|
Проблеми со глава |
Внеси реплика | страница 12> |
Автор | |
Storm5
Сениор Регистриран: 30.Септември.2009 Статус: Офлајн Поени: 226 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 06.Декември.2009 во 00:30 |
10-те најчудни ментални болести
_______________________________ Целебрифилија: патолошка желба да се има секс со славна личност. - Целебрифилијата е абнормално силна желба да се има романтична и/или сексуална врска со славна личност. Не повеќе ве очекуваат останатите 9 најчудни ментални состојби... Синдромот на доктор Стрејнџлав:раце со свој живот Синдромот на алиенизирана рака е неуролошко пореметување каде рацете на пациентот се чини дека добиваат свој сопствен живот. Некогаш тој не е свесен што прави со рацете, додека тоа не го привлече неговото внимание. Алиенизираните раце можат да изведуваат комплексни движења како на пример откопчување или пак соблакање на облеката. Синдром на странски акцент:кога го зборувате вашиот јазик со акцент Овој синдром предизвикува луѓето да го говорат нивниот мајчин јазик со одреден странски акцент, на пример, Македонец кој говори со американски акцент. Обично следи по одредено оштетување на мозокот, како мозочен удар. Капграс синдром:да се верува дека постои измамник во семејството Ова е ретка болест каде личноста има погрешно верување дека познаник, обично близок член на семејството е заменет со измамник кој изгледа идентично. Трискаидекафобија:страв од бројот 13 Адолф Хитлер бил трискаидекафобичен. Специфичен страв од Петок 13-ти се нарекува параскаведекатрифобија. Бигорексија:премногу вежбање Бигорексија или мускулна дисморфија е пореметување каде индивидуата станува опседната со тоа дека нивното тело не е доволно мускулно развиено. Мускулната бигорексија кај индивидуите предизвикува: - Нон стоп да се проверуваат во огледало - Да станат вознемирени ако пропуштат вежбање - Да земаат потенцијално опасни дроги(стероиди) - Запоставуваат работа/врска/семејство поради вежбање Библиоманија:собирање премногу книги Библиоманија е опсесивно-компулсивно пореметување кое инволвира собирање книги до точка каде социјалните врски и здравјето се оштетени. Симптоми на оваа болест се купувањето на повеќе копии од истата книга или едиција и акумулација на книги која оди преку возможниот капацитет на користење. Синдром на експлодирачка глава:силна врева во главата Ова предизвикува пациентот повремено да искусува ужасно јака врева која наводно доаѓа од неговата глава, обично опишана како експлозија или грмење. Ова најчесто се случува час или два по заспивање, но не е резултат на сонувањето. Трихтиломанија:потребата да се извади скалп Трихтиломанијата е карактеризирана со повторувачката потреба да се извади скалп од косата, трепките, брадата, пубичните влакна, веѓите или другите делови на телото. Синдром Минхаузен:лажно боледување со цел да се придобие внимание Кај овој синдром болниот се преправа, претерува, симулира или креира синдроми на болест со цел да придобие внимание, симпатија или комфорт кај медицинскиот персонал. |
|
Storm5
Сениор Регистриран: 30.Септември.2009 Статус: Офлајн Поени: 226 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Видови на мозочен удар
Исхемичен тип | Хеморагичен тип | Транзиторен исхемичен атак (ТИА) Ако ги гледаме крвните садови изолирано, крвниот проток низ нив може да биде пореметен на два начина : 1. затнување на крвните садови (исхемичен мозочен удар, најчест тип кај возрасната популација, 2. руптура на крвните садови, предизвикувајжи на тој начин истекување на крвта во мозокот ( хеморагичен, крвав мозочен удар) Исхемичен мозочен удар Исхемичниот мозочен удар опфаќа околку 83% од случаите на мозочен удар. Тој настанува како резултат на пречка, опструкција на протокот на крв во мозокот. Главната причина за тоа е оштетувањето на самите артерии, атеросклероза (создавање на масни депозити во внатрешниот ѕид на артериите). Овие масни депозити мочат да доведат до мозочен удар на два начина:. Цербрална тромбоза се однесува на тромб (крвен коагулум) кој се развива во стеснетиот дел на крвниот сад. Церебрален емболизам се однесува на крвен коагулум кој се формира на друго место во циркулаторниот систем, обично во срцето или во големите крвни садови во градниот кош и вратот. Дел од крвниот коагулум се откинува, влегува во крвниот систем и патува се додека не дојде до крвен сад со мал дијаметар, низ кој коагулумот не може да помине. Втора важна причина за појава на емболија е нерегуларниот срцев ритам, посебно атријална фибрилација. Атријалната фибрилација создава услови за стварање на емболуси кои патуваат низ циркулацијата и стигаат до мозокот. Хеморагичен мозочен удар Руптура на анеуризма на крвен сад Хеморагичниот удар опфаќа 17 % од случаите на мозочен удар. Настанува како резултат на пукање на ослабен ѕид на крвен сад, и крвта протекува во околното мозочно ткиво. Крвта се собира и ги притиска околните мозочни структури. Двата типа на мозочно крварење се интрацеребрална хеморагија и субарахноидално крварење. Најчести состојби кои довдеуваат до ослабување на ѕидот на крвниот сад се анеуризми и атриовенозни малформации. Нормален крвен сад Анеуризма на крвен сад Анеуризма е локално ослабување на ѕидот на крвниот сад, кој се проширува и изгледа како балон. Оставен без третман (хируршки), анеуризмата се повеќе ослабува и на крај прска и крвари во мозкот. Нормални крвни садови Артериовенска малформација Артериовенска малформација е пореметување на ниво на самите крвни садови, во абнормален спој на вените и артериите, и како резултат на значително повисокиот крвен притисок во артериите во однос на вените, доведува до прскање на крвните садови во мозoкот.(Повеќе) Транзиторен исхемичен атак (ТИА) ТИА се обично предупредувачки знак за опасност од мозочен удар. При ТИА сите услови за развој на комплетен мозочен удар се присутни, и се развиваат симптоми кои одговараат на оние кај мозочен удар, со таа разлика да брзо се повлекуваат. Иако симптомите брзо се повлекуваат ТИА се аларм за можна појава на мозочен удар и треба веднаш да се преземат соодветни чекори за спречување на мозочен удар. Последици на мозочниот удар Мозокот е екстремно сложен орган кој ги контролира сите телесни функции При мозочен удар протокот на крв низ зафатениот дел на мозокот е блокиран, така да делот од телото кој е контролиран од тој регион на мозкот нема да функционира правилно. Доколку ударот се случи во задните делови на мозкот, на пример, најверојатно дека видот ќе биде оштетен. Така да оштетувањата од ударот во најголема мера зависат од локацијата и од големината на регионот кој е зафатен. Десна хемисфера (половина) на мозокот Едната половина од мозокот ја управува спротивната страна од телото, така да при мозочен удар, невролошките оштетувања ќе се јават на спротивната страна на телото. Така доколку ударот се јави на десната страна, симптомите ќе бидат изразени на левата страна од телото ( и десната страна од лицето). и тоа следниве симптоми: * Парализа на левата страна на телото (особено нозете и рацете) * Проблеми со видот * Проблеми со меморијата * Парализа на десната страна на лицето * Промени во однесувањето Лева хемисфера (половина) на мозокот Доколку ударот се јави на левата страна од мозокот, десната страна на телото ( и левата страна од лицето) ќе бидат зафатени, предизвикувајќи ги следниве симптоми: * Парализа на десната страна на телото (особено нозете и рацете) * Парализа на левата страна на лицето * Проблеми со говорот * Промени во однесувањето Милиони нервни клетки умираат секоја минута доколку мозочниот удар не се третира правовремено (Американско невролошко здружение) За една секунда, мозочниот удар убива 32,000 мозочни клетки (неврони). Во наредните 59 секунди, исхемичниот мозочен удар ќе убие уште 1.9 милиони мозочни клетки, според последната клиничка студија, со која е изведена квантификација на брзината на умирање на мозочното ткиво, оставено без кислород и основните хранливи материи. Студијата е изведена со невроморфолошки снимања и неуростереологија- тридимензионална техника за броење на клетки. Мозочниот удар е состојба која може многу ефикасно да се лечи, но времето за кое може да се интервенира е многу кратко. Со секоја помината секунда се губи дел од мозочното ткиво, така да пациентите треба да се однесат во болница при првите симптоми на мозочен удар Исхемичниот мозочен удар настанува кога крвни угрушоци го блокираат протокот во некоја од артериите на мозокот. Без кислород, нервните клетки во зафатената област почнуваат да умират. Пациенитите кои преживуваат мозочен удар најчесто остануваат со парализа, неспособност за говор, дефекти во видното поле, емотивни проблеми и друго. Покрај зафатената област, каде невроните умираат речиси моментално, во оклниот регион постојат услови на намален проток, ситација која може да се толерира извесен период. Тоа го дава тој краток временски прозорец за интервенција и за спас на загрозениот дел од мозкот кој сеуште е жив. За секоја минута каснење, мозокот губи: * 1.9 милиони неврони * 14 милијарди синапси (врски помеѓу невроните, мрежа која ги поврзува невроните и овозможува нивно синхронизирано работење) * 12 километри миелинизирани влакна. Доколку мозочниот удар се комплетира, просечно за 10 часа, мозокот губи: * 1,2 милијарди неврони * 8,3 трилиони синапси * 5,360 километри миелинизрани нервни влакна Гледано волуменски, при комплетен развој на мозочен удар без медицински третман, се губи мозочно ткиво со големина на 1,5 пинг-понг топчиња. При нормално стареење, извесен број на нервни клетки умираат. Оваа нормално губење на неврони при процесот на стареење, споредено со губењето на нервни клетки при мозочен удар би одговарало на 36 години за комплетиран мозочен удар без медицински третман. Затоа е исклучително важна брзата интервенција и раното препознавање на симптомите на мозочен удар; -Изненадно чувство на трпнење, чувство на немање контрола на една половина од телото и лицето ! -Неочекувана конфузија, изненадни проблеми со говорот и со разбирање на говор ! -Изненадни проблеми при гледање со едно или со двете очи ! -Изненадни проблеми при одење, нестабилност и губење на рамнотежа и координација ! -Изненадна силна главоболка, без позната причина ! Самите симптоми на мозочен удар го спречуваат болниот да побара помош, уште повеќе при барање брза помош со телефон. Затоа е особено важно за околината да биде запознаeта со симптомите на мозочниот удар и да повика брза помош. При првите 3 часа од почетокот на мозочниот удар, давањето на tPA (ткивен плазминоген активатор - лек кој го разградува крвниот угрушок) значително ги намалува последиците од мозочниот удар во смисла на парализа на телото. Други лекови кои се употребуваат се аспирин или антикоагуланти (лекови кој ја намалуваат способноста на крвта да се згрутчува) и хируршки третман. Потоа секако следи болничка нега и рехбилитација кои се подеднакво важни за намалување на последиците од мозочниот удар и пред се за враќање на пациентот на нормалните дневни активности. Со секоја минута чекање, со надеж дека симптомите ќе се повлечат се губат околу 2 милиона нервни клетки. MOZOCEN UDAR-IZLIV NA KRV VO MOZOKOT - kapka ili tromboza IZLIVOT na KRV vo MOZOKOT e PREDIZVIKAN pri SLABEENJETO na KRVNITE SADOVI. Koga covek e vo RELAXIRANA sostojba, obicno NEMA PROBLEMI, no SEKOE IZNENADNO ZGOLEMUVANJE na CIRKULACIJATA moze da PREDIZVIKA PRSKANJE na KRVNIOT SAD. Koga ova ke se sluci vo eden od krvnite sadovi vo mozokot, toa se narekuva " izliv na krvta vo mozokot", ili " kapka ". DRUGIOT TIP " CEREBRALNA TROMBOZA", e PRODUKT na ZGRUTCUVANJE na krvta ili ZACEPUVANJE vo EDEN od KRVNITE SADOVI na MOZOKOT. Ovaa sostojba voglavno e PREDIZVIKANA so ISTIOT VID ISHRANA koja ja PREDIZVIKUVA ARTERIOSKLEROZATA i cesto NASTANUVA koga NATALOZENITE MASNI MATERII i HOLESTEROLOT se ODVOJUVAAT od ARTERISKIOT ZID i se SMESTUVAAT vo eden od kranijalnite - cerepni - krvni sadovi. Za UBLAZUVANJE na OVIE SOSTOJBI treba da se IZBEGNUVA HRANATA koja gi SLABEE KRVNITE SADOVI ili SOZDAVA NAsl*gI na MASTI i HOLESTEROL i tuka spagaat ZASITENITE MASTI kako onie sto gi sodrzat MESOTO, JAJCATA, MLECNITE PROIZVODI, kako i SEKEROT i drugata extremna expanzivna hrana. HRANATA BOGATA so MINERALI kako ALGITE i PODEBELIOT KORENEST ZELENCUK, ke om ja POVRATI na KRVNITE SADOVI NIVNATA NORMALNA SILA i ELASTICNOST, a pod VLIJANIE na ZDRAVIOT NACIN na ISHRANA nasl*gite od MASTI i HOLESTEROL ke IZCEZNAT. |
|
buce_86
Нов член Регистриран: 07.Октомври.2010 Статус: Офлајн Поени: 1 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Veke dve nedeli imam problemi so glavata,znaci imam bolki vo predelot nad ocite i pozdi kaj vratot!Bolkite mi se uzasni pa postojano mew tera da povrakam ili pak mi smetaat sekakvi mirisi na hrana!Snimav sinusi ne pokazua nisto bev na ocno i tamu se e ok...me pratija na nefro,od tamu mi rekoa deka treba da pravam EEG na glavata!Isplasena sum i neznam veke sto da pravam
|
|
scream4help
Група Регистриран: 27.Јануари.2009 Статус: Офлајн Поени: 66 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
mislis te ispratile na nevrologija? EEG NA MOZOK,E SLICNO KAKO EKG NA SRCE...EEG= ElektroEncelograf, vsusnost toa e snimka koja ja sledi rabotata na mozokot ...nema neznam sto da pravam ,tuku ke odis i ke napravis EEG!
|
|
apce
Сениор Регистриран: 18.Октомври.2007 Локација: Malaysia Статус: Офлајн Поени: 2717 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
jas mislam deka imas migrena
gi imav istite simptomi i duri znaev da se onesvestam od glavobolka dodeka ne nauciv da ja kontroliram probaj so ketonal i dijazepam 2mg i miruvaj vo poluzatemneta prostorija ako ne ti pomogne toa probaj so nomigren i dijazepam pozdrav |
|
apce
|
|
Mindy
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Искрена, поискрена здравје Регистриран: 14.Ноември.2005 Локација: United Arab Emirates Статус: Офлајн Поени: 14598 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Можеби премногу време поминуваш пред компјутер
Еве јас ги имам истите симптоми ако седам 9 саати пред компјутер. Затоа морам да ставам tears naturale капки за очи кои одма ми ја смируваат главоболката |
|
mrzla
Сениор натурална девојка Регистриран: 14.Мај.2008 Статус: Офлајн Поени: 13330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ги имам и јас овие
Немаат врска за главоболка тие се вештачки солзи само за прочистување за очите. Мислам се работи кај тебе за мигрена,во овој периот кога е променливо времето највеќе страдаат тие случаи. Ако ти смета бучава,најмало шушкање додека одмараш,ако бараш повеке темна просторија за одмор...веројатно е тоа |
|
И бричот падна на колена пред зборот:
Те преколкувам кажи како да се наострам како тебе,сакам да колам без да пуштам крв |
|
ANITA11
Сениор Регистриран: 04.Јануари.2009 Статус: Офлајн Поени: 21488 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
imam i jas glavobolki kontinuirani ama pred da dobijam...no ponekogash i od samiot stres,brziot nacin na zivot ,i vremenskite promeni isto taka.
|
|
bazo2k
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Нов член Регистриран: 03.Ноември.2010 Статус: Офлајн Поени: 4 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Nema voopsto so da ti e strav. Podobro da otides na EEG a i bi ti preporacal da naprais MNR na mozokot. najubavo ke se vidi so e. Bi ti go preporacal DR. Мето Чепреганов, najdobar za toa. Vo Avgust bev i jas...mene me bolese glavata kako so rece ti ...napred nad ocite, Nad slepoocnicite, mi se matese od vreme navreme, navistina se uplasiv...no ete izleze deka ne e nisto ...verojatno period i taka ...ke pomine !!!
|
|
op12eh
Сениор Регистриран: 17.Април.2011 Статус: Офлајн Поени: 242 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
шилци имаш во вратот......нема лек........ама не се секирај |
|
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Еве прочитај .... Главоболката е чест
невролошки симптом. Причините за нејзината појава се многубројни,
почнувајќи од психогени, па до тумори на мозокот. Од друга страна, ретко
постои телесно заболување кое не е проследено со главоболка. За да се
утврди кои се најчестите структури во регијата на главата и вратот кои
се болно чувствителни и предизвикуваат болка направени се низа
испитувања и многубројни опсервации во текот на пооделни хируршки
интервении на главата и горниот дел на вратот. Структурите во самата
черепна јама кои се најчувствителни на болка се големите крвни садови,
особено a. cerebri media. Истегнувањето на крвните садови е едно од
најважните причини за главоболката кај интракранијалните процеси.
Структурата на мозочното ткиво сама за себе не предизвикува главоболка,
бидејќи мозочната структура е нечувствителна на болка. Друга причина за
главоболка се кранијалните нерви и нивните ганглии. Истотака
долготрајната контакција на мускулите на черепот, како и заболувањето на
тие мускули предизвикуваат болка. Главоболките во
хомеопатијата се третиратт симптоматски или конституциски. Терапијата на
главоболките е подолготрајна, и резултати може да не се почуствуваат
неколку месеци од терапијата. За почеток се намалува бројот и
интензитетот на главоболките. А по подолготрајна терапија може и целосно
да исчезнат. Др. Биљана Ѓуроска Mob.: +38971303601
|
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Главоболката многу често може да биде предизвикана и од некоја одредена храна која ја внесуваме во нашето тело. Тоа всушност значи дека имаме алергиска реакција на некој продукт кој сме го конзумирале.Но, во ублажувањето на симптомите, односно во спречувањето на главоболката може да ни помогне лимонот. Во тој, случај наместо да земате лекови против главоболка, експертите советуваат, да јадете лимон. Исцедете неколку парчиња лимон во чајот, тоа би требало веднаш да ги ублажи болките. Исто така, од изренданите кори од лимон или излупените, може да направите облога за главата. Овој лек е најделотворен кога главоболката е предизвикана од висока температура. |
|
laki_bu
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Лидер Регистриран: 30.Ноември.2008 Локација: Germanija Статус: Офлајн Поени: 32100 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Jas imam problem so edna glava od 101 ...mi mesa maslo i voda ...
|
|
Без разлика колку страници прочитал учениот човек, никогаш не треба да заборави дека се уште не ни стигнал до првата страна....
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Според стручните проценки, 1 од 25 возрасни има повеќе денови со главоболка отколку без. Со тек на време, овие личности самите сфаќаат што им ги поттикнува главоболките и превземаат превентива. Кои се најчестите причини за главоболка и како да ја спречите? Вежбајте 30 минутно шетање, возење велосипед или некоја друга умерена физичка активност треба да станат вашата рутина. Експертите се уште не се сигурни како вежбањето помага против главоболките, но сметаат дека има поврзаност со хормонот ендорфин кој се ослободува во текот на вежбањето. Намалете ги вишокот килограми Главоболките се јавуваат кај луѓе со висок индекс на телесна маса, особено над 30, а истражувањата покажуваат дека кога ќе ги намалат килограмите и главоболките се намалуваат. Спијте редовно Премалку или премногу спиење може да предизвика главоболки. Стандардна препорака е осум часа сон дневно, иако секој треба бројот на часови да ги прилагоди според сопствениот биоритам. Здрава исхрана Се смета дека одредена храна може да предизвикува главоболки кај некои луѓе. Алкохол и чоколадата се на врвот на листата. Најдобро е да водите дневник на исхрана и да видите која храна ви предизвикува главоболка. Не ја заборавајте водата, бидејќи овој тип на болка може да се јави поради дехидрираност на мозокот. Кога ќе имате главоболка, напијте се две чаши вода за да ја отстраните. Ќе се изненадите колку често болката ќе прекине ако ги промените прехранбените навики и ако пиете повеќе вода. Престанете да пушите Две истражувања покажале дека пушењето на цигари ги зголемува можностите да добиете главоболка. Ограничете го стресот Постојано присутниот стрес влијае на многу начини на телото, а еден од нив е предизвикувањето на главоболка. Кај некои луѓе се јавува во стресните ситуации, а кај други еден или два дена подоцна кога телото ќе се опушти. Во двете ситуации решение е да го намалите стресот. При напад на главоболка важно е телото да се релаксира со масажа, вежбање или медитација. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Внеси реплика | страница 12> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |