|
Победи криминалот на А1 на изборите |
Внеси реплика | страница 123> |
Автор | ||
Persej7
Сениор Регистриран: 21.Октомври.2010 Статус: Офлајн Поени: 254 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 05.Јуни.2011 во 23:39 |
|
Прелиминарно, триесет и девет места во Собранието за идеолошки пропаднатата "транзициска" опција на Бранко Црвенковски?!?!? Опција што не е ни опција бидејќи буквално ништо реално не нуди сем продавање магла, туку е молба до граѓаните да им дадат доверба бидејќи овој пат немале да краделе?!? А бе срам ми е да се појавам надвор! Таков резултат единствено беше можен со тнр. Торбешка поддршка и со испраните пари од А1 телевизија со кои ја финансираа кампањата. Ова значи само едно: не сме расчистиле со "транзицијата". На истите креатури што се накрадоа пследниве 20 години, што не упропастија како нација, им е продолжен политичкиот живот за уште 4 години да не дупат во здрав мозок. Да не збориме пак за целта да ја ослабат позицијата на Македонија за да може 3ападот да не притисне да го смениме името (како влажни вагини го сменија ставот и се прикажаа дека демек и тие биле за референдум по тоа прашање). Нека ни е наздравје Македонци. Никако не е за славење работава. Изменето од Persej7 - 05.Јуни.2011 во 23:46 |
||
gonzo
Сениор Мачкозил Регистриран: 04.Декември.2008 Локација: У дневну Статус: Офлајн Поени: 3137 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ne lupaj gluposti...Ovoj 'reformatorot' e podobar od 'tranzicionerot' vo sto???
I koj te kradel poslednive 20 godini???Oooopsss i ednite i drugite te kradele, samo sto ednite koga ti go ukrale lebot ti gi vratile troskite pa ti izgledaat cesni...Toa ti e so nasiov narodec, eftino se prodava... Negooo idi tepaj studenti na plostad, dobivte nov mandat.... |
||
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
|
||
pecok
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 01.Јуни.2011 Статус: Офлајн Поени: 300 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Па тоа ти е кога немаме опозиција како што треба.
СДСМ се толку глупи што сами си ги изгубија изборите, губејќи го своето членство и сите неопределени. 1. Викаа нема веќе да крадеме. 2. Вреѓаа стејчајци. 3. Многу жени се најдоа навредени од изјавите на Бране дека неможел да стигне сите да ги опне. 4. Ги изгубија студентите на дисперзирани студии (Бране викаше ќе ги укине) а и нивните родители и родителите на деца во средно и основно надвор од Скопје затоа што тие родители можеби сега немаат студенти ама во иднина ќе дојде време и за тоа и не сакаат да се изложуваат на големи трошоци (а многу и немаат) за да ги праќаат децата на студии во Скопје. 5. Има уште многу ама... |
||
Persej7
Сениор Регистриран: 21.Октомври.2010 Статус: Офлајн Поени: 254 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Јас многу јасно се изразив кој ме/не крадел - а тоа се СДСМ и неговите сателити.
Впрочем затоа и се наречени "транзициска" опција, да не замарам сега, сите знаеме за наводната приватизацја кога се вршеше првобитна акумулација на капиталот во Македонија по пат на кражба, плус класичен криминалкако ТАТ и сл. Сходно изедначувањето дека "не краделе и едните и другите" и патетиката за "нашиов народец" е обично подметнување и замена на тези. МОСТ сега излезе со соопштение дека ВМРО доби 54 а СДСМ 43 места, што е катастрофа за Македонија и Бранко Црвенковски со право може да слави. |
||
NRGMKD
Сениор THE EXTERMINATOR Регистриран: 18.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 7512 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Можеби и овој пост ќе ми биде избришан ама ајде да го искоментирам, можеби некој ќе го прочита...
Пирова победа (која ја честитам на ВМРО), и можам да кажам пораз еднаков на победа за СДСМ.... Искрено моите очекувања беа СДСМ дека ќе победи, а доколку би изгубил тоа би било со огромна разлика, но 70 000 гласови се некако премногу блиску.... 43 пратеници од една политичка опција во опозиција немало до сега.... Разликата драстично се стопи..... 150 000 дополнителни гласа, кажува дека нешто навистина не штима во државава, наспроти изгубените 100 000 гласа на Вмро. На сето тоа ако ги надоврземе и останатите мали партии кои потклекнаа на избориве доаѓаме до иста бројка како таа на Вмро... Дефинитивно македонското гласачко тело се расцепи, а ова е одличен сигнал за сдсм за претстојните локални избори, кои ќе бидат пресудни во тоа дали ќе има нови предвремени избори.... Нејсе.... Се надевам дека А1 нема да згасне, бидејќи денес беше целосно на ниво, за разлика од Сител и Латас, кои скоро и да не сакаа да коментираат за сдсм... Ферски беа пренесувани сите прес конференции, и немаше ни трошка потсмев и иронија... |
||
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
|
||
Audiofil
Сениор Регистриран: 23.Мај.2006 Статус: Офлајн Поени: 374 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ке слави Бранко уште малку до оној ден кога ке се закаже вонредниот конгрес на СДСМ за избор на нов претседател.Е тогаш ке гледаш сеир таму.
|
||
NRGMKD
Сениор THE EXTERMINATOR Регистриран: 18.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 7512 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Е арно де, можда те вработиле, можеби ти дале некое функцииче, можда си близок до нив па ти процветал бизнисот, никој тоа не го знае.... Па заради тоа и агитираш за вмро, што е сосема нормално, ако тие изгубеа, ти лично ќе го изгубеше тоа што ти го дале и така се во круг..... Јасни се твоите реакции, него уживај во победата и предноста додека ја имате, зашто овие синиве драстично ја скинаа разликата... 3-40 000 гласа лесно се топат, посебно ако продолжи вмро со ,,реформаторската,, политика како и до сега.... |
||
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
|
||
NRGMKD
Сениор THE EXTERMINATOR Регистриран: 18.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 7512 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Колку и да не го сакам тој човек (100000 пати пишав до сега), ама се некако сум убеден дека нема да го смени никој на конгрес, барем не сеуште... Бидејќи СДСМ е ок*ражен сега, поразот го сфаќаат како победа, така да ќе добијат елан за локалните а потоа и за наредните парламентарни избори, а најповеќе што реформаторската влада нема намера да си ги смени навиките, и можам да се кладам дека бранко ќе биде предводник на опозицијата.... Можам да се кладам.... бранко не си оди од челото на сдсм, бидејќи под негово водство сдсм воскресна (т.е вмро си направи сам беља што го разбуди заспаниот) ... дополнителни 150 000 гласа довлече овој човек, т.е 100 000 гласа му скинаа на вмро.... тоа боли, многу боли... цела разлика падна далеку под 100 000, а не како што предвидуваше вмро 120 000 најмалце. |
||
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
|
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
More boli toa shto za badijala se potroshija drzhavni pari za izbori i namesto 2 godini sega VMRO-DPMNE kje bide ushte 4 godini na vlast.
A voopshto ne morashe da bide taka. |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
NRGMKD
Сениор THE EXTERMINATOR Регистриран: 18.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 7512 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Тие 4 години се тешко остварливи за оваа реформаторска политика.... многу предвидуваат нови избори за 2-3 години... најмалце... сепак 100 дена мора да поминат да и се даде можност на старо новата влада да се доизгради налево надесно.... живи били па коментирали (без мене се разбира).....
|
||
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
|
||
Persej7
Сениор Регистриран: 21.Октомври.2010 Статус: Офлајн Поени: 254 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Прво, јас не сум тема на дискусијата, држи се коректно. Не сум симпатизер заради материјална добивка -- што е начин на работење на СДСМ како што и 3оран Заев призна пред камерите -- туку се работи за принцип и за пракса. Испаѓа дека тој што не упропастил, имено Бранко, добива трета шанса истото тоа пак да го направи. Второ, не си во тек со резултатите. Со 98% преработка на податоците во ДИК, разликата е 70.000 гласови во полза на ВМРО. Тоа не е премногу но не е ни малку. Сепак, и покрај разочарувањето со тоа што не раскрстивме убедливо со него, лично мислам дека ова е максимумот што БЦ може да го постигне. |
||
Gorazd777
Сениор Регистриран: 22.Октомври.2008 Локација: Евразија Статус: Офлајн Поени: 1584 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Оставете,СДСМ си ја доби реалната слика,и сега може да се окрупнува и да добива на членство ,само со чесност,а сликата (негативна ) што ја доби не е само со НЕГАТИВНАТА кампања спрема Бранко,туку има и други работи во корист на ДПМНЕ.
Ако гледаме некаква површинска анализа.ќе видиме дека, народец кој не гласаше за СДСМ е оној истиот(постарата генерција,сега пензионери)тие се излагаа на наводното покачување на пензиите(кое во посл.3 месеци инфлацијата им ја изеде таа повишица)сега уживаат со мижи асан да ти баам,кога пензиите какви=такви им ги носат до 5-ти во месецот(сега беше на 2-ри,ради изборите ). Значи тука имаш бројка,потоа голем дел од населението кое е од селско потекло(миграција на ниво,СКопје е 70% селани од т.н. внатрешност,за градовите да не збрувам,кај нас Прилеп,сите дворвите со тутунот ги направија селски стопанства,нема закон ни за јавна чистота ,ни за бучава,градот е село,порано магариња,сега трактори и комбиња),по различен основ тие зедоа СУБВЕНЦИИ во последен момент,некои и од пред две години со кредитот од ММФ(СИТЕ НИЕ ТРЕБА ДА ГО ВРАЌАМЕ). Студенти,добро ,им се овозможи на многу млади да "студираат" и нивните дипломи да бидат признати насекаде во свет ,со тоа што одат на факс,плаќаат и без учење да се стекнат со диплома(искуството покажува колку се квалитетни). Администрација и нивни роѓаци,па се е во администрација,променет е составот,ГОЛЕМ ДЕЛ ОД НАС НЕ ИЗБРКАА,било администрација,било образование,и си донесоа свои дочклапани кадри,со бугарски државјанства. И ако одиме така, ќе видиме каква е структурата на гласачите,кои од нив имаат КРАТКОРОЧНИ БЕНЕФИЦИИ,од типот попари и окуби,ама во ништо не се разликуваат од пертходните во работата. Е сега следи прашање со одговор,ПАРИТЕ од ММФ,нека ги враќаат тие од ДПМНЕ кои се офајдија по различен основ,затоа што сега доаѓа првата рата од 500.000 милиони евра(на годишно ниво)од кога е овој премиер на власт. Како што крадат,така нека ги средуваат сите работи во животот на обичниот човек,кој не може да се вработи нормално,нека му платат сметки и прехрана. И на крај добро,53+3(дијаспора невалидни 2500 гласа од рег. 400000).Иссилена бројка,која на предходните избори не беше доволна,сега само да не бараме предвремени избори за 63 пратеници,оти ДУИ коалицира за интерес(А-мети вели ако ове Мачедони плаќаат за ништо ,ќе коалицираме)така,нека ни е среќен ново стариот парљамент,па и САДО_МАЗОХИЗМОТ. |
||
ВОЈНАТА Е МИР
СЛОБОДАТА Е РОПСТВО НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА |
||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Мислам дека изборните резултати се одлични. Самиот факт што опозицијата освои повеќе пратеници значи дека се освестува води кон подобро, особено затоа што ќе претставува check and balance на власта, а со тоа и ќе успева да спречи апсолутизам. Држава без опозиција лесно се движи кон едноумието.
Опозицијата сепак мора да се позанимава со себе. Сеуште не можам да си објаснам како очекуваа да добијат гласови од младите, а во исто време коалицираа со партии кои со размислувањето останале во минатиот систем и на митинзите се вееја знамиња на СФР Југославија. Зарем младиот човек така ќе се привлече, со истакнување на симболи и восхитување на некои минати времиња, кои биле се, само не демократски? Каква порака испраќаа со тоа, а и каква поддршка очекуваа со тие постапки, сеуште не е јасно. Од друга страна, факт е дека владеачката партија повторно победи на изборите и дека тоа засега значи поддршка од мнозинството од македонскиот народ. Факт е дека во некои места имаа доста голема разлика и добија доста поголема поддршка од СДСМ, особено во руралните места, од каде што и го добија мнозинството. Тоа кажува дека го добиле гласот на земјоделците, сточарите и останатите луѓе кои се занимаваат со дејности од примарниот сектор. |
||
Persej7
Сениор Регистриран: 21.Октомври.2010 Статус: Офлајн Поени: 254 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
ВМРО победи формално, но американскава режија ни е ептен спакувана за да има мнозинство од СДСМ+шиптарите па кога треба брзински да не матираат (за името, за НАТО или било што друго).
Впрочем, Америве ги употребија сите адути да не омекнат. Ќе се сетите како ликуваше оппозицијата кога наводно го рибале Груевски во Вашингтон, а тоа се се книжеше на наша (државна) штета почнувајќи од пописот па до се друго. Колку и да не ми се допаѓа резултатот, единствена добра работа е што имаме само еден криминалец -- имено Бранко -- кој за воља на вистината наскоро треба да оди во пензија откако ќе ја одработи последнава задача за странските центри. Доброто е што нема да се влезени Љупчо Татарот и Љубе, бидејќи така ќе имавме криминалец, уценет затвореник желен да го покрие предавството и уценет анти-македонски лудак се во едно. Реално, Груевски се "искуба" овој пат. Тоа значи за негова среќа насекаде низ Европа владее националистичко расположение и се уште нигде нема никакви големи промени. Беше повеќе од јасно дека нема да почнат од нас. И сега Грујо ќе има 2 добри години навистина да направи нешто и покрај сите очекувани сопки и блокди од СДСМ. Само еден правилен крупен чекор да направи, ќе остане малтене доживотно на власт. Во спротивност, по 2 години очекувам повторно предвремени избори на кои ќе се повика опозицијата и ќе имаме расуло од држава. Изменето од Persej7 - 06.Јуни.2011 во 13:48 |
||
Внеси реплика | страница 123> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |