IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Седмица посветена на Светото Писмо
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Седмица посветена на Светото Писмо

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
Pravoslavie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Октомври.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1732
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pravoslavie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Седмица посветена на Светото Писмо
    Испратена: 07.Мај.2011 во 10:50

Седмица посветена на Светото Писмо - од 16 до 22 мај 2011 (конечна програма на настанот)


Браќа и сестри,

во рамките на проектот „Да живееме заедно како Црква“, а во организација на Црковната Општина „Св. Георгиј“ - Чаир  и  „ДОДОМА“ - Движење за организирана духовна обнова на Македонија,

ќе се одржи за прв пат -

„СЕДМИЦА ПОСВЕТЕНА НА СВЕТОТО ПИСМО“

Значи, од 16 до 22 мај, седум дена, пред и попладне, предавања, средби, трибини, разговори, молитва - и сето тоа посветено на СВЕТОТО ПИСМО/ БИБЛИЈАТА, посветено на ПОРАКАТА БОЖЈА која му е МЕРКА, ПАТ, СМИСЛА И ДУХОВНА ХРАНА НА ОВОЈ СВЕТ!

 

 

претпладне: од 10 и 30 часот, од 16 до 20 мај, црква „Св. Георгиј“ Чаир

Прикажување на документарни филмови посветени на Светото Писмо со кафе/ чај дискусија по нив. Домаќини на дискусијата: презвитер Александар Митковски и презвитер Ивица Тодоров

 Во овој термин ќе имаме и промотивно – продажна изложба на книги со духовно – философска - психолошка тематика. Затоа, понесете КНИГА со вас, истата ќе можете да ја замените за друга или да ја продадете!

Претпладневниот термин особено е погоден за средношколци и студенти, но и за сите „млади во душа“ трагачи по Вистината:)

 

 

1.  попладне: 16 мај, понеделник, 18 часот, простор - Младински културен центар - МКЦ

 Отварање на Седмицата и предавања на тема:

„Библијата – порака Божја до отпаднатото човештво“

предавач: презвитер м-р Ивица Тодоров 

 

2. попладне: 17 мај, вторник,  18 часот, простор: црква „Св. Георгиј“ Чаир

 предавање:

„Значењето и смислата на Стариот Завет “

предавач: презвитер м-р Ивица Тодоров 

 

3. попладне: 18 мај, среда,  18 часот, простор: црква „Св. Георгиј“ Чаир

 предавање:

„Значењето и смислата на Новиот Завет “

предавач: презвитер м-р  Ивица Тодоров 

 

4. попладне: 19. мај, четврток 18 часот. простор – Младински културен центар - МКЦ

 трибина: „Библијата – Божја програма за лично, семејно, црковно и општествено благословено и осмислено живеење“

 воведничари на трибината ќе бидат:

д-р Коста Милков – претседател на Балканскиот институт за вера и култура

презвитер Игор Калпаковски

г- дин Горан Величковски - новинар

 

5. попладне: 20 мај, петок, 18 часот, простор: црква „Св. Георгиј“ Чаир

 предавање:

„Библијата во светлината на историјата и археологијата “

предавач: г – дин Денис Тенев 

 

 

6. попладне: 21 мај, сабота, 18 и 30 часот, црква „Св. Георгиј“ Чаир

 Читање на духовна поезија, црковно пеење, дружење.

воведничар во настанот: г - дин Душко Кралевски (осврт на духовното во поезијата на Блаже Конески)

 

претпладне: 22 мај, недела, од 9 часот, ЛИТУРГИЈА во храмот (молитвениот дом) „Св. Георгиј“ Чаир!

 На Литургијата - ќе инсистираме - да учествуваат сите вклучени во Седмицата, сите учесници, сите посетители - за сите на Бога - на Отецот и Синот и Светиот Дух - слава и благодарност да му вознесеме! 

 

 

 

 

 

од Евангелието според апостолот Јован. 3, 16 - 21

 

16 Зашто Бог  (Вечниот - JAHVE, Творецот на духовниот и материјалниот свет, нашиот Отец Небесен)

толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син (Совечниот Син Божји, Словото, Осмислувачот на се што постои),

та секој што верува во Него (Што ќе го прифати во себе како Месија, Спасител на светот, и ќе започне својот живот да го осмислува со од Него откриената вистина и вредности на постоењето)

да не загине (да не го изгуби својот живот и во овој минлив, но и во вечнот свет), туку да има вечен живот ( во овој свет да ја стекне свесноста за вечноста преку духовниот спасителен живот во Црквата, а по второто доаѓање Христово и по воскресението од мртвите, да стекне полнота на вечен живот во Царството Божјо.)

17 Зашто Бог не Го испрати Својот Син во светот за да му суди на светот, туку светот да се спаси преку Него.

18 Кој верува во Него - нема да биде суден, а кој не верува, тој е веќе осуден, зашто не поверувал во името на Единородниот Син Божји.

19 А овој суд е затоа што Светлината дојде на светот, но луѓето повеќе ја засакаа темнината отколку светлината, зашто нивните дела беа зли. 20 Зашто секој, што прави зло, ја мрази светлината и не оди кон светлината, за да не бидат разоткриени неговите дела бидејќи се лукави. 21 А оној што твори вистина, оди кон светлината за да се видат неговите дела, бидејќи се по Бога извршени.

 

 

 

Слава ти на Тебе - Татко наш небесен - во името на Твојот Единороден Син во Светиот Дух и во Светата Црква - слава и благодарност што се повеќе зрели души повикуваш и од духовниот сон ги будиш и кон својот Син и Нашиот Спасител ги приведуваш и со силата на Духот Свет од злото и духовната смрт ги одделуваш.

Слава и благодарност што разбудените, и во вистината Твоја утврдени души - кои се членови на Народот Твој/ Црквата Твоја - со љубов ги исполнуваш за со истата - новите, од тебе повикани души, - да ги прифаќаат и да им помагаат по Патот на спасението да зачекорат!

 

Слава и благодарност на Тебе - Боже наш - што ја будиш Црквата / Народот Твој во Македонија. Амин



ДобреДојдени Сте сите!! големо%20гушкање

за настанот можете да прочитате на ФејсБук

Да погледнеме околу нас, таму има МНОГУ СТРАДАЛНИЦИ. Да им помогнеме!
Оди на подфорумот Хуманост на дело
Запамети, ЉУБОВТА ДЕЛОТВОРИ!!
Кон врв
Pravoslavie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Октомври.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1732
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pravoslavie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Мај.2011 во 23:35
Доколку не знаете каде се наоѓа Црквата Свети Ѓорѓи Победоносец во Чаир, повелете мапа
Да погледнеме околу нас, таму има МНОГУ СТРАДАЛНИЦИ. Да им помогнеме!
Оди на подфорумот Хуманост на дело
Запамети, ЉУБОВТА ДЕЛОТВОРИ!!
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Мај.2011 во 00:17


На сите кои ќе присуствуваат и учествуваат на оваа седмица (но и на сите останати), одсрце им Го посакувам Духот на Совршеното Христово Православие, Кој е поголем и поважен од секоја човечка институција, секоја функција, секоја традиција, секоја нација, секоја деноминација, ... !


Амин!

Тогаш ненадејно се создаде шум од небото, како силен ветар кога дува, и ја исполни целата куќа, каде што седеа.

(Дела Апостолски 2:2)



п.с. Минатата година, педесетницата започна баш (после зајдисонце) на истиот датум на кој ќе завршат овие собранија (22 Мај)!








http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=21836&PN=3

Изменето од spiros - 08.Мај.2011 во 23:01
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
Pravoslavie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Октомври.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1732
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pravoslavie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Мај.2011 во 14:42
потсетувам, повелете од утре цела недела. Распоредот е во насловниот пост на темава. Сите сте добредојдени! големо%20гушкање
Да погледнеме околу нас, таму има МНОГУ СТРАДАЛНИЦИ. Да им помогнеме!
Оди на подфорумот Хуманост на дело
Запамети, ЉУБОВТА ДЕЛОТВОРИ!!
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Мај.2011 во 23:39


Originally posted by Pravoslavie Pravoslavie напиша:

потсетувам, повелете од утре цела недела. Распоредот е во насловниот пост на темава. Сите сте добредојдени! големо%20гушкање





Pravoslavie, има луѓе кои сакаат но неможат да дојдат (поради географски или здравствени причини) или несмеат директно да дојдат (поради верски причини и забрани од страна на верските водачи),...!

Дали би сте можеле да направете видеа од тие собори и излагања, па така по тој пат да можат и таквите да “присуствуваат“ на седмицата?


Поздрав




Изменето од spiros - 16.Мај.2011 во 23:40
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
Pravoslavie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Октомври.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1732
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pravoslavie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Мај.2011 во 15:19
spiros,
многу сум благодарен за убавата идеја. големо%20гушкање

Снимен материјал во форма на видео има направено Македонската Радио Телевизија од трибината одржана во четвртокот. Откако ќе биде обработен, ќе биде пуштен на телевизија. Можно е да биде поставен и на интернет. Фотографии од сите денови на Седмицата има на фејсбук профилот на отец Ивица Тодоров

Во секој случај, се работи за прв настан од ваков вид, кој е планирано да стане традиција секоја година,  Дај Боже ќе напредуваме!
Да погледнеме околу нас, таму има МНОГУ СТРАДАЛНИЦИ. Да им помогнеме!
Оди на подфорумот Хуманост на дело
Запамети, ЉУБОВТА ДЕЛОТВОРИ!!
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Мај.2011 во 15:42
Pozdrav za manifestacijava i za idejata da prerasne vo tradicionalna sredba. Vo Makedonija odamna postoi potreba za vakvi neshta.

Inaku, snimkata od televizijata mozhe da se snima na video i potoa da se postira na Youtube.
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,250 секунди.