IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Фудбал > Фан клубови
  Активни теми Активни теми RSS - Фан клуб Барселона
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Фан клуб Барселона

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 10>
Автор
Порака Обратен редослед
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Март.2012 во 07:33

Барса со играч помалку подобра од Хихон

Барселона на „Ноу Камп“ го совлада Спортинг Хихон со 3:1 во 25. коло од шпанската Примера.


Барса со играч помалку подобра од Хихон


Иниеста во финишот на првиот дел го отвори резултатот, но гостите од Хихон на стартот од второто полувреме навестија изненадување. Почна со црвениот картон на Пике, кој како последен играч во одбраната направи прекршок над противничкиот играч, а судијата го исклучи.
Без Лео Меси, кој паузира заради жолти картони, каталонскиот тим до трите бода стигна потешко од очекувањата.

Веќе во 49. минута Хихон ја искористи предноста од фудбалер повеќе, а стрелец беше Барал


Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Февруари.2012 во 17:07

Најголемиот бразилски талент на денешницата, Нејмар се уште се двоуми за тоа каде би ја продолжил својата кариера откако ќе го напушти Сантос.

neymar.jpg500

Со неговата последна изјава се чини дека Бразилецот е се поблиску до екипата на Барселона.

За ангажман на Нејмар се загреани лутите шпански ривали Барселона и Реал Мадрид, а Нејмар откри дека неговиот идол и добар пријател Роналдињо му го препорачал каталонскиот клуб за кој и тој еден период од кариерата настапуваше.

-Роналдињо секогаш бил пример за мене. Секогаш сум ги слушал неговите совети. Во еден момент тој ми зборуваше прекрасни работи за Барселона, за клубот и за градот, изјави Нејмар.

Договорот на Нејмар со екипата на Сантос завршува во 2014 година, а кога беше запрашан дали постои шанса тој да се пресели во Европа и пред истекот на договорот, Нејмар одговори: „Се е можно“!

Кон врв
Schatzii7 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unglaublich

Регистриран: 19.Октомври.2011
Локација: Lost somewhere
Статус: Офлајн
Поени: 7061
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii7 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Февруари.2012 во 15:47
Барса - Валенисија 5:1 големо гушкање
Меси - Валенсија 4:0  хи, хи...
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јануари.2012 во 14:49

Биелса ќе биде наследникот на Гвардиола


 




Претседателот на Барселона, Сандро Росел го гледа Марсело Биелса како идеален наледник на Гвардиола на клупата на каталонскиот гигант.


Сандро Росел ништо не остава на случајноста. Тој веќе има решение доколку Пеп Гвардиола се реши да ја напушти Барселона.


Моментално прва желба на Росел е Марсело Биелса, сегашниот тренер на Атлетик Билбао. Така барем пренесува шпанскиот весник Ас.


Иако главната цел на челниците на Барселона е потпишување на нов договор со Гвардиола, тие се спремаат и за поинаква алтернатива.


Искусниот аргентински стратег беше и на клупата на чилеанската репрезентација во минатото.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Август.2011 во 23:51

Фабрегас за 40 милиони евра во Барселона

Барселона и Арсенал, конечно, го договорија трансферот на Сеск Фабрегас на "Камп Ноу", во висина од 40 милиони евра. Шпанецот потпиша петгодишен договор со Каталонците, а неговата откупна оштета ќе изнесува 200 милиони евра. Дваесет и четиригодишникот успешно го мина медицинските преглед, и би можел да дебитира идната недела.
- Долго време чекав на овој момент. Ова е посебен ден во мојот живот. Знам дека многумина се разочараа кога си заминав, но еве по осум години повторно сум во Барселона и подготвен сум да освојувам трофеји - изјави Фабрегас, откако беше презентиран пред околу 30.000 навивачи на Барселона.
Тој потекнува од младинскиот погон на шпанскиот и европски првак, но во 2003 година се пресели во Арсенал. Фабрегас одигра преку 300 меча за лондонскиот состав, но освои само еден трофеј и тоа ФА купот во 2005.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јули.2011 во 07:43
Кркиќ во Рома за 12 милиони евра

 

Актуелниот европски првак Барселона официјално објави дека досегашниот напаѓач на тимот Бојан Кркиќ ќе замине во екипата на Рома за 12 милиони евра.

Каталонскиот тим ќе има право на откупување на неговиот договор до летото 2013 година за сума од 13 милиони евра.

Од Рома може да го блокираат правото на откупување, но во таков случај трансфер сумата на Кркиќ ќе нарасне до 40 милиони.

Дваесетгодишниот Бојан денеска одржа проштална прес конференција на Ноу Kамп пред да замине за Рим каде ќе ги мине лекарските прегледи.

„Дванаесет години се наоѓам во клубот. Во последните четири години ми беше привилегија што се наоѓам во најдобриот тим во светот. Една од причините што си заминувам е што не ми беа укажани доволен број шанси да се докажам, особено во финалето во Лондон".

„Освоив две шампионски титули во Лига на шампиони, но моите чувства се поделени затоа што не играв. Имам 20 години и сакам да покажам што умеам. Ќе ми недостасуваат многу работи, соиграчите, градот, играњето на Ноу Камп, и дресот за кој секогаш сум се борел, но се надевам дека во Рома ќе ја вратам радоста за повторно играње фудбал, која во последнава година ми недостасуваше", изјави Кркиќ.

Младиот напаѓач одигра 157 натпревари за Барса и постигна 43 гола, но во последната сезона падна во втор пласн кај тренерот Гвардиола и по доаѓањето на Алексис Санчез доби зелено светло да го напушти клубот

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јули.2011 во 06:20
Потврдено: Алексис Санчез во Барселона

Барселона и Удинезе постигнале договор и алексис Санчез следната сезона ќе игра за Каталонците, потврдил синот на сопственикот на Удинезе, Џампаоло Поко.

Приказната дека трансферот на 22-годишниот напаѓач е реализиран се појави во јавноста минатата недела, но до денес никој официјално не сакаше истата да ја потврди. Се чекаше да заврши учеството на Копа Америка, а пред некој ден и таа пречка е отстранета.

"Договор со Барселона околу Алексис Санчез е постигнат" -рекол Џино Поко за едно шпанско радио.

Трансферот го најави и Пеп Гвардиола кој и покрај трката на Барса за Цеск Фабрегас изјавил дека "чилеанската сензација" е мета број еден ова лето.

"Тој може да игра на три позиции, голем работник е, одличен во дуелите еден на еден и добро момче. Тој е најблизу до идеалот кој го бараме." - рекол Гвардиола.

Санчез постигна 12 гола на 27 меча за Удинезе. Трансферот е вреден околу 30,5 милиони евра плус бонуси

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јуни.2011 во 06:09
Барселона го купува Давид Луис?

Давид Луиз можеби ќе го напушти Лондон само по пет месеци откако пристигна во Челзи, пишваат англиските медиуми. Според информациите, Барселона пројавила голем интерес за бразилецот. Се претпоставува дека каталонците ќе понудат 27,5 милиони фунти за Луиз кој пред само пет месеци од Бенфика прејде во Челзи за 21,3 милиони фунти. 24-годишниот фудбалер одигра одлични 12 натпревари за Челзи и го привлече вниманието на Гвардиола кој по секоја цена во својот тим сака да доведе нов дефанзивец, по проблемите со повредите на Пујол

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јуни.2011 во 13:41

Алексис Санчес во Барселона за 54 милиони долари

Удинезе се согласи да го испрати Чилеанецот Алексис Санчес во Барселона за 54 милиони долари, освен доколку Манчестер сити не му ги смени плановите во последен момент. Дваесет и двегодишното крило деновиве ќе ги прекине подготовките со репрезентацијата за Копа Америка, со цел да го комплетира трансферот, во кој би бил вклучен четиригодишен договор, вреден 4,4 милиони долари од сезона.
Санчес, кој треба да стане првиот Чилеанец во дресот на Барса, даде 12 гола минатата сезона и му помогна на Удинезе да се пласира во квалификациите за ЛШ. Во случај да се реализира овој трансфер, тоа ќе биде една од најдобрите зделки во историјата на италијанскиот фудбал, имајќи предвид дека Удинезе го доведе Санчес пред три години за само 2,8 милиони долари.
Весникот "Сан" објави дека Сити ќе се обиде да и ги помрси сметките на Барселона со понудата од 57 милиони долари.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јуни.2011 во 05:50
Барселона подготвена да го продаде Виља поради Фабрегас?

Напаѓачот на Барселона, Давид Виља ви можел да биде продаден за во клубот да биде доведен Цеск Фабрегас, се последните информации кои пристигнуваат од шпанските медиуми.

Европскиот шампион се труди да обезбеди доволна количина пари за Цеск, а една од варијантите е да го продаде Виља, што веројатно би ги шокирало навивачите на Барселона.

Виља во Барса мина само година дена но постигна 18 гола и во голем дел допринесе за освојување на титулите во Лигата на Шампионите и Примера.

Парите од евентуална продажба на Виља, Барса би ги насочила кон Фабрегас, а оние кои веќе ги имаат за Џузепе Роси и Алексис Санчез.

Од друга страна, одделни шпански медиуми нагласуваат дека тренерот Пеп Гвардиола "ни во лудило" не би дозволил продажба на Виља поради Фабрегас, колку и да е квалитетен капитенот на Арсенал.

За Виља интерес покажаа Челзи и Манчестер Сити

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јуни.2011 во 06:44
Барселона со официјална понуда до Фабрегас

Барселона веќе започна третата офанзива во обид да го донесе капитенот на Арсенал, Цеск Фабрегас, на "Камп Ноу". Според медиумите од Англија, каталонците веќе официјално упатиле понуда до Арсенал за Фабрегас, која е во вредност од 50 милиони фунти. Во договорот ќе биде вклучен и младинскиот репрезентативец на Шпанија, Тиаго Алкантара. Според некои информации, фудбалерот дури веќе се збогувал со своите соиграчи, откако им го поделил мали подароци при нивната последна средба на крајот на минатата сезона. Сериозен интерес за Фабрегас има и кај тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, но засега "белите" се пасивни во наддавањето за шпанскиот репрезентативец. Барселона повторно се активираше и се очекува овој трансфер да се финализира во блиска иднина.

Кон врв
gonzo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Мачкозил

Регистриран: 04.Декември.2008
Локација: У дневну
Статус: Офлајн
Поени: 3137
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај gonzo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Мај.2011 во 00:04
Prošla je kroz moj život, kao Messi kroz Realovu odbranu.....плазењеплазењеплазење


Изменето од gonzo - 04.Мај.2011 во 00:06
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
Кон врв
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Мај.2011 во 20:09
во исчекување на натпреваротчекање
Go go go ale ale aleзабава
кловн
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
pajser Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
kloshar

Регистриран: 04.Март.2011
Локација: Lao People's Dem. Rep.
Статус: Офлајн
Поени: 13900
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pajser Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Април.2011 во 16:44
  b a r c a
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 10>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.