|
Изборно гласање од дијаспората |
Внеси реплика | страница <1 3637383940 54> |
Автор | |||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
За жал, тоа е систематски и со план правено, од причината која ја наведе, но сето тоа е започнато многу порано, во поранешната СФРЈ, за полесно да манипулира со народот. Не случајно и се праќаа емисари кои беа идеолошки подобни во дијаспората, а не луѓе со кои дијаспората беше подготвена да сораборува. Луѓето од дијаспората имаа проблеми со секое доаѓањево Македонија, почнувајќи од вадење документи, па до односот на сопствениот народ кон неа. Но, дијаспората беше многу посвесна отколку индоктринираниот народ кој живееше тука и знаеше добро да се бори за своите права, а властодршците не можеа да се постават со неа онака како што сакаа, затоа што знаеја дека после на Југославија ќе и ги тегнат ушите и дека можеше да дојде до намалување на милостината давана од Западот и стегање на ременот. За жал, ментатлниот склоп наметнат во социјализмот тешко ќе исчезне, освен можеби, кога ќе дојдат генерации кои воопшто нема да дојдат во допир со тој склоп. А таа политика која ти ја спомена се негува уште и од добар дел од македонските политичари. Доколку тогаш беше виновна индоктринацијата, денес, нема виновник. Самите сме виновни што сеуште дозволуваме да се водиме од наметнати поделби и не се обидуваме да ги отфрлиме. За среќа, полека се менува односот, а најбучни против тоа ќе бидат оние кои сеуште веруваат во она што им го проповедале тогаш кога тие се образувале како личност и истото го повторуваат. Особено откако ќе се заплетканото клопче и кога ќе се види низ што се поминала дијаспората. Тогаш ќе се види минатото и дејствувањето на оние кои се најбучни против дијаспората во минатиот систем и ќе се види дека било вистина тоа кое го говориш. А сите забораваат дека токму дознаките од македонската дијаспора ја држат македонската економија.
Токму така! Изменето од Македон - 03.Јуни.2011 во 12:12 |
|||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Извини Меси, ама мислам дека власта (моќта) расипува.Лугето влагаат во филм Очигледно дека манирите никогаш и не биле стекнати. За жал ни западната цивилизација многу очигледно поединци желни за власт не може да ги промени. Излегува она...Елајте видејте ме...сега сум пратеник...министер... Изменето од mamamd - 03.Јуни.2011 во 13:39 |
|||
Gorazd777
Сениор Регистриран: 22.Октомври.2008 Локација: Евразија Статус: Офлајн Поени: 1584 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Она кое го мисли и говори претходниот дискутант,со наводно нова матрица,демек КАПИТАЛИСТИЧКА,забегува во еден друг правец,ако гледаме на општествата како системи по различен основ,тоа ти е како монета со две страни досега беше аверсот,сега сака да дојде реверсот.
Дијаспората која е од овие краишта е сосема нешто друго,во однос на другите земји и не би навлегувал во дискусија за незе ,многу се комплексни работите ,што и да се каже ќе рипне некој и во стилот на Цацко ќе рече "ПАК ВЕ ЛАЖА КОМУНИСТИВЕ",затоа подобро мубает за таа тема НЕ. Мене ме става во дилема ,како ќе одлучи дијаспората со ДВА гласа,и можеби(не дај Боже),да дополнува со својот глас за создавање на нова влада,тоа ќе биде пифтија од големи размери ,и на крајот калабалак. Никако,ама никако не би се сложил со помислата дека дијаспората ни ја спасувала економијата,тоа ти е исто како измислениот виновник,- комунистичка матрица,после 20 години.Тие таму на свои роднини не даваат па камоли за земјата,што е овде и секако да споменам една мисла од познат човек кој бил во Австралија кај неговите,кога се враќал за наваму таму му рекле на другите роднини ,да им кажува : - немјо таму,долу да кажуваш колку ни е убаво овде и колку заработуваме,нека не знаат таму дека уживаме - крај на цитат. |
|||
ВОЈНАТА Е МИР
СЛОБОДАТА Е РОПСТВО НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА |
|||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Da se nadevame deka so prvite pratenici od dijasporata vo parlamentot kje pochnat i prvite poseriozni promeni kaj onoa javno mnenie vo tatkovinata koe s'e ushti zhivee so nekogashnata komunistichka ideologija i politika za svoite brakja i sestri od dijasporata. |
|||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Јас не сум со нова матрица, јас сиот живот го живеам во демократија. Нека му мисли тој што менувал матрици и што сеуште си верува во тоа што го учеле во минатиот систем. Ти можеш да не се сложиш со тоа дека дијаспората ни ја спасува економијата, меѓутоа постојат податоци и секој што знае да чита може да види дали си во право. И тоа податоци од сите години. Останатото е само твое лично мислење, кое нема да го дебатирам, само ќе кажам дека не е убава ниту една поделби. Тоа е како сега јас да почнам да говорам за тебе што не си од Скопје, а ќе имам што да кажам, затоа што Скопје сеуште е со повисок стандард од сите градови во Македонија и со многу нешта кои другите ги немаат. Сфаќаш кон каде ќе води? |
|||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Kaj младите, кои не биле задоени со пропагандата на минатиот систем, за среќа, помалку ги има тие поделби. Користејќи интернет, многумина веќе комуницираат со свои сонародници од САД, Австралија и Канада и сите тие наметнати бариери мошне бргу ги рушат склопувајќи пријателства и дознавајќи каква е нашата дијаспора од прва рака. Oсобено пак се надевам дека пратениците од дијаспората ќе овозможат зближување на Македонија со земјите каде што живеат, а и ќе ги размрдаат нашите заспани политичари за некои нешта. |
|||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Od Amerika doagja mladiot Pavle Sazdov koj go znam lichno i mozham da potvrdam deka e iskren, poshten i energichen mlad intelektualec koj nesomneno kje se bori za prenesuvanje na novite pozitivni struenja od svetot vo Makedonskiot politichki zivot.
|
|||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||
Gorazd777
Сениор Регистриран: 22.Октомври.2008 Локација: Евразија Статус: Офлајн Поени: 1584 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Го немав видено овој пост и ете сега пост изборно го забележувам,навитина ти велам размислував дали да ти одговорам на работите што ги посочуваш кон мене,а се однесуваат на живеењето кај нас,од причина затоа што мислам дека не вреди да се дискутира со тебе бидејќи се правиш премногу арогантно горд. Прво да ти биде јасно(во една прилика спомна дека си дете родено во поч.на деведесетите)ако ти си се родил сега ,а другите нешто порано ,ТИ ОБРНУВАМ ВНИМАНИЕ,НЕ СЕ СИТЕ СО КОМУНИСТИЧКА МАТРИЦА,во размислата,а поготово животот и страданијата,или тоа би се поистоветило со мислата дека сите вие сте сега со ГАНГСТЕРКА-КАПИТАЛИСТИЧКА матрица,затоа што сега овој период е таков.Оние кои ја спроведуваа ТРАНЗИЦИЈАТА и сегашните чинители на РАФОРМИЈАДАТА,се постарите(првите) и нивните наследници(овие вторите),(Д.А.,реформски сили,социјалистичка партија,Движење за Југославија,и многу други ПОУДБАШКИ насторени),ЗА ТОА ЗАВРШУВАМЕ И НЕМА ДИСКУСИЈА. Околу финансирањето на дијаспората за кај нас,можеби си повеќе писмен(ама сигурно незнаеш и старогрчки,етрурски,клинесто писмо,староегипетски,коптски,и други),ама можеш да прочиташ извештаи кои се еднострани и служат за пропагнда,а за кај нас не гледам процвет на Економијата(на времето и Љупчо добиваше од Дијаспората пари за владеење,но ги појаде). И да во право си за моето мислење,и токму тука се издаваш дека ако не си со таа матрица,ВОСПИТУВАН си во тој дух,навестувањето околу Скопје ,вие што живеете таму,самата помисла и сите пари кои системот ги влечи за ваш благодет,ЈА ОПРАВДУВА ТАА ПОДЕЛБА,ние сме итекако поделени,ние не говориме,во јанвост,на митинзи,на дебати,за развој на Македонија,ВИЕ ,само мислите како да се равива Скопје,како сите таму седат )живеат) и уживаат,а СЕ ТОА СЕ ДОЛЖИ на таа КОМУН ИСТИЧКА МАТРИЦА,сите во минатото работеа за еден центар ,БЕЛГРАД(70% од личниот д. ),е сега е истото за Скопје,и никој ,ама никој, ни ТРАНЗИЦИОНЕРИТЕ,нИ РЕФОРМИСТИТЕ не напрегнаа сили да го сменат тоа,затоа кога нешто че се смени тогаш јави се за здрава дискусија,дотогаш сме на исто. |
|||
ВОЈНАТА Е МИР
СЛОБОДАТА Е РОПСТВО НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА |
|||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Најмалку ме интересира што ти мислиш за мене, односно, воопшто не ме интересира дали мислиш дека сум горд, таков или онаков. Во однос на дијаспората, постојат коментари од економисти, релевантни податоци, а ако и на тоа не веруваш, побарај ги извештаите од Народна Банка на Република Македонија, па врши анализа и види од каде доаѓа спасот на македонската економија. Јас кажав и пак ќе кажам, не ги делам луѓето по тоа кој од каде доаѓа, а ако ти така размислуваш, тоа си е твој проблем и не ставај ми зборови што не сум ги ниту помислил, а ниту кажал. А кога веќе ги делиш, како што кажав, помисли кој што има, а кој што нема, па потоа можеш да видиш по што и како можеш да ги делиш. |
|||
Gorazd777
Сениор Регистриран: 22.Октомври.2008 Локација: Евразија Статус: Офлајн Поени: 1584 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
На крајот со апстракнава философија ја оплеска,а изворот што ми го наведе за финансирање на дијаспората,е тоа ти е ептен релевантен фактор за шминкање на розовава ни состојба. Можеби затоа овие патриотидиве зедоа над 400.000 милиони евра,за спас на самите себе си?
Изменето од Gorazd777 - 11.Јуни.2011 во 16:48 |
|||
ВОЈНАТА Е МИР
СЛОБОДАТА Е РОПСТВО НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА |
|||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Gorazd777
Сениор Регистриран: 22.Октомври.2008 Локација: Евразија Статус: Офлајн Поени: 1584 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Значи тоа било главната цел од дијаспората,ДА ШТАНЦАЛЕ ПАСУШИ
Ееее па елате овде ние че ви дајме БЕСПЛАТНО,па до толку дојдовте,се валите дека со пари се можете,а ваму мандато че ви бидел за пасоши,ајде алакари,ние си плајчаме овде даноци,ќе ви дајме и за тоа не берете гајле. |
|||
ВОЈНАТА Е МИР
СЛОБОДАТА Е РОПСТВО НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА |
|||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Гласањето во дијаспората не беше определено со некакви бројки, па да може да се стави на Уставен суд. Кога се во прашање парламентарни избори, не е потребен процент на излезност на избирачите за изборите да не пропаднат. Такво нешто во Уставот едноставно нема. Ако гледаме од тој аспект, тогаш сите пратеници се избрани со различен број гласови. Зарем тоа значи дека сите избори на пратеници се во спротивност со Уставот? Во дијаспората избрани се пратениците, на општи, непосредни и демократски избори. Исто како и во останатите изборни единици во Републиката. Тоа што се пријавиле малку гласачи не значи дека нешто е во спротивност со Уставот. Тоа е право и волја на самите гласачи. |
|||
Gorazd777
Сениор Регистриран: 22.Октомври.2008 Локација: Евразија Статус: Офлајн Поени: 1584 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Знаеме,наеме,многу добро како и на кој начин се избирани гласачите во дијаспората,поготово Асралија,каде што неизживеаното и неморално амбасадорче перица,ги бирал луѓето по тоа кои биле за дпмне,и немале апсолутно право сите да бидат регистрирани,па камо ли да гласаат,а тука се и заканите до оние тамошни редакции да ја прикажат вистинската состојба.
Затоа не е така розово како што сакате да претставите ,повеќе е црно диктаторски и самобендисано-узурпаторски. |
|||
ВОЈНАТА Е МИР
СЛОБОДАТА Е РОПСТВО НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА |
|||
Внеси реплика | страница <1 3637383940 54> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |