|
Седмица посветена на Светото Писмо |
Внеси реплика |
Автор | |
Pravoslavie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Регистриран: 07.Октомври.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1732 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 07.Мај.2011 во 10:50 |
Седмица посветена на Светото Писмо - од 16 до 22 мај 2011 (конечна програма на настанот)Браќа и сестри, во рамките на проектот „Да живееме заедно како Црква“, а во организација на Црковната Општина „Св. Георгиј“ - Чаир и „ДОДОМА“ - Движење за организирана духовна обнова на Македонија, ќе се одржи за прв пат - „СЕДМИЦА ПОСВЕТЕНА НА СВЕТОТО ПИСМО“ Значи, од 16 до 22 мај, седум дена, пред и попладне, предавања, средби, трибини, разговори, молитва - и сето тоа посветено на СВЕТОТО ПИСМО/ БИБЛИЈАТА, посветено на ПОРАКАТА БОЖЈА која му е МЕРКА, ПАТ, СМИСЛА И ДУХОВНА ХРАНА НА ОВОЈ СВЕТ!
претпладне: од 10 и 30 часот, од 16 до 20 мај, црква „Св. Георгиј“ Чаир Прикажување на документарни филмови посветени на Светото Писмо со кафе/ чај дискусија по нив. Домаќини на дискусијата: презвитер Александар Митковски и презвитер Ивица Тодоров Во овој термин ќе имаме и промотивно – продажна изложба на книги со духовно – философска - психолошка тематика. Затоа, понесете КНИГА со вас, истата ќе можете да ја замените за друга или да ја продадете! Претпладневниот термин особено е погоден за средношколци и студенти, но и за сите „млади во душа“ трагачи по Вистината:)
1. попладне: 16 мај, понеделник, 18 часот, простор - Младински културен центар - МКЦ Отварање на Седмицата и предавања на тема: „Библијата – порака Божја до отпаднатото човештво“ предавач: презвитер м-р Ивица Тодоров
2. попладне: 17 мај, вторник, 18 часот, простор: црква „Св. Георгиј“ Чаир предавање: „Значењето и смислата на Стариот Завет “ предавач: презвитер м-р Ивица Тодоров
3. попладне: 18 мај, среда, 18 часот, простор: црква „Св. Георгиј“ Чаир предавање: „Значењето и смислата на Новиот Завет “ предавач: презвитер м-р Ивица Тодоров
4. попладне: 19. мај, четврток 18 часот. простор – Младински културен центар - МКЦ трибина: „Библијата – Божја програма за лично, семејно, црковно и општествено благословено и осмислено живеење“ воведничари на трибината ќе бидат: д-р Коста Милков – претседател на Балканскиот институт за вера и култура презвитер Игор Калпаковски г- дин Горан Величковски - новинар
5. попладне: 20 мај, петок, 18 часот, простор: црква „Св. Георгиј“ Чаир предавање: „Библијата во светлината на историјата и археологијата “ предавач: г – дин Денис Тенев
6. попладне: 21 мај, сабота, 18 и 30 часот, црква „Св. Георгиј“ Чаир Читање на духовна поезија, црковно пеење, дружење. воведничар во настанот: г - дин Душко Кралевски (осврт на духовното во поезијата на Блаже Конески)
претпладне: 22 мај, недела, од 9 часот, ЛИТУРГИЈА во храмот (молитвениот дом) „Св. Георгиј“ Чаир! На Литургијата - ќе инсистираме - да учествуваат сите вклучени во Седмицата, сите учесници, сите посетители - за сите на Бога - на Отецот и Синот и Светиот Дух - слава и благодарност да му вознесеме!
од Евангелието според апостолот Јован. 3, 16 - 21
16 Зашто Бог (Вечниот - JAHVE, Творецот на духовниот и материјалниот свет, нашиот Отец Небесен) толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син (Совечниот Син Божји, Словото, Осмислувачот на се што постои), та секој што верува во Него (Што ќе го прифати во себе како Месија, Спасител на светот, и ќе започне својот живот да го осмислува со од Него откриената вистина и вредности на постоењето) да не загине (да не го изгуби својот живот и во овој минлив, но и во вечнот свет), туку да има вечен живот ( во овој свет да ја стекне свесноста за вечноста преку духовниот спасителен живот во Црквата, а по второто доаѓање Христово и по воскресението од мртвите, да стекне полнота на вечен живот во Царството Божјо.) 17 Зашто Бог не Го испрати Својот Син во светот за да му суди на светот, туку светот да се спаси преку Него. 18 Кој верува во Него - нема да биде суден, а кој не верува, тој е веќе осуден, зашто не поверувал во името на Единородниот Син Божји. 19 А овој суд е затоа што Светлината дојде на светот, но луѓето повеќе ја засакаа темнината отколку светлината, зашто нивните дела беа зли. 20 Зашто секој, што прави зло, ја мрази светлината и не оди кон светлината, за да не бидат разоткриени неговите дела бидејќи се лукави. 21 А оној што твори вистина, оди кон светлината за да се видат неговите дела, бидејќи се по Бога извршени.
Слава ти на Тебе - Татко наш небесен - во името на Твојот Единороден Син во Светиот Дух и во Светата Црква - слава и благодарност што се повеќе зрели души повикуваш и од духовниот сон ги будиш и кон својот Син и Нашиот Спасител ги приведуваш и со силата на Духот Свет од злото и духовната смрт ги одделуваш. Слава и благодарност што разбудените, и во вистината Твоја утврдени души - кои се членови на Народот Твој/ Црквата Твоја - со љубов ги исполнуваш за со истата - новите, од тебе повикани души, - да ги прифаќаат и да им помагаат по Патот на спасението да зачекорат!
Слава и благодарност на Тебе - Боже наш - што ја будиш Црквата / Народот Твој во Македонија. Амин ДобреДојдени Сте сите!! за настанот можете да прочитате на ФејсБук |
|
Да погледнеме околу нас, таму има МНОГУ СТРАДАЛНИЦИ. Да им помогнеме!
Оди на подфорумот Хуманост на дело Запамети, ЉУБОВТА ДЕЛОТВОРИ!! |
|
Pravoslavie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Регистриран: 07.Октомври.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1732 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Доколку не знаете каде се наоѓа Црквата Свети Ѓорѓи Победоносец во Чаир, повелете мапа
|
|
Да погледнеме околу нас, таму има МНОГУ СТРАДАЛНИЦИ. Да им помогнеме!
Оди на подфорумот Хуманост на дело Запамети, ЉУБОВТА ДЕЛОТВОРИ!! |
|
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
На сите кои ќе присуствуваат и учествуваат на оваа седмица (но и на сите останати), одсрце им Го посакувам Духот на Совршеното Христово Православие, Кој е поголем и поважен од секоја човечка институција, секоја функција, секоја традиција, секоја нација, секоја деноминација, ... ! Амин! Тогаш ненадејно се создаде шум од небото, како силен ветар кога дува, и ја исполни целата куќа, каде што седеа. (Дела Апостолски 2:2) п.с. Минатата година, педесетницата започна баш (после зајдисонце) на истиот датум на кој ќе завршат овие собранија (22 Мај)! http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=21836&PN=3 Изменето од spiros - 08.Мај.2011 во 23:01 |
|
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
|
Pravoslavie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Регистриран: 07.Октомври.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1732 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
потсетувам, повелете од утре цела недела. Распоредот е во насловниот пост на темава. Сите сте добредојдени!
|
|
Да погледнеме околу нас, таму има МНОГУ СТРАДАЛНИЦИ. Да им помогнеме!
Оди на подфорумот Хуманост на дело Запамети, ЉУБОВТА ДЕЛОТВОРИ!! |
|
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Pravoslavie, има луѓе кои сакаат но неможат да дојдат (поради географски или здравствени причини) или несмеат директно да дојдат (поради верски причини и забрани од страна на верските водачи),...! Дали би сте можеле да направете видеа од тие собори и излагања, па така по тој пат да можат и таквите да “присуствуваат“ на седмицата? Поздрав Изменето од spiros - 16.Мај.2011 во 23:40 |
|
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
|
Pravoslavie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Регистриран: 07.Октомври.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1732 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
spiros,
многу сум благодарен за убавата идеја. Снимен материјал во форма на видео има направено Македонската Радио Телевизија од трибината одржана во четвртокот. Откако ќе биде обработен, ќе биде пуштен на телевизија. Можно е да биде поставен и на интернет. Фотографии од сите денови на Седмицата има на фејсбук профилот на отец Ивица Тодоров Во секој случај, се работи за прв настан од ваков вид, кој е планирано да стане традиција секоја година, Дај Боже ќе напредуваме! |
|
Да погледнеме околу нас, таму има МНОГУ СТРАДАЛНИЦИ. Да им помогнеме!
Оди на подфорумот Хуманост на дело Запамети, ЉУБОВТА ДЕЛОТВОРИ!! |
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Pozdrav za manifestacijava i za idejata da prerasne vo tradicionalna sredba. Vo Makedonija odamna postoi potreba za vakvi neshta.
Inaku, snimkata od televizijata mozhe da se snima na video i potoa da se postira na Youtube. |
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
Внеси реплика | |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |