IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Свет
  Активни теми Активни теми RSS - Арапскиот свет и што потоа ????
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Арапскиот свет и што потоа ????

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1314151617 30>
Автор
Порака
Platenik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Platenik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Април.2011 во 03:00
Македоне,

Искрено се надевав на поиздржана дрискусија, објективна и арументирана, а не субјективизирана од тековните демагошки демократски вредности.

1. Чешка и Словенија

Добивам врпечаток дека не ме дочитуваш од причина што пред се сакаш да демантираш, а не да дебатираш.

Во мојот пост напишав:

“Ако има некоја словенска група на нардои која е на повисоко ниво, тоа мора да бидат сепак оние кои биле поблиску до севорзападна Европа. Но и тие биле под силно вилјание на опкружувањето. Ако некој можел од нив автохтоно да се развива тоа биле Русите и донекаде Полјаците“.

Чешка и Словенија се земји кои се поблиску до северозападна Европа. Тие се земји кои биле под силно влијание на процесите кои се одвивале во тој дел на Европа и пред се под огромно влијание на Германија. Таа близина им овозможила да станат многу поразлични од останатите Словени. Нивниот вредносен систем и мнеталитет многу повеќе наликува на германскиот или автрискиот отколку што наликува на онај кој го имаат “турските“ или источните Словени. Ако сакаш да знаеш, има дури разлика во споредба и со нивните непсоредни словенски соседи, Словачка и Хрватска иако сите четири биле во составот на иста држава или исти држави. Јас би рекол дека и кај Чесите и кај Словенците има одредена доза на германизација од која подоцна ќе се должи нивната просперитетност.

Не те разбирам зошто мораш да го симплифицираш разговорот?! Словенскиот и Чешкиот народ секогаш биле во сенка на германскиот и никогаш во управувачките ешалони на германските држави. Полјаците и Русите се посебна приказна, тие автохтоно се развивале. За мнозинството туските Словени нема потреба да зборувам. Тие 500 години биле газени од малцинските Османлии. Некој кој имал силни државнотврони традиции нетрпи чизма 500 години, и дел од неговото население не се продава за торба урда.


2. Јелачиќ и Павелиќ

По мене нема разлика меѓу нив. И едниот и другиот се борел за хрватскиот народ. И двјацата асоцијацијата ја гледале со германските држави. Кај Јелачиќ како 5-та виолина во склопот на Австро-Унгарија (значи не самостојност), а кај Павелиќ како марионета на најдекадентното политичко-општествено уредување, фашизмот. Ниту едниот ниту другиот го обезбедил сонот на хрватскиот народ. Одредени романитчари ќе гледаат и кон едниот и кон другиот позитивно.

Овде ја дискутираме нивната цел и нивните политчки алијанси, а не методите со кои Јелачиќ и Павелиќ се обидувале да ја постигнат целта.

3 Нуклераното и останатото оружје за масовно уништување      


Ќе речеш: „Можеби и би се употребило, но не толку лесно како што тоа може да се употреби во едно тоталитаристичко општество. Да, имам доверба во демократијата, но не во "демократите", кои поскоро се демагози“.

Не можеби би се употребило, туку тоа било употребено и сеуште се употребува (во осиромашена форма) баш од демократските демагози, како ти ги нарекуваш.

“Брендирањето“ на тоталитаристичките општества дека тие полесно би го употребило тоа оружје е само претпоставка која се пласира баш од демагозите. Верувам кога и демагозите би биле под таков економски и политички притисок не би се мислеле двапати кога некој би го довел во прашање нивниот интегритет и вредносен систем. Всушност не, не би се мислеле, туку не се мислеле и не се мислат.Тоа е факт!

Се прашувам кој ќе ја сноси оговорноста за инсинуациите за наводното поседување на оружје за масовно уништување од страна на режимот на Садам Хусеин, а кои беа причината за хајката против него и Ирак?! За последиците од цивилните жртви и појавата на фундаметализмот, онаму каде што го немаше, нема да зборуваме.

4. Царот Николај

Каков аргумент е тоа што некој покажува видео клипови дека некој дома држел слика од Царот Николај?! Тоа го прави Царот прогресивен, реформатор.... или дека мнозинството него го подржувало. Доста со тие пропаганди и романтичартски заноси.

Па знаеш ли колку луѓе држеле слики дома од Цар Борис, Кралот Александар, Дража Михајловиќ, Анте Павелиќ, Мусолини, Хитлер, Менгеле.... по втората светска војна? Дали знаеш колку луѓе и ден денеска држат нивни слики или колку луѓе држат слики од Тито, Че, Ленин или кралицата Елизабета?

5. Северна Кореја УБИ цивили во Јужна Кореа

Работава е сламка-греда! Треба ли да ги излистам сите војни, ослободителни и терористички, во кои биле убиени МИЛИОНИ цивили, а во кои биле ангажирани демагозите?

Всушност тоа го имав сторено порано, војните се со стотици, а жртвите се милионски.

6. Оранж (Портокалов) гас

Хемиска војна

Ефектите од агентот оранж

Во акција

Северна Кореја уби цивили

За повеќе информации гуглај Agent Orange

7. Дали го подржувам тоталитаристичкиот режим во Северна Креја

Нема потреба од такво прашање. Јас тоталитаризам не подржувам, од било која страна. Дали станува збор за тој кој е наметнат од демократите или терористите, тотатлитаризмот подеднакво го осудувам. Секој треба да си одговара за последиците од акациите кои ги превземал во борбата да ја докаже сопствената вистина или супериорноста на неговиот вредносен систем.

Не подржувам никого кој применува неконтролирана примена на сила. Го подржувам правото на секој еден народ да се определува за она што е, се организра според убедувањето на мнозинството и вредносниот ситем кој оговара на нивната култура, слободно и без притсок ги спорведува истите и непречено располага со ресурсите (според пазарните законитости) кои му стојат на располагање.


Ајде малку да погледаме на позитивната страна од досадниот северно Кореански живот:

Гитаријада

Тапанари

Радецки марш на северно кореански начин

Пјонгјанг

Метро

Стоковна куќа 1989

Јас одсекогаш сум тврдел дека азијатите се многу талнетиран народ, работлив, послушен и истраен. Само треба да им се дозволи да си ги покажат способностите.

ПС. Што се однесува до експлоататорите, домашен или странски, мене повеќе би ме болела експлоатиацијата од домашниот. Кога ти го прави тоа некој свој повеќе боли.

Екслопатираниот и експлоататорот се спротивставени и нивните интереси не се исти, без разлика што тие им припаѓаат на еден ист народ. Некој газда има многу повеќе заеднички, обединувачки фактори со некој газда од друга нација, отколку што би имал со боранијата од соствениот народ. Статусот е битен, нели.

Изменето од Platenik - 27.Април.2011 во 03:21
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“

Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Април.2011 во 20:25
Platenik, се трудам да бидам максимално објективен, барем во однос на историскиот развиток. Ако сакаш верувај, ако сакаш не, ама ако нечии постови препрочитувам на форумов по два-трипати, тоа се твоите и постовите на уште неколкумина.

Направив превид во однос на Чешка и Словенија, точно, но целта ми беше да потенцирам дека и кога Словенија се наоѓаше во рамките на СФРЈ не беше со "петокраката на "чело, како што и Чешка не беше, додека беше под чизмата на СССР. Ќе се согласам секако, дека си во право во однос на германското влијание, но подоцна, токму тоа влијание беше истиснувано од СФРЈ и СССР, но и покрај тоа, токму тие беа најнапредните. Исто сакав да кажам дека и Чешка имала средновековна држава, Бохемија, која определен период била самостојна и мошне моќна држава, а со тоа народот имаи и сопствени државотворни традиции, кои траеле цели пет века.

Во однос на словенските народи, како и на Грците и другите народи, Макијавели најубаво ги објаснил почетоците на турската доминација. А тоа дека некој што имал силни државотворни традиции не трпи ропство е неточна фраза. Зарем Грците не ги имаа државотворните традиции на Византија? Зарем Италијанците не ги имаа државотворните традиции на Римската Империја, кога неколку векови немаа обединети држави, туку се наоѓаа под власта на Французите, Германците и Папата? Не би ги вброил тука и Словените, и ќе кажам дека си во право иако и тие во рамките на Византија определени периоди имаа високи позиции, па дури и свои институции, како што е Охридската Архиепископија. Во прашање е политиката. Пак ќе ти го споменам разговорот меѓу Макијавели и кардиналот од Руан.

А и веќе ако планираме да говориме отворено, зарем не треба да споменеме дека Отоманската Империја прифати огромен дел од традициите на Византија. Самиот факт што турскиот Султан, кој бил најмоќниот и најбогат човек во Империјата бил под огромно влијание на Цариградската Црква, која во една Муслиманска држава станала држава во држава и изградиле црковна империја говори доволно. Зарем турскиот Султан ќе ги исполнуваше сите барања на Цариградската Црква доколку навистина таа беше толку потчинета и понижена? Да, беше, но глупавоста и алчноста на Султаните желни за купување на политичкиот мир од грчкиот народ направи духовен господар на Отоманската Империја. Зарем доколку беа толку потчинети, Цариградската Црква ќе можеше да се наметне како духовен и световен лидер на Христијаните во Отоманската Империја? Не знам дали ти е познат фактот дека кога избила грчката револуција за независност, Цариградскиот Патријарх ги екскомуницирал лидерите на движењето. Зошто тој би го сторил тоа? Затоа што многу добро знаел дека такво нешто ги уништувало плановите на Цариградската Црква за културно и духовно наметнување врз Турците. Токму затоа и Грците, народ кој преку Цариградската Црква ги влечел традициите, молчел под чизмата на малцинските Турци. Пак ќе кажам, Макијавели бил во право кога кажал дека политиката може да го оствари и она што не може војувањето.

Во однос на Јелачиќ и Павелиќ, биле принудени да гледаат кон германските држави. Јелачиќ поради тоа што Хрватска се наоѓала во рамките на Австо-Унгарија, додека пак, Павелиќ, затоа што друга држава освен Германија, на тие простори немала намера да дозволи формирање на слободна држава Хрватска. Стравот од Италија кај Павелиќ бил пресуден.

Нуклеарното оружје и оружјето за масовно уништување можеби не било искористувано, но затоа тоталитаристичките социјалистички системи сопственото население го уништиле со многу помалку софистицирани методи, како што се концентрациони логори, експериментирања врз луѓе, нешто што и денес постои во Северна Кореја, разно-разни чистки, гладување, затворање и многу други нешта.

На крајот на краиштата, демократските системи не уништија 70 милиони животи на земјата. На темата на политика за капитализмот и социјализмот точно ги имам наведувано земја по земја, иако немам податоци од сите земји. Досега собрав седумдесет милиони само од неколку земји.

И немој да ми кажеш дека тоталитаристите не користеа оружје за масовно уништување. СССР зарем не користеше такви нешта во борбите во Авганистан? Арапските земји кои беа блиски со СССР од каде го добиваа тоа оружје кое го поседуваа? Антраксот зарем не го имаше изолирано СССР? Корејската војна кој ја предизвика и што се се правеше таму? Да не беше тоа Јужна Кореја?

Дека Садам Хусеин требаше да одговара за воени злосторства и геноцид нема дилема. Ова и Ова се негови дела. Дека не поседуваше нешта за кои го обвинуваа дека поседуваше, истотака нема дилема.

За рускиот Цар Николај ќе кажам само дека доволно е тоа што неговите идеи за развој на државата и проекти беа прифатени и од комунистите. Не би сакал да го споредам Царот со тие кои ги наведе. Сите тие се товарат за многу нешта, кои верувам и самиот добро ги знаеш.

За Северна Кореја работата за тебе е еднаква на сламка и греда? Дали и ова е дел од сламката и гредата:

Тајните жртви на Северна Кореја

Убиствените полиња на Северна Кореја (прв дел)

Убиствените полиња на Северна Кореја (втор дел)

Документарец на BBC, прв дел

Документарец на BBC, втор дел

Напиши на google: Yodok или Camp 22 и гледај го тоа.

Вакви видеа можам да поставувам од утре, ама доволни се и овие видеа. Треба ли да правиме анализа на идејата на Ким Ил Сунг во однос на Јуче идејата и да видиме што таа носи? Мислам дека и самиот гледаш. Овие луѓе веќе се робови на системот. Тие се толку зависни од режимот, што дури веќе се поставува прашање дали би преживеале и без него.

Дали сега гледаш на што цело време алудирам и зошто не сакам системи каков што е социјализмот? Затоа и сум против секаков тоталитаризам. Тоталитаризмот од луѓето прави нелуѓе. Прави крвожедни и отапени суштества, кои својата крвожедност ја надополнуваат со тотално изгубено чувство за реалност и неможност за снаоѓање во честите промени кои се случуваат. Овие луѓе се духовни инвалиди, робови на болна идеја како јучеизмот. Доколку се случи промена во оваа земја, половина од овие ќе се борат за враќање на стариот систем, не поради тоа што е многу добар или затоа што многу го сакаат, туку затоа што воопшто нема да може да се снајдат со нивното отапено чувство за реалност. Овие луѓе се на ниво полошо од она на кое биле закрепостените селани. Овие луѓе веруваат дека се во константна војна. Ваков систем прави човекот целосно да ја загуби човечноста.

Ова кое си го поставил не знaм по што сметаш дека е толку посебно. Ако ова им е единствената придобивка, тешко ним, а и на останатите во близина. Сите ние сме оделе на приредби, дури и денес има емисии за талентирани деца на македонските канали. Патем, Пјонгјанг е место каде што живеат само одбраните и затоа е подобар од другите тамошни места, иако погледнат од денешен аспект, наликува на советски град од шеесетите години.

Ако веќе говориме за економски аспекти, погледни го ова и ова. Ова го има само во најсиромашните места на светот. Ама и таму, сепак, смеат да се побунат. Во Северна Кореја и покрај ова, не смеат. А ако видеше поубаво на сликата, странците комуницираат само со водичот, а во близина нема Корејци. Знаеш ли зошто?

И додека јас и ти дебатираме овде, преку интернет, оддалечени повеќе километри, без воопшто некој и да помисли да не цензурира, тие веруваат дека се во војна, немаат дури ни телефони, а и онаа верзија на државен "интернет" што ја имаат е цензурирана. Затоа и си веруваат дека се едни од најнапредните општества, а немаат ниту доволно бензин и струја.

A стоковната куќа која си ја поставил е од 1989 година. Тогаш Корејците добиваа огромна помош од СССР. Денес Кореја воопшто не е тоа што била во 1989 година. Сеуште имаат глад и полупразни продавници. И сеуште најголема помош добиваат од "империјалистите" од Јужна Кореја.

Во однос на газдата кој го спомнавме, пак ќе кажам, подеднакво би ме болело, не поради тоа што е наш, туку затоа што тој што е наш веќе одамна се потрудил да не биде наш и нема разлика меѓу него и странецот.

Сликите кои си ги поставил се ужасни, едвај ги догледав. Тоа што го видов за децата е неописливо со човечки зборови Таквите кои го правеа ова треба да одговараат за воени злосторства против човештвото. Секој напад на недолжни цивили е напад на демократијата. А тоа не е демократија. Тоа е демагогија за демократија.

Верувам дека ќе кажеш дека демократијата која јас си ја замислувам е недофатлив идеализам, но, мислам дека таквата демократија веќе во некои земји постои и затоа верувам во неа. Кога станува збор за политика сум реалист, дури и повеќе отколку што треба.

Изменето од Македон - 27.Април.2011 во 22:24
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Април.2011 во 23:30

lele,lele...lele...zarem ushte eden raj imalo na planetava?!изненадување

...ne mi e jasno samo,...kako moze nekoj pameten kako nego ,..da dava tuka idilichni prilozi od zemja kako severna koreja?збунетост
 
kade shto srekjnite lugje svirat na gitari,...tapani,..
 
...i kade shto nema shto nema po tamoshnite prodavnici,...za nevidenata arhitektura nema diskusija!
 
...samo edno bi go prashal nego:
 
...zoshto so sila gi ''drzat'' doma lugjeto,,...inache ''polovina''bi izbegale od tamu ( a i begaat ponekoi hrabri,koga ke im se ukaze prilika!),
...zarem se tolku tie glupavi i kreteni pa ne znaat shto e lesen i ubav zivot, pa od takov raj shto begaat?изненадување
 
...isti sluchaj e i vo tukashniov ''paradajz'' ,...samo shto ima podruga prichina zoshto tukashnive ne begaat...barem zasega!
 
a be ajde....begaj!ма%20ајде
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
Platenik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Platenik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Април.2011 во 02:40
Ќе ти одбијам на глупоста во однос на воведната реченица на твојот преходен пост. Ако некој постирал безмалку 9000 постови има многу поголема веројатност тој да се повторува во споредба со некој кој има постирано 2500.

Некој кој е субјективен и пристрасен кон нешто (па било тоа и политичкоto уредување) тој неможе да биде објективен. Тој ќе тргнува од својот ментален склоп, сопствените убедувања и од она како го перцепира светот.
Политчкото убедување игра голема улога во формирањето на ставовите.

Како што реков во мојот преходен пост, добивам чувство дека не ме дочитуваш и брзо брзо се впушташ во контра одговор, без да размислиш или анализираш подлабоко во кој правец ја водам дискусијата.

И пак ќе се повторам, ниту демократите се толку бели, ниту “тоталитаристите“ се толку црни. Ниту капитализмот е цвеќе, ниту пак социјализмот беше подобар, се разбира онаков каков го познававме. Ако не си приметил протагонист сум на избалансиран пристап и се обидувам да гледам критчки подеднакво на двата система.

Сликите кои неможеш да ги гледаш се рзултат од демократската интервенција на демократите против Виетнам. Покрај 2,5 милиони убиени во виетнамската војна овие кои ги гледаш на сликите му доаѓаат како екстра. Нивниот број не се знае, а бројката ќе расте и во наредните 50 години. Зошто замижуваш зад тие факти? Те прашав дали некој од лидерите на овие злодела ( и многу други) ќе одговараат пред меѓународниот суд на правдата?

За 70-те милиони жртви што нон стоп ги повторуваш и им ги припишуваш на “комунистите“ веќе ти одговорив. Провери си ги бројките, од причина што вкупната демократска загуба во наведениот временски период е нешто поголема од бројката која ја презентираш. Физчки е неизводливо да сите тие биле жртви на комунизмот. Од 1 милион жртви на просторот на бивша Југолсавија, процентот на оние кои биле убиени од комунистите е значително помал во споредба со убиените од оние другите. Четници, Усташи, Белогардејци, Балисти, Германци, Бугари, Италијани....

Мислам дека доста беше со цитирањето на Макијавели, притоа користејќи ги неговите толкувања како оправдување за двојните стандарди.

Целта не е само како филозофски да се обработи некое политичко уредување и констатираат неговите слабости, туку од истите да се изнајде начин како неправилностите да се отстранат и системот промени.

Историски гледано, ниту еден цар или крал неможе да се карактизира како прогресивен од аспект на денешните прифатливи норми. За дел од таквите личности може да се каже дека биле пред своето време и имале визионерски способности. Тоа важи и за Романов. Но и таквиот Романов за каков ти го преставуваш, за огромното мнозинство бил суверен, властодржец тиран за широките нардони маси. Незрело е да се каже дека комунистите ги подржувале неговите реформи кога баш тие се обидувале да го промената декадентниот феуделн систем. Од целокупната плеада на руски властодржци, несомнено само двајца биле пред своето време, Петар и Катерина. Другите сите биле обични тирани или диктатори, според денешната терминологија.

Да повотрам уште еднаш, за да не се разбереме погрешно, не сум на страната на социјалистите туку целта ми е да ги претставам недоследностите на систомот кој ти толку емотивно го браниш, а другиот го напаѓаш. Вистината е некаде на средината.

Концентрирајќи се на македонската средина, во Македонија од воведувањето на плурализмот и демократијата никогаш повеќе немало криминал, убиства, проституција, дрога, нарушени морални норми, непотизам, корупција, невработица, чувство на безилезност..... Дали се ова придобивките од демократските процеси?


Што се оденсува до Северна Кореа и сличните на нив докажани тоталитаристи, како Либија, Ирак, Иран, Аванистан, Куба, Зимбабве, Венецуела.... (незнам дали во оваа група да ги вклопам и Пакистан, Судиска Арабија Јемен, Мароко, Емиратите, Кувајт, Брунеи.... од причина што овие не се на црната лисита на демократите) можам само да повторам:

Не подржувам никого кој применува неконтролирана примена на сила. Го подржувам правото на секој еден народ да се определува за она што е, се организра според убедувањето на мнозинството и вредносниот ситем кој оговара на нивната култура, слободно и без политчки и економски притсок ги спорведува истите и непречено располага со ресурсите (според пазарните законитости) кои му стојат на располагање.

ПС. Сакаш да кажеш дека домашниот експлоататор кога ќе стане ист како странскиот тебе розите ќе ти процветаат?! Дали тој кој одамна се потрудил да небиде наш треба да го сметаме за наш?

Демократијата која ти ја замислуваш сеуште непостои во ниту една земја. Во некои земји работите се подобри во некои полоши, но суште далеку од она што треба да биде. Незначи дека во иднина нема да биде онака како што сакаме да биде.

Се дотогаш ќе дебатираме, каубојци-индијанци, партизани-фашисти, капиталисти-комунисти, демократи-тоталитаристи....

Изменето од Platenik - 28.Април.2011 во 14:24
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“

Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Април.2011 во 18:20
Oдбиј на што сакаш, но, за некои нешта информирај се подобро, пред да донесуваш заклучоци само од статиите на Енгелс. Јас еднаш кажав, во однос на историскиот развиток, во одделни нешта теориите на Маркс и Енгелс одамна не држат вода, почнувајќи од тезата дека историјата е борба на класи и дека социјализмот треба да се постигне со револуција.

И не станува збор за никаков субјективитет, станува збор за активно живеење, за постоење како дел од тој систем, а во огромен дел за бројки и факти. Тоа што тие факти не му се допаѓаат некому, не ги прави помалку или повеќе факти. Тоа се факти, сакале ние или не.

Не би ги анализирал твоите чувства, но, јас пак веќе сум сигурен дека не станува збор за нечитање, туку за неразбирање меѓу мене и тебе. Не би анализирал на што се должи тоа.

Велиш дека демократите не се толку бели, а ни тоталитаристите толку црни. Јас како што неколкупати посочив, не ги бранам демократите, најмалку пак демагозите, кои позади наметката на демократијата вршат секакви злосторства, туку самиот демократски систем. А и никаде не сум посочил дека капитализмот е цвеќе. Изгледа не станува збор за тоа дека јас не дочитувам, туку ти не ме разбираш. Јас, ако се сеќаваш, затоа што токму тогаш и ти се вклучи во дискусијата, неколкупати посочив дека постапките на демократите се демагогија и напад на демократијата и доведуваат до тоа многу лица кои веруваат во демократијата, меѓу кои сум и јас, да започнат да се разочаруваат од самата демократија. Да, настаните во Либија, особено ако се спореди со тоа што се случуваше во Брегот на Слоновата Коска и што со децениисе случува во Северна Кореја, секого ќе го наведат на сомневање во вистинитоста за придобивките од демократијата.

Твојот став одамна ми е јасен Platenik

Во однос на Виетнам, кажав, тоа претставува груб напад на странска држава, што е удар на демократијата, удар врз човековите права и секако дело кое произведе воени злосторства. И не замижувам пред тие факти.
Јас ги осудувам тие настани и сметам дека за тие треба да одговараат оние кои ги прават тие нешта. Исто како што треба да одговараат сите оние кои учествувале во воени злосторства во Ирак, Авганистан, Босна и Херцеговина и секаде каде што се случија такви нешта. Оние во Виетнам нема да одговараат пред Меѓународниот Суд на правдата во Хаг затоа што САД, а тогаш и СССР, не ги испорачуваа своите жители на Меѓународниот Суд. САД и Русија, а и Кина, дури и денес не ги испорачуваат. Во тоа сите се исти, независно дали демократи, социјалисти, капиталисти или нешто друго.

Бројките одлично ми се проверени. Триесет милиони во СССР. Уште толку во времето на Мао Це Тунг.Останатите десет милиони се од други социјалистички држави. Ако сите се пребројат, можно е да се дојде до 75 милиони.

Колку што се сеќавам, жртвите во Југославија не се дел од пребројаните жртви.

Во ред, штом ти пречи Макијавели, но, таму е одговорот на она за што не може да најде одговор Енгелс.

Јас кога велам не се разбираме, ти велиш не те читам. Јас воопшто не споменав дека Романов бил поддржан од комунистите, не знам од каде го извчеле ти ова, или не ме дочитуваш, или вадиш зборови кои не сум ги кажал. Бидејќи очигледно погрешно ме разбра, ќе објаснам. Голем дел од проектите кои ги имал замислено Романов, кога паднал од власт, ги преземале комунистите и ги oствариле. Оставам на тебе да доловиш зошто го правеле тоа.

Точно е дека не може ниту еден историски владетел да се мери со сегашни критетиуми, но, може да се мерат гледајќи ги последиците од нивните дејствувања.

Не мора да се повторуваш, те сфатив дека не си ниту на страната на социјалистите, ниту на страната на демократите. Во однос на тоа дека емотивно бранам некаков систем, нема да коментирам, ниту да го анализирам тоа што си го кажал, но пак ќе повторам дека верувам во демократија, слобода, правда, но не и во полезноста од постапките на демократите. Ако за тебе тоа е емотивна врзаност за нешто, нека биде така. За мене тоа е нормално и трезвено размислување.

Во Македонија сите нешта кои ги наведе не се придобивки на демократијата, туку на бескрајната транзиција и тешката економска состојба. Тие нешта ги имало и во социјализмот, не само сега, иако не толку изразено. Доколку транзицијата се спроведеше како што треба, немаше да го има тоа толку изразено.

Во листата на држави кои не се демократски треба да се споменат сите, освен можеби Брунеи, затоа што тие и не се залагаат за некаква промена на нивниот режим, за разлика од сите други.

Спред она што кажа дека го поддржуваш, може човек веднаш да заклучи дека иако не сме на иста бранова должина, тоа за кое и ти говориш е токму тоа-демократија. Штом мнозинството успева, без примена на терор, да го наметне убедувањето како водечка идеологија, тоа е демократијата.



Демократијата која јас ја замислувам верувам дека е зародиш во земји како што е Швајцарија или скандинавските држави. И пак ќе кажам, дури и во иднина не верувам во идеална држава, такво нешто нема, но верувам во демократијата која сметам дека е во зародиш.

П.С. Сакам да кажам дека домашниот експлоататор тогаш веќе станал ист како странецот и тешко ќе биде доживуван како наш. А тој кој одамна се потрудил да не биде наш, треба и така да го сметаме. Да те потсетам ли што ти пишуваше, со што се согласувам и јас за оние кои се чувствуваат Бугари, а живеат во Македонија и ја негираат македонската нација. Колку што се сеќавам, а се сеќавам добро, ти таквите не ги сметаше за наши. Ако домашниот експлоататор истотака се потрудил да стане "странец", не гледам разлика.

П.П.С. Кога говорам за демократијата во која верувам, не мислам на демократијата како на некое место каде ќе ги "галат" злосторниците и убијците, каде што нема да постојат закони, каде што нема да има никаква примена на сила. Напротив! За да постои таква демократија мора да постојат норми, мора да постојат казни и примена на репресивни мерки согласно пропишаните норми. Таквата демократија не може да се создаде ако сите се накитат со цвеќиња, пеат и се веселат и чекаат таа да падне од небо. Празниот пацифизам не е демократија. Тоа е докажано милионпати.





Изменето од Македон - 28.Април.2011 во 19:19
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Април.2011 во 20:58
Тема: Арапскиот свет и што потоа ????
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Мај.2011 во 14:10
Originally posted by Messenger Messenger напиша:

<SPAN =lgText>Тема: Арапскиот свет и што потоа ????


Зарем можевме со Платеникот да не ја споменеме и проанализираме демократијата, а и тоталитаризмот, на тема каде што, според некои, навистина станува збор за судир меѓу демократскиот и тоталитарниот свет, иако накусо излеговме од темата.

Една интересна вест истотака ќе влијае врз арапскиот свет, а тоа е убивањето на Бин Ладен.

Американски сили го убија Бин Ладен

Главата на терористичката Ал Каеда е убиен. Интересно е да се види на кој начин ќе реагираат оној дел од бунтовниците кои се борат против Гадафи и во Сирија, а се поврзани со исламистите.

Посебно треба да се истражи смртта на внуците на Гадафи. Убивањето деца не е ниту деморкатски, ниту во согласност со меѓународното право. НАТО треба особено темелно да го истражи тоа, а доколку постојат елементи на казнено дело, да отвори истрага и да ги спроведе одговорните пред лицето на правдата.

А во меѓувреме eскалира состојбата во Сирија. Најинтересното во Сирија е што, Претседателот таму е сакан и од Муслиманите, но и од Христијаните, затоа што ја секуларизираше Сирија.

Изменето од Македон - 02.Мај.2011 во 14:11
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Мај.2011 во 16:04
Pakistancite pred nekolku godini objavija deka Bin Laden e otepan i deka toa e verificirano so poseduvanje na negovoto telo.

Potoa nekako taa informacija se zaboshoti... vo vntreshjnite diplomatski krugovi se govoreshe deka amerikancite go zamrznale za da ja objavat ovaa vest za nekoe podobro vreme bidejki s'e ushte im trebashe kako povod za nekoi akcii i planovi...

...  Bin Laden povtorno e oficijalno otepan i vednash "potopen" nekade vo nekoe dlaboko more...

... e sega zatoa ne mozhe da se pokazhe i da se verificira ovaa vest preku sekoe somnenie, ama nema prichina da ne se veruva vo ovaa ubava vest koja go razveseli siot narod na planetava, neli?

Amerika, na krajot, mozhe da proglasi golema pobeda vrz svetskiot terorizam, pobeda vo Afganistan i tamu-vamu po svetot... pa mozhe da pochne da se povlekuva od ovamu i onamu...

... i taka.трепкање

Sega Obama se podgotven javno gordo da izjavi deka postignata e ushte edna golema svetska pobeda na demokratijata i da sobere poeni za novata nominacija.


Patem, toa e mnogu podobro za govorenje otkolku "no fly" zonata vo Libija i obidot za atentat na suveren drzhavnik, ginenje na nevini mazhi, zheni i deca, neli?намигнување

... и што потоа ????

E pa, nishto.







Изменето од Messenger - 02.Мај.2011 во 18:21
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Platenik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Platenik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Мај.2011 во 22:56
Кучињата лаат, караванот минува. Светот, уште малку па ќе биде слобден или ослободен од терористи.

Уште Гадафи да го средат и се ќе биде во најдобар ред, рај божји.
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“

Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Мај.2011 во 23:53
Originally posted by Messenger Messenger напиша:



Pakistancite pred nekolku godini objavija deka Bin Laden e otepan i deka toa e verificirano so poseduvanje na negovoto telo.Potoa nekako taa informacija se zaboshoti... vo vntreshjnite diplomatski krugovi se govoreshe deka amerikancite go zamrznale za da ja objavat ovaa vest za nekoe podobro vreme bidejki s'e ushte im trebashe kako povod za nekoi akcii i planovi......  Bin Laden povtorno e oficijalno otepan i vednash "potopen" nekade vo nekoe dlaboko more... ... e sega zatoa ne mozhe da se pokazhe i da se verificira ovaa vest preku sekoe somnenie, ama nema prichina da ne se veruva vo ovaa ubava vest koja go razveseli siot narod na planetava, neli?Amerika, na krajot, mozhe da proglasi golema pobeda vrz svetskiot terorizam, pobeda vo Afganistan i tamu-vamu po svetot... pa mozhe da pochne da se povlekuva od ovamu i onamu...... i taka.трепкање Sega Obama se podgotven javno gordo da izjavi deka postignata e ushte edna golema svetska pobeda na demokratijata i da sobere poeni za novata nominacija.Patem, toa e mnogu podobro za govorenje otkolku "no fly" zonata vo Libija i obidot za atentat na suveren drzhavnik, ginenje na nevini mazhi, zheni i deca, neli?намигнување... <span ="lgText">и што потоа ????E pa, nishto. </span>


Според тоа што го прочитав, Американците го земале телото, го испитале, успеале да споредат ДНК и на крајот завршило истото во морето. Не сфатив само зошто е фрлено таму, иако се шпекулира дека е во некоја американска база на дополнителни проверки. Егзекуцијата на Садам Хусеин можеше да се потврди преку секое сомнение, ама од ова убиство нема ниту слики, освен една, од мртвото тело на Бин Ладен.

Originally posted by Messenger Messenger напиша:


А за ова: Patem, toa e mnogu podobro za govorenje otkolku "no fly" zonata vo Libija i obidot za atentat na suveren drzhavnik, ginenje na nevini mazhi, zheni i deca, neli?намигнување... <span ="lgText">и што потоа ????E pa, nishto. </span>




Со свои очи се уверив дека си целосно во право! Сите за тоа говореа, па дури и на CNN убиството на дел од фамилијата на Гадафи едвај човек може да го најде, па дури и таму ќе прочита дека не може да се потврди кажаното од независни извори но, за смртта на Бина Ладен, не може да се згреши, затоа што сета страна е со информации за тоа. Навистина, вакви нешта го тераат човек да се посомнева дури и во благородни идеи како што е борбата против тероризмот.
Кон врв
Zeksi71 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 18.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 2391
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zeksi71 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Мај.2011 во 00:03
ziva smea bese presot od belata kukja, site radosni demek go trgnale svetskiot terorist br. 1 ( a ustvari tie i go sozdadoa ), site si cestitaat, a nikoj ne prasa ( ili ne smeese da prasa ) da se podnesat nekoi dokazi, sliki, video materijal itn...

site pamtime koga go fatija Husein, go slikaa, mu gi proveruvaa zabite, sinovite na Sadam koga gi ubija gi pokazaa mrtvi, toa se vrtese non stop po televiziite, a sega nisto.

na denesnata tehnologija sto ja imaat spec. sluzbite na amerite koga bukvalno moze sekoja akcija u zivo da ja prenesuvaat na cel svet, otsustvo na makar edna slika ili pak video materijal od akcijata seriozno ja doveduva pod somnenie celata ovaa euforija.

Makedon,

slikata sto ja postavija od sabajle kanadskite nacionalni televizii e trgnata so izvinuvanje kon  gledacite deka se raboti za falc slika koja datira od pred nekolku godini.







Изменето од Zeksi71 - 03.Мај.2011 во 00:07
"Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ
Кон врв
*moon* Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7657
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај *moon* Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Мај.2011 во 00:07
...i zamisli odma dnk zemale......
Ако го победиш моментот ти си најсилниот човек на светот
Кон врв
*moon* Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7657
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај *moon* Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Мај.2011 во 00:10
garant...koj znae od kaj ja iskopaa slikata..MIZERIJA!
Ако го победиш моментот ти си најсилниот човек на светот
Кон врв
Zeksi71 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 18.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 2391
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zeksi71 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Мај.2011 во 00:30
http://www.sitel.com.mk/dnevnik/svet/kako-cia-go-pronashla-bin-laden

amerikancite vikaat deka ziveel epten dobro vo luksuzna vila itn...

http://www.blic.rs/Vesti/Svet/251421/Slike-i-video-Poslednje-skroviste-Osame-bin-Ladena

a spored slikive i snimkive od vnatre na vilata, ako spored niv toa e luksuz definitivno nesto ne e vo red so ovie informacii.
"Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1314151617 30>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,113 секунди.