|
Колумна,што имаме со тоа? |
Внеси реплика |
Автор | |
Joshua_Tree
Сениор Регистриран: 27.Јуни.2007 Статус: Офлајн Поени: 6477 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 23.Мај.2011 во 18:46 |
Е ако де...ќе биде убаво да ја читам некогаш...
Еуфорија за Сизиф Сите во филм...каменот наш најголем,на угорно.Еј,замисли да го нема него и сето она за туркање... -Арогантно,егоистично или многу измислено? Сосема реално и разгалено е човештвото,нови вредности...Нови ќе ни бидат новите глупости.Ново е да ги замениш чизмичките од минатиот месец со нови,ново е да купам нова кола ,да бидеме урбани(сиви) и IN.Години живот даваме за убави бандаши,оти сме вековно врзани за желбата.Дал Господ акал да си играме со него,да го доживееме.Не да го учиме...дал и сјајни бандаши -Си викам,ами што со каменот од врвот па надолно? И да трчаме нема да го стигнеме,барем не први.Битно било како се однесуваме,живееме,размислуваме.Оние на западот,демек немаат ние,имаат Јас.Јас со Сизифа,мудри се,другари најголеми.Имаат книги со ученија,дури и комфор за тоа. Библии,к*рани и сите на сето слични маченици.Уште да не видов човек во нив,со силна желба за мудар стих.Можи ке успееме да го убиеме духот,а? И за крај...Сизиф и каменот и.... -Како да бидам ТИ...ш"убо би било да пробаме? |
|
“Talk, talk, talk: the utter and heartbreaking stupidity of words.”
― William Faulkner, Mosquitoes |
|
Blue Scarlet
Модератор Амазонка Регистриран: 03.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 9011 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
I koj kje izdrzi dokraj Josh .... SIZIF, KAMENOT ILI BRDOTO?
|
|
Lupus non mordet lupum.
Vulneratus non victus! |
|
Joshua_Tree
Сениор Регистриран: 27.Јуни.2007 Статус: Офлајн Поени: 6477 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ич не смета,кога е твој и искрен.....смета кога е мој и ист таков
|
|
“Talk, talk, talk: the utter and heartbreaking stupidity of words.”
― William Faulkner, Mosquitoes |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
20 години "Сакам да кажам" Вечерва од 20 до 22 часот во "Клубот Матица", на булеварот Св. Климент Охридски во Скопје ќе се одржи промоцијата на 4-та книга колумни од Горан Михајловски "Сакам да кажам". Тоа е единствената колумна во Македонија што, во континуитет, излегува 20 години од првата, објавена на 12 јануари 1991 година. |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Македонско ,а туѓо
Кога балканските ѕвезди ќе се соочат со финансиски недостиг си одбираат „тезга“ за правење на концерт кој со сигурност ќе биде целосно распродаден. И доаѓаат во Македонија.Македонците во друштвени муабети, инаку не слушаат турбо фолк и немаат пари за „расфрлање“. Но концертните сали се преполни и еден билет од 1000 денари станува нешто што секој може да си го дозволи.Наспроти ова, концертите кои доста ретко ги прават македонските пејачи, по цена за билет од 250- 500 денари е нешто што за граѓаните е скапо. Концертните сали и тогаш се полни, но за нивните концерти се делат гратис- билети и се канат неколку гости- музичари. Токму затоа дојде Цеца и ја преполни концертната сала „Борис Трајковски“. За само еден месец подоцна да се одржи концертот посветен на прерано загинатиот Тоше Проески на кој за влезница од 250 денари дојде помала публика од онаа на балканската фолк ѕвезда. Ситуацијата е проблематична, но виновникот е непознат. Уметниците ја обвинуваат државата и народот, народот ја обвинува пласираната понуда и бара квалитет. Ако целиот Балкан вели „Кога си во Македонија ниту пеј, ниту играј, ќе те натпеат и надиграат“, тука кај нас не мислат така. Зошто Цеца, Северина, Жељко, Оливер и Балашевич повеќе допираат до македонските срца од Елена, Влатко, Ламбе, Владо...?! Наспроти ова и контрадикторни со овие прашања- Македонската музика изобилува со квалитет кој во светот е богатство, а кај нас e занемарена работа. Зошто македонски имиња како Борис Трајанов, Симон Трпчевски, Влатко Стефановски, Владимир- Четкар или Гарабет Тавитијан се познати и ценети ширум светот, а доста ретко одржуваат свој концерт тука? Зошто македонските уметници ги нема на македонската концертна сцена? Дали нема побарувачка или нивниот труд повеќе вреди надвор од границите?! Приказната со актерите е приближно иста. Дел од македонските актери се жалат дека немаат доволно театарски ангажмани и дека од актерство во Македонија не може да се живее. Но дојдоа „Певај брате“ и наеднаш македонската публика засака театар?! Момците од Србија на неколку наврати покажаа колку точно публика собира во Универзалната сала...без празно место дури и на скалите. Во овие тешки времиња, српските актери знаеа како да ја насмеат македонската публика. На некој тоа му пречеше, но реакцијата на публиката која не дозволи „Певај брате“ да ја одигра последната претстава, покажа многу повеќе. Зошто Милан Калиниќ има поголема публика од Бранко Ѓорчев? Зошто Бранко Ѓорчев по огромен број на изиграни драми и успешна кариера како Директор на Драмскиот театар, стана познат откако почна да синхронизира турски серии? Самите концерти, наши и странски се соочуваат и со заеднички проблеми. Пред се- доцнат. -Проблеми со опремата, дел очекувани- дел намерни и лоша комуникација меѓу организација и ѕвездите се виновни за повеќе од 50% од доцнењата на концертите, покажува студијата на Харвард. Потоа- немаат добра реклама. Да не се лажеме, билборд кој го рекламира концертот на разголената Цеца и флаери кои најавуваат концерт на македонска група- навистина немаат ист ефект. И додека нема одговори на ваквите и слични прашања- дајте им на македонците нешто „весело и скапо“ а нашето македонско богатство ќе го продаваме надвор |
|
Внеси реплика | |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |