мерак да научи доволно за неа. Најчесто, тој навистина може да препознае добро уметничко дело и ги познава техничките причини кои го докажуваат тоа. За повеќето бикови, музиката има посебна улога во нивниот живот, а претставниците на овој знак имаат тенденција да бидат одлични музичари. Тие сакаат и да пеат и да бидат слушнати од голема публика. Образован и одговорен кон себеБикот не сака да биде во близина на ниско интелигентни луѓе и има возвишено мислење за себеси кога отфрла од својот живот, некој кој не е доволно интересен или не е доволно образован. Од прво, може да помислите дека тој е само еден голем сноб, но кога добро ќе го запознаете, ќе сфатите дека неговото расудување е базирано на неговиот основен вредносен систем. Според тој систем, секоја индивидуа има одговорност да ја култивира својата интелигенција и смета дека оние луѓе кои не ги искористуваат приликите да научат нешто ново во животот или пак оние кои немаат волја да си ги создадат таквите прилики, треба да се срамат од себеси. Тој не верува во „жртви на околности“, бидејќи самиот тој ги користи сите ситуации од кои има некаква полза и не може да сфати зошто сите останати луѓе не би можеле да го направат истото. Пасивна личностТипична карактерна особина на биковите е пасивноста. Можете да сметате на бикот секогаш кога ќе ви биде потребен, но никогаш не очекувајте тој прв да ви се јави. Но, доколку побарате нешто од него, па макар и совет, тој истовремено ќе знае што да направи и како да го направи. Грижење, паника и нервоза дефинитивно не се дел од карактерот на бикот. Во природата на бикот е да биде стабилна и константна личност. Одлуките ги донесува бавно, откако ќе ги земе предвид сите аспекти на ситуацијата. Биковите го сакаат домот во кој живеат и каква било промена во него ги вознемирува. На личност со хороскопски знак бик никогаш не кажувајте ù дека е тврдоглава – таа никогаш нема да поверува во тоа. Бикот за себе мисли дека е трпелив, а не своеглав. Ги бидува за водење бизнисБикот има тенденција да биде добар бизнисмен. Тој ја разбира идеологијата на бизнис стратегиите и знае како истите да ги имплементира за да родат успеси. Бикот има компетитивен дух и може лесно да ја препознае слабата страна на неговата конк*ренција, а во ракавот го чува најдобриот ас за да ја искористи таа слабост во полза на неговата работа. Ако работи во департманот за продажба, неговиот тим ќе биде најдобриот, најпаметниот и најпродуктивниот во целата индустрија. Насоките кои им ги дава на своите вработени, лесно влегуваат во нивната глава, па ќе им биде потребно многу кратко време за да почнат да го почитуваат и да веруваат во неговиот суд и здрава логика. Лојални фер плеј играчиБикот ќе биде лојален другар и вработен, сè додека се чувствува почитуван и вреднуван од страна на другите луѓе. Тој е верен, дарежлив и внимателен со пријателите, но ретко се спријателува со некој надвор од неговиот социјален круг, на кој е безрезервно лојален. Однатре, биковите се нежни, добродушни, скромни, цврсти, мразат расправии и непријателски односи. Но, доколку бикот ги стави во прашање намерите на некој негов пријател или доколку неговите бизнис планови се критикувани од страна на шефот, тој ќе биде вистински повреден и ќе реагира бесно и гневно, при што изгледа како целосно да ја губи својата самоконтрола. Бикот нема импулсивна природа и никогаш не реагира без причина. Другите луѓе не ја очекуваат таквата реакција од бикот, но неговата лутина ќе помине толку брзо, уште пред останатите да сфатат што се случило. Подеднакво неочекувани се ситуациите во кои бикот прави смели шеги и лудо се забавува. Романтичари во љубовтаПредводен од Венера (планетата на љубовта), љубовта е многу значаен дел од животот на бикот. Тој знае да биде многу романтичен и умее да поттикне интерес кај спротивниот пол. Бикот го обожава предизвикот кој го поставува пред својот потенцијален љубовен партнер: неговото срце мора да биде прво освоено. Кога тоа ќе се случи, бикот ќе биде посветен, романтичен и лојален партнер, сè додека неговиот партнер е љубезен и покажува почит спрема него.Повеќето бикови во љубовта имаат тенденција да ја играат „играта на чекање пред врзување“. За жал, голем број бикови си имаат почувствувано на нивната кожа, дека таквото однесување не оди баш во нивна полза. Тие треба да се изборат со тоа, на начин што ќе прават бебешки чекори кои водат кон акција. Побарајте го телефонскиот број на симпатијата, пратете му/ù имејл порака, направете нешто, што било! Љубоморен љубовен партнерЉубомората може да биде сериозен проблем за бикот. Мажите и жените родени во овој хороскопски знак, сè околу себе вреднуваат според принципот „јас имам“, а во тоа може да биде вклучен и нивниот партнер. Бикот мора да сфати дека неговиот партнер е само едно човечко суштество, кое заслужува да биде третирано достоинствено и со почит. Тврдоглавоста е љубовна кочницаКога ќе ја пронајде љубовта на својот живот, бикот треба да научи да ја контролира неговата тврдоглавост за да не ја уништи врската. Тој мора да ја сфати уметноста на компромисот и да научи да поставува прашања, а не само да ги изнесува неговите констатации. Само на тој начин, бикот ќе може да ја одржи неговата врска среќна и долготрајна. Негативна карактеристика: критичностЕдна од најнегативните карактеристики на биковите е нивната тенденција кон прекумерно критикување, кое може да звучи многу сурово и злонамерно на моменти. Биковите со поизграден карактер, умеат да научат како да ја потиснат оваа нивна природна тенденција кон критицизам и да ја канализираат кон нешто попозитивно, како на пример во некоја професија која бара критичко размислување. Бикот не е баш свесен за тоа како звучи неговото оценување на постапките на некоја личност, особено на неговиот љубовен партнер. Благоразумен љубовен партнер може на нежен начин да му помогне да порасне и да сфати дека неговите критики се премногу груби. Бикот има многу нежно его, на кое му треба често негување. Цврсти и успешни личностиБикот поседува една неверојатна карактеристика, која му овозможува да може да поднесе физичка и психичка болка, со години, без ниеднаш да се пожали. Колку повеќе проблеми наидуваат во неговиот живот, толку поцврст станува. Бикот има репутација на сериозен хороскопски знак, но сериозен не значи и досаден. Всушност припадниците на знакот бик, уживаат во градењето цврста, стабилна и долготрајна кариера. Една од најголемите дарби на бикот, е неговата способност да смисли инспиративна идеја и да ја трансформира во остварлив, конкретен план. Односот кон паритеБиковите честопати ги бие лоша репутација во врска со нивниот однос кон парите, бидејќи на многу луѓе од страна им изгледа како биковите да се опседнати со нив. Вистината е дека тие не се опседнати со пари, туку сфаќаат дека им се потребни за да можат да си ги остварат нивните зацртани цели и соништа. Уживање во убавинатаБикот ужива во убавите работи во животот со сите свои сетила. Тој е многу сензитивно битие кое знае да го цени пресекувањето на првото парче од двокатната торта, ужива во прскањето на телото со скапи парфеми или колонски води и наоѓа задоволство во носењето елегантни ракавици од кашмир. Сè што изгледа добро, мириса убаво, вкусно е и совршено е на допир, бикот несомнено ќе го обожава.Љубовта кон убавината може да има и своја негативна страна, доколку бикот прекумерно се опушти. За бикот не е нетипично да потроши пари на нешто бесмислено, да му е лошо на стомакот од многу јадење вкусна храна или да „закачи“ 2-3 килограми вишок на себе. Поради тоа, тој мора да научи да биде умерен и урамнотежен во сè. Идеални професии за бик: музичар, креатор на парфеми, архитект, сметководител, моден дизајнер, графички уметник, манекен/сопственик на модна куќа, ботаничар… Најкомпатибилни знаци: девица, јарец и бик Омилени бои: сина, зелена, темно жолта, окер Животно мото на бикот: „Биди убав или оди си дома“, „Имам значи постојам“, Грижи се за своите сетила, а сето друго ќе си се погрижи само по себе“. „Биди убав или оди си дома“ ......животно мото.... Изменето од Анастеа - 29.Април.2011 во 02:04 |
|
Schatzii
Сениор Регистриран: 04.Мај.2010 Локација: Germany Статус: Офлајн Поени: 10600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ептен ми се допадна профилов...
не опишале на долго и на широко |
|
Dream what you want to dream;
Go where you want to go; Be what you want to be, because you have only one life and one chance to do all the things you want to do. |
|
speed
Сениор Регистриран: 09.Март.2007 Статус: Офлајн Поени: 803 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Mnogu ubavo pisuva za Bik, treba da probam nekoj biznis :)
|
|
speed
|
|
Schatzii
Сениор Регистриран: 04.Мај.2010 Локација: Germany Статус: Офлајн Поени: 10600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Љубоморни сте? ... Можеби е до хороскопскиот знак
Можете ли да поминете преку зависта и љубомората која ја чувствувате кон вашите колеги и пријатели? Или сте непоправливо завидливи? Овен Вие сте знак кој сака да се натпреварува, а новата позиција на пријателот ќе ја доживеете како предизвик. Изненадувачки, нема да бидете злобни или љубоморни, туку едноставно туѓото унапредување ќе го сфатите како поттик. Бик Вие не се занимавате со вакви работи бидејќи живеете во свој свет. Ако некој ви е близок и вие ќе бидете многу среќни со него. Можеби некаде длабоко во себе ќе почувствувате губење на контролата, но тоа никогаш нема да го покажете. Близнаци Близнаците се воодушевени кога некој близок напредува. Најверојатно од успехот на пријателот ќе пробаат да извлечат корист, бидејќи Близнаците сакаат да ги искористат сите ситуации кои се создаваат пред нив. Рак Во себе ќе почувствувате конфликт кој ќе се обидете да го прикриете за да не станете негативни или злобни. Долгорочно успехот на вашите колеги или пријатели ве радува, но кога ќе дознаете новост, тоа тешко го доживувате. Лав Вие обично верувате дека сте предодредени за големи нешта и најверојатно успехот на некој пријател или колега ќе го доживеете лично. Цените кога некоја блиска личност е успешна и мислите дека делумно успехот е и ваша заслуга, па затоа лесно се фрлате на честитање. Девица Девиците немаат големо его, па ниту на успесите на своите пријатели не гледаат негативно. Можеби за момент ќе почувствуваат завист, но многу брзо ќе ја надминат. Вага Вагата ќе се вознемири доколку не ја повикате на прославата поради новата работа или не ја запознаете со новите колеги од кои таа би можела да има корист. Вагите сакаат да создаваат професионални врски, па во успехот на пријателот ќе бараат можност за свое истакнување. Шкорпија Шкорпиите ќе ви дадат неколку остри коментари и на тој начин ќе ви укажат и на лошите страни на вашиот успех. Стрелец Стрелците ќе им честитаат на своите пријатели, гледајќи на тоа како на предзнак за сопствен успех. Туѓиот успех на Стрелците им сигнализира дека напредокот е можен доколку се потрудат малку повеќе. Јарец Јарецот нема премногу да се воодушеви од туѓиот успех, но не е љубоморен. Тој е рамнодушен. Јарците се секогаш фокусирани на себеси и на својата кариера, така што не ги забележуваат другите, па затоа не го очекувајте нивното воодушевување кога ќе им соопштите новост за туѓ успех. Водолија Водолиите знаат дека сите луѓе одат по различни патеки, па ќе се радуваат поради пријателите, но ако веста за унапредувањето на колегата или пријателот се појави во лош момент може да бидат многу злобни, иако подоцна кога ќе се смират спокојно ќе му честитаат. Риби Однадвор ќе изгледа дека Рибите се воодушевени од туѓиот упех, но ако немаат план за сопствен напредок може да си префрлуваат и да се обвинуваат самите. |
|
Dream what you want to dream;
Go where you want to go; Be what you want to be, because you have only one life and one chance to do all the things you want to do. |
|
ANITA11
Сениор Регистриран: 04.Јануари.2009 Статус: Офлајн Поени: 21488 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
minlan
Сениор Регистриран: 15.Мај.2011 Статус: Офлајн Поени: 312 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
burn tire not your soul
|
|
ANITA11
Сениор Регистриран: 04.Јануари.2009 Статус: Офлајн Поени: 21488 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
oven...
|
|
zverka_
Сениор Регистриран: 11.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 6604 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Близнаци Близнаците се воодушевени кога некој близок напредува. Најверојатно од успехот на пријателот ќе пробаат да извлечат корист, бидејќи Близнаците сакаат да ги искористат сите ситуации кои се создаваат пред нив. prefrigani stvorenija .... |
|
Јас сум 99% сигурна дека луѓето ме озборуваат,но 100% сум сигурна дека баш "ме заболи" за тоа!!!
|
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Професија според хороскопскиот знак
Сигурно барем еднаш сте се запрашале што одредиле ѕвездите за вас на професионален план. Продолжете да читате и дознајте која професија ви одговара најмногу според хороскопскиот знак.
ОвенВие сте динамични, полни со енергија и поседувате натпреварувачки дух. Ве привлекуваат професии кои се поврзани со ризици и предизвици, преку кои можете да ја покажете вашата индивидуалност. На вашата креативна, амбициозна и отворена личност најмногу ѝ одговара кариера во медиумите, маркетингот или архитектурата. Ако сте претставник на овој знак, вие сте роден херој и лидер, па затоа ви одговараат и професии како војник, полицаец, спасувач или управител на фирма. БикКако претставник на овој знак вие сте практична, решителна, трпелива и чесна личност, која може одлично да се вклопи во тим. На прво место, вие сакате стабилност и склони сте да работите прекувремено, ако тоа ви носи подобра плата. Вие би биле среќни ако работите како банкер, брокер, агент за недвижности или научен истражувач. Вашата музикалност може да ви помогне да се истакнете како пејачи или музичари. БлизнациБлизнаците сакаат професија која ќе ги стимулира на интелектуален план. Нивната комуникативност ги насочува кон рекламата, образованието и трговијата. Иако за претставниците на знакот близнаци е познато дека не сакаат да работат прекувремено, вие имате многу енергија и можете да постигнете многу повеќе во текот на еден работен ден, отколку што тоа го прават другите околу вас. Вас ви одговара секоја професија која е директно поврзана со комуникациите, а и одлично работите под притисок. Најсреќни би биле ако работите како писател, преведувач, оратор, новинар, учител, трговец, дипломат, политичар или рекламен агент. РакВие сте многу чувствителни и се однесувате многу заштитнички кон оние што ги сакате. Сите професии поврзани со негата и грижата за луѓето ви одговараат вам. Ги сакате луѓето и сакате да им помагате, па затоа медицината е сферата кон која најчесто се насочувате. Освен како добри психолози, педијатри и социолози, „раковите“ можат да се покажат и како вистински специјалисти во областа на финансиите. Поради фактот што сте чесни и лојални, одлично можете да се истакнете и во сферата на човечките ресурси. ЛавКреативноста и динамичноста се ваши препознатливи карактеристики. Најдобро работите кога сте на висока позиција. Авторитетни сте и уверени во себе. Лесно ги инспирирате и мотивирате луѓето околу вас, па затоа можете да бидете одлични менаџери и управители. Сакате вашата професија да ви нуди висок статус и престиж. Можете да бидете и одличен адвокат или доктор. Вие сте родени да бидете лидери и силно ве привлекува моќта и власта. Перфектни сте за позицијата на дипломат. ДевицаПрецизни, внимателни, трудољубиви, перфекционисти. Тоа се особините кои најдобро ве опишуваат вас. Вашето логичко мислење и големата способност за концентрација, ве прави одлични математичари и сметководители. Ќе бидете исполнети ако се насочите кон фармацевтската индустрија или кон науката и техниката. Имате исклучително богат речник, па затоа лесно можете да станете добар писател или критичар. ВагаКако „вага“ секогаш се стремите да постигнете баланс, хармонија и справедливост во секоја ситуација. Вие сте многу комуникативни личности, кои што постојано бараат контакт со другите луѓе. Вашиот стремеж кон задоволување на правдата ве прави одлични адвокати, а лесно можете да ги извршувате и функциите на дипломат и преговарач. Имате природна дарба да бидете добри дизајнери и уметници, затоа што сте креативни, перфекционисти и знаете што очекуваат луѓето околу вас. Секогаш им излегувате во пресрет на луѓето околу вас кога тие имаат потреба од ваша помош, па затоа можете успешно да изградите кариера во областа на услугите. ШкорпијаВие сте трудољубиви личности со аналитичко мислење и многу добра интуиција. Љубопитни сте и секогаш ве привлекуваат мистериите. Тие ваши особини ве прават одлични детективи, адвокати, физичари и истражувачи. Свесни сте за потенцијалот кој го поседувате и работите многу напорно за да се покажете во најдобро светло. Вашата амбициозност ве мотивира секогаш да се насочувате кон високи позиции. Многу лесно можете да се концентрирате и да се фокусирате. Затоа можете да изградите успешна кариера како хирург. СтрелецРодените под овој знак се полни со енергија, комуникативни личности со слободен дух. Ако вие сте претставник на хороскопскиот знак стрелец, тоа значи дека сте неуморна личност која обожава предизвици. Вие сте забавни и комуникативни, па затоа лесно се вклопувате во секоја средина. Омилени сте сред колегите, поради тоа што знаете со хумор да ги разведрите кога е напната атмосферата. Вам ви одговараат професии поврзани со екологија, животни или религија, затоа што сте спиритуална личност. Вашата желба да патувате ве прави одлични кандидати за професии како пилот, стјуардеса и туроператор. ЈарецКако претставник на знакот јарец вие сте стабилна, одговорна и организирана личност, која секогаш се стреми да си ја постигне целта. Многу сте трпеливи и секогаш сакате да го завршите она што сте го започнале. Ја обожавате моќта и секогаш се стремите да се на висока позиција. Вие би биле одличен менаџер или администратор. Многу често колегите ве сметаат за работохолици. Ги сакате компјутерите, софтверот и сè што е поврзано со наука и математика. Можете да изградите успешна кариера во ИТ секторот или како банкер или сметководител. ВодолијаПред сè вие водолиите сте големи хуманитарци и идеалисти. Невладините организации се одлично место за вас, затоа што секогаш сте подготвени да дадете сè од себе кога се работи за добри цели. Имате прогресивни и оригинални идеи, кои често ги претворате во практични иновации. Вас не ве привлекуваат обични професии, а барате професија која ќе ве стимулира со предизвици. Сепак, каква и професија да изберете, најважно за вас е да си ја зачувате независноста. Најдобро можете да се реализирате како истражувачи, научници, астрономи, фотографи, писатели или инженери. РибиПретставителите на овој знак се пријателски, артистични и спиритуални личности. Ако вие сте родени под знакот риби, тоа значи дека имате силно развиена интуиција и склони сте секогаш да им помагате на луѓето. Најдобри професии за вас се оние професии, преку кои можете да ја изразите вашата креативност. Вие сте големи љубители на музиката, поезијата, филмовите и танцувањето. Имате огромен потенцијал да бидете одлични актери, писатели, танчари и дизајнери. |
|
Schatzii
Сениор Регистриран: 04.Мај.2010 Локација: Germany Статус: Офлајн Поени: 10600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Хороскопските знаци и нивните таленти
Јарците се одлични консултанти, Овните се талентирани во спортот, додека Девиците се одлични организатори! За секој успех е неопходна работа, но некои квалитети ги стекнуваме со раѓањето во одреден хороскопски знак. Дознајте кои таленти ги поседувате од астрологијата. Овен - спонтаност, одлучност, љубопитност, борбеност, решителност, спорт. Бик - снаоѓање со пари, здрав разум, трпение, мислител. Близнаци - елоквентност, адаптибилност, мултитаскинг. Рак - социјална посветеност, сочуство, готвење. Лав - креативност, уметнички вештини, харизма. Девица - перфекционист, организатор, точност. Вага -дипломатија, хармонија, естетика. Шкорпија - упорност, фокусиран спрема било каква цел, адаптибилност. Стрелец - оптимизам, друштвеност, толерантност, чувство за правда. Јарец - реализам, стабилност, одлични советници. Водолија - релаксираност, креативност, снаодливост, елоквентност. Риби - креативност, снаодливост, чуствителност, одлични пријатели. |
|
Dream what you want to dream;
Go where you want to go; Be what you want to be, because you have only one life and one chance to do all the things you want to do. |
|
Klara-D
Сениор Регистриран: 03.Март.2011 Статус: Офлајн Поени: 2671 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Во астрологијата, хороскопските знаци се поделени на 4 групи (земјени, огнени, воздушни и водени) според нивната сродност. Оние хороскопски знаци кои се од иста група се совпаѓаат сите меѓусебно, а не се совпаѓаат т.е. не си одговараат со хороскопските знаци од некоја друга група. Исто така, постојат и групи на знаци кои меѓусебно си одговараат. Во продолжение ви се истакнати сите комбинации од хороскопските знаци. ЗЕМЈЕНИ ЗНАЦИ
Земјени знаци се бик, девица и јарец. Лицата родени во овие знаци си одговараат еден со друг, а им одговараат и лицата родени во следниве хороскопски знаци: За Бик – Рак и Риби За Бик – Лав, Шкорпија и Водолија За Девица – Близнаци, Стрелец и Риби За Јарец – Овен, Рак и Вага Земјени знаци се овен, лав и стрелец. Лицата родени во овие знаци си одговараат еден со друг, а им одговараат и лицата родени во следниве хороскопски знаци: За Овен – Близнаци и Водолија Знаци кои не одговараат еден на друг: Воздушни знаци се близнаци, вага и водолија. Лицата родени во овие знаци си одговараат еден со друг, а им одговараат и лицата родени во следниве хороскопски знаци: За Близнаци – Овен и Лав Знаци кои не им одговараат се: ВОДЕНИ ЗНАЦИ Водени знаци се: рак, скорпија и риби. Лицата родени во овие знаци си одговараат еден со друг, а им одговараат и лицата родени во следниве хороскопски знаци: За Рак – Бик и Девица Знаци кои не им одговараат се:
|
|
Klara-D
Сениор Регистриран: 03.Март.2011 Статус: Офлајн Поени: 2671 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Шарм - според хороскопскиот знак
Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби |
|
MyWay
Сениор Антиталенат на годината Регистриран: 05.Септември.2008 Локација: Aruba Статус: Офлајн Поени: 23914 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
.........точно...скорс ....
нема промашено ни еден збор............. Близнаци Близнаците ќе ве забавуваат како ниту еден друг знак. Кај спротивниот пол најважен им е надворешниот изглед. Своите емоции ги држат под контрола, но сепак на нивниот шарм и духовитост е тешко да се одолее. |
|
Како изгледа совршен маж..Он не изгледа..Он се понаша ...... |
|
Внеси реплика | страница <1 7677787980 157> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |