|
Животни - општа дискусија |
Внеси реплика | страница <1 89101112 14> |
Автор | ||||||||||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||
|
||||||||||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||
Драстично опаѓа бројот на носорозите во Африка - Носорозите во Африка се соочуваат со најголемата криза поради ловокрадство, велат поборниците за зачувување на живиот свет. |
||||||||||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||
|
||||||||||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||
Почина најстариот орангутан
Агенцијата Кјодо јави дека почина најстариот орангутан на светот кој живееше во Зоолошката градина во Токио.Женката Моли починала во саботата, а според проценките таа имала 59 години и четири месеци. Со потекло од Индонезија, Моли во Јапонија пристигнала во 1955 година, а во последните години го добила прекарот „уметничка“ бидејќи сакала многу да црта. |
||||||||||||
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||
-bog da go prosti!
|
||||||||||||
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
||||||||||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||
Лилјаците не летаат дење, ама и кога врне
Кога врне, лилјаците не летаат, велат резултатите од едно истражување објавени во списанието за наука "Бајолоџи летерс". Ако лилјакот се намокри, му треба повеќе енергија за да лета, бидејќи кога крзното му е навлажнето, не го заштитува подеднакво како кога му е суво. Крзното има влијание врз аеродинамиката на летањето, што, исто така, одзема многу енергија. Во истражувањето беа опфатени 10 лилјаци од видот каролија совели со краток опаш, кои се хранат со овошје, во Костарика. Тие се тешки само 18 грама и се хранат со овошје наместо да ловат инсекти и често пати наидуваат на дожд во својата природна животна средина. Истражувачите им направија три експерименти на лилјаците во живеалишта на отворено: ги изложија на суво време, им го навлажнија крзното. Потрошувачката на енергија ја пресметаа со мерење на содржината на нерадиоактивниот изотоп Ц13 во воздухот, што го издишуваат лилјаците. Кога крзното им е влажно, тие трошат два пати повеќе енергија во споредба со тоа кога се суви. Истражувачите заклучија дека, најверојатно, причината е тоа што влажното крзно не ги штити доволно од ладење на телото. |
||||||||||||
NRGMKD
Сениор THE EXTERMINATOR Регистриран: 18.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 7512 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||
LIGER - Hibridna vkrstena rasa pomegju Lav i Tigar zenka... Najgolemata macka koja postoi na svetot. |
||||||||||||
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
|
||||||||||||
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||
ili po nashinski...lavigar. |
||||||||||||
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
||||||||||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||
Уловена риба со „човечки“ заби
Риба со „човечки“ заби уловена е во реонот на Сикија, на средниот крак на Халкидики. Уловената риба имала уста и заби како на човек. Таа била округла и со дебела кожа, тешка 700 грама, а била долга околу 40 сантиметри. Рибарот (45) што ја улови необичната риба претпоставуваа дека таа мигрирала од појужните региони. Примерокот е даден на испитување на Универзитетот „Аристотел“ во Солун.
лелееее ама е грдааа
|
||||||||||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||
Ерлихиоза кај кучињата Ерлихиозата е болест кај кучињата и волците и е распространета ширум светот. Причинитл е микроорганизмот - рикеција кој е класифициран помеѓу бактериите и вирусите. Пренесувањето се врши со каснување од крлеж. Незрелата форма на крлеж се храни со крвта на животно кое е веќе инфицирано. Кога овој крлеж ќе се храни со крвта на здраво животно ерлихијата преоѓа во неговиот организам и го инфицира. Ерлихијата може да опстане во крлежот и до пет месеци што значи дека крлежот може да постане инфективен наесен а да го зарази кучето напролет. Ерлихиозата може да се развива во три фази. Акутната фаза се развива за една до три недели по каснувањето од крлежот. Оваа фаза трае од две до четири недели. Рикециите навлегуваат во белите крвни зрнца и таму се размножуваат. Покрај крвта тие се наоѓаат и во лимфните јазли, слезената, црниот џигер и коскената срцевина. Како резултат на инфекцијата се појавува анемија, треска, депресија, летаргија, губење на апетит, скратен здив, болки во зглобовите и вкочанетост и модринки по кожата. Субакутната фаза може да прикаже и нормални или малку намалени вредности на леукоцитите. За време на оваа фаза рикециите се наоѓаат во слезената. Кај хроничната фаза се јавува губиток на телесна маса, анемиа, невролошки знаци, крварење, воспалување на очите, отоци на задните нозе. Дијагнозата се поставува на основа на клиничките знаци и тестирање на крвта. Терапијата успешно се спроведува кај акутната фаза. Иако подобрувањето се приметува после неколку дена, лекувањето е неопходно да се спроведува три до четири недели. Заштитата се спроведува со контрола на крлежите. Се употребуваат репелентни средства кои ги убиваат крлежите. Употрбата на вакви средства е неопходна во текот на целата сезона. Луѓето не можат да бидат заразени директно од болно куче, туку само од заразен крлеж.
|
||||||||||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||
Зголемени масти во крвта кај домашните миленици Хиперлипидемијата е состојба каде што е зголемено количеството на маснотии (липиди) во крвта. Најважни липиди се холестеролот и триглицеридите. Хиперлипидемијата примарно предизвикува срцеви заболувања кај луѓето, но кај домашните миленици тоа е поредок случај. Во секој случај, хиперлипидемијата е поврзана со мошне сериозни состојби, понекогаш и фатални, како здебеленост, панкреатитис, невролошки проблеми и проблеми со видот. Ваквите состојби се многу почести кај кучињата отколку кај мачките. Зголемувањето на мастите во крвта е вообичаено кај милениците неколку часа по оброкот. Но метаболизмот го регулира нивното ниво. Кај шнауцерите се јавува хиперлипидемија поради недостигот од некои ензими кои учествуваат во метаболизмот на мастите. |
||||||||||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||
Се испили ретко бело киви Во резерват за заштита на дивиот свет во Нов Зеланд се испили пиле од реткиот вид бело киви, кое ќе биде заштитено во неговиот ран развој за разлика од дивите киви птици кои се соочуваат со недомородни ѕверови кои полека ги истребуваат, беше соопштено вчера.
Пилето кое домородното население Маори го нарекоа Манук*ра или "Главниот", се испили во центарот за див свет "Пукаха Маунт Брус" на 1 мај и беше тешко околу 250 грама, изјави обласниот менаџер на Одделот за зачувување на дивиот свет Крис Лестер. Тој вели дека белите киви се забележуваат во дивината на секои три-четири години, но последен пат претставник од овој вид бил пуштен од заробеништво во 1915 година. Малите птици кои не можат да летаат обично имаат кафеава боја на перјата. Манук*ра се испили во инкубатор во новото одгледувалиште за киви во резерватот и внимателно ќе се следи неговиот развој најмалку во првата година од неговиот живот, вели Лестер. Кога птицата ќе биде способна самата да се одбрани, Лестер вели дека една од можностите е да "остане во рамките на резерватот каде нема да има природни предатори... или ќе го пуштат во дивината да си ја проба среќата". На птиците киви кои виреат само во Нов Зеланд им се заканува истребување од ред ѕверови кои исто така убиваат голем број други домородни видови птици. |
||||||||||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||
Топ 10 најголеми животни на Земјата
Најголемото животно кое некогаш постоело е синиот кит. Од диносаурусите денес останати се само коски, џиновските верзии на преживеаните видови исто така веќе одамна се изумрени, па од големите животни преостануваат само слоновите и китовите. Меѓутоа, во минатото имало многу големи грабливци и видови кои со големината биле посилни во животинскиот свет и надмоќни над пленот, се додека во некои случаи, тоа не придонело да изумрат. На листата се вклучени и постоечки и изумрени видови. Под латинското име Carcharocles megalodon (мегалодон – „голем заб“) се крие вистинско чудовиште – се смета дека всушност не е сроден на денешниот но многу се слични, па за полесно да се долови изгледот на животното обично се прикажува како џиновска верзија на бело куче. Можело да порасне и над 16 метри во должина, а се смета дека изумрело пред околу 1.5 милиони години. Мегалодонот се смета за најсилен и најголем грабливец во историјата на рбетниците. Луѓето низ целата историја наоѓале фосилни остатоци од неговите заби, за кои некогаш се верувало дека се јазици на змаеви. Должината им била и до неверојатни 20 сантиметри, нешто што ниту едно морско куче не успеало да го надмине. Се проценува дека вкупно имал околу 276 заби, наредени во пет редови, со вкупна големина на забалото од над 2 метра. Со широко отворена уста можел да проголта цел носорог. Со оглед на местата каде биле најдени фосили, може да се каже дека бил вистински патник, па така се населил во Европа, Северна и Јужна Америка, Порто Рико, Куба, Јамајка, Австралија, Нов Зеланд, Јапонија, Африка, Малта и Индија. Тие кои сметаат дека и ден денес живее во некои темни длабочини на океаните може да се разочара бидејќи се укажува на тоа дека најмногу сакал плитки и топли води крај брегот. Животните како обичната шкорпија изгледаат доволно грозно и во денешните големини, замислете морска верзија, но долга до 2,5 метри! Замислете поголем возрасен крокодил со клешти кои лесно можат да ви ја скинат главата. Arctodus („мечкин заб“) е познат и под името „Buldog bear“ поради својата куса муцка. Живеел во Северна Америка, а најмногу ја сакал Калифорнија. На пописот на најголеми копнени цицачи месојадци, го зазема првото место. Овие животни биле претешки за трчање по антилопи и не биле способни за долготрајни борби со други грабливци, се смета дека биле клептопаразити, т.е. својата физичка големина ја користеле за да ги заплашат помалите грабливци, како волците или американските лавови, па им го краделе пленот. Иако главно биле месојадци, јаделе и растенија. Изумреле пред околу 12.000 години, покрај други причини и поради развојот на технологијата на ловот меѓу народите на Северна Америка. Argentavis magnificens („буквално величествена аргентинска птица“) е најголема птица способна да лета која некогаш била откриена. Живеела пред 6 милиони години на подрачјето на централна и северозападна Аргентина, околу денешната територија на андискиот кондор, со кој е во сродство. Едноставно замислете помала Цесна 152 со пердуви. Овој вид на птица имала силни нозе со големи стопала, поради кое била добро прилагодена за одење по земја, што во комбинација со огромните крила и големата тежина, укажува на тоа дека не била посебно спретна во полетувањето од земја и мафтањето со крилата, туку веројатно користела стрмни падини на планини за да се спушти низ ветерот и потоа со часови да кружи како едрилица. Се хранела со мрши или со плен фатен во лет, кој го голтала цел. Денешните мерки околу кои се согласуваат научниците: размерот на крилата од 7 метри, површината на крилата 7 квадратни метри, должина од 3.5 метри, висина 1.7 – 2 метра и тежина 70 – 78 килограми. За споредба, сите денешни птици со размер на крилата од 3 – 4 метри тежат само 15 – 20 килограми. За активниот живот и парењето не се знае многу, но се претпоставува дека секои две години женката снесувала само до две јајца, со тежина од еден килограм. Максималниот животен век се проценува на 50 – 100 години. Sarcosuchus император е далечен предок на денешните крокодили, кој живеел пред 112 милиони години на подрачјето на денешна Африка. Бил голем како градски автобус, тежел 8 – 10 тони и достигнувал околу 13 метри должина. Интересно е дека, за разлика од денешните крокодили, растел целиот свој живот, т.е. некои 50 – 60 години. Самиот череп му бил со големина на череп на возрасен човек, околу 180 сантиметри, додека забалото содржело 132 силни заби за фаќање и држење, а не за кинење на парче месо. Со загризувањето можел да произведе сила од 8 тони, што говори во прилог на тоа дека веројатно ловел и млади диносауруси. Положбата на очите укажува на тоа дека пленот го ловел со демнење на брегот, сокриен под водата. Се што ќе уловел, големи риби и желки, едноставно ги дробел и ги голтал. Во времето кога живеел Сахара била убава тропска рамница, полна со езера и реки, а „суперкрокодилот“ бил само уште еден вид налик на денешните крокодили, меѓу кои спаѓал и џуџестиот крокодил, со череп од само 8 сантиметри. Името Аргентиносаур значи „сребрен гуштер“ (името Аргентина настанало од латинскиот збор за сребро - „аргентум“), а воедно го одредува и регионот во кој живеел овој вид на животно – тогашниот островски континент Јужна Америка, пред некои 95 милиони години. Пред 100 милиони години во Северна Африка живеел најголемиот месојад кој некогаш чекорел по Земјата. Поголем од Т-рекс и гигантосаур, долг до 18 метри и тежок до 21 тон, со череп кој потсетува на крокодилски, со должина од 180 сантиметри. Метар и половина високото „јадро“, продолжената карлица на грбот, била прекриена со кожа и маст, што правело своевидна грпка, за која се претпоставува дека служела и за привлекување на женки и за регулација на температурата на телото. Имал ретки заби, се хранел со риба на бреговите каде живеел, но во шумите понекогаш ловел и помали животни, или мрши. Во филмот Јурасик парк прикажана е борба меѓу Спиносаур и Т-рекс, во која победува Спиносаурот, но таков двобој во реалноста никогаш не се случил, бидејќи тие два вида на животни живееле не само физички далеку едни од други (Северна Африка и Северна Америка), туку ги делат и милиони години во времето во кое постоеле. Python reticulatus е вид на питон кој живее во југоисточна Азија. Возрасните примероци обично пораснуваат до 9 метри, иако постојат и шпекулации за примероци од 14 метри, па ја носат титулата најдолга змија и најдолг рептил. Многу се бавни и тромави, не се отровни, туку спаѓаат во констриктори – способни се да убијат возрасен човек, но нападите се многу ретки. Над 33 метри долг, до 200 тони тежок, синиот кит е најголемо животно кое некогаш постоело на Земјата. Од средината на 60-тите за жал и еден од најзагрозените видови – се проценува дека во светските океани има само уште 10.000 китови. Ловците најмногу ги ловат најголемите примероци, па денешните сини китови обично живеат кратко и достигнуваат само 24 метри. Околу Антарктик, пред почетокот на масовниот лов имало околу 239.000 сини китови. Познати се по фантастичните „фонтани“ вода, која ја издувуваат при дишењето, понекогаш и со висина до 12 метри, познати се и по песните, т.е. звуците кои ги прават. Перките им се долги 3 – 4 метри, што е доволно на покуси патеки да запливаат со брзина од 50 километри на час. Обично живеат сами или со партнерот и мирно пловат во потрага за храна, а во еден ден можат да изедат до 3,5 тони риба. За храна мора да загњурат на околу 100 метри длабочина, а најдолго измерено гњурење траело 36 минути. Живее околу 80 години, а ги напаѓа само еден непријател – китот убиец. Африканскиот слон е копнен пандан на синиот кит – може да живее до 70 години, висок е 4 метри, а тежок 7 тони. Спаѓа во најчистите животни во светот, па често се мијат со шприцање на вода и кал од сурлите. Слојот од кал воедно ги штити од инсекти. Живеат 40 – 60 години и во текот на животот шест пати ги менуваат забите – четири катници, од кои секој е тежок по 5 килограми, со време се ронат, а ги заменуваат нови. Најчеста причина за смрт е гладот, до кој доаѓа кога повеќе не му растат нови заби, па слонот едноставно повеќе не може да јаде, иако можеби околу него храна има во изобилие. Големите два заба служат за копање на корења, кинење на кора од дрвја, како и за меѓусебна борба. Тежат околу 23 – 45 килограми и долги се до 2,5 метри. За разлика од азиските роднини, во Африка и мажјаците и женките имаат такви долги заби. Интересно е да се додаде дека африканскиот слон исклучително е интелигентен и има голем неокортекс со многу вијуги, како на човекот, човеколикиот мајмун и некои видови делфини. Ловот на овој слон само поради коската, се смета за еден од најголемите геноциди на интелигентни суштества од животинскиот свет. |
||||||||||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||
Пингвини на минус 45 ги грее „мексикански бран“
Научниците знаeja дека пингвините во текот на студените зими на Антарктикот со часови стојат збиени еден покрај друг за да ја одржат топлината, но дури неодамна откриле дека за нивното затоплување е заслужен „мексиканскиот бран“, својствен на навивачите на стадионите. Истражувачите од Универзитетот во Нирнберг разоткрија вистинска мистерија, на кој начин пингвините на ивиците на толпите успевале да се загреат исто како тие во средината каде температурата достигнува и до 25 степени Целзиусови. Мистеријата била решена со снимка со помош на тајм лапс камера на која се гледа дека пингвините се поместуваат во речиси незабележливи бранови, како навивачи на натпревари, што со време доведува до целосна промена на позициите на групата. Снимката била направена во текот на зимата на Земјата на кралицата Мод, копнен дел на Антарктикот, каде температурата во текот на зимата паѓа на минус 45 степени Целзиусови, а ветровите дуваат со брзина од 180 километри на час. Во текот на тој период, царските пингвини имаат обичај да стојат збиени во толпа, понекогаш илјадници од нив, за да ја одржат топлината, но и да седат на јајцата додека женките се на пат кон морето. - Пингвините мора да се збијат во толпа, инаку ја губат енергијата, објаснува водачот на истражувањето Даниел Цитебарт, физичар од Универзитетот Ерланген во Нирнберг. Камерите кои снимале една колонија на пингвини секои 1,3 секунди во тек на подолг период, откриле дека групата не е статична маса. |
||||||||||||
Внеси реплика | страница <1 89101112 14> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |