IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Политика и вести
  Активни теми Активни теми RSS - Припадник на МВР претепа момче до смрт
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Припадник на МВР претепа момче до смрт

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 7891011 29>
Автор
Порака
MyWay Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Антиталенат на годината

Регистриран: 05.Септември.2008
Локација: Aruba
Статус: Офлајн
Поени: 23914
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај MyWay Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јуни.2011 во 09:46
Не знам што разлагате овде два дена веќе...

Се разјасни се...момчето си отишло тагатага
грев жив...
сега да се надеваме ќе им дојде умот на фраерите полицајски.....
да не се замислуват оти се Рамбо или Роки .....лутина

Како изгледа совршен маж..Он не изгледа..Он се понаша ......

Кон врв
Vlad Tepesh Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Април.2008
Локација: Romania
Статус: Офлајн
Поени: 540
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Vlad Tepesh Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јуни.2011 во 10:28
Originally posted by Persej7 Persej7 напиша:

Зошто се препичувате при толку достапни информации?!?

Еве кои се фактите:

1. МВР веднаш реагираше откако завчера околу 5 часот попладне доби известување од Институтот за судска медицина дека на телото на неидентификуваниот дечко имало траги од насилна смрт. Случајот на почетокот се водеше како „незнајна смрт“.

2. По добиените резултати од извршената обдукција, МВР веднаш почна истрага и разговараше со 15 очевидци, кои дадоа изјави за настанот, а беше извршена идентификација на дечкото.

3. Бидејќи немаше пријави за исчезнати лица, беше извршена идентификација според отпечатоците на прсти од базата на податоци во крим-техника. Тогаш беше утврдено дека починатиот е Мартин Нешковски, кој е евидентиран во полицијата како извршител на кривични дела.

4. Бидејќи МВР не доби пријава од роднини или пријатели на Мартин, тоа ги извести родителите за смртта. Родителите рекле дека и претходно се случувало Мартин да не доаѓа дома по неколку дена, па затоа не се јавиле во полицијата да го побараат.

5. Полицаецот Спасов завчера самиот се пријави кај старешината во МВР, по што беше приведен. Потврди дека го удрил дечкото два пати во левата страна од градите, еднаш со нога, еднаш со тупаница. Истрагата треба да покаже кои биле причините за така да изреагира. Спасов изјави дека не знаел дека го усмртил туку за тоа слушнал од медиумите.

6. Против Спасов е изведен на распит пред истражен судија и ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

7. Во медиумите завчера се јавиле очевидци на инцидентот кои првично изјавиле дека виделе полицаец во цивил како претепал дечко кое наводно се викало Даниел од Ѓорче.
Изјавиле дека полицаецот го бркал по плоштад, а откако овој се сопнал на кабел, го удрил при што се онесвестил. Наводно виделе како Спасов почнал да го прска со вода за да го освести, а потоа си заминал. По пола час дошла Брза помош.

8. Најлошо од се е што случајов се политизира партиски преку разните опозициски НВО и симпатизерите на онаа будалана Љубе Бошковски за време додека не беше идентификуван починатиот Мартин. Последниве мислеле дека е убиен друг човек и повикуваа на бунт и насилни протести.

9. Ниту еден медиум од оние што објавија снимки на заштитени сведоци не се јавија во МВР да помогнат во истрагата.




si ispushtil neshto!!!
ne si napishal deka doshle ushte dvaica kolegi na policaecot i go odvlekle i FRLILE na treva, mesto da go odnesat vo bolnica!!!
tie se isto involvirani vo krivichnoto delo kako pomagachi na storitelot ,kamo krivichna prijava za niv, storitelot gi znae koi se mora da gi kazhe!!!
Кон врв
Kali Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Storyteller

Регистриран: 30.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4947
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Kali Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јуни.2011 во 10:51
Ова е текст кој кружи на социјалните мрежи, а се однесува на карактерот на Тигарот.
Со резерва за точноста нели, ова се оние приказни кои не осамнуваат како официјални информации, но приказни кои западот на пример со внимателни новинарски истражувања, интервјуа и слично, ги претвора во документарци....

Spasov Igor vikan Spase, brutalen ubiec na mladiot Martin Neškovski, vo krvaviot slaveničko postizboren pir na VMRO DPMNE e člen na obezbeduvanjeto na premierot Nikola Gruevski. Ubiecot Spasov e roden vo Štip. Se raboti za istiot (ne)čovek ...koj go ubi vo namestena "akcija" i Dime Poštarot. Spasov e so bogato kriminalno dosie i kako takov e čest narušuvac na JRM. Važi za mnogu blizok i doverliv "igrač" vo timot na famozniot URKO LUPUS...

Spasov e eks pripadnik na potesnata ekipa obezbeduvači na Ljupčo Georgievski. Dolgi godini e vo obezbeduvanjeto na premieri i funkcioneri od DPMNE, zaedno so ušte 50 propadnici na specijalnata edinica na MVR i na Alfite. Vo moment na ubistvoto v nedela navečer se naodjal na lice mesto na zadača obezbeduvanje na pobedničkoto slavje na DPMNE, za negvo "kolegi".

Denes vo MVR trae celodnevna strategiska rasprava i podgotovka na javnosta preku nivni bliski mediumi da se "progolta teškata i bolna vistina", vo režija na tim na načalnici po sektori. Site do eden, šefovite po sektori predvodeni od direktorite i ministerkata pravat strategija kako ubistvoto da se prikaze kako izolirano za da se prikrijat ostanatite ucesnici vo incidentot, kolegi na Igor Spasov. Slučajot sakaat da go prikažat kako izoliran, kako Spasev na lice mesto da bil privatno. Ne soborliva vistina e deka Igor Spasov e člen na VMRO DPMNE, vraboten vo MVR so preporaka od ovaa partija. So godini e koristen isklučivo za vakvi valkani "operacii". No, problem ovde e što UBISTVOTO NA NEŠKOVSKI E KLASIČNO DRŽAVNO UBISTVO!!!

So ova ubistvo karierata na Gruevski, Familijata, Bratučedite, Kumovite, Starosvaticite i Golemite švalerii i orospii po diplomatskite predstavništva e DEFINITIVNO ZAVRŠENA!!!

Bez nikakva počit kon DIVATA ORDA OD DPMNE, so sočuvstvo do semejstvoto na Neškovski, z. b.


Зоран Божиновски
Кон врв
zagor Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Уникатен песимист

Регистриран: 27.Септември.2007
Локација: Congo
Статус: Офлајн
Поени: 12850
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zagor Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јуни.2011 во 11:04
како може..да го претепа и да го остави?.
како може..повеќе од 24 часа да не се заинтересира до каде е случајот со претепаниот,и да спие мирно?.да не беа медиумите ќе си бил "чист" до крајот на животот?така?
како може...сл.лице(тигарот) да не го пријави случајот во полиција,а имал интервенција?.или два три бокса не се за документирање...?
како може...МВР да нема индикации дека имало тепачка?.
како може...медицинските лица да не пријават смрт?.


времето покажа дека...кај нас..овде..МОЖЕ.
...zagor e ziv,se drugo e laga.
Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44580
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јуни.2011 во 11:20
Сите зборови се залудни...премногу болна слика беше да родителот во немоќ бара само милост од Бога...И нека од Него правдата ги стигне...
Кон врв
MyWay Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Антиталенат на годината

Регистриран: 05.Септември.2008
Локација: Aruba
Статус: Офлајн
Поени: 23914
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај MyWay Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јуни.2011 во 11:24
Не ми е јасно како може да мешате политика со убиство...

Па овој неоговорен човек, без чуство и без осет и незнам како да го наречам веќе отишол и сам го претепал детето..
Сигурно некој не му рекол оди тепај го...За еден човек не можеш да укривиш влада..
   Ај да речеме вака...детето било да слави  победа на ВМРО а може би па овој тепачот бил член на СДСМ.......оти сите полицајци не се од вмро.......и овој сигурно не е полицаец пет години...Како не ви е срам сега сите комуњари да ја користите оваа ситуација...Само на вакви црни хроники се вадите вие...ги користите ситуациите што не ви личи...
Осудете го виновникот а тој е еден........а не цела држава....Сега јас да одам по улица и да ми текне да отепам некој човек..кој ќе биде крив...Јас , мојата болна психа или Груевски???????????????????
И на крај како можело детето два дена да не е отидено дома а неговите родители да не го побараат кај е синот...Па јас нема ден да не се слушнам со моите по 3 или 4 пати и во секој дел од денот ме заат кај сум..и тоа што сум повозрасна од тоа дете...
 ....Нека се запрашат и родителите за своите деца...нека им обрнуваат повеќе внимание и нека ги контролираат и бараат почесто а не да ги оставаат со денови да не си одат дома.......Нема коментар повеќе....

Како изгледа совршен маж..Он не изгледа..Он се понаша ......

Кон врв
zagor Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Уникатен песимист

Регистриран: 27.Септември.2007
Локација: Congo
Статус: Офлајн
Поени: 12850
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zagor Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јуни.2011 во 11:37
политиката се меша сама...

како може два дена да не се знае кој го претепал?абе куче да удриш недај боже да го згазиш па треба полиција да повикаш,а не за ваков случај...да се заташкува два дена.

и што е важно дали го барале од дома или не?
колку време треба МВР да идентификува починато лице?два дена?
што ако беше странец...Дризла не му гине..така?.
...zagor e ziv,se drugo e laga.
Кон врв
MyWay Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Антиталенат на годината

Регистриран: 05.Септември.2008
Локација: Aruba
Статус: Офлајн
Поени: 23914
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај MyWay Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јуни.2011 во 11:39
Originally posted by zagor zagor напиша:

политиката се меша сама...

како може два дена да не се знае кој го претепал?абе куче да удриш недај боже да го згазиш па треба полиција да повикаш,а не за ваков случај...да се заташкува два дена.

и што е важно дали го барале од дома или не?
колку време треба МВР да идентификува починато лице?два дена?
што ако беше странец...Дризла не му гине..така?.


а бе не правдам никој.....
овде нема помилување за никого....да отепаш дете и тоа со ќотек...по лошо од тоа нема...
ама овде сам си е крив тој што го истепал детето никој друг......никој....

Како изгледа совршен маж..Он не изгледа..Он се понаша ......

Кон врв
zagor Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Уникатен песимист

Регистриран: 27.Септември.2007
Локација: Congo
Статус: Офлајн
Поени: 12850
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zagor Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јуни.2011 во 11:51
така нека биде...ама би требало да се прочешла низ АРМ,МВР ... ДБК и кој уште не,што носи пиштол...што човек имаат во своите редови.
има ли критериуми некои?или секој "акцијаш" може да биде припадник на вакви формации?.
со години човек се менува,емоциите стануваат ризик фактор..живците попуштаат...ама има лек и за тоа.
да ти е страв да погледнеш некого..од кај знаеш дали е станат на десна или лева нога...

вака стварно нема смисла,срамота е..и греота.

...zagor e ziv,se drugo e laga.
Кон врв
Kali Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Storyteller

Регистриран: 30.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4947
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Kali Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јуни.2011 во 13:06
Вакво дивеење на полициски службеник не смее да се посматра изолирано, одговорност конечно мора да се презема од институциите!

Не е хумано кон самата полиција да ги казнува индивидуалците, а самата да не презема одговорност.

Ваквите дела никогаш не треба да се посматраат изолирано и индивидуално.
Ако во едно семејство дете направи насилничко дело, дали ќе го посочите само него како одговорно, или ќе се запрашате што се случува со целата таа фамилија?
Па, тоа е приказна и за една држава и еден систем!




Изменето од Kali - 08.Јуни.2011 во 13:07
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јуни.2011 во 13:19
Originally posted by zagor zagor напиша:

политиката се меша сама...



Затоа сме и на овој ред дојдени! Затоа што секаде се меша политиката!

Да се меша политика во ова е страшно. Точно е дека треба да се бара инситуционална одговорност и мора да се прави тоа, ама да се препукуваат партии за вакви нешта е злоупотреба на овој немил настан. Тоа важи за сите партии, од прва до последна!

Истотака не треба да се бара колективна вина, сторителот, а и евентуални соучесници и поттикнувачи треба да одговараат.

Котнролите при прием во рамки на специјални единици треба да зачестат, критериумите да се доста високи и особено треба да им се прават психолошки тестови.
Кон врв
Gorazd777 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Октомври.2008
Локација: Евразија
Статус: Офлајн
Поени: 1584
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Gorazd777 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јуни.2011 во 13:53
Originally posted by Kali Kali напиша:

Ова е текст кој кружи на социјалните мрежи, а се однесува на карактерот на Тигарот. Со резерва за точноста нели, ова се оние приказни кои не осамнуваат како официјални информации, но приказни кои западот на пример со внимателни новинарски истражувања, интервјуа и слично, ги претвора во документарци....<span -jsid="text">Spasov Igor vikan Spase, brutalen ubiec na
mladiot Martin Neškovski, vo krvaviot slaveničko postizboren pir na VMRO
DPMNE e člen na obezbeduvanjeto na premierot Nikola Gruevski. Ubiecot
Spasov e roden vo Štip. Se raboti za istiot (ne)čovek <span ="text_exposed_hide">...</span><span ="text_exposed_show">koj
go ubi vo namestena "akcija" i Dime Poštarot. Spasov e so bogato
kriminalno dosie i kako takov e čest narušuvac na JRM. Važi za mnogu
blizok i doverliv "igrač" vo timot na famozniot URKO LUPUS...Spasov
e eks pripadnik na potesnata ekipa obezbeduvači na Ljupčo Georgievski.
Dolgi godini e vo obezbeduvanjeto na premieri i funkcioneri od DPMNE,
zaedno so ušte 50 propadnici na specijalnata edinica na MVR i na Alfite.
Vo moment na ubistvoto v nedela navečer se naodjal na lice mesto na
zadača obezbeduvanje na pobedničkoto slavje na DPMNE, za negvo "kolegi".Denes
vo MVR trae celodnevna strategiska rasprava i podgotovka na javnosta
preku nivni bliski mediumi da se "progolta teškata i bolna vistina", vo
režija na tim na načalnici po sektori. Site do eden, šefovite po sektori
predvodeni od direktorite i ministerkata pravat strategija kako
ubistvoto da se prikaze kako izolirano za da se prikrijat ostanatite
ucesnici vo incidentot, kolegi na Igor Spasov. Slučajot sakaat da go
prikažat kako izoliran, kako Spasev na lice mesto da bil privatno. Ne
soborliva vistina e deka Igor Spasov e člen na VMRO DPMNE, vraboten vo
MVR so preporaka od ovaa partija. So godini e koristen isklučivo za
vakvi valkani "operacii". No, problem ovde e što UBISTVOTO NA NEŠKOVSKI E
KLASIČNO DRŽAVNO UBISTVO!!!So ova ubistvo karierata na
Gruevski, Familijata, Bratučedite, Kumovite, Starosvaticite i Golemite
švalerii i orospii po diplomatskite predstavništva e DEFINITIVNO
ZAVRŠENA!!!Bez nikakva počit kon DIVATA ORDA OD DPMNE, so sočuvstvo do semejstvoto na Neškovski, z. b.</span></span>Зоран Божиновски


Потполна,ама безрезервна поддршка од мене,затоа што таа е вистинската слика за целата состојба со тие единици.
Мораме вака да дебатираме,зашто ако сакаат да не замолчат како единки или луѓе кои имаме право на слободен живот според сите повелби за човекови права,тогаш е прашање кои се тие "дечки" во тие единици,а сите тие се бившите "лавови",кои се бореа во војната,сите со БОГАТО крими досие,и сега инфилтрирани во тие органи,кои во цел свет служат за заштита на народот,а овде се преточени во некакви алфи,тигри,волци и слично.
Премногу боли вистината кога се кажува,но мора некои работи и кај нас да се сменуваат,штета е што се завршува се со беспотребни жртви.
ВОЈНАТА Е МИР
СЛОБОДАТА Е РОПСТВО
НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА
ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА
Кон врв
gonzo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Мачкозил

Регистриран: 04.Декември.2008
Локација: У дневну
Статус: Офлајн
Поени: 3137
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај gonzo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јуни.2011 во 13:56

Хроника за една ненајавена смрт

Мартин, чиј идентитет беше откриен 39 часа по неговата смрт, настрадал од припадник на единицата за специјални задачи на полицијата „Тигри“. Наместо Даниел и „алфа“ - Мартин и „тигар“. Во двата случаи, освен истото момче, настрадаа и вистината и принципите

 
 
%20  
Најнапред се појави телото. Уште не беше спласнат адреналинот од штотуку завршените избори, на тревникот пред МЕПСО, во центарот на Скопје, половина час по почетокот на првиот постизборен ден, се појави мртвото тело на млад човек меѓу 23 и 25 години.

Осумнаесет часа подоцна никој не знаеше чие е телото и како настрадало момчето. И почнаа приказните. Најнапред на социјалните мрежи како алтернативен систем на информирање.

Твитер се вжешти под напливот на коментари. „Алфи“ го убиле момчето Даниел од Ѓорче Петров, тврдеа пораките на мрежата. И сите поверуваа - прво, дека момчето е убиено и, второ, дека специјалните единици би можеле да го сторат тоа.
Официјална потврда ни за едното ни за другото немаше.
И медиумите немаа информација за мистериозната смрт. Твитер нé обвини за целно премолчување на настанот зашто во него, нели, се вмешани и полициски сили. И сите поверуваа - прво, дека медиумите можат да го премолчат настанот и, второ, дека полицијата бездруго го одработила молкот.

Потоа дојдоа протестите. Младите излегоа на улиците низ Скопје да искажат незадоволство против бруталноста на полицијата и против молкот на медиумите. И сите поверуваа - дека полицијата е брутална и дека медиумите се корумпирани.

Потоа, на вечерните вести телевизиите, блиски на опозицијата, известија за настанот. Ама, никој не им поверува - прво, зашто сите помислија дека е можно непроверената информација да ја сместила опозицијата за да ја оцрни позицијата со новостекнат мандат и, второ, зашто опозициските медиуми ја одработуваат агендата на своите политички центри на моќ.

И натаму никој не го бара телото. Телото? А, каде е телото?

Наеднаш излегува ново сомневање - има ли воопшто тело? Триесет и пет часа подоцна - едно станува сигурно - тело има, на Судска медицина. Но и натаму не се знае кому припаѓа и како настрадало, а шпекулациите добиваат на жестина: ако никој не го бара - можеби настраданиот е странец, навивач од Ирска или учесник на „Баскерфест“? Никој не верува дека може да се случи смрт, а никој да не го побара умрениот. Баба Зумбула. Само не е баба и не е замоткана во тепих. Страшно!

Овој апсурден случај, како позајмен од филмот „Бал-кан-кан“ на Дарко Митревски, е прецизна манифестација на нашата состојба на духот, подготвена, поради неславното досегашно искуство во работата на институциите и на медиумите, да поверува во секаква, па и во најневозможната конструкција.

Поради начинот на кој полицијата, особено нејзините посебни единици за борба со урбаниот криминал „Алфи“, ги практикуваат своите надлежности, подготвени сме да поверуваме дека тие со прекумерна употреба на сила може да предизвикаат смрт.

Поради досегашните ниски удари помеѓу политичките партии, спремни сме да веруваме дека политичките опоненти се подготвени на ваква специјална војна со можни наместени приказни што крајно ќе го компромитираат противникот.

Поради нескриено навивачкиот карактер на едни медиуми, подготвени сме да веруваме дека тие таквите приказни и непроверени ќе ги објават.

Поради неретко Путиновиот карактер на владејачката структура, подготвени сме да веруваме и дека е можно информацијата што би го оцрнила системот на нивното владеење да биде премолчена.
Поради нескриено навивачкиот карактер на други медиуми, подготвени сме да веруваме дека тие во одредени ситуации би се откажале од гласноста што од нив генерално се очекува.

Сé тоа заедно зборува за постоење на колективна психологија, на која подеднакво и кумуваат нашата завереничка природа и сеопштата атмосфера на дозирана слобода.

А, Мартин Нешковски, чиј идентитет беше откриен 39 часа по неговата смрт, всушност, настрадал од припадник на единицата за специјални задачи на полицијата „Тигри“. Наместо Даниел и „алфа“ - Мартин и „тигар“. Загубата е иста. Освен момчето, настрадаа - вистината и принципите.
 
   
Автор: Јасна Франговска





Убаво напишана колумна, навистина настани кои не може да се случат во земја во која се може да се случи...Страшно...Одамна ништо веќе не може да не изненади а сепак е тешко да се поверува кога нешто ќе се случи такво за неверување...
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јуни.2011 во 14:19
Ало дечки Човек е мртов Човек,имајте малку почит кон смртта и заборавете ситни партиски калкулации и политички игри.

Оставете полицијата да си ја заврши работата,се ќе излезе на виделина па сетне коментирајте,не сега секој да изиграва кривичен судија и праведник.

После битка сите можат Генерали да бидат.

Еден живот е изгубен а уште еден уништен,и двете нешта се жални и трагични.

Ве молам прекинете со давање на политички конотации на ова и имајте барем малку почит кон смртта и прерано завршениот живот на детето.тага
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 7891011 29>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,234 секунди.