IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Поучни случки
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Поучни случки

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1819202122 23>
Автор
Порака
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Февруари.2011 во 14:51


   Научи да веруваш

   


     Слушнав една приказна за некое девојче кое внимателно штедело пари за да си купи нешто од продавницата за играчки. Кога собрала нешто парички со нејзиниот татко одат во продавницата за играчки. Таму   разгледувајќи ги играчките од најголеми до најмали секое со своја убавина погледот и паднал на едни бели пластични бисери и знаела дека тоа е тоа што таа го сака. веднаш ги купила и своето мало богатство го однела дома за да се пофали на своето смејство. Таа била премногу горда на својот ѓердан. Неколку недели по ред го носела секој ден . Нејзиниот татко тоа го видел како можност да ја научи да има доверба во него и еден ден тој ја прашал ,, мило ќе ми ги дадеш ли мене твоите бисери?,, а таа му одговорила ,, Не тато јас многу си ги сакам овие бисери. Не можам да ти ги дадам моите бисери!,, нејзиниот татко не го спомнал бисерниот ѓердан неколку дена а потоа повторно ја прашал , ,,ќеркичке моја дали имаш доверба во мене ?,,

Таа му одговорила: ,, Да тато секако дека имам доверба во тебе,, Потоа тој и рекол ,, Ќе ми ги дадеш твоите бисери? ,, а девојчето одговорило : Не тато не можам да ти ги дадам моите бисери! ,,

Поминале уште неколку дена и таткото по трет пат отишол кај својата ќерка и повторно ја прашал : ,, Дали имаш доверба во мене? Дали ќе ми ги дадеш твоите бисери?,, Конечно со солзи во очите девојчето безволно го извадила својот пластичен бисерен ѓердан и го дала на својот татко велејќи : ,,Еве тато може да ги земеш моите бисери ,,

Таткото веднаш од својот џеб извадил мала сина кутија и и ја подал на својата ќерка. Нејзините очи се отвориле широко од возбуда ја отворила кутијата и внатре видела ѓердан од вистински бисери . Додека и ги ставал бисерите на вратот таткото и рекол на својата ќерка ,, Јас го имав овој бисерен ѓердан уште кога прв пат те замолив да ми веруваш , и се што требаше ти да направиш е да ми веруваш,,

Дали кај вас постои нешто за кое се држите и кое ве одвојува од најдоброто од Бога ? Ако му верувате и се ослободите од она кое цврсто го задржувате за себе , тогаш слободно ќе може да се направи размената со Бога. Бог ќе ви го даде тоа што е во Неговата рака за вас - мир сила , мудрост, милост, и многу повеќе. Тој ќе ви го даде токму она што ви е потребно .

Запомни, Бог те понесува на патот на верата. Биди отворен да ги видиш работите од нова перспектива. Не се утешувај со доброто затоа што Бог има многу повеќе Тој го има најдоброто за тебе.

Се што треба да направиш е да му веруваш на Бога.

Надевај се на Господа со сето свое срце и не се потпирај врз сопствениот разум . Мисли на Него на сите свои патишта и Тој ќе ги исправи твоите патеки. Пословици 3:5-6
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Март.2011 во 11:59


ВИСТИНСКИ НАСТАН КОЈ СЕ СЛУЧИЛ ВО АМЕРИКА


Човекот излегол од својата куќа да се восхитува на својот штотуку купен нов автомобил. На негово го-лемо изненадување, неговиот тригодишен син весело удирал со чекан по сјајната фарба на неговиот нов автомобил. Човекот потрчал, го турнал својот син и почнал со истиот чекан од нервоза да удира по прс-тите на неговиот мал син се додека прстите не се претвориле во каша.
Кога се смирил и видел што сторил, веднаш го однел детето во болница. Иако ле-карите очајнички се обидувале да ги спасат смачка-ните коски на прстите на детето, сепак морале на крајот да му ги ампутираат двете дланки.

Кога детето се разбудило после операцијата и ги видело своите замотани раце, нежно и невино му кажало на татко му: „Татенце, извини поради автомобилот“. А потоа го запрашало : „Тато, а кога моите прсти пак ќе пораснат?“
Таткото заминал, отишол дома и се самоубил...!
Сетете се секогаш на оваа приказна кога следниот пат ќе го видите вашето дете кога ќе истури млеко по масата, или кога ќе го слушнете плачењето на вашето бебе. Размислете добро пред да го изгубите трпението кон некого кого го сакате!!!

Автомобилите можат да се поправат, додека скршените прсти и тешките оштетувања скоро никогаш. Ние често пати не ја препознаваме разликата помеѓу човекот и неговите постапки.
Луѓето можат да погрешат. Но,тоа што ние можеме да го направиме додека сме бесни, тоа до крајот на животот ќе не прогонува... Застанете и размислете. Размислете пред да направите нешто. Бидете трпеливи во животот. Пробајте барем да разберете...и да сакате...многу да сакате...
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
viktorija123 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Nishto Posebno, tuku EDNO

Регистриран: 04.Февруари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7300
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај viktorija123 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Март.2011 во 16:08

Postoi eden moderator na eden forum, kade, toj im pokazhuva na lugjeto kade mozhat da ja vidat "pticata", shto stoi na drvo(pomegju mnogubrojnite lisja). No povekjeto od niv, velat deka na toa drvo ne e mozhno da se vidi "pticata"- zashto toa drvo e pogreshno i deka postoi samo edno Vistinsko drvo! Toj trpelivo im objasnuva deka "pticata" mozhe da se vidi i na drugoto drvo(kade samiot ja gleda), no popusto, tie ne mozhat da ja "vidat pticata". Taka toj im veli:" pa dobro, neka bide kako shto velite Vie. Vasheto drvo e Vistinskoto,gledajte i chekajte tamu!" I tie pomislile deka toj konechno ja prifatil nivnata Vistina. No toa ne go smenolo faktot deka toj znael kade e "kluchot na portata".Kade i kako mozhe da se "vidi" vistinata. I prodolzhil da im pokazhuva na lugjeto(onie koi sakaat da ja vidat"pticata")so prstot kade e TAA.
There is no doer..... But if you have one, let him do self-inquiry.
Кон врв
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9420
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Март.2011 во 16:21
Originally posted by viktorija123 viktorija123 напиша:


Postoi eden moderator na eden forum, kade, toj im pokazhuva na lugjeto kade mozhat da ja vidat "pticata", shto stoi na drvo(pomegju mnogubrojnite lisja). No povekjeto od niv, velat deka na toa drvo ne e mozhno da se vidi "pticata"- zashto toa drvo e pogreshno i deka postoi samo edno Vistinsko drvo! Toj trpelivo im objasnuva deka "pticata" mozhe da se vidi i na drugoto drvo(kade samiot ja gleda), no popusto, tie ne mozhat da ja "vidat pticata". Taka toj im veli:" pa dobro, neka bide kako shto velite Vie. Vasheto drvo e Vistinskoto,gledajte i chekajte tamu!" I tie pomislile deka toj konechno ja prifatil nivnata Vistina. No toa ne go smenolo faktot deka toj znael kade e "kluchot na portata".Kade i kako mozhe da se "vidi" vistinata. I prodolzhil da im pokazhuva na lugjeto(onie koi sakaat da ja vidat"pticata")so prstot kade e TAA.




Ima li nagrada ako pogodam za koj moderator i za koj forum se odnesuva prikaznata ? замисленост   размислување

големо%20гушкање
   SOLI DEO GLORIA
Кон врв
viktorija123 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Nishto Posebno, tuku EDNO

Регистриран: 04.Февруари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7300
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај viktorija123 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Март.2011 во 16:28
Ima, ima ... eve edna i ushte edna

Изменето од viktorija123 - 06.Март.2011 во 16:28
There is no doer..... But if you have one, let him do self-inquiry.
Кон врв
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9420
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Март.2011 во 16:45
Originally posted by viktorija123 viktorija123 напиша:

Ima, ima ... eve edna i ushte edna



Moderatorot e Messenger, a forumot e IDIVIDI забава танцување


Blagodaram na ubavata nagrada Viktorija среќа големо%20гушкање големо%20гушкање големо%20гушкање
   SOLI DEO GLORIA
Кон врв
viktorija123 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Nishto Posebno, tuku EDNO

Регистриран: 04.Февруари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7300
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај viktorija123 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Март.2011 во 16:51

Ne e glavnata poenta koj e?- tuku shto saka da kazhe!
There is no doer..... But if you have one, let him do self-inquiry.
Кон врв
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9420
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Март.2011 во 16:57
Originally posted by viktorija123 viktorija123 напиша:


Ne e glavnata poenta koj e?- tuku shto saka da kazhe!



Viktorija, i jas sum eden od onie sto gledaat vo prstot na Messenger a ne vo pravecot vo koj pokazuva  голема%20насмевка

Shegata na strana, go pocituvam mislenjeto na Messi, go pocituvam i tvoeto mislenje iako ne se slozuvam vo potpolnost so vas.


 Za nekoi raboti sto gi kazuvate imame slicni stavovi za koi mozam da kazam AMIN zaedno so vas. среќа

Pozdrav големо%20гушкање
   SOLI DEO GLORIA
Кон врв
Renatax Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11613
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Renatax Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Март.2011 во 17:03
Originally posted by viktorija123 viktorija123 напиша:


Postoi eden moderator na eden forum, kade, toj im pokazhuva na lugjeto kade mozhat da ja vidat "pticata", shto stoi na drvo(pomegju mnogubrojnite lisja). No povekjeto od niv, velat deka na toa drvo ne e mozhno da se vidi "pticata"- zashto toa drvo e pogreshno i deka postoi samo edno Vistinsko drvo! Toj trpelivo im objasnuva deka "pticata" mozhe da se vidi i na drugoto drvo(kade samiot ja gleda), no popusto, tie ne mozhat da ja "vidat pticata". Taka toj im veli:" pa dobro, neka bide kako shto velite Vie. Vasheto drvo e Vistinskoto,gledajte i chekajte tamu!" I tie pomislile deka toj konechno ja prifatil nivnata Vistina. No toa ne go smenolo faktot deka toj znael kade e "kluchot na portata".Kade i kako mozhe da se "vidi" vistinata. I prodolzhil da im pokazhuva na lugjeto(onie koi sakaat da ja vidat"pticata")so prstot kade e TAA.


Не пишувам на овој пдф,но честопати ѕиркам и ги читам постовите посебно на оваа тема.
Денес повторно влегов за да прочитам нешто поучно....и што да видам?!
Викторија,па ти просто ме воодушеви со овој пост,толку оригинален приказ за нашиот Месинцер никој досега не успеал да даде,па  уште сето тоа убаво спакувано со одбрани зборови и претопено во интересна прикаска.
Секоја чест Викторија!големо%20гушкање
А за Месинџер што да кажам,од секогаш му се восхитував за начинот на кој се трудеше да ни прикаже нештата,а за трпеливоста....можеме сите да му позавидиме.среќа
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.

Кон врв
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9420
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Март.2011 во 17:14
Originally posted by renatax renatax напиша:

Originally posted by viktorija123 viktorija123 напиша:


Postoi eden moderator na eden forum, kade, toj im pokazhuva na lugjeto kade mozhat da ja vidat "pticata", shto stoi na drvo(pomegju mnogubrojnite lisja). No povekjeto od niv, velat deka na toa drvo ne e mozhno da se vidi "pticata"- zashto toa drvo e pogreshno i deka postoi samo edno Vistinsko drvo! Toj trpelivo im objasnuva deka "pticata" mozhe da se vidi i na drugoto drvo(kade samiot ja gleda), no popusto, tie ne mozhat da ja "vidat pticata". Taka toj im veli:" pa dobro, neka bide kako shto velite Vie. Vasheto drvo e Vistinskoto,gledajte i chekajte tamu!" I tie pomislile deka toj konechno ja prifatil nivnata Vistina. No toa ne go smenolo faktot deka toj znael kade e "kluchot na portata".Kade i kako mozhe da se "vidi" vistinata. I prodolzhil da im pokazhuva na lugjeto(onie koi sakaat da ja vidat"pticata")so prstot kade e TAA.


Не пишувам на овој пдф,но честопати ѕиркам и ги читам постовите посебно на оваа тема.
Денес повторно влегов за да прочитам нешто поучно....и што да видам?!
Викторија,па ти просто ме воодушеви со овој пост,толку оригинален приказ за нашиот Месинцер никој досега не успеал да даде,па  уште сето тоа убаво спакувано со одбрани зборови и претопено во интересна прикаска.
Секоја чест Викторија!големо%20гушкање
А за Месинџер што да кажам,од секогаш му се восхитував за начинот на кој се трудеше да ни прикаже нештата,а за трпеливоста....можеме сите да му позавидиме.среќа



I jas mu se vosh*tuvam na Messenger  na coveckite kvaliteti , na negovata elokventnost, negovata objektivnost i go cenam kako dobar prijatel od forumov i mi e drag kako licnost, iako licno ne se znaeme.

Sto se odnesuva za duhovnite raboti,  ne mozam  da se slozam so nekoi negovi gledista i znam deka vo mnogu raboti nema ispravni gledista, barem spored mene .

No, toa ne mi preci da imam dobro mislenje za nego i da ne se druzime, makar virtuelno, preku forumov да


P.S. Zabegavme od temata , ova treba da odi vo podforumot Razno голема%20насмевка
   SOLI DEO GLORIA
Кон врв
Renatax Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11613
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Renatax Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Март.2011 во 17:28
Кингдавид, ние говоревме за трпеливоста негова и за начинот на кој тој ги гледа нештата без оглед дали ние во целост се согласуваме со неговите ставови и начин на размислување.

А да забегавме,но денес е  ден за проштевање,нели?голема%20насмевка
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.

Кон врв
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9420
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Март.2011 во 17:51
Originally posted by renatax renatax напиша:

Кингдавид, ние говоревме за трпеливоста негова и за начинот на кој тој ги гледа нештата без оглед дали ние во целост се согласуваме со неговите ставови и начин на размислување.

А да забегавме,но денес е  ден за проштевање,нели?голема%20насмевка



Ehhh ...e da, zabegavme, aj neka ni bide prosteno голема%20насмевка плазење да
   SOLI DEO GLORIA
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Април.2011 во 15:38

Отец Арсениј



Отец Арсениј е роден во Москва во 1894 година. По завршувањето на средното училиште, во 1911 година се запишал на Факултетот за Историја и Филологија на Императорскиот Универзитет во Москва. Поради кратката болест што му се случила во 1916 година, со универзитетската диплома се стекнал дури во 1917 година. Уште како студент ги напишал и издал своите први трудови на тема ’старата руска уметност и архитектура’. Потоа, во потрага за духовен живот, отишол во манастирот на Оптинската пустина, каде добил благослов да се замонаши. Можно е во Оптинската пустина да го примил и монашкиот постриг. Кога во 1919 година бил ракоположен за јеромонах, му била доделена парохија во една од Московските цркви. Бидејќи на монасите не им било дозволено да служат во парохии, за оваа служба добил посебна дозвола од тогашниот Московски патријарх, господин Тихон.

Кон крајот на 1921 година, кога дотогашниот старешина на храмот, отец Павел, бил преместен во друг град, а потоа и уапсен, отец Арсениј стапил на неговото место на старешинство во храмот. За осум години служење во таа парохија, околу себе собрал големо братство на православни христијани и станал нивен сакан пастир и исповедник.

Отец Арсениј првпат бил уапсен во 1927 година. Тогаш бил испратен во прогонство на север на земјата. Две години подоцна, кога му било дозволено да се врати од прогон, тој имал ограничување на движење и не можел да се доближи до Москва во радиус од 100 километри. Тогаш почнал да служи во гратче недалеку од Москва, но наскоро потоа, тој повторно бил уапсен во 1931 година. Овој пат е прогонет во Вологдската област на пет години. По истекот на овој рок, повторно е уапсен, осуден на една година затвор и повторно протеран во прогонство.

Откако отслужил шест години во логорот, му било дозволено да се насели во Архангелската, а потоа во Владимирската област. Му било строго забрането да служи во било кој храм, така што богослужбите ги извршувал дома. Во текот на овој период, неколку пати тајно патувал до Москва, каде што се состанувал со епископот Атанасиј (Сахаров). Исто така, присуствувал на ракоположувањето на своите духовни чеда во свештенички чин. Отец Арсениј тајно се допишувал со своите духовни чеда и на тој начин одржувал врска со нив.

Во 1939 година повторно е испратен во Сибир, и од таму во логор на Урал. На крајот на 1940 година се нашол во уралскиот затворенички логор. Во март 1941 год. преместен е на принудна работа, исто така, во уралската област. Тогаш речиси целосно запрела неговата преписка со духовните чеда, а кога истата година е испратен во логорот со „специјален режим“, кој воедно бил и најстрог вид на логор во тогашниот Советски Сојуз, му била оневозможена каква било врска со надворешниот свет. Цели петнаесет години за него ништо не се знаело, а неговите пријатели и духовни чеда биле уверени дека отец Арсениј пострадал некаде на погубилиштата на логорот. Добро се знаело дека од логорот со „специјален“ режим речиси никој не излегувал жив.

Отец Арсениј, со Божја помош, успеал да го преживее логорот, од кој е ослободен дури во 1958 година, кога се населил во Ростов, во домот на својата духовна ќерка Надежда Петровна.

Отец Арсениј се упокоил во 1975 година. Погребан е на ростовските гробишта. На неговата надгробна плоча стои едноставен натпис:

Отец Арсениј
1894 – 1975





БОЛНИ


Тоа утро отец Арсениј не беше сам во бараката: со него останаа уште тројца осуденици. Двајца беа сериозно болни, а третиот, безработник по име Феѓка, самиот се беше намерно со лопата повредил. Лежеше на креветот и дремеше, а потоа одеднаш ќе се сепнеше од дремката, викајќи: „Не е доволно топло! Ако не си ја извршуваш работата како што треба, ќе те претепам!“ Потоа пак ќе потонеше во сон.

Двајцата болни се наоѓаа во многу тешка состојба. Не ги пратија во логорската болница, зашто беше преполна. Околу пладне, во бараката намина болничарот. Откако оддалеку ги погледна болните, му префрли на отец Арсениј: „Уште малку, па и овие ќе отидат. Овие денови многумина умираат. Студено е, па затоа!“ Го изговори тоа без ни малку обзир што болните го чуја. А зошто и би имал обзир? Во ваков логор не е ни предвидено затворениците долго да живеат. Потоа се приближи до Феѓка, на кој му беше повредена раката и кој во тој момент почна да офка, да покаже како страшно се мачи. “Што се преправаш тука!” викна болничарот. „Утре одиш на работа! Ако не одиш, ќе те пратам во самица, па таму излежувај се!“

Отец Арсениј од време на време престануваше со работа за да ги види болните, барем малку да им помогне, да им рече по некој збор и да се помоли за нив. „Господи Исусе Христе! Помогни, исцели ги, покажи ја на нив дивната милост Твоја! Дај им да поживеат, додека не ги ослободат од овде!“ повторно и повторно шепотеше, местејќи им ги тврдите кревети и покривајќи ги. Повремено им даваше вода или лек, кој болничарот го расфрли по нивните кревети. Во логорот единствен лек беше аспиринот. Се препишуваше за секоја болест.

Отец Арсениј на послабиот од нив двајца му даде парче леб, четвртина од сопствениот дневен оброк. Омекнувајќи го лебот со вода, му даваше на болниот да јаде, но овој, штом ги отвори очите и го здогледа отец Арсениј, му ја оттурна раката. Отец Арсениј тивко рече: „Јади. Нека Бог ти помогне, јади.“ Болниот го проголта залакот и рече: „Што сакаш од мене со Тој твој Бог? На што се надеваш од мене? Се надеваш дека ќе умрам, па да ги земеш моите работи, така ли? Немам јас ништо, не мораш да се трудиш!“ Отец Арсениј не одговори ништо, само внимателно го покри и пријде кај другиот болен, за да му помогне да се сврти. Потоа продолжи да ја чисти бараката.

Одлучи овој пат да не ги сокрива сувите гранчиња кои ги собра благодарејќи на Сивиот, туку ги натрупа покрај печката. „Вчера се обидов да ги сокријам, и гледај што се случи: некој ги намокрил. А денеска – Бог ми помогна.“

Печките веќе се беа вжариле и отец Арсениј се радуваше што работниците, по враќањето од работа, ќе можат да се одморат во топлата просторија. Додека така размислуваше, влезе надзорникот.

Имаше малку повеќе од триесет години и бидејќи секогаш наизглед беше ведар и насмеан, осудениците го нарекоа Оптимист, иако се презиваше Пупков.

„Ти, попе, што мислиш? Си ја загреал оваа барака како да е сауна! Трошиш огрев за народни непријатели! Сега ќе ти покажам!“ И тој го удри отец Арсениј среде лице и отиде, и понатаму смешкајќи се. Бришејќи ја крвта од лицето, отец Арсениј не престануваше да се моли: „Не оставај ме, не одвратувај го Своето лице од мене, грешниот. Смилувај се на мене.“

Безработникот Феѓка се исправи на својата постела и рече: „Свиња! Те тресна со сета сила среде муцка, без причина! Ни сам не знае зошто!“ По саат време Оптимист повторно влезе и викна: „Станувај! Инспекција!“ Феѓка скокна од постелата, а отец Арсениј застана во став мирно со метлата во раце.

„Кој уште е овде?“ праша надзорникот, викајќи, иако тоа исто прашање го беше поставил уште утрината, така што многу добро знаеше кој беше во собата. „Двајца болни и еден што утре ќе оди на работа!“ продолжи, одејќи меѓу редиците кревети. Ги здогледа оние двајца болни и виде дека не можат да станат, но само за да ја покаже својата сила и моќ, почна да им се дере. Сепак, не им приоѓаше блиску. Кој знае, можеби се заразни?

„Подобро би ти било, попе, да внимаваш, да водиш сметка сè да биде под конец! Наскоро ќе одиш на сослушување – за сè ќе одговараш!“ И замина, псуејќи и хулејќи.

На денот му се приближи крајот. Се спушташе ноќ, наскоро ќе се вратат и останатите. Секогаш се враќаа смрзнати, раздразливи, исцрпени и полни со гнев; штом би се довлечкале до своите кревети, паѓаа по нив како без свест. Со влегувањето на работниците во бараката, се вселуваше студ, влага и некаква сеопшта вознемиреност.

Половина час по доаѓањето, ги пуштаа на вечера. Времето за јадење за многумина затвореници претставуваше право мачење: злосторниците тогаш ја земаа храната на политичките затвореници, а оние кои се обидуваа да ги спречат во тоа, беа претепувани. Послабите и оние кои не беа способни да се бранат, честопати остануваа без вечера.

Политичките затвореници беа побројни од криминалците, но убијците и крадците беа физички помоќни. Секој ден некој од затворениците остануваше без својот, и онака оскуден, оброк. Тоа предизвикуваше страшни маки: уморни, прегладнети, тресејќи се од зимата, тие размислуваа само за храна и сонуваа полна трпеза.

Оброците, кои ги добиваа, навистина беа бедни. Порциите беа мали, честопати мувлосани и од некоја причина мирисаа на керозин. Сè беше смислено така за полека, но сигурно, да ги убива.

Отец Арсениј често остануваше без јадење, но никогаш не се жалеше. Кога некој ќе му го земеше оброкот, одеше во бараката, легнуваше на креветот и се молеше. На почеток му се вртеше во глава, се тресеше од студ и замор, мислата му се матеше. Сепак, почнуваше по сеќавање да ги чита утрените молитви, акатистот на Мајката Божја, светиот Николај и светиот Арсениј, ги спомнуваше имињата на своите духовни чеда и сите упокоени, чии имиња ги знаеше напамет. Така се молеше цела ноќ, а наутро чувствуваше некоја нова сила, како да е сит и наспан.

Отец Арсениј имаше многу духовни деца во логорот и надвор од него, и во душата плачеше за секој од нив. Додека беше во прогонство и во обичен логор, можеше од нив да прима писма, но во овој логор на смртта, никакви пратки не беа дозволени. Неговите духовни чеда беа убедени дека отец Арсениј не е веќе меѓу живите. Кога се распрашуваа за него кај државните органи, одговорот секогаш беше ист: „Ако е пратен во специјален логор, нема да го најдете на ниту еден список.“

Веќе беше паднал мрак. Колоните затвореници влегуваа во логорскиот простор и се сливаа во бараките. Во бараката на отец Арсениј луѓето влегуваа лути и уморни, но штом ја почувствуваа топлината, малку омекнаа. Денеска никој не го удри отец Арсениј, ниту му го одзеде лебот.

Двајцата болни добија само по пола порција и отец Арсениј сокри малку риба од својата чинија под кошулата. Загреа малку вода со борови иглички, во која раствори аспирин, и ги напои. Рибата и лебот ги подели на два еднакви дела и им даде да јадат.

За пет дена, двајцата болни се чувстуваа малку подобро. Животот веќе не им беше во опасност, но сеуште не можеа да застанат на нозе. Навечер отец Арсениј се грижеше за нив, а кога времето му допушташе – и преку ден. Продолжи да одвојува дел од својот оброк и со тоа да ги храни.

Отец Арсениј не знаеше ништо за овие двајца болни затвореници, освен тоа дека неодамна се префрлени во нивната барака од друг логор. Уште тогаш беа многу болни. Негата на отец Арсениј ја прифаќаа без задоволство, но сепак, да не беше тој, не би преживеале. За себе ништо не говореа, а отец Арсениј ништо не ги прашуваше. Доаѓаше во допир со многу болни и секого негуваше. Кога заминуваа, ретко за нив нешто некогаш ќе чуеше.

Еден од болните му го кажа своето име: Иван Александрович Сазиков. Додека се грижеше за него, отец Арсениј тивко се молеше. Сазиков го забележа тоа и промрморе. „Се молиш, попе, зарем не? Се молиш да ти се опростат гревовите, па затоа нам ни помагаш! Се плашиш од Бога! А зошто? Си Го видел ли некогаш?“

Отец Арсениј со благо чудење го погледна Сазиков: „Како сум можел да не Го видам? Тој е овде меѓу нас, со тебе и со мене.“

„Што зборуваш, попе? Бог во оваа барака?“

Отец Арсениј го погледна и тивко рече: „Да, го гледам Неговото присуство. Гледам и дека душата ти е поцрнета од грев, но во неа сеуште може да продре светлина. Светлината ќе ти дојде, Сазиков, светлината и твојот Светител – заштитник. Св. Серафим Саровски нема да те напушти.“

Сазиковото лице се искриви, тој затрепери и, полн со омраза, зашишти: „Ќе те убијам, попе! Ќе те убијам! Не ми е јасно, како знаеш толку работи? Те мразам!“

Отец Арсениј се заврте и замина од него, повторувајќи во себе: „Смилувај се на мене, грешниот!“ Додека ги извршуваше своите работи, во себе го повторуваше акатистот, своето ќелијно правило, молитвите од вечерната служба, утрените, и сите оние молитвословија кои свештениците ги изговараат во текот на службата.

Вториот од двајцата болни, во логорот се најде од многу едноставна причина: мораше да биде сменет од раководствена позиција, за на негово место да дојде друг. Неговата приказна беше слична на многуте приказни од логорот: учествувал во Октомвриската револуција од 1917 година, лично го познавал Ленин, бил командир на бригада во 1920 година, бил на важна раководствена позиција во тајната служба, работел за НКВД, за на крај да биде пратен во логорот со „специјален режим“ за да умре.

Некои ги убиваа заради неколку невнимателни зборови, некои заради исповедување на вера, а имаше и такви каков што беше овој болен: комунист-идеалист, кој на некој почнал да му пречи и затоа беше „тргнат“. На сите нив им беше судено, порано или подоцна, да го завршат својот живот во логорот.

Еден од таквите, сменет од власта, беше и извесниот Александар Павливич Авсенков. Отец Арсениј го препозна веднаш штом го чу неговото име. Тоа име често се појавуваше во новините – беше шеф на тајната служба, кој на отец Арсениј му потпиша смртна пресуда со стрелање, заради кривично дело за спроведување на антиреволуционерни активности. Подоцна казната му се сменета во петнаесет години тешка физичка работа во логор. Отец Арсениј добро го беше запомнил тоа име.

Авсенков тогаш имаше околу четириесет и пет години, но на неговото лице се гледаа длабоки траги од престој во логорот. Гладот, исцрпувачката работа, физичкото злоставуавње, сето тоа бледееше пред сознанието дека само пред неколку месеци тој беше тој кој другите ги праќаше на ова место, убеден дека ја брани земјата од „народните непријатели“. Со доаѓањето во логорот, ја увиде големината на својата заблуда. Сфати дека на смрт прати десетици, стотици илјади невини луѓе. Од своето раководно место тој беше изгубил секаков допир со вистината. Им веруваше на извештаите од иследниците и на ласкавите зборови на подредените; слушајќи ги безумните наредби на луѓето од власта, беше изгубил допир со животот и со луѓето.

Многу и постојано страдаше, но да го промени она што го направил, не можеше. Го раскинуваше чувството на духовна празнина и губиток. Беше со тивок и благ нарав и сè што имаше, делеше со другите. Не се плашеше ниту од логорските власти, ниту од криминалците. Единствено се плашеше од сопствениот гнев, но никогаш не ја губеше главата; се обидуваше да ги брани невините и заради тоа често мораше да ги минува деновите во ќелија самица.

Авсеников беше приврзан за отец Арсениј: го сакаше заради неговата широкоградост и топлина. Често му говореше: „Ти имаш душа, баќушка. Имаш душа, го гледам јас тоа, но јас сум комунист, а ти Му служиш на твојот Бог, ти си свештеник. Различни ни се точките на гледиште! Теориски гледано, би требало со тебе да водам идеолошка борба.“

Отец Арсениј на тоа самиот се смееше и одговараше: „Е, мој пријателе! Зошто би се борел? Си водел идеолошка борба цел живот, а каде те доведе твојата идеологија? Те доведе во овој логор, кој само што не те проголтал! Што се однесува до мене, јас имав вера во Христос и таму, додека бев слободен, а ја имам и сега. Бог е насекаде ист и секому помага. Верувам дека ќе ти помогне и тебе!“

Еднаш отец Арсениј му рече: „Ние двајца веќе долго време се познаваме. Бог нас уште одамна нè спои и уреди во овој логор повторно да се сретнеме.“

„Што зборуваш? Зарем ние од порано се знаеме?“

„О да, се знаеме, Алесандаре Павлович. Во 1933 година, кога комунистите се обидоа да ја искоренат верата од народот, стотици илјади верници се пратени во прогонство, стотици цркви се затворени. Тогаш првпат, по твој налог, сум пратен на робија. А во 1939 година повторно се сретнавме. Јас тогаш само што издадов еден научен труд. Штом излезе од печат, бев уапсен и доведен пред тебе. Ме осуди на стрелање. Сепак, ти благодарам: ми ја ублажи казната и повторно ме прати во логор. Од тогаш сменив неколку логори и сето време те очекував да те сретнам во еден од нив. И ете, конечно те сретнав!

Те молам, немој да мислиш дека те осудувам. Сето ова е Божја волја, а мојот живот е само капка вода во огромниот океан. Секако дека не можеш да се сетиш на мене. Меѓу десетиците илјади кои поминаа пред тебе, како да се сеќаваш на мене? Само Бог знае сè. Човечката судбина е во Негови раце.“



Превземено: Маран Ата
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9420
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јуни.2011 во 09:13

                   20 EVRA (ILI : KOLKU VREDI EDEN COVEK?)
                 

  Eden poznat predavac na svojot seminar na koj imalo okolu 200 ucesnici, im pokazal banknota od 20 evra.

Gi zaprasal : " Koj od vas ja saka banknotata ? "

Eden po eden lugjeto se javuvale, a  predavacot im rekol :

" Kje ja podaram na eden od vas, no prvo sakam nesto da napravam. "

Toj ja zguzval banknotata a potoa povtorno prasal :

" Koj od vas se uste ja saka ? "

Se' uste site ja sakale.

"Dobro", rekol. " No sto ako go napravam slednoto ? "

Ja frlil banknotata na podot i zapocnal da ja gazi so nogata.

Potoa ja podignal. Celata banknota bila izguzvana i necista.

" Sega, koj uste ja saka ? " Se' uste lugjeto digale race i se javuvale.


Togas predavacot rekol:

" Prijateli, sega naucivte edna mnogu vazna lekcija.

 Bez razlika sto i napraviv na banknotata, vie se' uste ja sakavte, zatoa sto ne si ja izgubi svojata vrednost.

 Se' uste vredi 20 evra.  Zivotot moze ponekogas da ve izguzva i da ve izgazi kako sto jas go napraviv toa so banknotata, no nemojte nikogas da zaboravite na svojata vrednost ! "
   SOLI DEO GLORIA
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1819202122 23>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.