![]() |
|
Фан клуб Челси |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 5678> |
Автор | |
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Тренерот на “сините“ призна дека неговиот тим не играл според очекувањата и дека тоа можело скапо да го чини.
Карло Анчелоти призна дека серијата лоши резултати на Челзи можеше да значи отказ за него, но и дека не е загрижен за својата позиција, иако управниот одбор на Челзи не ја исклучи можноста тој да си замине ова лето. |
|
![]() |
|
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Роман го загуби трпението?
Костурот на тимот во целост се менува за следната сезона. На Абрамович му 'прекипе', со нови луѓе во нов поход на Европа. Флоран Малуда и Николас Анелка се пред заминување од ''Стемфорд Бриџ'', бидејќи Челзи планира голема реконструкција на екипата. Пред заминување се и Жозе Босингва, Паоло Фереира и Јури Жирков, како и Дидие Дрогба. Неизвесно е и местото на тренерот на ''сините'', бидејќи сеуште е отоворено прашањето дали Анчелоти ќе остане. Погоре споменатите играчи го чинеа Челзи речиси 100 милиони фунти. Сигурно ќе останат легендите во клубот Френк Лампард и Џон Тери. Фернандо Торес е нов и сигурно ќе остане, како и Давид Луиз. Се очекува Абрамович повторно да вложи големи пари во засилувања, а голем е број и на имињата кои се во комбинација |
|
![]() |
|
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Тевез оди во Челзи?
Според најновите ''инсајдерски'' информации од Лондон, Челзи планира во своите редови да го доведе Карлос Тевез! Медиумите на Островот велат дека Роман Абрамович подготвува 40 милиони фунти за итроногиот напаѓач, што би довело до "тандем од соништата" во редовите на "сините" следната сезона. Сити сака да го задржи својот капитен и еден од најдобрите фудбалери, но тешко дека ќе успее да ја оствари таквата своја идеја, бидејќи Аргентинецот повеќе пати сезонава се пожали на животот во Манчестер, па дури и побара да биде продаден. Од друга страна, и менаџерот на Сити, Роберто Манчини изјавил дека не сака незадоволни играчи во екипата и дека ако некој сака да замине тој нема да му стои на патот. Самиот Тевез не би имал ништо против да остане во Премиер лигата, а Манчестер Сити најавува големи засилувања ова лето, па би можеле паметно да ги вложат парите од продажбата на незадоволниот играч. |
|
![]() |
|
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Абрамович ќе го направи Челзи секси-тим
|
|
![]() |
|
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Челзи го сака Зола за наследник на Анчелоти
Според извештаите на "Скај Спортс", поранешниот италијански фудбалер, Џанфранко Зола прерасна во најголем фаворит за превземање на клупата на Челзи од следната сезона. По неделниот пораз од Манчестер Јунајтед (1-2) на "Олд Трафорд" стана се поизвесно дека Челзи нема да ја одбрани титулата англиски првак, што за менаџерот Карло Анчелоти, според пишувањето на локалните медиуми, беше последна сламка, за спас на своето работно место иако договорно е врзан со "сините" уште година дена. 44-годишниот Зола ги бранеше боите на Челзи меѓу 1996. и 2003. година и во тој период за клубот постигна 80 гола на 312 меча. Зола е омилен меѓу навивачите на Челзи, а доколку навистина ја превземе клупата на Челзи тоа ќе му биде втор менаџерски ангажман во кариерата, откако во периодот меѓу 2008. и 2010. година го водеше Вест Хем. Клубот од "Стемфорд Бриџ" засега ги одбил коментарите за вакви медиумски шпекулации. |
|
![]() |
|
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
"Сан": Анчелоти се прости од навивачите на Челзи
|
|
![]() |
|
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Челзи и Анчелоти ја раскинаа соработката
Управата на Челзи објави дека ја раскинала соработката со Карло Анчелоти. Италијанскиот стратег за две години на клупата на лондонскиот прволигаш го водеше тимот до двојна круна во дебитантската сезона, но оваа сезона заврши без трофеј што е главна причина за разделбата. Управата на клубот излезе во јавноста со соопштение само неколку часа по поразот на Челзи од Евертон во последното коло од Премиер лигата. "Сопственикот и управата на клубот сакаат да му се заблагодарат на Анчелоти за неговиот допринос, од кога го превзема клубот во јули 2009. година, водејќи го клубот до првата двојна круна во историјата. Сепак, резултатите сезонава се под очекувањата и во клубот веруваме дека право време е да се направат промени за подготвени да ја дочекаме следната сезона. Карло секогаш ќе биде добредојден на 'Стемфорд Бриџ'." - се вели во соопштението на официјалниот веб сајт на Челзи. Гус Хидинк и Андре Виљаш Боаш се споемнуваат како главни кандидати за наследник на Анчелоти. |
|
![]() |
|
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Хидинг ја напушта Турција, поради Челзи
|
|
![]() |
|
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Снајдер и Хидинг пристигнуваат во 'пакет'?
![]() Холандскиот играч од средниот ред немаше сјајна сезона со "нероазурите", а Сер Алекс Фергусон го гледа како идеална замена за Пол Сколс, но барањата на Снајдер се превисоки, бидејќи побарал 200 илјади фунти неделно! Челзи чека да се реши ситуацијата со Гус Хидинг и Фудбалскиот сојуз на Турција, а од сојузот порачаа дека тој може да си замине за 4 милиони фунти. Клубот од Лондон е поврзуван ос многу трансфери ова лето. Први на списокот се Лука Модрич, Алексис Санчез, Нејмар, како и Ромел Лакаку. |
|
![]() |
|
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Малуда и Есиен за Снајдер
Интересни вести пристигнуваат од "Стемфорд Бриџ". Управата на Челзи сака да го 'претрка' Манчестер Јунајтед во борбата за Весли Снајдерм оа на колегите од Интер за одличниот Холанѓанец ќе понудат, не само пари, туки и Микаел Есиен и Флоран Малуда. "На Масимо Морати му се допаѓаат двајцата фудбалери на Челзи, но за ваков исчекор ќе мора да разговара со Леонардо." - пишува "Кориере дело Спорт". |
|
![]() |
|
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Дрогба посакува трансфер на "Вајт Харт Лејн"?
Според информациите на англиските медиуми од утринава, Дидие Дрогба сака да си замине од Челзи и во овој преоден рок да се пресели во Тотенхем! Тој немаше баш сјајна сезона, боледуваше од маларија, пред да го достигне своето ниво. Кога во јануари во Челзи дојде Фернандо Торес, беше јасно дека е пред крај неговата мисија на ''Стемфорд Бриџ''. Сега Челзи најавува уште засилувања за напаѓачката линија, па речиси е извесно дека 33-годишниот шпиц ќе замине. Покрај него, нов ангажман, би можел да побара и Николас Анелка. Тренерот на Тотенхем, Хари Реднап, силно го посакува фудбалерот од Брегот на Слоновата Коска, а наводно самиот Дрогба побарал да биде ставен на трансфер листата, за лондонскиот клуб да го откупи. Голгетерот е моментално на одмор, а повеќе околу неговиот статус ќе се знае во следните неколку недели. |
|
![]() |
|
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Вилјаш-Боаш доаѓа на клупата на Челзи
![]() Талентираниот португалски стручњак Андре Вилјаш-Боаш ќе биде новиот тренер на Челзи, ако се суди според англиските обложувалници. Тие се толку сигурни во неговото доаѓање на "Стемфорд бриџ", што веќе не примаат облози на тоа ќој ќе биде наследникот на Карло Анчелоти на клупата на "сините". За разлика од Интер, Роман Абрамович, се чини, е подготвен да ја плати откупната клаузула од договорот на 33-годишниот Вилјаш-Боаш со Порто, која изнесува 15 милиони евра. Тоа би било негово враќање во Челзи, бидејќи таму го учеше занаетот како помошник на Жозе Мурињо. - Засега немаме примено информација дека некој клуб сака да ја активира откупната клаузула од 15 милиони евра, ниту, пак, тренерот изразил желба за тоа - стои во соопштението на Порто. И португалската новинска агенција "Луса" објави дека Вилјаш-Боаш ќе го преземе Челзи, додека Гус Хидинк ќе дојде на една од директорските позиции. - Ако некој ги уплати овие пари, ние не можеме да го спречиме неговото заминување - рече првиот човек на Порто, Пинто да Кошта. |
|
![]() |
|
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Сега и официjално, Андре Виљаш-Боаш три години во Челзи
|
|
![]() |
|
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Виљаш Боаш го носи Хулк во Челзи
Новиот тренер на Челзи, Андре Виљаш Боаш побарал од сопственикот Роман Абрамович на "Стемфорд Бриџ" да го доведе напаѓачот на Порто, Хулк, а рускиот милијардер со насмевка ја прифатил желбата. Интересно е дека Абрамович не делел толкав ентузијазам кога за истиот играч замолил поранешниот тренер Карло Анчелоти |
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 5678> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |