IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Општо > Животински и растителен свет
  Активни теми Активни теми RSS - Животни - општа дискусија
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Животни - општа дискусија

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 89101112 14>
Автор
Порака
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Март.2011 во 15:32

Руп­ту­ра на пред­ни­от вкрс­тен ли­га­мент кај ку­чи­ња­та

Ко­ле­но­то е под­лож­но на го­лем број пов­ре­ди. Ед­на од нај­чес­ти­те пов­ре­ди кај не­го е рас­ки­ну­ва­ње­то на вкрс­те­ни­от ли­га­мент. Ко­ле­но­то е зглоб кој е фор­ми­ран од три ко­ски, и тоа: бут­на ко­ска, це­ва­ни­ца и ко­ле­но ка­па­че. Овие ко­ски се по­вр­за­ни ме­ѓу се­бе со го­лем број ли­га­мен­ти или вр­ски. Два ли­га­мен­та кои се вкрс­те­ни ме­ѓу се­бе ги по­вр­зу­ва­ат бут­на­та ко­ска и це­ва­ни­ца­та. Нив­на­та фун­кци­ја е да не доз­во­лат кра­е­ви­те на овие две ко­ски да се дви­жат нап­ред-на­зад. Ко­га пред­ни­от вкрс­тен ли­га­мент ќе се рас­трг­не, згло­бот ста­ну­ва нес­та­би­лен. Ова нај­чес­то се слу­чу­ва ко­га ку­че­то се из­вит­ку­ва со зад­ни­те но­зе. Из­вит­ку­ва­ње­то овоз­мо­жу­ва го­лем при­ти­сок на ли­га­мен­тот и не­го­во ки­не­ње. Ова чес­то се слу­чу­ва ако ку­че­то се лиз­га на лиз­га­ва по­вр­ши­на, тр­чај­ќи и наг­ло свр­ту­вај­ќи се стра­нич­но или при удар од ко­ла. Де­бе­ли­те ку­чи­ња ос­та­ва­ат прем­но­гу при­ти­сок на ко­ле­на­та, и тоа е при­чи­на за са­мос­тој­но ки­не­ње на ли­га­мен­тот. Ра­си­те кај кои е зго­ле­мен ри­зи­кот од де­ге­не­ра­ци­ја, а со тоа и руп­ту­ра, се: лаб­ра­дор рет­ри­вер, рот­вај­лер, би­шон и дру­ги. Мно­гу ку­чи­ња со де­ге­не­ра­ци­ја на пред­ни­от вкрс­тен ли­га­мент ја има­ат таа сос­тој­ба на две­те ко­ле­на. Кај ма­ли­те рас­и, лук­са­ци­ја­та на ко­ле­но­то ка­па­че мо­же да би­де пре­дис­по­зи­ци­ја за прс­ка­ње на ли­га­мен­тот. Ку­чи­ња­та со ски­нат ли­га­мент по­ка­жу­ва­ат не­на­деј­но кри­ве­ње и обич­но ја др­жат но­га­та по­диг­на­та од зем­ја. Ко­ле­но­то мо­же и да оте­че. Со вре­ме, мо­же да поч­не да ја упот­ре­бу­ва но­га­та, но чес­то кри­ве­ње­то се пов­то­ру­ва. Ди­јаг­но­за­та на ски­нат ли­га­мент се пос­та­ву­ва со сле­де­ње на аб­нор­мал­но­то дви­же­ње на ко­ле­но­то. Ра­ди­ог­ра­фи­ја­та се упот­ре­бу­ва за про­вер­ка на евен­ту­а­лен ар­три­тис, кој мо­же да би­де при­су­тен. Трет­ма­нот кај ски­нат ли­га­мент, осо­бе­но кај го­ле­ми­те рас­и, се из­вр­шу­ва хи­рур­шки. Има не­кол­ку ме­то­ди ли­га­мен­тот да се до­ве­де во ста­бил­на фун­кци­о­нал­на сос­тој­ба. Во не­кои слу­чаи ка­де што ли­га­мен­тот е са­мо пар­ци­јал­но ски­нат, а па­ци­ен­тот стар, се спро­ве­ду­ва кон­зер­ва­тив­на ме­то­да. Кон­тро­ла на дви­же­ње­то од осум до два­на­е­сет не­де­ли и упот­ре­ба на ан­ти­ин­фла­ма­тор­ни ле­кар­ства.


Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Март.2011 во 14:30

Драстично опаѓа бројот на носорозите во Африка

 - Носорозите во Африка се соочуваат со најголемата криза поради ловокрадство, велат поборниците за зачувување на живиот свет.
Во изминативе три години се смета дека бандите ловокрадци убиле над 800 носорози за нивните рогови, чија цена достигнува до 35.098 долари за килограм на црниот пазар.
Експертите стравуваат дека порастот на бројот на ловокрадци ги поткопува обидите да се стабилизира популацијата на црни и бели носорози, и повикуваат на поголема соработка меѓу службите за спроведување на Законот и зачувување на живиот свет.
"Иако добриот еколошки менаџмент и напорите за спречување на ловокрадството резултираа со скромно подобрување на бројот на единки од двата вида африкански носорози, сепак, многу сме загрижени", вели Ричард Емсли од Меѓународната унија за зачувување на животната средина .
Доктор Емсли, кој наедно е член на Комисијата за опстанок на видовите при Унијата наречена Специјална група за африканските носорози, вели дека најголема закана претставува "сè поголемиот број организирани криминални мрежи на ловокрадци".
"Освен ако не се спречат некако сè побројните групи ловокрадци, можно е повторно да дојде до опаѓање на бројот на носорози", предупредува тој.
Црниот носорог, кој спаѓа во критично загрозени видови и има четири подвидови, моментално брои 4.840 единки (што е повеќе од 2007 година, кога имаше 4.240), го има во земјите низ јужна Африка.
Двата подвида на белиот носорог, кој може да се најде во истите овие земји, брои околу 20.000 единки во овој регион (што е повеќе од 2007 година, кога имаше 17.500).
И покрај тоа што бројот на претставници на овие видови се зголемува, белиот носорог се смета за речиси загрозен вид според Унијата. Ова е директна последица на ловокрадството, особено во Јужна Африка, Зимбабве и во Кенија.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Април.2011 во 16:09
Три сибирски тигарчиња се родија во Зоолошката во Скопје
 
Скопската Зоолошка градина викендов доби нови членови - се славеше раѓањето на три сибирски тигарчиња
 
 
- Ова е голем успех за нас, бидејќи станува збор за ретка појава која не се случува секогаш и секаде. Ретко која градина во Југоисточна Европа може да се пофали дека во заробеништво се родиле три сибирски тигри. Феноменот во светски рамки, сепак, со случи во Македонија и тоа е круна на целиот прогрес којшто последниве години се случува во ЗОО, велат вработените.

Парот сибирски тигри се по Македонија од октомври. Сибирскиот мажјак стар 11 години е донација од Чешка, додека женката пристигна од Будимпешта.



Донаторот на новото живеалиште, поранешниот градоначалник на Скопје Трифун Костовски, ќе им биде кум на новите жители во Зоолошката, но откако ќе им се одреди полот.
- Ако во тројката има мажјак, би сакал да се вика Путин, ако бидат сите три женки, најстарото ќе се вика Мадам Путин, се изјасни новиот кум.

Во светски рамки сибирските тигри се водат како загрозен вид. Се претпоставува дека во дивината има само околу 400.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Мај.2011 во 18:52
Почина најстариот орангутан
 

Агенцијата Кјодо јави дека почина најстариот орангутан на светот кој живееше во Зоолошката градина во Токио.

 

Женката Моли починала во саботата, а според проценките таа имала 59 години и четири месеци.

Со потекло од Индонезија, Моли во Јапонија пристигнала во 1955 година, а во последните години го добила прекарот „уметничка“ бидејќи сакала многу да црта.

Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Мај.2011 во 00:45
-bog da go prosti!  тага
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Мај.2011 во 06:10
Лилјаците не летаат дење, ама и кога врне

 Кога врне, лилјаците не летаат, велат резултатите од едно истражување објавени во списанието за наука "Бајолоџи летерс".
Ако лилјакот се намокри, му треба повеќе енергија за да лета, бидејќи кога крзното му е навлажнето, не го заштитува подеднакво како кога му е суво.
Крзното има влијание врз аеродинамиката на летањето, што, исто така, одзема многу енергија.
Во истражувањето беа опфатени 10 лилјаци од видот каролија совели со краток опаш, кои се хранат со овошје, во Костарика. Тие се тешки само 18 грама и се хранат со овошје наместо да ловат инсекти и често пати наидуваат на дожд во својата природна животна средина.
Истражувачите им направија три експерименти на лилјаците во живеалишта на отворено: ги изложија на суво време, им го навлажнија крзното. Потрошувачката на енергија ја пресметаа со мерење на содржината на нерадиоактивниот изотоп Ц13 во воздухот, што го издишуваат лилјаците.
Кога крзното им е влажно, тие трошат два пати повеќе енергија во споредба со тоа кога се суви. Истражувачите заклучија дека, најверојатно, причината е тоа што влажното крзно не ги штити доволно од ладење на телото.
Кон врв
NRGMKD Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
THE EXTERMINATOR

Регистриран: 18.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 7512
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај NRGMKD Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Мај.2011 во 20:41



LIGER - Hibridna vkrstena rasa pomegju Lav i Tigar zenka... Najgolemata macka koja postoi na svetot.


The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Мај.2011 во 21:23

ili po nashinski...lavigar.да

Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Мај.2011 во 05:12
Уловена риба со „човечки“ заби

Риба со „човечки“ заби уловена е во реонот на Сикија, на средниот крак на Халкидики.

Уловената риба имала уста и заби како на човек. Таа била округла и со дебела кожа, тешка 700 грама, а била долга околу 40 сантиметри.

Рибарот (45) што ја улови необичната риба претпоставуваа дека таа мигрирала од појужните региони.

Примерокот е даден на испитување на Универзитетот „Аристотел“ во Солун.

 

 
лелееее ама е грдаааизненадувањеизненадувањеизненадување
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Мај.2011 во 05:21

Ерлихиоза кај кучињата

Ерлихиозата е болест кај кучињата и волците и е распространета ширум светот. Причинитл е микроорганизмот - рикеција кој е класифициран помеѓу бактериите и вирусите. Пренесувањето се врши со каснување од крлеж. Незрелата форма на крлеж се храни со крвта на животно кое е веќе инфицирано. Кога овој крлеж ќе се храни со крвта на здраво животно ерлихијата преоѓа во неговиот организам и го инфицира. Ерлихијата може да опстане во крлежот и до пет месеци што значи дека крлежот може да постане инфективен наесен а да го зарази кучето напролет. Ерлихиозата може да се развива во три фази. Акутната фаза се развива за една до три недели по каснувањето од крлежот. Оваа фаза трае од две до четири недели. Рикециите навлегуваат во белите крвни зрнца и таму се размножуваат. Покрај крвта тие се наоѓаат и во лимфните јазли, слезената, црниот џигер и коскената срцевина. Како резултат на инфекцијата се појавува анемија, треска, депресија, летаргија, губење на апетит, скратен здив, болки во зглобовите и вкочанетост и модринки по кожата. Субакутната фаза може да прикаже и нормални или малку намалени вредности на леукоцитите. За време на оваа фаза рикециите се наоѓаат во слезената. Кај хроничната фаза се јавува губиток на телесна маса, анемиа, невролошки знаци, крварење, воспалување на очите, отоци на задните нозе. Дијагнозата се поставува на основа на клиничките знаци и тестирање на крвта. Терапијата успешно се спроведува кај акутната фаза. Иако подобрувањето се приметува после неколку дена, лекувањето е неопходно да се спроведува три до четири недели. Заштитата се спроведува со контрола на крлежите. Се употребуваат репелентни средства кои ги убиваат крлежите. Употрбата на вакви средства е неопходна во текот на целата сезона. Луѓето не можат да бидат заразени директно од болно куче, туку само од заразен крлеж.


 

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Мај.2011 во 14:34

Зголемени масти во крвта кај домашните миленици

Хиперлипидемијата е состојба каде што е зголемено количеството на маснотии (липиди) во крвта. Најважни липиди се холестеролот и триглицеридите. Хиперлипидемијата примарно предизвикува срцеви заболувања кај луѓето, но кај домашните миленици тоа е поредок случај. Во секој случај, хиперлипидемијата е поврзана со мошне сериозни состојби, понекогаш и фатални, како здебеленост, панкреатитис, невролошки проблеми и проблеми со видот. Ваквите состојби се многу почести кај кучињата отколку кај мачките. Зголемувањето на мастите во крвта е вообичаено кај милениците неколку часа по оброкот. Но метаболизмот го регулира нивното ниво. Кај шнауцерите се јавува хиперлипидемија поради недостигот од некои ензими кои учествуваат во метаболизмот на мастите.
Хиперлипидемијата, исто така, се јавува кај дијабетесот, хипотиреодизмот, Кушинг, болестите на црниот дроб, панкреасот и бубрезите. Симптомите кај хиперлипидемијата се различни, почнувајќи од асимптоматски до тешки епизоди на панкреатитис, нарушувања на видот и нервни симптоми. Најчестите симптоми се: повраќање, дијареја и болки во стомакот. Кај секое куче или маче со зголемени масти неопходно е да се провери историјата на болестите, да се направат целосен преглед, крвна слика и биохемиски профил, како и тироиден хормон и анализа на урината. Дополнителните тестови, како жолчни киселини, ехо-преглед и испитување на надбубрежната жлезда, можат да се вклучат по потреба.
Доколку се утврди основната причина за зголемувањето на мастите, обично нивото се регулира по отстранувањето на болеста. Кај повеќето пациенти се употребува храна која има ниско ниво на масти, од 10 до 12 проценти, или медицинска храна за дебели кучиња, односно мачки. Додатоците, како рибино масло кое содржи омега-3 масни киселини, можат брзо и ефикасно да го намалат нивото на триглицеридите.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Мај.2011 во 14:39

Се испили ретко бело киви 

Во резерват за заштита на дивиот свет во Нов Зеланд се испили пиле од реткиот вид бело киви, кое ќе биде заштитено во неговиот ран развој за разлика од дивите киви птици кои се соочуваат со недомородни ѕверови кои полека ги истребуваат, беше соопштено вчера.
Пилето кое домородното население Маори го нарекоа Манук*ра или "Главниот", се испили во центарот за див свет "Пукаха Маунт Брус" на 1 мај и беше тешко околу 250 грама, изјави обласниот менаџер на Одделот за зачувување на дивиот свет Крис Лестер. Тој вели дека белите киви се забележуваат во дивината на секои три-четири години, но последен пат претставник од овој вид бил пуштен од заробеништво во 1915 година.
Малите птици кои не можат да летаат обично имаат кафеава боја на перјата.
Манук*ра се испили во инкубатор во новото одгледувалиште за киви во резерватот и внимателно ќе се следи неговиот развој најмалку во првата година од неговиот живот, вели Лестер. Кога птицата ќе биде способна самата да се одбрани, Лестер вели дека една од можностите е да "остане во рамките на резерватот каде нема да има природни предатори... или ќе го пуштат во дивината да си ја проба среќата". На птиците киви кои виреат само во Нов Зеланд им се заканува истребување од ред ѕверови кои исто така убиваат голем број други домородни видови птици.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Мај.2011 во 06:17
Топ 10 најголеми животни на Земјата

Најголемото животно кое некогаш постоело е синиот кит.
Најголемо копнено животно моментално е африканскиот слон, додека во минатото најголемо животно било Аргентиносаур. Поголем од фамозниот Т-рекс бил Спиносаурот.

Од диносаурусите денес останати се само коски, џиновските верзии на преживеаните видови исто така веќе одамна се изумрени, па од големите животни преостануваат само слоновите и китовите. Меѓутоа, во минатото имало многу големи грабливци и видови кои со големината биле посилни во животинскиот свет и надмоќни над пленот, се додека во некои случаи, тоа не придонело да изумрат. На листата се вклучени и постоечки и изумрени видови. 

1. Мегалодон
 

Под латинското име Carcharocles megalodon (мегалодон – „голем заб“) се крие вистинско чудовиште – се смета дека всушност не е сроден на денешниот но многу се слични, па за полесно да се долови изгледот на животното обично се прикажува како џиновска верзија на бело куче. Можело да порасне и над 16 метри во должина, а се смета дека изумрело пред околу 1.5 милиони години. Мегалодонот се смета за најсилен и најголем грабливец во историјата на рбетниците. Луѓето низ целата историја наоѓале фосилни остатоци од неговите заби, за кои некогаш се верувало дека се јазици на змаеви. Должината им била и до неверојатни 20 сантиметри, нешто што ниту едно морско куче не успеало да го надмине. Се проценува дека вкупно имал околу 276 заби, наредени во пет редови, со вкупна големина на забалото од над 2 метра. Со широко отворена уста можел да проголта цел носорог.

Со оглед на местата каде биле најдени фосили, може да се каже дека бил вистински патник, па така се населил во Европа, Северна и Јужна Америка, Порто Рико, Куба, Јамајка, Австралија, Нов Зеланд, Јапонија, Африка, Малта и Индија. Тие кои сметаат дека и ден денес живее во некои темни длабочини на океаните може да се разочара бидејќи се укажува на тоа дека најмногу сакал плитки и топли води крај брегот.

2. Џиновска морска шкорпија

Животните како обичната шкорпија изгледаат доволно грозно и во денешните големини, замислете морска верзија, но долга до 2,5 метри! Замислете поголем возрасен крокодил со клешти кои лесно можат да ви ја скинат главата.

Името на тој најголем вид е Jaekelopterus rhenania и како спомнатиот мегалодон, сакал топли и плитки води во морињата и мочуриштата околу езерата. Името „морски шкорпион“ не е сосема точно, бидејќи само првите примероци живееле во море, додека не станале вистински шкорпиони. Фосилни остатоци можат да се најдат низ целата планета, а изумреле пред околу 250 милиони години. Се верува дека големината е последица од борбите со оклопните риби, со кои се хранеле.

3. Џиновска мечка со куса глава

Arctodus („мечкин заб“) е познат и под името „Buldog bear“ поради својата куса муцка. Живеел во Северна Америка, а најмногу ја сакал Калифорнија. На пописот на најголеми копнени цицачи месојадци, го зазема првото место.

Мажјаците од подрачјето Јукон, воедно се и најголеми претставници на овој вид – очите им биле во висина на човечките, бидејќи при одење на сите четири нозе, во рамената бил висок 1.8 метри, додека во исправена положба биле високи неверојатни 4 метри и тежеле околу еден тон. Биле месојадци, на кои на еден ден им било потребно 16 килограми месо за да преживеат.

Овие животни биле претешки за трчање по антилопи и не биле способни за долготрајни борби со други грабливци, се смета дека биле клептопаразити, т.е. својата физичка големина ја користеле за да ги заплашат помалите грабливци, како волците или американските лавови, па им го краделе пленот. Иако главно биле месојадци, јаделе и растенија. Изумреле пред околу 12.000 години, покрај други причини и поради развојот на технологијата на ловот меѓу народите на Северна Америка.

4. Аргентавис

Argentavis magnificens („буквално величествена аргентинска птица“) е најголема птица способна да лета која некогаш била откриена. Живеела пред 6 милиони години на подрачјето на централна и северозападна Аргентина, околу денешната територија на андискиот кондор, со кој е во сродство. Едноставно замислете помала Цесна 152 со пердуви.

Овој вид на птица имала силни нозе со големи стопала, поради кое била добро прилагодена за одење по земја, што во комбинација со огромните крила и големата тежина, укажува на тоа дека не била посебно спретна во полетувањето од земја и мафтањето со крилата, туку веројатно користела стрмни падини на планини за да се спушти низ ветерот и потоа со часови да кружи како едрилица. Се хранела со мрши или со плен фатен во лет, кој го голтала цел. Денешните мерки околу кои се согласуваат научниците: размерот на крилата од 7 метри, површината на крилата 7 квадратни метри, должина од 3.5 метри, висина 1.7 – 2 метра и тежина 70 – 78 килограми. За споредба, сите денешни птици со размер на крилата од 3 – 4 метри тежат само 15 – 20 килограми. За активниот живот и парењето не се знае многу, но се претпоставува дека секои две години женката снесувала само до две јајца, со тежина од еден килограм. Максималниот животен век се проценува на 50 – 100 години.

5. Суперкрокодил

Sarcosuchus император е далечен предок на денешните крокодили, кој живеел пред 112 милиони години на подрачјето на денешна Африка. Бил голем како градски автобус, тежел 8 – 10 тони и достигнувал околу 13 метри должина. Интересно е дека, за разлика од денешните крокодили, растел целиот свој живот, т.е. некои 50 – 60 години. Самиот череп му бил со големина на череп на возрасен човек, околу 180 сантиметри, додека забалото содржело 132 силни заби за фаќање и држење, а не за кинење на парче месо.

Со загризувањето можел да произведе сила од 8 тони, што говори во прилог на тоа дека веројатно ловел и млади диносауруси. Положбата на очите укажува на тоа дека пленот го ловел со демнење на брегот, сокриен под водата. Се што ќе уловел, големи риби и желки, едноставно ги дробел и ги голтал.

Во времето кога живеел Сахара била убава тропска рамница, полна со езера и реки, а „суперкрокодилот“ бил само уште еден вид налик на денешните крокодили, меѓу кои спаѓал и џуџестиот крокодил, со череп од само 8 сантиметри.

6. Аргентиносаур

Името Аргентиносаур значи „сребрен гуштер“ (името Аргентина настанало од латинскиот збор за сребро - „аргентум“), а воедно го одредува и регионот во кој живеел овој вид на животно – тогашниот островски континент Јужна Америка, пред некои 95 милиони години.

Од Аргентиносаурот не се пронајдени многу остатоци – неколку карлици и ребра. Една карлица е долга 159 сантиметри, па според неа се проценува дека вкупната должина е околу 30 метри и тежина од околу 80 тони. Постојат податоци кои говорат за најдени коски на нов вид, наречен Amphicoelias fragillimus, кој наводно бил долг гигантски 60 метри, но коските се загубени, а останале само непотврдени цртежи и податоци во забелешки на човек кој го нашол фосилот.

7. Спиносаур

Пред 100 милиони години во Северна Африка живеел најголемиот месојад кој некогаш чекорел по Земјата. Поголем од Т-рекс и гигантосаур, долг до 18 метри и тежок до 21 тон, со череп кој потсетува на крокодилски, со должина од 180 сантиметри. Метар и половина високото „јадро“, продолжената карлица на грбот, била прекриена со кожа и маст, што правело своевидна грпка, за која се претпоставува дека служела и за привлекување на женки и за регулација на температурата на телото.

Имал ретки заби, се хранел со риба на бреговите каде живеел, но во шумите понекогаш ловел и помали животни, или мрши. Во филмот Јурасик парк прикажана е борба меѓу Спиносаур и Т-рекс, во која победува Спиносаурот, но таков двобој во реалноста никогаш не се случил, бидејќи тие два вида на животни живееле не само физички далеку едни од други (Северна Африка и Северна Америка), туку ги делат и милиони години во времето во кое постоеле.

8. Мрежест питон

Python reticulatus е вид на питон кој живее во југоисточна Азија. Возрасните примероци обично пораснуваат до 9 метри, иако постојат и шпекулации за примероци од 14 метри, па ја носат титулата најдолга змија и најдолг рептил. Многу се бавни и тромави, не се отровни, туку спаѓаат во констриктори – способни се да убијат возрасен човек, но нападите се многу ретки.

Иако можеби веднаш нема да го забележите во вода, мрежестиот питон е одличен пливач и може да се види и далеку во длабоки води. Овој вид на тој начин колонизира многу островчиња кои се нашле во неговата територија. Њујоршкото зоолошко здружение и понатаму нуди 50.000 долари за жив примерок подолг од 10 метри, но се уште никој не се јавил со таков улов.

Живее во тропските дождливи шуми и на ливадите околу реките. Се храни со цицачи и повремено со птици, додека помалите примероци јадат стаорци и слични глодари. Возрасните поголеми примероци понекогаш јадат свињи, мајмуни, кокошки, мачки и кучиња.

9. Син кит

Над 33 метри долг, до 200 тони тежок, синиот кит е најголемо животно кое некогаш постоело на Земјата. Од средината на 60-тите за жал и еден од најзагрозените видови – се проценува дека во светските океани има само уште 10.000 китови. Ловците најмногу ги ловат најголемите примероци, па денешните сини китови обично живеат кратко и достигнуваат само 24 метри. Околу Антарктик, пред почетокот на масовниот лов имало околу 239.000 сини китови.

Познати се по фантастичните „фонтани“ вода, која ја издувуваат при дишењето, понекогаш и со висина до 12 метри, познати се и по песните, т.е. звуците кои ги прават. Перките им се долги 3 – 4 метри, што е доволно на покуси патеки да запливаат со брзина од 50 километри на час. Обично живеат сами или со партнерот и мирно пловат во потрага за храна, а во еден ден можат да изедат до 3,5 тони риба. За храна мора да загњурат на околу 100 метри длабочина, а најдолго измерено гњурење траело 36 минути. Живее околу 80 години, а ги напаѓа само еден непријател – китот убиец.

10. Африкански слон

Африканскиот слон е копнен пандан на синиот кит – може да живее до 70 години, висок е 4 метри, а тежок 7 тони. Спаѓа во најчистите животни во светот, па често се мијат со шприцање на вода и кал од сурлите. Слојот од кал воедно ги штити од инсекти.

Живеат 40 – 60 години и во текот на животот шест пати ги менуваат забите – четири катници, од кои секој е тежок по 5 килограми, со време се ронат, а ги заменуваат нови. Најчеста причина за смрт е гладот, до кој доаѓа кога повеќе не му растат нови заби, па слонот едноставно повеќе не може да јаде, иако можеби околу него храна има во изобилие. Големите два заба служат за копање на корења, кинење на кора од дрвја, како и за меѓусебна борба. Тежат околу 23 – 45 килограми и долги се до 2,5 метри. За разлика од азиските роднини, во Африка и мажјаците и женките имаат такви долги заби. Интересно е да се додаде дека африканскиот слон исклучително е интелигентен и има голем неокортекс со многу вијуги, како на човекот, човеколикиот мајмун и некои видови делфини. Ловот на овој слон само поради коската, се смета за еден од најголемите геноциди на интелигентни суштества од животинскиот свет.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јуни.2011 во 23:33
Пингвини на минус 45 ги грее „мексикански бран“

Научниците знаeja дека пингвините во текот на студените зими на Антарктикот со часови стојат збиени еден покрај друг за да ја одржат топлината, но дури неодамна откриле дека за нивното затоплување е заслужен „мексиканскиот бран“, својствен на навивачите на стадионите.

Истражувачите од Универзитетот во Нирнберг разоткрија вистинска мистерија, на кој начин пингвините на ивиците на толпите успевале да се загреат исто како тие во средината каде температурата достигнува и до 25 степени Целзиусови.

Мистеријата била решена со снимка со помош на тајм лапс камера на која се гледа дека пингвините се поместуваат во речиси незабележливи бранови, како навивачи на натпревари, што со време доведува до целосна промена на позициите на групата.

Снимката била направена во текот на зимата на Земјата на кралицата Мод, копнен дел на Антарктикот, каде температурата во текот на зимата паѓа на минус 45 степени Целзиусови, а ветровите дуваат со брзина од 180 километри на час. 

Во текот на тој период, царските пингвини имаат обичај да стојат збиени во толпа, понекогаш илјадници од нив, за да ја одржат топлината, но и да седат на јајцата додека женките се на пат кон морето.

Научниците до сега мислеле дека оваа толпа е толку густо збиена што секое поместување било невозможно и дека несреќниците кои ќе се најдат на ивиците се принудени да останат таму.

- Пингвините мора да се збијат во толпа, инаку ја губат енергијата, објаснува водачот на истражувањето Даниел Цитебарт, физичар од Универзитетот Ерланген во Нирнберг.

- Ако не се толку збиени едни покрај други, пингвините би се змрзнале. Од друга страна, ако толпата е премногу збиена, било какво поместување би било невозможно, додаде тој.

Камерите кои снимале една колонија на пингвини секои 1,3 секунди во тек на подолг период, откриле дека групата не е статична маса.

- Колонијата мирува подолго време, но секои 30 до 60 секунди еден од неколку пингвини малку се поместува, а тоа како бран се пренесува низ целата група, рече Цитебарт.

Ова координирано поместување е толку незабележливо, што е невидливо ако се набљудува во реално време.

Со време, овој „мексикански бран“ доведува до промена на распоредот на колонијата. Секои неколку часа, пингвините ја менуваат положбата во толпата, поместувајќи се од средината кон нанадвор и обратно, така сите имаат можност подобро да се стоплат.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 89101112 14>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,141 секунди.