|
Создавање на “болно општество“! |
Внеси реплика |
Автор | |
Buggyman
Сениор Регистриран: 26.Јуни.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1308 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 01.Мај.2011 во 10:41 |
Една случка ме наведе да ја отворам темава за да анализираме, споделиме мислење, што всушност ни се случува? Да се вратам на случката:
Во фирмата вработивме 25 годишно момче со високо образование, агилно, секогаш на време ги извршува работните задачи. Тоа тивко момче (на старт) секојдневно станува се “погласен“ во неговите “идеали“ заборавајки дека работното место не е политичка сцена. Знаејки дека политиката е неизбежен дел од нашето секојдневие, не давам толку внимание но кога ке погледнам младо момче, полно со елан, животна енергија, трудољубив и прецизен во работата но сепак полн со негативен набој кон се што е различно од неговиот идеал, почнува да ме загрижува неговата иднина како професионалец. Еден ден седиме на кафе пауза и си разговараме, се трудев да ја одбегнам темата “политика“ но тоа беше како невозможна мисија, во секоја тема се наоѓаше политички пример, дури му пречеше дека не размислувам како што тој размислува но сепак не можеше “да ми го плесне в'лице“ дека јас сум му претпоставен. Подоцна седнав и размислувам до каде отидовме, едно 25 годишно момче со високо образование (интелектуалец) да е толку негативно настроено на се околу себе со различно размислување. Сепак не е единствениот кој што така размислува за да не се стави акцент само на една индивидуа, има уште многумина како него во нашата фирма. Во размислувањето отидов уште подлабоко сакајки да ја најдам причината на таквата агресивност на младиот човек, сепак сите знаеме и свесни сме дека проблемот е во содавањето на нашето општество од 90-те, кое е поделено од самиот почеток како на партиска така и на етничка и религиозна основа. Демократија, што е тоа? |
|
Homo homini lupus est...
|
|
којсумјас
Сениор Регистриран: 22.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4543 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
А момчето е вработено...
на нормален конк*рс, избрано во силна конк*ренција со тестирање, разговор со претпоставениот... со богато ЦВ... или е примено на работа поради некаква поврзаност со некоја политичка партија....? не алудирам... прашувам... |
|
Buggyman
Сениор Регистриран: 26.Јуни.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1308 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Бегаш од темата, како и секогаш и сега поентата на темата се разобличува. Да ми беше целта партиско вработување, ке ја отворев таа тема, која верувам дека постои на идивиди. Сепак ке ти одговорам на прашањето и воедно ке посочам еден детал. - Момчето се вработи на јавен конк*рс издаден преку бирото за вработување. - Од 19 апликанти најсоодветен за работата беше “момчето“ за кое говорам. - Во нашата фирма сеуште немаат вмешано прсти политичките профитери. - Од 38-те вработени, имаме индивидуи кои се симпатизери на разни политички партии. - За “момчето“ никаде не наведов на која политичка партија припаѓа, но сепак да се знае дека е определен опозициски. Биејки јас самиот припаѓам на “вечната опозиција“, за мене е страшен фактот дека млад човек, кој сеуште но го почуствувал целосно животот, е нетолерантен кон неистомислениците, со голема доза на омраза. Како што и претходно наведов, темата ја отворив за да анализираме дали се создава болно општество. П.С.- Да не се чудиме подоцна кога млади луѓе одзимаат живот на друг млад живот, и да се згрозуваме од таквите настани!! Изменето од Buggyman - 01.Мај.2011 во 16:55 |
|
Homo homini lupus est...
|
|
којсумјас
Сениор Регистриран: 22.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4543 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не гледам на кој начин бегам од темата, ама ај...
кога некој млад човек зборува само за политика и е преокупиран со неа... тоа може да значи неколку работи, барем кај нас... - партиски е вработен - велиш дека не е... - влегува во фирма чија дејност е тесно поврзана со некоја од партиите или е под нивна директна контрола - како што велиш и тоа не е точно... - се вработува во јавна или државна администрација - не си кажал, и не мора таман работа, но изгледа и тоа не е... - фирмата каде што е вработен врши дејност која е тесно поврзана со професијата политика- изгледа и тоа не е... Е сега, мене лично не ми се верува дека во ова држава воопшто постојат конк*рси преку кои има нормални вработувања, а да не се наместени - формалност која е законска обврска... Дека има фирма која на било кој начин не е поврзана со некоја од политичките партии или локалните политички моќници... и да не набројувам работи кои и ти самиот на други теми си гиу кажувал.... како за споредба, кај мене има вработено младо момче 27-8 години кој... не е со високо образование но е тотално аполитичен... се што го интересира е добра забава, девојки (да не дознае само неговата), пијанки и се што е нормално за негова возраст... знаеш зошто... затоа што има пари момчето, обезбеден е станбено и финансиски... и тоа и за генерации после него... Па ако ништо од тоа што го набројав не е точно... ајде, еве ти објасни ми... зошто тој млад човек би бил преокупиран со политика... зошто младите луѓе, голем број од нив, се прокупирани со политика... инаку окулу тоа дали се содава болно општество... па тоа е веќе такво... како што видов тоа го поврзуваш со политика... но е сигурно далеку повеќе од само една причина... Изменето од којсумјас - 02.Мај.2011 во 07:50 |
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
Орка
Сениор Регистриран: 30.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 44580 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Само доколку прелисташ неколку страни од назад кон нанапред
во темана дали овие или оние,го споиш муабетов со колегата, седнеш и ко нем слушател наслушнеш некој муабет низ градов, отвориш весник,пуштиш телевизија итн.итн. ќе нема потреба од никакви анализи за веќе болното општество во кое функционираме |
|
Persej7
Сениор Регистриран: 21.Октомври.2010 Статус: Офлајн Поени: 254 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Апсолутно, се создава таква атмосвера, но би ја нарекол со нејзиното вистинско име - субверзивна и подривачка политика. Имено, на членовите на опозицијата им ги перат мозоците бидејќи само на тој начин и со такво дејствување сегашнава постава на СДСМ -- која, да се потсетиме, одработува за Грција -- имаат шанса да ја р'чкаат државата. Да сме на јасно: континуирано се промовираат "романско", "египетско", и слични насилни сценарија. Почнувајќи од идеологот Љубомир Фрчковски па се до пионите, целта е всадѕвање фанатизам кој е воочлив кога и да се сретнам со пријатели и познати. Сетете се само на обидите за хушкање на народот за излегување на улица и насилна смена на власта каква што беше "драмолетката во А1". Таквиот сентимент се пренесува кај помладите и реакциите се какви што ги опиша. Одговорот на таквите пројави треба да е воспитен и резонски (со укажување и со логика), и законски (дека говор на омраза и насилство нема да се толерираат). |
|
Gorazd777
Сениор Регистриран: 22.Октомври.2008 Локација: Евразија Статус: Офлајн Поени: 1584 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ако си припомниме на не толку далечното минато,кога бившото ВМРО со Љубчо сакаше да дојде на власт,имаше слична реторика,поготово,им беа упатувани прашања од редот:
-"дали ќе бидете осветољубиви,дали насилно ќе ја туркате новата власт,дали ќе ги признаете изборните резултати ". Но ете сега слушаме и во интервјуа,тогашниот период(на Љубчо)бил најлиберален во овие изминати години. Ако малку подлабоко анализираме,што прави човекот,секако, го чува она што го спечалува,но оној што краде згора на тоа ќе се бори од петни жили тоа и да го скрие,за потоа да не одговара. Исатата ситуација се случува и сега,Груевистите,се докопани до една сума на пари ,позиции(тие се друга генерација,според одредени анализи,тоа се учениците на сдсм,нивните деца и потомци по различни основи)и тие се прават да ги зачуваат тие придобивки,а за жал во тие постапки се уништувани и луѓе кои се обични,живеат во ова општество за да го прехранат своето семејство,а пак за возврат на нивните места се вработуваат нивни полтрони,слуги,познаници,роднини и за волја на вистината сега не важи повеќе реченицата "потребна ти е партиска книшка", сега се потребни врски и пара за пара. Овие проблеми се главните во нашето општество од тука е и сржта на гнасотилакот во подвалување,подривање на вредностите,а другите проблеми се користат само за филување,кај нас сеуште им нема крај. Србите,заклучно со последниот проблем,си ги решија круцијалните работи,а кај нас Гујо за овие 5-6 години ,не реши ништо,не мрдна од позиција на ништо,тој успеа ,само со својата самобендисаност да не врати неколку чекори назад. |
|
ВОЈНАТА Е МИР
СЛОБОДАТА Е РОПСТВО НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА |
|
ljoce
Сениор Регистриран: 24.Мај.2011 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 197 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Болното општество е факт . Но зошто е такво општествово? Мое мислење е дека оддалеченоста на луѓето го прави тоа да луѓето размислуваат на тој начин, поточно не размислуваат а реагираат инстиктивно. Доколку го поканиме на маса истомисленикот или неистомисленикот и заедно со чаша ладно пиво ги разгледате фактите ќе се омекни крутата душата на соговорникот и се ќе биди нормално. Во спротивно , тој зборува , можеби и вреѓа или сака да вреѓа а неможи па изјавува примери од политиката затоа што до него допираат од сите страни политички информации и неможи да ги игнорира.Ни едно место во државава не е изолирано,мора да е некој монах ако не следи политика , без да сакаш ќе слушниш некоја информација која би била тема за разговор.Но доколку нема соговорник кој би го ислушал тој ќе инсистира на сослушување, и понатаму ако не го слуша никој можно е и да дојде до конфликт па да те врзи за да слушаш. Цел Балкан е под депресивна состојба.Слушнете што кажува др.жељко станојевиќ
Изменето од ljoce - 30.Мај.2011 во 22:11 |
|
Се што било,поминало и се што ќе биди ќе помини.
|
|
Radijator
Сениор Регистриран: 18.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 153 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Демократија сеуште нема во Македонија, според мене. Инаку Buggyman ова е доста интересена тема на која што не само ние овде на форумот туку и многу пошироко треба да почнеме да размислуваме.
Што се однесува до случката што ја имаш напишано ја прочитав и мислам дека можам барем приближно да додадам мислење, бидејќи јас сум на таа возраст, 25 години дипломиран економист моментално невработен и повеќето луѓе со кои контактирам се околу мојата возраст. Значи проблемот за таквото однесување кај нас младите, најпрво го гледам во домашното воспитување,недостатокот од финансии игра голема улога бидејќи искушенијата се мнооогу околу нас а маааалку можеме да си дозволиме, преголема конзумација на интернет бидејќи е единственото место на светот каде што можеме да најдеме истомисленици за се и сешто додека во реалниот свет е малку поинаку, плус медиуми кои што не трујат секојдневно со политика која не се има променето во последните 20 години и упорно се форсира и поддржува, па затоа и не треба да се чудите зошто младите се преокупирани со политика. И обрнете сериозно внимание на фактот дека во последните 6 од 7 години се одржуваат избори - претседателски, парламентарни, локални. Штета е тоа што голем дел од овој народ се чука во градите и е горд на Гоце Делчев ама џабе е кога не ја разбрале ни единствената мисла што останала од него. За етничка и религиозна поделеност не би зборувал бидејќи сум немал, немам и мислам дека нема ни да имам предрасуди во овие области. Крв, месо и емоции, за мене тоа е човекот. Но политичка поделеност, ееее ова е веќе нешто друго и многу сериозно. Е кога се почнуваат овие дискусиии на маса, улица, домашна атмосфера итн. мислам дека им нема крај и дека токму младите се тие што се користат во најголем процент како ладно оружје во гнасните кампањи на политичките партии во Македонија. Активни преку цела кампања за на крајот голем дел да останат со прстот во уста, а само на мал дел да им бидат остварени ветувањата и тоа не на било кој, туку пак на тие што биле претходно. Е овде се јавува најголемиот негативниот набој спрема неистомисленици. Што значи имаш готов производ на изреволтирана личност со сопствено изграден идеал, многу мали шанси да прифати мислење и негативно настроена спрема секој неистомисленик а донекаде го гледа и како непријател што е многу опасно. |
|
Just because i see the world with my own eyes, that doesn't make me a sinner !!!
|
|
Persej7
Сениор Регистриран: 21.Октомври.2010 Статус: Офлајн Поени: 254 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Затоа Груевски прво им се обрати на членовите и и симпатизерите на СДСМ на митингот вчера (недела, 29.05.2011):
" Ние сите сме Македонци и сите ние еднакво сакаме да живееме подобро, а Македонија да биде угледна држава со која ќе се гордееме. Кога тоа го знаеме, од каде толкава омраза помеѓу нас? Стравот едни од други мора да го оставиме позади себе. Со неговата тежина на плеќите, татковината нема да оди далеку. А тоа ни е најважно да одиме понатаму, да не се јадеме помеѓу себе и да не стоиме во место. Политиката треба да биде судир на идеи и способности, а не омраза и поделеност во се'. Ако едниот вика црно, другиот од инает да каже бело. Тоа не е рационално и тоа не води никаде. СДСМ, ова најискрено го мислам, и' е потребен на Македонија. Без броба на идеи, без критика, се' ќе замре. Но на Македонија и поптребен модерен и реформиран СДСМ, кој кога гледа дека нешто вреди, дека некој се труди нешто да направи, ќе го поддржи за да му помогне на народот и да придонесе за општото добро. СДСМ кој нема да си ја кодоши државата во Брисел. Верувајте, тешко се бие битката за името, кога дома фрлаат дрвја и камења по вас за одлуки кои се сосема национално оправдани. Драги пријатели, има прашања по кои мораме да бидеме на иста страна. Се' останато нека биде натпревар на идеи и на способности. Нe мора за се' да се согласиме, но за националните и државните интереси, мора сите граѓани во Македонија заеднички да се бориме, независно дали сме за ВМРО, СДСМ или за некој друг. Затоа, пријатели, роднини, соседи, од СДСМ, приклучетени се во оваа битка. Човекот кој ви ја киднапираше партијата и неговите послушници не се иднината - ниту вашата лична, ниту на Македонија, ниту на вашата партија. Во СДСМ има луѓе кои можат да го запопчнат и изведат процесот на реформирање на партијата. Тоа е мачен и болен процес, но е неминовен. Верувајте ова го зборувам од срце, бидејќи ние како партија сме поминале низ тоа и не беше лесно, но донесе нова енергија, нова свежина и ослободување. Ве уверувам, граѓаните таа ваѓа заложба и промена ќе ја забележат. Да започнеме заедно на 5ти јуни со тоа што ќе ги поддржите реформите во Македонија. Особено ни е важно да ја имаме и вашата поддршка, бидејќи реформите не можат да успеат ако само едната страна ги турка и верува во нив. Тие се суштината на развојот на секоја држава и суштината на тоа како да се стигне до подобар и подостоинствен живот. Поддржете го она што длабоко во себе знаете дека е вистина. Заборавете на ситните интереси кои ве оптеретуваат во оценката и не гледајтѕе на 5ти јуни како на пораз или победа. Заедно сме Македонија, заедно ќе се бориме. " http://nikolagruevski.mk/vozivo/ |
|
Gorazd777
Сениор Регистриран: 22.Октомври.2008 Локација: Евразија Статус: Офлајн Поени: 1584 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Овде се поставува прашање,дали овој нечовек,никола,има право ,да, некакво морално право да се замислува дека е тој водачот на се ,или едноставно икона како што се прикажува.
Имено,пред почетокот на изборната трка ,тој истиот им се обрати на своите членови, преку писмо(некои овде го презентираа,дел)и повикува за конечна борба со СДСМ,односно со Бранко,за нивно уништување. Ако овој нечовек има некоја своја лична болка од бранко нека си излезат на мегдан со дуел или слично,па дебата во која и ние обичните граѓани би им поставиле прашања ,е тогаш можеме да кажеме нешто за созревање на добра мисла во ова општество. Инаку јас би имал премногу прашања за овој нечовек,кој избегнува ,да одговара од многу граѓани кои сакаат да му постават прашање,но работата е таква што тој со своите штабови прави една смислена игра за повторно да дојде на власт ,односно да опстане на власт,под плаштот на РЕФОРМИ,а во што реформи. Образовниот систем е испустен ,судството е партиско,новинарите се поделени,луѓето се делат на оние кои работат под нивни плашт и оние кои преживуваат,или во една прилика за прашање од вработувањето,тие сега имале во план да вработуваат нивни млади кадри,останатите,а поготово 35-40 годишниците требало да бидат заборавени. Значи има многу повеќе проблеми од овој нечовек сега отколку она што поминало,значи тој не се зафатил за решавање ,туку ги напластил и сега бара поддршка за понатаму,а каде,кога ние како граѓани немаме право да одлучуваме,значи болеста се гледа од каде доаѓа. |
|
ВОЈНАТА Е МИР
СЛОБОДАТА Е РОПСТВО НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА |
|
Radijator
Сениор Регистриран: 18.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 153 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Значи Buggyman, може да констатираме дека болното општество е всушност 20 години лажна политика.
|
|
Just because i see the world with my own eyes, that doesn't make me a sinner !!!
|
|
Внеси реплика | |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |